меѓувладина седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjuvladina-sednica/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:37:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓувладина седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjuvladina-sednica/ 32 32 Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-protokol-za-zaednichki-granichni-premini-so-kosovo/ Mon, 18 Nov 2024 14:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=839266

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина.

На оваа седница се потпиша протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце - Елез Хан и Јажинце - Глобочица.

Со ова направен е уште еден значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз, поедноставен и поефикасен проток на патници и стоки. Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски во рамките на седницата имаше можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговараше за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини.

The post Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина. На оваа седница се потпиша протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце - Елез Хан и Јажинце - Глобочица.
Со ова направен е уште еден значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз, поедноставен и поефикасен проток на патници и стоки. Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји, истакна министерот Тошковски.
Министерот Тошковски во рамките на седницата имаше можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговараше за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини.

The post Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово appeared first on Република.

]]>
Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра, соопшти премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomskata-sorabotka-so-kosovo-ke-bide-nad-polovina-milijarda-evra-soopshti-premierot-mitskoski/ Mon, 18 Nov 2024 11:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=839147

 Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји, рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).

Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.

Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.

Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

Република Косово и Република Cеверна Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни, потенцира Курти.

Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.

Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, нагласи Курти.

The post Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра, соопшти премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

 Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.
Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји, рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).
Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.
Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.
Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.
Република Косово и Република Cеверна Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни, потенцира Курти.
Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.
Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, нагласи Курти.

The post Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра, соопшти премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pristigna-vo-kosovo-vo-tek-meguvladinata-sednitsa/ Mon, 18 Nov 2024 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=839138

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Приштина каде денеска заедничка седница имаат двете влади по што ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери, а во моментот се одржува меѓувладината седница, јави известувачот на МИА од Приштина.

Во 13:45 часот се очекува двјацата премиери да одржат заедничка прес-конференција.

Како што соопшти премиерто Мицкоски, по завршувањето на меѓувладината седница ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области.

Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини, каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас.
Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите.
Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.

The post Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница appeared first on Република.

]]>

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Приштина каде денеска заедничка седница имаат двете влади по што ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери, а во моментот се одржува меѓувладината седница, јави известувачот на МИА од Приштина. Во 13:45 часот се очекува двјацата премиери да одржат заедничка прес-конференција. Како што соопшти премиерто Мицкоски, по завршувањето на меѓувладината седница ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области. Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини, каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас. Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите. Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.

The post Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница appeared first on Република.

]]>
Во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-e-meguvladinata-sednitsa-na-makedonskata-i-na-ungarskata-vlada-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 08:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=820140

Во Охрид тукушто започна заедничката седница на Владите на Република Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

На седницата што е предвидена да трае околу два часа и претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави.

Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/

Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори.

Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан.

Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Охрид тукушто започна заедничката седница на Владите на Република Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. На седницата што е предвидена да трае околу два часа и претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави. Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/
Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори. Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан. Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада во Охрид appeared first on Република.

]]>
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/meguvladina-sednitsa-i-tet-a-tet-sredba-na-mitskoski-i-orban/ Fri, 27 Sep 2024 06:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=820024

Заедничка меѓувладина седница на Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Седницата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција.

Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, од вчера е во посета на земјава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristigna-vo-makedonija/

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Во Охрид се преземаат неопходните безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ е забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум.

Дислоцирани се и возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“.

За време на Самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември, Законот за унгарскиот кредит беше изгласан во Собранието, по скратена постапка.

Заемот од Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Опозицијата во Собранието, тогаш обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството.

Орбан во 2013 година бил во официјална посета на земјава, кога и е одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија. Орденот му го врачи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а имал средби и со тогашниот премиер Никола Груевски.

The post Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан appeared first on Република.

