Меѓународниот ден на мајчиниот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 10:10:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународниот ден на мајчиниот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ 32 32 Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина, порача МД „Илинден“ – Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-jazik-e-nashe-minato-segashnost-i-idnina-poracha-md-ilinden-tirana/ Wed, 21 Feb 2024 10:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=746465

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“ - Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина“.

- Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија, значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката.

Се нагласува и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што стои, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

- Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации во земјата, но за жал во 21 век, ним статус на малцинство им е признаено само во Мала Преспа, каде имаат право на образование на мајчин јазик, наведува друштвото.

Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале образование на мајчин јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но позитивен одговор нема.

- Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се негува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

The post Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина, порача МД „Илинден“ – Тирана appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: Секоја генерација има должност да твори и да го штити македонскиот јазик, така се штити од заборав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoja-generatsija-ima-dolzhnost-da-tvori-i-da-go-shtiti-makedonskiot-jazik-taka-se-shtiti-od-zaborav/ Tue, 21 Feb 2023 19:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=611657

Едно дело на македонски јазик е непроценливо богатство. Дело од една национална културна ризница, која мора да биде се поголема и побогата. Секоја генерација ја има таа должност да твори и да го штити македонскиот јазик. Затоа што така ја штити и впрочем и Македонија. Затоа што така се штити и самиот себе од заборав, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ организирана по повод 21 Февраури, Меѓународен ден на мајчиниот јазик.

Негувајте го и чувајте го македонскиот јазик, тој е наше минато, сегашност и иднина, рече Мицкоски.

Јазикот на еден народ не е само средство за комуникација, тоа е врзивното ткиво кое ги поврзува поединците и ги прави целина, посебна по нешто во светот. Јазикот е всушност тоа што е белег на еден народ, односно јазикот е самиот народ. Кога говориме за македонскиот јазик и за неговото значење не може а да не си споменеме за Блаже Конески и неговата дефиниција за јазикот. „Јазикот е нашата единствена, целосна татковина“, ќе рече Конески и ќе даде совршена дефиниција за значењето на еден јазик и на еден народ.

Затоа што јазикот е чуварот не само на идентитетот на еден човек, тој е чуварот на неговиот фолклор, традиција, култура, чуварот на преданијата. Впрочем нашиот македонски јазик е наш мајчин јазик затоа што ни го предавале нашите мајки, а тие од нивните мајки и така натаму до предци кои можеби сме ги заборавиле, но нивниот збор сме го запомниле, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ на трибината.

Според Мицкоски, на мајчиниот јазик се најубавите приказни кои некогаш сме ги слушнале, на мајчиниот јазик се најубави песните кои сме ги испеале, затоа што тие зборови најдобро ни го опишуваат битот кој во себе го носиме.

Еден јазик живее додека живеат луѓето кои го говорат и затоа треба да го негуваме и вардиме како свој дом, што би рекол Конески. Особено денес кога сме под атак и негација. Тоа е апсурдно и голем број лингвисти ќе се согласат, но за жал апсурдите се новиот предизвик со кој мораме да се бориме.

За таа борба потребни сме сите. Особено оние на кои македонскиот јазик им е дел од нивната научна работа. Македонскиот јазик е стар исто колку што постојат Македонци на овие простори во Македонија. Тој говор, македонскиот јазик, таа нишка постоела, суштествува и ќе опстане само благодарејќи на Македонецот кој го говорел, говори и ќе го говори.

Македонскиот јазик ако сакате е врзивното ткиво и на сите оние кои живеат во Македонија, а кои не се Македонци по род, бидејќи со македонскиот јазик најдобро може да се кажат маката, да ја споделат радоста со својот сосед.

Секој јазик е богатство и тоа е неспорно. Ние Македонците сме знаеле низ вековите да покажеме дека тоа сме го ценеле и вреднувале, но во исто време македонскиот јазик е и наше заедничко богатство кое мораме да го вардиме. Затоа што ни помогнало да се разбереме и заедно да опстоиме. Наша задача како општество и како институции е тоа да го поддржиме, изјави Мицкоски.

Да овозможиме јазикот да живее, и да се развива.

Институциите да обезбедат доволно средства и поддршка за зачувување, истражување и ширење на македонскиот јазик. Пред се тука мислам во светот, но во исто време и да овозможи услови македонскиот јазик да живее преку пишаниот збор, преку песни и дела кои ќе остават вечен неизбришан белег на македонскиот јазик.

