меморандум за соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorandum-za-sorabotka/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:18:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меморандум за соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorandum-za-sorabotka/ 32 32 МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-potpisha-memorandum-za-obrazovna-sorabotka-so-kosovo-fokus-na-struchnoto-i-obrazovanieto-na-vozrasni/ Mon, 18 Nov 2024 14:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=839255

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните.

Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и Арберие Нагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани.

Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни.

Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.

The post МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните. Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и Арберие Нагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани. Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни. Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.

The post МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни appeared first on Република.

]]>
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegu-drzhavniot-zavod-za-statistika-i-tsarinskata-uprava/ Sat, 28 Sep 2024 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=820468

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Преземањето на податоците од Царинската управа преку веб-сервиси е особено важно за обезбедување навременост и заштита на податоците како и понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, истакна Станков.

Директорот Станков, на денешното потпишување на Меморандумот, потенцираше дека институцијата вложува напори за дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци, информира ДЗС.

Меморандумот е во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка преку размена на податоци и повисок степен на дигитализација.

Царинската управа е посветена на процесот на унапредување на меѓуинституционалната соработка, што крајно треба да ни овозможи креирање одржлив економски раст. Ваквиот чекор е само дел од нашите заложби за заедничко делување во насока на подобрување на условите за водење бизнис. Сетовите на податоци што ги обезбедуваме во делот на надворешно трговската размена овозможуваат компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

И двете страни, се посочува во соопштението, ја искажаа својата заложба за натамошно продлабочување на соработката, а потпишувањето на Меморандумот ги зајакнува и унапредува веќе воспоставените практики на размена на информации и податоци.

The post Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Преземањето на податоците од Царинската управа преку веб-сервиси е особено важно за обезбедување навременост и заштита на податоците како и понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, истакна Станков.
Директорот Станков, на денешното потпишување на Меморандумот, потенцираше дека институцијата вложува напори за дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци, информира ДЗС. Меморандумот е во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка преку размена на податоци и повисок степен на дигитализација.
Царинската управа е посветена на процесот на унапредување на меѓуинституционалната соработка, што крајно треба да ни овозможи креирање одржлив економски раст. Ваквиот чекор е само дел од нашите заложби за заедничко делување во насока на подобрување на условите за водење бизнис. Сетовите на податоци што ги обезбедуваме во делот на надворешно трговската размена овозможуваат компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
И двете страни, се посочува во соопштението, ја искажаа својата заложба за натамошно продлабочување на соработката, а потпишувањето на Меморандумот ги зајакнува и унапредува веќе воспоставените практики на размена на информации и податоци.

The post Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа appeared first on Република.

]]>
Влезот во сите национални културни установи за студените ќе биде поевтин за 50 отсто, потпишан Меморандум за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlezot-vo-site-natsionalni-kulturni-ustanovi-za-studenite-ke-bide-poevtin-za-50-otsto-potpishan-memorandum-za-sorabotka/ Wed, 31 Jan 2024 11:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=738970

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Александар Николовски денеска потпиша Меморандум за соработка, кој предвидува 50 отсто намалување на цената на влезниците за сите студенти кои ќе приложат индекс со заверен семестар за влез во националните установи.

Овој Меморандум ги опфаќа сите национални установи во државата, а целта е студентите да имаат еднаква можност на културната сцена, да се зголеми нивното присуство во културните установи, да имаат можност да ги посетат сите културни настани кои ги организираат сите национални установи во државата, и ќе се помогне за олеснување на нивниот стандард.

Министерката Костадиновска-Стојчевска по потпишувањето на Меморандумот изјави дека со ова вложуваат во идните генерации и претставуваат пример како понатаму треба да се регулираат нивните права и обврски.

Она што до сега беше регулирано само на ниво на установи, сега го регулираме на ниво на цело Министерство, со тоа што на локалните установи само ќе им укажеме дека оваа мерка ја потпишавме, потоа тие ќе одлучат како понатаму ќе постапат. Студентите односно младите беа и се во фокус од самиот почеток на мојот мандат, тоа го предвидовме и во Законот за култура, кој што е во работна верзија, каде што предвидовме нула работно искуство, односно категории со нула работно искуство, при што им овозможуваме на студентите да можат веднаш да се вработат во некоја од националните установи, рече министерката.