]]>

Заедничка меѓувладина седница на Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба. Седницата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција. Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, од вчера е во посета на земјава. https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristigna-vo-makedonija/ Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија. Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид. Во Охрид се преземаат неопходните безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ е забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум. Дислоцирани се и возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“. За време на Самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември, Законот за унгарскиот кредит беше изгласан во Собранието, по скратена постапка. Заемот од Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Опозицијата во Собранието, тогаш обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството. Орбан во 2013 година бил во официјална посета на земјава, кога и е одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија. Орденот му го врачи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а имал средби и со тогашниот премиер Никола Груевски.

The post Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан appeared first on Република.

]]>
Не тргнувајте низ град со возило, доаѓа Еди Рама https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-trgnuvajte-so-vozilo-doagja-edi-rama/ Mon, 14 Nov 2022 06:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=573393

СВР Скопје за денеска најави мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.

Ве информираме дека денеска, 14.11.2022 година (понеделник) ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија.

Линк за следење во живо на официјалниот пречек од 9:45 часот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија.

Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади.

Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

The post Не тргнувајте низ град со возило, доаѓа Еди Рама appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје за денеска најави мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај. Ве информираме дека денеска, 14.11.2022 година (понеделник) ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија. Линк за следење во живо на официјалниот пречек од 9:45 часот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија. Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади. Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

The post Не тргнувајте низ град со возило, доаѓа Еди Рама appeared first on Република.

]]>
Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија на 14 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaednichka-sednica-na-vladite-na-severna-makedonija-i-na-albanija-na-14-noemvri/ Tue, 08 Nov 2022 15:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=571503

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија.

Седницата е предвидено да се одржи во Скопје на 14 ноември 2022 година, соопшти владината прес-служба.

The post Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија на 14 ноември appeared first on Република.

]]>

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија. Седницата е предвидено да се одржи во Скопје на 14 ноември 2022 година, соопшти владината прес-служба.

The post Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија на 14 ноември appeared first on Република.

]]>
Николовски: Меморандумот за соработка со Бугарија е голем чекор за унапредување на соработката во земјоделството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-memorandumot-za-sorabotka-so-bugarija-e-golem-chekor-za-unapreduvanje-na-sorabotkata-vo-zemjodelstvoto/ Tue, 25 Jan 2022 13:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=449268

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за земјоделство на Република Бугарија Иван Иванов денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството.

Потпишувањето беше во рамки на заедничката седница на владите од двете земји што се одржа во Софија.

Министерот Николовски посочи дека овој значаен билатерален Договор е голем чекор за зацврстување и унапредување на билатералната и трговската соработка.

Верувам дека во периодот што следи ќе испорачаме резултати. Ние денеска потпишавме Меморандум за соработка и со министерот за земјоделство на Бугарија Иван Иванов, разговаравме за значењето на земјоделскиот сектор, за двете држави да ја зголемат соработката и заеднички да испорачаме резултати. Ние сме лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмите, а искуството на Бугарија како земја членка на ЕУ ќе ни биде од големо значење во имплементацијата на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ. Унапредувањето на шумарството и ловството ќе биде еден од приоритетите во следниот период за работа, рече Николовски.

Според него, веднаш ќе почнат подготовките за формирање на работните групи од двете министерства во сите области од Меморандумот и на почеток на следниот месец ќе да се одржи првиот состанок на групите.

Како што наведува Министерството за земјоделство, Меморандумот отвора можност за блиска соработка меѓу надлежните институции од Македонија и од Бугарија во повеќе области. Работните меѓуресорски групи што ќе се формираат за краток период ќе работат на развивање на соработката во доменот на: имплементација на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ, земјоделските науки, шумарство и ловство, органско производство и преработка на органски земјоделски производи, биотехнологии во поледелството и во сточарството, селекција и репродукција во сточарството, како и транснационална соработка во руралната област и други области од заеднички интерес.

Освен техничка и административна соработка, двете министерства ќе разменуваат научни и технички информации и експертски искуства во доменот на земјоделството, ќе организираат семинари и обуки, ќе работат на имплементација на заеднички истражувачки програми во земјоделството и земјоделските науки.

