„мекларен“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meklaren/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Dec 2022 08:34:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „мекларен“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meklaren/ 32 32 Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/meklaren-gi-prodade-istoriskite-bolidi-na-bahrein/ Sat, 03 Dec 2022 08:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=581231

Британската компанија Мекларен беше принудена да продаде дел од својата колекција на историски возила на бахреинската државна фонација „Мумталакат“ за да го финансира новиот хибриден моел на автомобили „Артура“.

„Мумталакат“, кои поседуваат 60 отсто од Мекларн, платиле 100 милиони фунти за историските болиди и тркачки автомобили, откако Мекларен прикажа загуба од 203 милиони фунти во првите девет месеци во 2022 година.

Според портпаролот на Мекларен, со трансакцијата се обезбедува инфузија на кеш во компанијата, но не даде детали колку од 54-те Ф1 болиди и супер-автомобили од историската компанја се продадени.

Одложувањето на промоцијата на моделот „Артура“ претходно во септември ги натера газдите и саудискиот државен фонд (ПИФ, инаку газди на Њукасл јунајтед), да издадат 125 милиони фунти во нови акции.

The post Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин appeared first on Република.

]]>

Британската компанија Мекларен беше принудена да продаде дел од својата колекција на историски возила на бахреинската државна фонација „Мумталакат“ за да го финансира новиот хибриден моел на автомобили „Артура“. „Мумталакат“, кои поседуваат 60 отсто од Мекларн, платиле 100 милиони фунти за историските болиди и тркачки автомобили, откако Мекларен прикажа загуба од 203 милиони фунти во првите девет месеци во 2022 година. Според портпаролот на Мекларен, со трансакцијата се обезбедува инфузија на кеш во компанијата, но не даде детали колку од 54-те Ф1 болиди и супер-автомобили од историската компанја се продадени. Одложувањето на промоцијата на моделот „Артура“ претходно во септември ги натера газдите и саудискиот државен фонд (ПИФ, инаку газди на Њукасл јунајтед), да издадат 125 милиони фунти во нови акции.

The post Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин appeared first on Република.

]]>
Го купил пред една недела: Ураганот Иан му го однесе новото „мекларен“ вредно милион долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/go-kupil-pred-edna-nedela-uraganot-ian-mu-go-odnese-novoto-meklaren-vredno-milion-dolari/ Thu, 29 Sep 2022 19:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=555793

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Иан ја предизвика во јужната американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот.

Десантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа. – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми.

Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура.

Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области.

Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални.

Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне.

На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја.

Еден жител на Флорида по име Ерни на социјалните мрежи сподели дека неговото ново луксузно возило „мекларен П1“ било уништено во невремето. Тој го купил пред околу една недела и неговата цена била над 1 милион долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

Забележано е дека автомобилот е извлечен од целосно потопената гаража и како лебди по патот блиску до неговиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

The post Го купил пред една недела: Ураганот Иан му го однесе новото „мекларен“ вредно милион долари appeared first on Република.

]]>

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Иан ја предизвика во јужната американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот. Десантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа. – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми. Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура. Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области. Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални. Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне. На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја. Еден жител на Флорида по име Ерни на социјалните мрежи сподели дека неговото ново луксузно возило „мекларен П1“ било уништено во невремето. Тој го купил пред околу една недела и неговата цена била над 1 милион долари.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

Забележано е дека автомобилот е извлечен од целосно потопената гаража и како лебди по патот блиску до неговиот дом.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

The post Го купил пред една недела: Ураганот Иан му го однесе новото „мекларен“ вредно милион долари appeared first on Република.

]]>