Потпишан Меморандум за соработка кој предвидува 50 отсто намалување на влезниците за студенти во националните установи

По потпишувањето на Меморандумот, Николовски изјави дека ова е дел од програмата на Универзитетското студентско собрание за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности во нашата држава.

Со потпишување на овој Меморандум се оебзедува унапредување на заложбите за задржување на студентите во државата, обезбедуваме подигнување на студентскиот стандард, обезбедуваме креирање на поголемо критичко размислување кај младите како и унапредување на културната историската и уметничката свест кај младите во Македонија. Универзитетското студентско собрание во овој мандат ќе продолжи да се залага за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности за сите студенти во државата, додаде Николовски.

The post Влезот во сите национални културни установи за студените ќе биде поевтин за 50 отсто, потпишан Меморандум за соработка appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Александар Николовски денеска потпиша Меморандум за соработка, кој предвидува 50 отсто намалување на цената на влезниците за сите студенти кои ќе приложат индекс со заверен семестар за влез во националните установи. Овој Меморандум ги опфаќа сите национални установи во државата, а целта е студентите да имаат еднаква можност на културната сцена, да се зголеми нивното присуство во културните установи, да имаат можност да ги посетат сите културни настани кои ги организираат сите национални установи во државата, и ќе се помогне за олеснување на нивниот стандард. Министерката Костадиновска-Стојчевска по потпишувањето на Меморандумот изјави дека со ова вложуваат во идните генерации и претставуваат пример како понатаму треба да се регулираат нивните права и обврски.
Она што до сега беше регулирано само на ниво на установи, сега го регулираме на ниво на цело Министерство, со тоа што на локалните установи само ќе им укажеме дека оваа мерка ја потпишавме, потоа тие ќе одлучат како понатаму ќе постапат. Студентите односно младите беа и се во фокус од самиот почеток на мојот мандат, тоа го предвидовме и во Законот за култура, кој што е во работна верзија, каде што предвидовме нула работно искуство, односно категории со нула работно искуство, при што им овозможуваме на студентите да можат веднаш да се вработат во некоја од националните установи, рече министерката.
Потпишан Меморандум за соработка кој предвидува 50 отсто намалување на влезниците за студенти во националните установи По потпишувањето на Меморандумот, Николовски изјави дека ова е дел од програмата на Универзитетското студентско собрание за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности во нашата држава.
Со потпишување на овој Меморандум се оебзедува унапредување на заложбите за задржување на студентите во државата, обезбедуваме подигнување на студентскиот стандард, обезбедуваме креирање на поголемо критичко размислување кај младите како и унапредување на културната историската и уметничката свест кај младите во Македонија. Универзитетското студентско собрание во овој мандат ќе продолжи да се залага за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности за сите студенти во државата, додаде Николовски.
 
The post Влезот во сите национални културни установи за студените ќе биде поевтин за 50 отсто, потпишан Меморандум за соработка appeared first on Република.

]]>
Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание при УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/memorandum-za-sorabotka-megu-ministerstvoto-za-kultura-i-univerzitetskoto-studentsko-sobranie-pri-ukim/ Wed, 31 Jan 2024 08:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=738798

Mинистерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски, денеска, во 10 часот во Министерството за култура ќе потпишат Меморандум за соработка.

The post Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание при УКИМ appeared first on Република.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonsko-drushtvo-ilinden-tirana-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-tsentralniot-sovet-na-makedontsite-vo-germanija/ Tue, 30 May 2023 18:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=646253

Македонско друштво “Илинден“-Тирана од Република Албанија преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, потпишаа Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија од Сојузна Република Германија преставувано од претседателот г-дин Роберт Кленкоски, со цел промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти. Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција на Македонската култура, размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.

The post Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија appeared first on Република.