Во текот на денешниот ден, во рамки на меѓувладината седница, министерот Николовски заедно со колегите министри од Република Бугарија, учествуваше на првиот состанок со работната група за економија, енергетика, финансии, иновации и развојот, инвестиции и земјоделство, на којшто се поставија основите за работа во областите и се утврдија роковите за исполнување на приоритетите.

The post Николовски: Меморандумот за соработка со Бугарија е голем чекор за унапредување на соработката во земјоделството appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за земјоделство на Република Бугарија Иван Иванов денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството. Потпишувањето беше во рамки на заедничката седница на владите од двете земји што се одржа во Софија. Министерот Николовски посочи дека овој значаен билатерален Договор е голем чекор за зацврстување и унапредување на билатералната и трговската соработка.
Верувам дека во периодот што следи ќе испорачаме резултати. Ние денеска потпишавме Меморандум за соработка и со министерот за земјоделство на Бугарија Иван Иванов, разговаравме за значењето на земјоделскиот сектор, за двете држави да ја зголемат соработката и заеднички да испорачаме резултати. Ние сме лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмите, а искуството на Бугарија како земја членка на ЕУ ќе ни биде од големо значење во имплементацијата на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ. Унапредувањето на шумарството и ловството ќе биде еден од приоритетите во следниот период за работа, рече Николовски.
Според него, веднаш ќе почнат подготовките за формирање на работните групи од двете министерства во сите области од Меморандумот и на почеток на следниот месец ќе да се одржи првиот состанок на групите. Како што наведува Министерството за земјоделство, Меморандумот отвора можност за блиска соработка меѓу надлежните институции од Македонија и од Бугарија во повеќе области. Работните меѓуресорски групи што ќе се формираат за краток период ќе работат на развивање на соработката во доменот на: имплементација на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ, земјоделските науки, шумарство и ловство, органско производство и преработка на органски земјоделски производи, биотехнологии во поледелството и во сточарството, селекција и репродукција во сточарството, како и транснационална соработка во руралната област и други области од заеднички интерес. Освен техничка и административна соработка, двете министерства ќе разменуваат научни и технички информации и експертски искуства во доменот на земјоделството, ќе организираат семинари и обуки, ќе работат на имплементација на заеднички истражувачки програми во земјоделството и земјоделските науки. Во текот на денешниот ден, во рамки на меѓувладината седница, министерот Николовски заедно со колегите министри од Република Бугарија, учествуваше на првиот состанок со работната група за економија, енергетика, финансии, иновации и развојот, инвестиции и земјоделство, на којшто се поставија основите за работа во областите и се утврдија роковите за исполнување на приоритетите.

The post Николовски: Меморандумот за соработка со Бугарија е голем чекор за унапредување на соработката во земјоделството appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Седницата на двете Влади успешна и плодна, очекувам веќе за шест месеци конкретни резултати во сите области https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sednicata-na-dvete-vladi-uspeshna-i-plodna-ochekuvam-vekje-za-shest-meseci-konkretni-rezultati-vo-site-oblasti/ Tue, 25 Jan 2022 13:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=449263

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил со оценка дека денешната заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија во Софија е успешна и плодна и очекува веќе за шест месеци конкретни резултати од работните групи во сите области.

Денеска имавме успешна и плодна седница на двете Влади. Ги формиравме петте работни групи и започнуваме со реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете земји. Ваквата соработка ќе значи зближување на двете држави и конкретни придобивки за поквалитетен живот на нашите граѓани. Она што сакам да го истакнам е дека членови и копретседавачи на овие групи во најголем дел се министрите во двете влади. Со тоа обезбедуваме силна политичка поддршка за имплементација на зацртаните проекти, која ќе резултира со силен интензитет и брза реализација. Очекувам веќе за шест месеци во сите области да покажеме конкретни резултати, стои на фејсбук статусот на Ковачевски.

