мемоари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memoari/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 10:02:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мемоари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memoari/ 32 32 Објавени мемоарите на Меланија Трамп https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/objaveni-memoarite-na-melanija-tramp/ Thu, 10 Oct 2024 19:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=825147

Мемоарите на Меланија Трамп веднаш по објавувањето сосема очекувано кренаа голем интерес ширум светот. Тоа се случи дури и во нејзината родна земја, Словенија, каде што пораснала и за која нашироко пишува во нејзината биографија.

Таа, меѓу другото, го опишала нејзиното детство во Севница, Словенија и се присетила како почнала да се занимава со манекенство кога имала само шест години.

Вели дека имала среќно детство. Мајка ѝ Амалија пораснала на фарма каде се одгледувал кромид, подоцна работела и во фабрика, а татко ѝ Виктор Кнавс бил продавач на автомобили. Меланија пишува дека нејзините родители ја однеле неа и нејзината сестра Инес на концертите на Елтон Џон и Тина Тарнер за да се чувствуваат повеќе поврзани со западните земји, Австрија и Италија во тоа време, пишува Јутарњи лист.

Меланија се присетила и на непријатни моменти од нејзиниот живот на територијата на поранешна Југославија, кога УДБА им упаднала во нивниот дом поради, како што вели, „сомнителниот начин“ на животот на нејзиниот татко. Истакна дека соседите го пријавиле татко ѝ.

Во биографијата Меланија негираше дека нејзиниот татко бил комунист, нагласувајќи дека комунизмот не ги одразува неговите политички убедувања.

Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина од дел од неговата плата – се наведува во книгата, а пренесува Дејли Мејл. Нивниот извор пак раскажал дека членството на таткото на Меланија во КПЈ му донело бројни привилегии на семејството на поранешната прва дама на САД. Тој тврди дека во градот имале посебен третман, прво пристап до основни работи, а Виктор Кнавс заработувал многу подобро од другите Севничани.

Според британските медиуми, повикувајќи се на тврдењата на лице кое тогаш живеело во Севница во Словенија, за време на детството на Меланија само пет проценти од Словенците биле во Комунистичката партија, а иако нејзиниот татко јавно не ја истакнал својата политичка определба, тоа било очигледно за неговите роднини и соседи.

Меланија понатаму пишува дека нејзините родители не биле особено политички активни, иако преживеале значајни политички настани.

Додека растев се чувствував повеќе поврзана со нашите соседи во Италија или Австрија отколку со комунистичките земји во Источна Европа“, продолжи Меланија.

„Скијав на Алпите и се одморив во Хрватска, на далматинскиот брег“ – пишува таа и додава: „Навистина, моето детство беше исполнето со среќа, убавина и позитивност, далеку од типичната приказна за девојка која пораснала во комунистичко општество“.

 

The post Објавени мемоарите на Меланија Трамп appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на Меланија Трамп веднаш по објавувањето сосема очекувано кренаа голем интерес ширум светот. Тоа се случи дури и во нејзината родна земја, Словенија, каде што пораснала и за која нашироко пишува во нејзината биографија. Таа, меѓу другото, го опишала нејзиното детство во Севница, Словенија и се присетила како почнала да се занимава со манекенство кога имала само шест години. Вели дека имала среќно детство. Мајка ѝ Амалија пораснала на фарма каде се одгледувал кромид, подоцна работела и во фабрика, а татко ѝ Виктор Кнавс бил продавач на автомобили. Меланија пишува дека нејзините родители ја однеле неа и нејзината сестра Инес на концертите на Елтон Џон и Тина Тарнер за да се чувствуваат повеќе поврзани со западните земји, Австрија и Италија во тоа време, пишува Јутарњи лист. Меланија се присетила и на непријатни моменти од нејзиниот живот на територијата на поранешна Југославија, кога УДБА им упаднала во нивниот дом поради, како што вели, „сомнителниот начин“ на животот на нејзиниот татко. Истакна дека соседите го пријавиле татко ѝ. Во биографијата Меланија негираше дека нејзиниот татко бил комунист, нагласувајќи дека комунизмот не ги одразува неговите политички убедувања.
Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина од дел од неговата плата – се наведува во книгата, а пренесува Дејли Мејл. Нивниот извор пак раскажал дека членството на таткото на Меланија во КПЈ му донело бројни привилегии на семејството на поранешната прва дама на САД. Тој тврди дека во градот имале посебен третман, прво пристап до основни работи, а Виктор Кнавс заработувал многу подобро од другите Севничани.
Според британските медиуми, повикувајќи се на тврдењата на лице кое тогаш живеело во Севница во Словенија, за време на детството на Меланија само пет проценти од Словенците биле во Комунистичката партија, а иако нејзиниот татко јавно не ја истакнал својата политичка определба, тоа било очигледно за неговите роднини и соседи. Меланија понатаму пишува дека нејзините родители не биле особено политички активни, иако преживеале значајни политички настани.
Додека растев се чувствував повеќе поврзана со нашите соседи во Италија или Австрија отколку со комунистичките земји во Источна Европа“, продолжи Меланија.
„Скијав на Алпите и се одморив во Хрватска, на далматинскиот брег“ – пишува таа и додава: „Навистина, моето детство беше исполнето со среќа, убавина и позитивност, далеку од типичната приказна за девојка која пораснала во комунистичко општество“.  

