меида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meida/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 08:35:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meida/ 32 32 Спасовски ги претстави новите полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gi-pretstavi-novite-policiski-sistemi-za-upravuvanje-i-evidencija-na-oruzje-meida-i-sruo/ Tue, 30 Aug 2022 08:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=545506

Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО – ефикасни дигитални алатки на МВР во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување оружје, а кои се во насока на обезбедување дигитализација и унапредување на оперативните процеси, како и побрза институционалната размена на информации, согласно европските стандарди, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Спасовски посочува дека МЕИДА (Модул на евиденција за инциденти, документи и активности поврзани со оружје) е воспоставување на Интегриран полициски систем во кој во почетната фаза ќе се евидентираат инциденти, документи и активности на полицијата поврзани со оружје. Системот е поврзан со централниот систем на МВР, со заедничките номенклатури, со системот за регистрирање и управување со оружје, со лични документи, со матичен број, со моторни возила и со централниот веб портал на интерни апликации на МВР.

СРУО (Систем за регистрирање и управување со оружје) воспоставен е нов систем за регистрирање и управување со оружје. Опфатени се физички лица (издавање на одобренија и дозволи за оружје) и правни лица (контрола над магацини, стрелишта и продавници). Со овој проект во секој момент може да се утврди состојбата со залихите во магацините за оружје, мониција и експлозивен материјал на правните лица, појаснува Спасовски.

Преку редовна набавка на IT опрема, како и преку донации од нашите партнери УНДП обезбедена е компјутерска опрема која овозможува поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата, компјутери, принтери за дозволи на оружје и скенери, кои се распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, со цел непречено и поефикасно функционирање на информацискиот систем на МВР.

Ја модернизираме полицијата, го надградуваме соодветниот софтвер за следење и контрола на малото и лесно оружје и, секако, се одржуваат обуки за вработените во МВР кои во пракса ќе работат во овој безбедносен сегмент. На тој начин, нашата борба против криминалот и нелегалната трговија со оружје е поефикасна и верувам дека ќе придонесе за зголемување на нивото на безбедност на граѓани, напиша на фејсбук министерот Оливер Спасовски.

The post Спасовски ги претстави новите полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО appeared first on Република.

]]>

Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО – ефикасни дигитални алатки на МВР во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување оружје, а кои се во насока на обезбедување дигитализација и унапредување на оперативните процеси, како и побрза институционалната размена на информации, согласно европските стандарди, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Спасовски посочува дека МЕИДА (Модул на евиденција за инциденти, документи и активности поврзани со оружје) е воспоставување на Интегриран полициски систем во кој во почетната фаза ќе се евидентираат инциденти, документи и активности на полицијата поврзани со оружје. Системот е поврзан со централниот систем на МВР, со заедничките номенклатури, со системот за регистрирање и управување со оружје, со лични документи, со матичен број, со моторни возила и со централниот веб портал на интерни апликации на МВР.