мемли красниќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memli-krasnikji/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 15:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мемли красниќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memli-krasnikji/ 32 32 Красниќи: За четири години Косово изгуби над 210.000 жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krasniki-za-chetiri-godini-kosovo-izgubi-nad-210-000-zhiteli/ Sun, 14 Jul 2024 15:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=796741

Претседателот на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, по објавувањето на прелиминарните резултати на пописот на населението, изјави дека се потврди оти за последните четири години Косово изгубило над 210 илјади жители, јави дописникот на МИА од Приштина.

Красниќи го нарече прелиминарниот резултат на пописот, кој во петокот го објави Агенцијата за статистики на Косово (АСК), како „лоша и многу болна вест“.

– Без да се впуштиме тука во точноста на објавените бројки, лоша и многу болна вест е што врз основа на официјалните податоци на АСК се потврдува дека само во последните четири години Косово загубило над 210 илјади жители, вели Красниќи во објава на неговата страница на Фејсбук.

Повикувајќи се на податоците на АСК, Красниќи рече дека е потврдено оти во 2020 година Косово имало 1.798.186 жители, додека сега Агенцијата ја објави „оваа тажна бројка од само 1.586.659 жители“.

– Граѓаните, особено младите во Косово, ја напуштаат државата! Или, подобро кажано, Владата ги напушти нив и нивните соништа. Оваа вест ги радува само оние кои не ѝ сакаат добро на нашата земја. Оваа бројка бара итна политичка акција. Нашите граѓани заслужуваат повеќе и подобро – во близина на своите семејства и во сопствената држава, порача Красниќи.

(МИА)

The post Красниќи: За четири години Косово изгуби над 210.000 жители appeared first on Република.

]]>

Претседателот на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, по објавувањето на прелиминарните резултати на пописот на населението, изјави дека се потврди оти за последните четири години Косово изгубило над 210 илјади жители, јави дописникот на МИА од Приштина. Красниќи го нарече прелиминарниот резултат на пописот, кој во петокот го објави Агенцијата за статистики на Косово (АСК), како „лоша и многу болна вест“.
– Без да се впуштиме тука во точноста на објавените бројки, лоша и многу болна вест е што врз основа на официјалните податоци на АСК се потврдува дека само во последните четири години Косово загубило над 210 илјади жители, вели Красниќи во објава на неговата страница на Фејсбук.
Повикувајќи се на податоците на АСК, Красниќи рече дека е потврдено оти во 2020 година Косово имало 1.798.186 жители, додека сега Агенцијата ја објави „оваа тажна бројка од само 1.586.659 жители“.
– Граѓаните, особено младите во Косово, ја напуштаат државата! Или, подобро кажано, Владата ги напушти нив и нивните соништа. Оваа вест ги радува само оние кои не ѝ сакаат добро на нашата земја. Оваа бројка бара итна политичка акција. Нашите граѓани заслужуваат повеќе и подобро – во близина на своите семејства и во сопствената држава, порача Красниќи.

(МИА)

The post Красниќи: За четири години Косово изгуби над 210.000 жители appeared first on Република.

]]>
Красниќи: Дијалогот е единствениот пат до решение за спорот меѓу Косово и Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krasnikji-dijalogot-e-edinstveniot-pat-do-reshenie-za-sporot-megju-kosovo-i-srbija/ Fri, 04 Feb 2022 07:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=453861

Лидерот на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, порача дека го поддржува дијалогот со Србија, бидејќи, според него, нема друга алтернатива за решавање на споровите и нормализирање на односите меѓу двете држави.

Во интервју за телевизијата „АТВ“, Красниќи изјави дека меѓусебното признавање со Србија треба да се случи „без да се повреди Уставот на Косово и со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“.

Ставот и пристапот на ПДК во однос на дијалогот останува константен и непроменет, и кога ја имавме одговорноста на владеење со државата и сега, кога сме во опозиција, веќе две години. Ние веруваме дека дијалогот е механизам без алтернатива за да се постигне сеопфатно решение за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што ќе резултира со меѓусебно признавање меѓу нашите две држави, секогаш во рамките на постоечкиот уставен поредок и на нашиот суверенитет и територијален интегритет - изјави Красниќи.

Опозицискиот лидер порача дека од владата на Албин Курти се очекува „поголема проактивност и сериозност“ во пристапот кон решавањето на споровите со Србија.

Нам ни е јасно дека уставната и законската одговорност е на премиерот Курти и на владата за да ги преземат потребните чекори во тој правец и да го водат дијалогот. И доколку еден договор во тие рамки може да се постигне, а ние веруваме дека може, ПДК ќе го поддржи тоа - изјави Красниќи.

The post Красниќи: Дијалогот е единствениот пат до решение за спорот меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, порача дека го поддржува дијалогот со Србија, бидејќи, според него, нема друга алтернатива за решавање на споровите и нормализирање на односите меѓу двете држави. Во интервју за телевизијата „АТВ“, Красниќи изјави дека меѓусебното признавање со Србија треба да се случи „без да се повреди Уставот на Косово и со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“.