The post Објавени мемоарите на Меланија Трамп appeared first on Република.

]]>
Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/memoarite-na-angela-merkel-vo-knizharnitsite-vo-noemvri/ Mon, 13 May 2024 19:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=777744

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години.

Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘

За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката, рече Меркел.

Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија.

Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19.

По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.

 

The post Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години. Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘
За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката, рече Меркел.
Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија. Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19. По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.  

The post Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември appeared first on Република.

]]>
Мемоарите на Метју Пери најпродавана книга на „Амазон“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/memoarite-na-metju-peri-najprodavana-kniga-na-amazon/ Wed, 01 Nov 2023 11:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=697037

Мемоарите на Метју Пери под наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing) ги надминаа „Жената во мене“ (The Woman in Me) на Бритни Спирс – само неколку дена по неговата смрт.

Мемоарите на глумецот, коишто беа објавени во ноември 2022 година, се искачија на првото место на листата најпродавани книги на „Амазон“. По Спирс, трета е книгата „Железен пламен“ (Iron Flame), а четврта – „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) по којашто е снимен истоимениот филм што почна да се прикажува во кино во октомври.

Во својата книга, Пери говори за својата битка со зависноста, како и дека потрошил милиони долари за лекување. Одел на рехабилитација 15 пати. Во една прилика, тој изјави дека не му било тешко да ги напише мемоарите.

Не е тешко да се напише книга. Потешко е да се прочита, бидејќи си велиш „Уф, ова е ужасна приказна“. Но, има и хумор што се провлекува низ неа, рече глумецот за „Пипл“.

Комичарот се присетува и на своите љубовни врски, како и снимањето на хит-хумористичната ТВ-серија „Пријатели“, но и тоа како за малку ќе починел на 49-годишна возраст… Кога пред пет години дебелото црево му пукнало поради предозирање со опиоиди, на неговото семејство му кажале дека Пери има „два отсто“ шанси да преживее.

 

The post Мемоарите на Метју Пери најпродавана книга на „Амазон“ appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на Метју Пери под наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing) ги надминаа „Жената во мене“ (The Woman in Me) на Бритни Спирс – само неколку дена по неговата смрт. Мемоарите на глумецот, коишто беа објавени во ноември 2022 година, се искачија на првото место на листата најпродавани книги на „Амазон“. По Спирс, трета е книгата „Железен пламен“ (Iron Flame), а четврта – „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) по којашто е снимен истоимениот филм што почна да се прикажува во кино во октомври. Во својата книга, Пери говори за својата битка со зависноста, како и дека потрошил милиони долари за лекување. Одел на рехабилитација 15 пати. Во една прилика, тој изјави дека не му било тешко да ги напише мемоарите. Не е тешко да се напише книга. Потешко е да се прочита, бидејќи си велиш „Уф, ова е ужасна приказна“. Но, има и хумор што се провлекува низ неа, рече глумецот за „Пипл“. Комичарот се присетува и на своите љубовни врски, како и снимањето на хит-хумористичната ТВ-серија „Пријатели“, но и тоа како за малку ќе починел на 49-годишна возраст… Кога пред пет години дебелото црево му пукнало поради предозирање со опиоиди, на неговото семејство му кажале дека Пери има „два отсто“ шанси да преживее.  

The post Мемоарите на Метју Пери најпродавана книга на „Амазон“ appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-ke-pishuva-memoari-za-periodot-dodeka-beshe-premier-na-velika-britanija/ Tue, 17 Jan 2023 12:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=597878

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија.

– Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави Арабела Пајк. директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс“.

Засега нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога книгата ќе биде објавена.

Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата.

 

The post Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија. – Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави Арабела Пајк. директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс“. Засега нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога книгата ќе биде објавена. Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата.  

The post Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/memoarite-lubov-pamela-izleguvaat-na-ist-den-so-dokumentarniot-film-na-netfliks-pamela-lubovna-prikazna/ Mon, 16 Jan 2023 09:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=597354

Последниот ден од јануари ќе се најдат во продажба мемоарите на Памела Андерсон, а таа вели дека книгата е многу повеќе од секс снимка. Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“.

Во книгата, рече Памела Андерсон, е вклучено се – „од почеток до крај, од првото до последното сеќавање“.

