меѓународен притисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunaroden-pritisok/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Aug 2023 09:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓународен притисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunaroden-pritisok/ 32 32 По европскиот морков, доаѓа американски стап за уставните измени? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-evropskiot-morkov-doaga-amerikanski-stap-za-ustavnite-izmeni/ Wed, 23 Aug 2023 09:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=674853

Закажувањето на седницата за уставни измени го засили притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени.  На удар се пратениците, но и раководството на партијата да попуштат.

Неуспехот на седницата на која само 70 пратеници гласаа за дневниот ред, а тоа пак покажа дека власта е далеку од двотретинско мнозинство не ја поколеба да продолжи со сеењето лаги.

На сите средби со поважните амбасади првите луѓе од власта убедувале дека имаат „сигурни“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за промена на Уставот, а прв показател требало да биде дека „избраните“ ќе бидат отсутни на седницата за гласање на дневниот ред.

Но, дека тоа е „есап без крчмар“ се виде на седницата кога сите 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ беа едногласни.

Како што дознаваме, тоа предизвикало незадоволство кај мисијата на ЕУ во Скопје.Посебно бил лут амбасадорот Гир кој од почеток бил против да се закажува седница без обезбедено мнозинство.

Затоа, во следниот период притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ повеќе ќе доаѓа од САД отколку од Брисел.Во прилог на ова тврдење е и тоа што утре во Скопје доаѓа Габриел Ескобар заменик-помошник државен секретар на САД

Она што е заедничко за САД и за ЕУ е дека тие си ги имаат зацртано уставните измени и не им е важен начинот на кој ќе се дојде до целта. Намерата е да се натера ВМРО-ДПМНЕ да влезе во процесот а потоа да се бараат решенија што секако за опозициската партија е неприфатливо.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-utre-doaga-vo-skopje/

 

The post По европскиот морков, доаѓа американски стап за уставните измени? appeared first on Република.

]]>

Закажувањето на седницата за уставни измени го засили притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени.  На удар се пратениците, но и раководството на партијата да попуштат. Неуспехот на седницата на која само 70 пратеници гласаа за дневниот ред, а тоа пак покажа дека власта е далеку од двотретинско мнозинство не ја поколеба да продолжи со сеењето лаги. На сите средби со поважните амбасади првите луѓе од власта убедувале дека имаат „сигурни“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за промена на Уставот, а прв показател требало да биде дека „избраните“ ќе бидат отсутни на седницата за гласање на дневниот ред. Но, дека тоа е „есап без крчмар“ се виде на седницата кога сите 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ беа едногласни. Како што дознаваме, тоа предизвикало незадоволство кај мисијата на ЕУ во Скопје.Посебно бил лут амбасадорот Гир кој од почеток бил против да се закажува седница без обезбедено мнозинство. Затоа, во следниот период притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ повеќе ќе доаѓа од САД отколку од Брисел.Во прилог на ова тврдење е и тоа што утре во Скопје доаѓа Габриел Ескобар заменик-помошник државен секретар на САД Она што е заедничко за САД и за ЕУ е дека тие си ги имаат зацртано уставните измени и не им е важен начинот на кој ќе се дојде до целта. Намерата е да се натера ВМРО-ДПМНЕ да влезе во процесот а потоа да се бараат решенија што секако за опозициската партија е неприфатливо. https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-utre-doaga-vo-skopje/  

The post По европскиот морков, доаѓа американски стап за уставните измени? appeared first on Република.

]]>