Мехо Кодро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meho-kodro/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 19:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мехо Кодро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meho-kodro/ 32 32 Никако да дочека „трета среќа“: Мехо Кодро повторно отпуштен од селекторската клупа на БиХ по само два натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nikako-da-docheka-treta-sreka-meho-kodro-povtorno-otpushten-od-selektorskata-klupa-na-bih-po-samo-dva-natprevari/ Thu, 21 Sep 2023 19:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=683931

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи да му врачи отказ на селекторот Мехо Кодро, кој на должноста остана само два натпревари, идентично како и во 2008 година.

Кодро седна на клупата на БиХ на почетокот на август на местото на Фарук Хаџибегиќ и ја предводеше репрезентацијата на натпреварите против Лихтенштајн (2-1) и Исланд (0-1) во рамки на квалификациите за пласман на ЕУРО2024.

За 56-годишниот Кодро тоа беше кратко враќање на селекторската должност на која претходно беше назначен и во 2008 година, кога, исто така, ја предводеше репрезентацијата на само два натпревари пред да биде отпуштен.

Медиумите во Сараево шпекулираат дека нов селектор на фудбалската репрезентација на БиХ би можел да биде легендарниот Вахид Халилхоџиќ.

Во квалификациите за пласман на ЕУРО2024 репрезентацијата на БиХ е на претпоследното место во групата Ј со шест бодови, 12 помалку од лидерот Португалија.

The post Никако да дочека „трета среќа“: Мехо Кодро повторно отпуштен од селекторската клупа на БиХ по само два натпревари appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи да му врачи отказ на селекторот Мехо Кодро, кој на должноста остана само два натпревари, идентично како и во 2008 година. Кодро седна на клупата на БиХ на почетокот на август на местото на Фарук Хаџибегиќ и ја предводеше репрезентацијата на натпреварите против Лихтенштајн (2-1) и Исланд (0-1) во рамки на квалификациите за пласман на ЕУРО2024. За 56-годишниот Кодро тоа беше кратко враќање на селекторската должност на која претходно беше назначен и во 2008 година, кога, исто така, ја предводеше репрезентацијата на само два натпревари пред да биде отпуштен. Медиумите во Сараево шпекулираат дека нов селектор на фудбалската репрезентација на БиХ би можел да биде легендарниот Вахид Халилхоџиќ. Во квалификациите за пласман на ЕУРО2024 репрезентацијата на БиХ е на претпоследното место во групата Ј со шест бодови, 12 помалку од лидерот Португалија.

The post Никако да дочека „трета среќа“: Мехо Кодро повторно отпуштен од селекторската клупа на БиХ по само два натпревари appeared first on Република.

]]>
На Босанците не им оди како на Македонците, го сменија селекторот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/na-bosantsite-ne-im-odi-kako-na-makedontsite-go-smenija-selektorot/ Fri, 04 Aug 2023 05:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=668409

 Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина денеска едногласно го назначи 56-годишниот Мехо Кодро за нов селектор на националниот тим, а главна цел ќе му биде да се обиде да избори пласман на ЕУРО2024.

Кодро на селекторската должност доаѓа на местото на Фарук Хаџибегиќ, кој беше принуден да поднесе оставка откако репрезентацијата на БиХ со само една победа во досегашниот тек од евроквалификациите е на дното во својата група.

Кодро веќе еднаш беше селектор на БиХ и тоа во 2008 година, но тогаш остана на должноста помалку од четири месеци поради несогласување со раководството на Федерацијата и односот кон дел од репрезентативците.

Својата кариера како фудбалер ја почна во мостарски Вележ во 1985 година, а ја заврши во израелски Макаби во 2002. За репрезентацијата на БиХ одигра 13 натпревари на кои постигна три голови

The post На Босанците не им оди како на Македонците, го сменија селекторот appeared first on Република.

]]>

 Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина денеска едногласно го назначи 56-годишниот Мехо Кодро за нов селектор на националниот тим, а главна цел ќе му биде да се обиде да избори пласман на ЕУРО2024. Кодро на селекторската должност доаѓа на местото на Фарук Хаџибегиќ, кој беше принуден да поднесе оставка откако репрезентацијата на БиХ со само една победа во досегашниот тек од евроквалификациите е на дното во својата група. Кодро веќе еднаш беше селектор на БиХ и тоа во 2008 година, но тогаш остана на должноста помалку од четири месеци поради несогласување со раководството на Федерацијата и односот кон дел од репрезентативците. Својата кариера како фудбалер ја почна во мостарски Вележ во 1985 година, а ја заврши во израелски Макаби во 2002. За репрезентацијата на БиХ одигра 13 натпревари на кои постигна три голови

The post На Босанците не им оди како на Македонците, го сменија селекторот appeared first on Република.

]]>