Тој додава дека денешните средби со премиерот Петков и министрите од двете Влади, го увериле дека постои волја кај двете страни за брз напредок во меѓусебните односи.

Јас и Кирил сме нови премиери, и имаме одговорност, но и силна желба да успееме во оваа наша амбиција. Силно верувам дека ова ново поглавје во односите меѓу нашите две пријателски земји ќе донесе напредок, развој и долгорочни придобивки за двата народи, вели премиерот Ковачевски забчагодарувајќи се уште еднаш за гостопримството на бугарскиот колега Петков.

The post Ковачевски: Седницата на двете Влади успешна и плодна, очекувам веќе за шест месеци конкретни резултати во сите области appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил со оценка дека денешната заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија во Софија е успешна и плодна и очекува веќе за шест месеци конкретни резултати од работните групи во сите области.
Денеска имавме успешна и плодна седница на двете Влади. Ги формиравме петте работни групи и започнуваме со реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете земји. Ваквата соработка ќе значи зближување на двете држави и конкретни придобивки за поквалитетен живот на нашите граѓани. Она што сакам да го истакнам е дека членови и копретседавачи на овие групи во најголем дел се министрите во двете влади. Со тоа обезбедуваме силна политичка поддршка за имплементација на зацртаните проекти, која ќе резултира со силен интензитет и брза реализација. Очекувам веќе за шест месеци во сите области да покажеме конкретни резултати, стои на фејсбук статусот на Ковачевски.
Тој додава дека денешните средби со премиерот Петков и министрите од двете Влади, го увериле дека постои волја кај двете страни за брз напредок во меѓусебните односи.
Јас и Кирил сме нови премиери, и имаме одговорност, но и силна желба да успееме во оваа наша амбиција. Силно верувам дека ова ново поглавје во односите меѓу нашите две пријателски земји ќе донесе напредок, развој и долгорочни придобивки за двата народи, вели премиерот Ковачевски забчагодарувајќи се уште еднаш за гостопримството на бугарскиот колега Петков.

The post Ковачевски: Седницата на двете Влади успешна и плодна, очекувам веќе за шест месеци конкретни резултати во сите области appeared first on Република.

]]>
На меѓувладината седница во Софија потпишани неколку договори, меѓу нив за железничкиот Коридор 8 и директната авиолинија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-megjuvladinata-sednica-vo-sofija-potpishani-nekolku-dogovori-megju-niv-za-zeleznichkiot-koridor-8-i-direktnata-aviolinija/ Tue, 25 Jan 2022 11:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=449174

Неколку билатерални договори за соработка во различни области потпишаа денеска ресорните министри во рамки на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија, која се одржува во Софија.

Како што јави известувачот на МИА од Софија, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев потпишаа два документа со кои се зајакнува инфраструктурното поврзување меѓу двете земји – за железничкиот Коридор 8 и за директната авио-линија Софија – Скопје.

Поконкретно потпишани се Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје-Софија, преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот Коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија – Софија – Скопје.

Коридорот 8 ќе биде една од главните теми на кои престојниот период ќе работи конкретната работна група, во чиј делокруг е инфраструктурата, а како што најави денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на меѓувладината седница, ќе се работи на сите делови на овој коридор и на патниот и на железничкиот, но и во делот на телекомуникациите.

Бочварски претходно ијзави дека Коридорот 8 од наша страна, односно експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, третата лента кон Деве Баир и целосната рехабилитација на постоечкиот пат треба да бидат завршени кон средината на 2023 година со што ќе имаме комплетно нов Коридор 8, од Скопје до границата со Бугарија. Тоа ќе биде инвестиција од 100 милиони евра. Министерот најави и дека новиот начин на соработка ќе ја забрза и динамиката на железницата кон Бугарија.

Директната авиолинија, бугарскиот премиер Петков ја најави уште за време на посетата на Скопје, нагласувајќи дека во период од еден месец ќе се направат сите анализи и проценки, а веќе за 60 овој проект ќе биде реализиран.

