Меѓународна научна конференција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunarodna-nauchna-konferentsija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 12:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународна научна конференција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunarodna-nauchna-konferentsija/ 32 32 Отворена јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-jubilejnata-50-megunarodna-nauchna-konferentsija-na-msmjlk-pri-ukim-vo-ohrid/ Fri, 01 Sep 2023 12:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=677905

Преку Меѓународната научна конференција на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што пет децении се одржува во Охрид се успеа научните вистини и заклучоци за македонистиката да го добијат своето место во славистичкиот свет и воопшто во филолошката и културолошката наука. Славистиката денес е незаимислива без македонистиката. Македонскиот јазик литература и култура се факт и предизвик за светската наука, а влог во тоа се сите научни трудови произлезени од ова конференција. Тоа беше истакнато на отворањето на педесеттото издание на Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од денеска се одржува во Охрид.

Свое обраќање пред учесниците на собирот имаше претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека изминатите половина век видни научници, слависти и македонисти од различни меридијани на светот, заедно со нашите учесници оставиле дела кои сведочат за богатството на македонскиот јазик.

Најголемиот дел од нив, од вас, почитувани, се посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура со години, за што најискрено ви благодарам и посакувам и понатаму посветено да продолжите да придонесувате во таа насока, рече тој.

Пендаровски потсети на двете значајни годишнини - 120- години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“, на Мисирков како едно од најзначајните дела на нашата јазична, културна и воопшто национална историја, и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Впрочем, споменатите годишнини се и меѓу темите на конференција која започнува денес и од она што може да се види од програмата, тие побудуваат особен интерес кај учесниците, за што сум особено среќен како покровител на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поетски великан Ацо Шопов која достојно се одбележува благодарение на државата и особено, на напорите кои ги прави неговото семејство преку фондацијата “Ацо Шопов – поезија”, рече претседателот Пендаровски.

Како што истакна, македонската литература е несомнено еден од главните стожери на македонистиката и се разбира, при тоа, таа не е единствениот наш стожер.

Благодарение на Меѓународната научна конференција и на Меѓународниот семинар, секоја година имаме потврда за спецификите и посебностите на македонскиот јазик, литература и култура. Импозантната бројка на научници и дела, оставени во наследство од сите досегашни конференции се непроценливо богатство за нашата лингвистика и култура, воопшто за нашиот народ и држава, рече тој.

Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, од своја страна нагласи дека преку оваа Конференција и Универзитетот и државата се препознатливи во меѓународната академска средина, по влогот за развој на истражувањата кои е стожери за научната потврда за македонскиот национален идентитет.

Преку оваа Конференција новите научни согледби за делата на Мисирков и Шопов ќе ги најдат своите упоришта во славистиката и балканистиката и воопшто во филологијата, а заедно со нив и новите заклучоци за македонскиот јазик, литература и култура, рече тој.

Според него, составот на учесниците на Конференцијата укажуваат дека од неа ќе произлезат нови важни согледби на македонскиот јазик наспроти другите јазици и за македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури.

Со оваа конференција веќе половина век се поттикнува и домашната и странската македонска научна мисла и се следи Мисирковиот завет и се постигнаа значајните научни резултати кои се произлезени од неа, а кои најдобро потврдуваат за степенот за развиеност на македонистиката како научна дисциплина. Со нив и на светот му се покажа дека нашиот народ и нашата академска заеденица се меѓу оние кои со знаење и просветување го заземаат своето место во меѓународни рамки, рече Јанкуловски.

На денешното свечено отворање на Собирот беше промовиран и Зборникот од минатогодишното издание на Конференцијата, во кој на над 500 страници се објавени нови трудови од областа на македонистиката.

Инаку, на тридневниот научен собир ќе работаат лингвистичката секција и секцијата за литература и култура, на кои ќе бидат презентирани близу 70 нови научни трудови. Од двете секции се очекува да призлезат нови научни согледби и заклучоци кои ќе се влог во македонистичките проучувања, со нови анализи, истражувања и исчитувања и од странските посветеници на македонистиката.

Централните теми на Конференцијата ќе бидат за делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и стогодишнината од раѓањето на Шопов.

Конференцијата е дел и од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот на државата.

На Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто веќе со години овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Во децениите наназад, токму овие теми се издвојуваа како најголем предизвик за странските македонистти, балканисти и слависти при учеството на Конференцијата, при што се произлезени и стотици научни трудови со важни согледби за спецификите на македонскиот јазик, литература и култура.

