Меѓународен ден на мајчиниот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunaroden-den-na-majchiniot-jazik/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 16:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен ден на мајчиниот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megunaroden-den-na-majchiniot-jazik/ 32 32 Мајчиниот јазик на еден човек е во исто време заветот што го наследил од своите претходници и аманетот што го остава на идните поколенија, вели Мицкоски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/majchiniot-jazik-na-eden-chovek-e-vo-isto-vreme-zavetot-shto-go-nasledil-od-svoite-prethodnitsi-i-amanetot-shto-go-ostava-na-idnite-pokolenija-veli-mitskoski-po-povod-megunarodniot-den-na-majchiniot-j/ Wed, 21 Feb 2024 16:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=746670

Денес по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик би сакал да истакнам дека јазикот на еден народ е неговото најголемо и најсилно обележје што го прави посебен во ризницата на народи во светот. Македонскиот јазик за Македонците, како и останатите мајчини јазици на етничките заедници што живеат во Македонија, се нашето богатство, со што особено се гордееме. Токму тој факт што се гордееме со тоа наше богатство ни создава обврска истото да го чуваме и да го негуваме, се вели во честитиката на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Чувајќи го мајчиниот јазик, се чуваат културата, фолклорот, историјата и идентитетот. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме на силно промовирање на македонскиот јазик како официјален јазик на државата и секако како мајчин јазик на Македонците, но во исто време и подеднакво ќе ги почитуваме и јазиците на останатите делови од народи што живеат во Македонија.

Мајчиниот јазик на еден човек е во исто време заветот што го наследил од своите претходници и аманетот што го остава на идните поколенија.

Големиот Блаже Конески ќе рече: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

Оваа негова мисла не е само најдобар опис за мајчиниот македонски јазик и за неговото значење за Македонецот, туку преведена и приспособена може да биде најдобар опис за значењето на мајчиниот јазик за секој човек на планетата земја и одраз за неговиот идентитет, се вели во честитиката на Мицкоски.

The post Мајчиниот јазик на еден човек е во исто време заветот што го наследил од своите претходници и аманетот што го остава на идните поколенија, вели Мицкоски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>

Денес по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик би сакал да истакнам дека јазикот на еден народ е неговото најголемо и најсилно обележје што го прави посебен во ризницата на народи во светот. Македонскиот јазик за Македонците, како и останатите мајчини јазици на етничките заедници што живеат во Македонија, се нашето богатство, со што особено се гордееме. Токму тој факт што се гордееме со тоа наше богатство ни создава обврска истото да го чуваме и да го негуваме, се вели во честитиката на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Чувајќи го мајчиниот јазик, се чуваат културата, фолклорот, историјата и идентитетот. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме на силно промовирање на македонскиот јазик како официјален јазик на државата и секако како мајчин јазик на Македонците, но во исто време и подеднакво ќе ги почитуваме и јазиците на останатите делови од народи што живеат во Македонија. Мајчиниот јазик на еден човек е во исто време заветот што го наследил од своите претходници и аманетот што го остава на идните поколенија. Големиот Блаже Конески ќе рече: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“ Оваа негова мисла не е само најдобар опис за мајчиниот македонски јазик и за неговото значење за Македонецот, туку преведена и приспособена може да биде најдобар опис за значењето на мајчиниот јазик за секој човек на планетата земја и одраз за неговиот идентитет, се вели во честитиката на Мицкоски.

The post Мајчиниот јазик на еден човек е во исто време заветот што го наследил од своите претходници и аманетот што го остава на идните поколенија, вели Мицкоски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ја славиме важноста и убавината на јазикот кој го обликува нашиот идентитет и културно наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-slavime-vazhnosta-i-ubavinata-na-jazikot-koj-go-oblikuva-nashiot-identitet-i-kulturno-nasledstvo/ Tue, 21 Feb 2023 18:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=611631

Денес по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ја славиме важноста и убавината на јазикот кој го обликува нашиот идентитет и културно наследство, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Нашиот мајчин јазик не е само средство за комуникација, туку и одраз на нашата историја, традиции и вредности, пренесени од генерација на генерација. Како разновидно и повеќејазично општество, Македонија се гордее со своето богато лингвистичко наследство, составено од многу јазици и дијалекти. Секој од овие јазици има свој уникатен шарм и придонесува за културното богатство на нашата земја, наведе Ковачевски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Премерот посочува дека на овој ден го признаваме значењето на нашиот мајчин јазик и виталната улога што ја игра во зачувувањето на нашето наследство и промовирањето на нашиот културен идентитет.

Како влада, остануваме посветени на промовирање и заштита на јазичните права на сите наши граѓани. Ја препознаваме вредноста на повеќејазичноста и посветени сме на создавање средина каде што сите јазици можат да напредуваат. Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик!, додава премиерот Ковачевски во објавата на Фејсбук.

The post Ковачевски: Ја славиме важноста и убавината на јазикот кој го обликува нашиот идентитет и културно наследство appeared first on Република.

Јачева-Улчар: Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jacheva-ulchar-mojot-majchin-jazik-gi-zhivee-najdramatichnite-i-najkritichnite-momenti-od-svoeto-postoene/ Tue, 21 Feb 2023 10:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=611428

Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска, пишува македонистката и професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елка Јачева-Улчар по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Денес, за оние на југот македонскиот јазик не постои, оти таму некој се договорил дека нема луѓе што зборуваат македонски. На исток, некој во моментов се договара дека нема Македонци што зборуваат македонски долу под Пирин. Дома некој безимен повторно се договори дека ќе му ја одземе сврзувачката моќ што ја имаше до неодамна: единствено средство за комуникација за сите што живеат во Македонија, независно колку ги има и што се по род. Без дури и помисла за скратување на јазичните права на немакедонците што се родиле и живеат тука. Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска. И не е таа загроза само инострана, инојазична. На мојот мајчин јазик дома му е куса љубовта од младите Македонци. На мојот мајчин јазик му е кусо знаењето на учителите на младите Македонци. На мојот мајчин јазик му станува кус бројот на неговите говорители. На мојот мајчин јазик му е куса грижата за него од државата. На мојот мајчин јазик му е куса негата во јавниот простор. Многу нешта дома му се кусо на мојот мајчин јазик. Само едни нешта ич не му се куси: неговата уникатност на која се испишани страници и страници литература, неговата глаголивост на која се раскажни усно илјадници приказни, неговата милозвучност на која се испеани најубавите народни песни на Балканот… па затоа и ќе живее долго… толку долго колку што ќе живее и последниот човек што зборува МАКЕДОНСКИ…, пишува професорката.

The post Јачева-Улчар: Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење appeared first on Република.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-i-ovaa-godina-ke-go-odbelezhi-megunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ Tue, 21 Feb 2023 09:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=611401

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик , прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.  Најавени се поздравни обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Никола Јанкуловски, директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик , прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.
На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.  Најавени се поздравни обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Никола Јанкуловски, директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>