Јазикот е духовен извор на еден човек кој му овозможува да расте и да се развива како личност, да создава и да осознава, да придонесува и да гради, и на крајот да остави вечен траг во културата, науката, и на меморијата на својот род.

Негувајте го и чувајте го нашиот мајчин македонски јазик, затоа што тој е наше минато, наша сегашност, и наша иднина, кажа Мицкоски на трибината.

The post Мицкоски: Секоја генерација има должност да твори и да го штити македонскиот јазик, така се штити од заборав appeared first on Република.

]]>

Едно дело на македонски јазик е непроценливо богатство. Дело од една национална културна ризница, која мора да биде се поголема и побогата. Секоја генерација ја има таа должност да твори и да го штити македонскиот јазик. Затоа што така ја штити и впрочем и Македонија. Затоа што така се штити и самиот себе од заборав, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ организирана по повод 21 Февраури, Меѓународен ден на мајчиниот јазик.
Негувајте го и чувајте го македонскиот јазик, тој е наше минато, сегашност и иднина, рече Мицкоски.
Јазикот на еден народ не е само средство за комуникација, тоа е врзивното ткиво кое ги поврзува поединците и ги прави целина, посебна по нешто во светот. Јазикот е всушност тоа што е белег на еден народ, односно јазикот е самиот народ. Кога говориме за македонскиот јазик и за неговото значење не може а да не си споменеме за Блаже Конески и неговата дефиниција за јазикот. „Јазикот е нашата единствена, целосна татковина“, ќе рече Конески и ќе даде совршена дефиниција за значењето на еден јазик и на еден народ.
Затоа што јазикот е чуварот не само на идентитетот на еден човек, тој е чуварот на неговиот фолклор, традиција, култура, чуварот на преданијата. Впрочем нашиот македонски јазик е наш мајчин јазик затоа што ни го предавале нашите мајки, а тие од нивните мајки и така натаму до предци кои можеби сме ги заборавиле, но нивниот збор сме го запомниле, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ на трибината.
Според Мицкоски, на мајчиниот јазик се најубавите приказни кои некогаш сме ги слушнале, на мајчиниот јазик се најубави песните кои сме ги испеале, затоа што тие зборови најдобро ни го опишуваат битот кој во себе го носиме.
Еден јазик живее додека живеат луѓето кои го говорат и затоа треба да го негуваме и вардиме како свој дом, што би рекол Конески. Особено денес кога сме под атак и негација. Тоа е апсурдно и голем број лингвисти ќе се согласат, но за жал апсурдите се новиот предизвик со кој мораме да се бориме. За таа борба потребни сме сите. Особено оние на кои македонскиот јазик им е дел од нивната научна работа. Македонскиот јазик е стар исто колку што постојат Македонци на овие простори во Македонија. Тој говор, македонскиот јазик, таа нишка постоела, суштествува и ќе опстане само благодарејќи на Македонецот кој го говорел, говори и ќе го говори. Македонскиот јазик ако сакате е врзивното ткиво и на сите оние кои живеат во Македонија, а кои не се Македонци по род, бидејќи со македонскиот јазик најдобро може да се кажат маката, да ја споделат радоста со својот сосед. Секој јазик е богатство и тоа е неспорно. Ние Македонците сме знаеле низ вековите да покажеме дека тоа сме го ценеле и вреднувале, но во исто време македонскиот јазик е и наше заедничко богатство кое мораме да го вардиме. Затоа што ни помогнало да се разбереме и заедно да опстоиме. Наша задача како општество и како институции е тоа да го поддржиме, изјави Мицкоски.
Да овозможиме јазикот да живее, и да се развива. Институциите да обезбедат доволно средства и поддршка за зачувување, истражување и ширење на македонскиот јазик. Пред се тука мислам во светот, но во исто време и да овозможи услови македонскиот јазик да живее преку пишаниот збор, преку песни и дела кои ќе остават вечен неизбришан белег на македонскиот јазик.
Јазикот е духовен извор на еден човек кој му овозможува да расте и да се развива како личност, да создава и да осознава, да придонесува и да гради, и на крајот да остави вечен траг во културата, науката, и на меморијата на својот род. Негувајте го и чувајте го нашиот мајчин македонски јазик, затоа што тој е наше минато, наша сегашност, и наша иднина, кажа Мицкоски на трибината.