Од Конференцијата ќе биде објавен и Зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации објавени кај нас изминатиов период, имајќи ги предвид бројот на учесниците и реферератите, но и фактот дека ова конференциско издание е единствено од областа на македонистиката и по бројот на земји од кои има учесници.

The post Отворена јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Преку Меѓународната научна конференција на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што пет децении се одржува во Охрид се успеа научните вистини и заклучоци за македонистиката да го добијат своето место во славистичкиот свет и воопшто во филолошката и културолошката наука. Славистиката денес е незаимислива без македонистиката. Македонскиот јазик литература и култура се факт и предизвик за светската наука, а влог во тоа се сите научни трудови произлезени од ова конференција. Тоа беше истакнато на отворањето на педесеттото издание на Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од денеска се одржува во Охрид. Свое обраќање пред учесниците на собирот имаше претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека изминатите половина век видни научници, слависти и македонисти од различни меридијани на светот, заедно со нашите учесници оставиле дела кои сведочат за богатството на македонскиот јазик.
Најголемиот дел од нив, од вас, почитувани, се посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура со години, за што најискрено ви благодарам и посакувам и понатаму посветено да продолжите да придонесувате во таа насока, рече тој.
Пендаровски потсети на двете значајни годишнини - 120- години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“, на Мисирков како едно од најзначајните дела на нашата јазична, културна и воопшто национална историја, и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
Впрочем, споменатите годишнини се и меѓу темите на конференција која започнува денес и од она што може да се види од програмата, тие побудуваат особен интерес кај учесниците, за што сум особено среќен како покровител на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поетски великан Ацо Шопов која достојно се одбележува благодарение на државата и особено, на напорите кои ги прави неговото семејство преку фондацијата “Ацо Шопов – поезија”, рече претседателот Пендаровски.
Како што истакна, македонската литература е несомнено еден од главните стожери на македонистиката и се разбира, при тоа, таа не е единствениот наш стожер.
Благодарение на Меѓународната научна конференција и на Меѓународниот семинар, секоја година имаме потврда за спецификите и посебностите на македонскиот јазик, литература и култура. Импозантната бројка на научници и дела, оставени во наследство од сите досегашни конференции се непроценливо богатство за нашата лингвистика и култура, воопшто за нашиот народ и држава, рече тој.
Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, од своја страна нагласи дека преку оваа Конференција и Универзитетот и државата се препознатливи во меѓународната академска средина, по влогот за развој на истражувањата кои е стожери за научната потврда за македонскиот национален идентитет.
Преку оваа Конференција новите научни согледби за делата на Мисирков и Шопов ќе ги најдат своите упоришта во славистиката и балканистиката и воопшто во филологијата, а заедно со нив и новите заклучоци за македонскиот јазик, литература и култура, рече тој.
Според него, составот на учесниците на Конференцијата укажуваат дека од неа ќе произлезат нови важни согледби на македонскиот јазик наспроти другите јазици и за македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури.
Со оваа конференција веќе половина век се поттикнува и домашната и странската македонска научна мисла и се следи Мисирковиот завет и се постигнаа значајните научни резултати кои се произлезени од неа, а кои најдобро потврдуваат за степенот за развиеност на македонистиката како научна дисциплина. Со нив и на светот му се покажа дека нашиот народ и нашата академска заеденица се меѓу оние кои со знаење и просветување го заземаат своето место во меѓународни рамки, рече Јанкуловски.
На денешното свечено отворање на Собирот беше промовиран и Зборникот од минатогодишното издание на Конференцијата, во кој на над 500 страници се објавени нови трудови од областа на македонистиката. Инаку, на тридневниот научен собир ќе работаат лингвистичката секција и секцијата за литература и култура, на кои ќе бидат презентирани близу 70 нови научни трудови. Од двете секции се очекува да призлезат нови научни согледби и заклучоци кои ќе се влог во македонистичките проучувања, со нови анализи, истражувања и исчитувања и од странските посветеници на македонистиката. Централните теми на Конференцијата ќе бидат за делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и стогодишнината од раѓањето на Шопов. Конференцијата е дел и од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот на државата. На Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто веќе со години овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Во децениите наназад, токму овие теми се издвојуваа како најголем предизвик за странските македонистти, балканисти и слависти при учеството на Конференцијата, при што се произлезени и стотици научни трудови со важни согледби за спецификите на македонскиот јазик, литература и култура. Од Конференцијата ќе биде објавен и Зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации објавени кај нас изминатиов период, имајќи ги предвид бројот на учесниците и реферератите, но и фактот дека ова конференциско издание е единствено од областа на македонистиката и по бројот на земји од кои има учесници.

The post Отворена јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид appeared first on Република.

]]>