Меѓу другото, во книгата и документарниот филм, Памела Андерсон зборува за нејзиното тешко воспитување во сиромашната Лејдисмит, со татко и мајка насилници, злоупотреба и силување од детството. Андерсон била физички малтретирана од нејзиниот прв сопруг Ли, кој одлежал казна за злоставување на сопружникот, откако ја удрил додека таа го држела нивниот син. Тие се разведоа во 1998 година, но заедно го одгледаа својот син.

https://www.youtube.com/watch?v=3SBJB8r8fVQ

The post Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“ appeared first on Република.

]]>

Последниот ден од јануари ќе се најдат во продажба мемоарите на Памела Андерсон, а таа вели дека книгата е многу повеќе од секс снимка. Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“. Во книгата, рече Памела Андерсон, е вклучено се – „од почеток до крај, од првото до последното сеќавање“.
Меѓу другото, во книгата и документарниот филм, Памела Андерсон зборува за нејзиното тешко воспитување во сиромашната Лејдисмит, со татко и мајка насилници, злоупотреба и силување од детството. Андерсон била физички малтретирана од нејзиниот прв сопруг Ли, кој одлежал казна за злоставување на сопружникот, откако ја удрил додека таа го држела нивниот син. Тие се разведоа во 1998 година, но заедно го одгледаа својот син. https://www.youtube.com/watch?v=3SBJB8r8fVQ

The post Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“ appeared first on Република.

]]>
На првиот ден од објавувањето на мемоарите на принцот Хари на англиски јазик продадени рекордни 1.4 милиони книги https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/na-prviot-den-od-objavuvaneto-na-memoarite-na-printsot-hari-na-angliski-jazik-prodadeni-rekordni-1-4-milioni-knigi/ Thu, 12 Jan 2023 12:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=596168

Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите.

Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати.

И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете“ кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.

Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс Трети, постариот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и за маќеата, кралицата Камила.

Бакингемската палата сѐ уште нема коментар за наводите во книгата.

 

The post На првиот ден од објавувањето на мемоарите на принцот Хари на англиски јазик продадени рекордни 1.4 милиони книги appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите. Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати. И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете“ кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари. Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс Трети, постариот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и за маќеата, кралицата Камила. Бакингемската палата сѐ уште нема коментар за наводите во книгата.  

The post На првиот ден од објавувањето на мемоарите на принцот Хари на англиски јазик продадени рекордни 1.4 милиони книги appeared first on Република.

]]>
Објавени мемоарите на принцот Хари: Пиел, се дрогирал, убивал луѓе во Авганистан https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/objaveni-memoarite-na-printsot-hari-piel-se-drogiral-ubival-luge-vo-avganistan/ Tue, 10 Jan 2023 10:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=595291

Британскиот принц Хари призна дека првпат конзумирал кокаин на 17-годишна возраст, пишува британски „Скај њуз“.

Автобиографијата на принцот Хари „Spare“ („Резерва“) денеска се појави на полиците на книжарниците во неговата родна Велика Британија.

На страниците 112 и 113 Хари пишува: „Секако дека тогаш земав кокаин. Во нечија куќа, за време на лов, ми понудија линија и оттогаш користам малку повеќе…“ Тој истакна дека не му било премногу забавно.

„Тоа не ме направи премногу среќен, како што беше случајот со другите, но направи да се чувствувам поинаку, а тоа беше мојата главна цел. Да се чувствувам, да бидам поинаков”, напиша Хари.

Тој вели дека тогаш имал 17 години, бил желен да проба речиси сè што ќе го промени воспоставениот поредок.

„Барем сакав да се убедам себеси дека е така. Во тоа време бев способен да се лажам себеси како и членовите на персоналот на кралското семејство“, наведува принцот Хари во своите мемоари.

Во интервју со познатиот водител Андерсон Купер во емисијата 60 минути Хари исто така откри дека „не можел да плаче поради смртта на мајка му поради товарот што го чувствувал“, па затоа се обидел со „експериментален третман користејќи халуциногени печурки и други психоделици“

Андерсон го праша дали ги обвини папараците за нивната наводна улога во сообраќајната несреќа во 1997 година во која загина Дијана во Париз кога тој имаше само 12 години. Хари одговори дека како деца „ним им било јасно дека британските медиуми имаат улога во страдањето на неговата мајка“.

– Се свртев кон жестоки пијалоци затоа што сакав да ги умртвам емоциите и да си го оттргнам вниманието. Знаете, користев и дрога – откри принцот, признавајќи му на Андерсон дека пушел трева и земал кокаин затоа што се чувствувал „безнадежен” и „изгубен“.

Цел свет зборува за британскиот принц Хари, откако започна нова битка против кралското семејство, објавувајќи ги своите мемоари во кои го напаѓа својот брат Вилијам, идниот британски крал, и не ги поштеди ниту кралот Чарлс Трети, принцезата од Велс, ниту неговата маќеа Камила Паркер-Боулс.

The post Објавени мемоарите на принцот Хари: Пиел, се дрогирал, убивал луѓе во Авганистан appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Хари призна дека првпат конзумирал кокаин на 17-годишна возраст, пишува британски „Скај њуз“. Автобиографијата на принцот Хари „Spare“ („Резерва“) денеска се појави на полиците на книжарниците во неговата родна Велика Британија. На страниците 112 и 113 Хари пишува: „Секако дека тогаш земав кокаин. Во нечија куќа, за време на лов, ми понудија линија и оттогаш користам малку повеќе…“ Тој истакна дека не му било премногу забавно. „Тоа не ме направи премногу среќен, како што беше случајот со другите, но направи да се чувствувам поинаку, а тоа беше мојата главна цел. Да се чувствувам, да бидам поинаков”, напиша Хари. Тој вели дека тогаш имал 17 години, бил желен да проба речиси сè што ќе го промени воспоставениот поредок. „Барем сакав да се убедам себеси дека е така. Во тоа време бев способен да се лажам себеси како и членовите на персоналот на кралското семејство“, наведува принцот Хари во своите мемоари. Во интервју со познатиот водител Андерсон Купер во емисијата 60 минути Хари исто така откри дека „не можел да плаче поради смртта на мајка му поради товарот што го чувствувал“, па затоа се обидел со „експериментален третман користејќи халуциногени печурки и други психоделици“ Андерсон го праша дали ги обвини папараците за нивната наводна улога во сообраќајната несреќа во 1997 година во која загина Дијана во Париз кога тој имаше само 12 години. Хари одговори дека како деца „ним им било јасно дека британските медиуми имаат улога во страдањето на неговата мајка“. – Се свртев кон жестоки пијалоци затоа што сакав да ги умртвам емоциите и да си го оттргнам вниманието. Знаете, користев и дрога – откри принцот, признавајќи му на Андерсон дека пушел трева и земал кокаин затоа што се чувствувал „безнадежен” и „изгубен“. Цел свет зборува за британскиот принц Хари, откако започна нова битка против кралското семејство, објавувајќи ги своите мемоари во кои го напаѓа својот брат Вилијам, идниот британски крал, и не ги поштеди ниту кралот Чарлс Трети, принцезата од Велс, ниту неговата маќеа Камила Паркер-Боулс.

The post Објавени мемоарите на принцот Хари: Пиел, се дрогирал, убивал луѓе во Авганистан appeared first on Република.

]]>
Меркел ќе објави политички мемоари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merkel-kje-objavi-politichki-memoari/ Fri, 09 Sep 2022 06:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=548725

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел (68), која ја извршуваше функцијата 16 години, во 2024 година ќе објави политички мемоари, објави денеска нејзиниот издавач.

Меркел ќе објави книга со поранешниот долгогодишен советник Бит Бауман и во неа ќе се претстави ексклузивен, личен поглед на нејзиниот политички живот и работа.

„Мило ми е што можам да пренесам сознанија за главните одлуки и ситуации од мојата политичка работа во книгата и да ги направам разбирливи за пошироката јавност, повикувајќи се на мојата биографија“, рече Меркел, како што објави издавачот „Кипенхојер и Виш“, пренесе АП.

Веднаш по напуштањето на функцијата, осврнувајќи се на 16-годишното раководење со земјата, таа рече дека канцеларските должности ја исполнуваат, но има и предизвици.

Меркел, поранешен научник кој пораснал во Источна Германија, стана првата жена канцеларка на Германија во ноември 2005 година.

The post Меркел ќе објави политички мемоари appeared first on Република.

]]>

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел (68), која ја извршуваше функцијата 16 години, во 2024 година ќе објави политички мемоари, објави денеска нејзиниот издавач. Меркел ќе објави книга со поранешниот долгогодишен советник Бит Бауман и во неа ќе се претстави ексклузивен, личен поглед на нејзиниот политички живот и работа. „Мило ми е што можам да пренесам сознанија за главните одлуки и ситуации од мојата политичка работа во книгата и да ги направам разбирливи за пошироката јавност, повикувајќи се на мојата биографија“, рече Меркел, како што објави издавачот „Кипенхојер и Виш“, пренесе АП. Веднаш по напуштањето на функцијата, осврнувајќи се на 16-годишното раководење со земјата, таа рече дека канцеларските должности ја исполнуваат, но има и предизвици. Меркел, поранешен научник кој пораснал во Источна Германија, стана првата жена канцеларка на Германија во ноември 2005 година.

The post Меркел ќе објави политички мемоари appeared first on Република.

]]>