Бочварски претходно изјави дека ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање.

Се споменува бугарската компанија „Гуливер“, како и тоа дека станува збор за нискобуџетни летови кои понатаму ќе прават примамлива интерконекција за летови за Канада и САД, но Бочварски не наведува конкретни имиња и вели дека се отворени сите опции. Нагласува дека прво ќе разговара со оператори коишто треба да имаат финансиска исплатливост.

Бочварски и Сабев денеска во Софија потпишаа и Меморандум за либерализација на стоки за и од трети земји.

Земјоделството и економијата се меѓу секторите, на кои интензивно ќе се работи претстојниот период. Меморандум за разбирање и соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, селските реони и шумското стопанство потпишаа денеска министрите за земјоделство на Македонија и Бугарија, Љупчо Николовски и Иван Иванов.

Министрите за економија на двете земји Крешник Бектеши и Даниел Лорер, пак потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу ИАНМСП и Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Македонија.

The post На меѓувладината седница во Софија потпишани неколку договори, меѓу нив за железничкиот Коридор 8 и директната авиолинија appeared first on Република.

]]>

Неколку билатерални договори за соработка во различни области потпишаа денеска ресорните министри во рамки на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија, која се одржува во Софија. Како што јави известувачот на МИА од Софија, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев потпишаа два документа со кои се зајакнува инфраструктурното поврзување меѓу двете земји – за железничкиот Коридор 8 и за директната авио-линија Софија – Скопје. Поконкретно потпишани се Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје-Софија, преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот Коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија – Софија – Скопје. Коридорот 8 ќе биде една од главните теми на кои престојниот период ќе работи конкретната работна група, во чиј делокруг е инфраструктурата, а како што најави денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на меѓувладината седница, ќе се работи на сите делови на овој коридор и на патниот и на железничкиот, но и во делот на телекомуникациите. Бочварски претходно ијзави дека Коридорот 8 од наша страна, односно експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, третата лента кон Деве Баир и целосната рехабилитација на постоечкиот пат треба да бидат завршени кон средината на 2023 година со што ќе имаме комплетно нов Коридор 8, од Скопје до границата со Бугарија. Тоа ќе биде инвестиција од 100 милиони евра. Министерот најави и дека новиот начин на соработка ќе ја забрза и динамиката на железницата кон Бугарија. Директната авиолинија, бугарскиот премиер Петков ја најави уште за време на посетата на Скопје, нагласувајќи дека во период од еден месец ќе се направат сите анализи и проценки, а веќе за 60 овој проект ќе биде реализиран. Бочварски претходно изјави дека ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање. Се споменува бугарската компанија „Гуливер“, како и тоа дека станува збор за нискобуџетни летови кои понатаму ќе прават примамлива интерконекција за летови за Канада и САД, но Бочварски не наведува конкретни имиња и вели дека се отворени сите опции. Нагласува дека прво ќе разговара со оператори коишто треба да имаат финансиска исплатливост. Бочварски и Сабев денеска во Софија потпишаа и Меморандум за либерализација на стоки за и од трети земји. Земјоделството и економијата се меѓу секторите, на кои интензивно ќе се работи претстојниот период. Меморандум за разбирање и соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, селските реони и шумското стопанство потпишаа денеска министрите за земјоделство на Македонија и Бугарија, Љупчо Николовски и Иван Иванов. Министрите за економија на двете земји Крешник Бектеши и Даниел Лорер, пак потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу ИАНМСП и Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Македонија.

The post На меѓувладината седница во Софија потпишани неколку договори, меѓу нив за железничкиот Коридор 8 и директната авиолинија appeared first on Република.

]]>
Работните групи на Владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotnite-grupi-na-vladite-na-makedonija-i-bugarija-gi-postavija-osnovite-za-rabota-i-gi-utvrdija-rokovite-za-ispolnuvanje-na-prioritetite/ Tue, 25 Jan 2022 09:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=449065

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје.

Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договори идната динамика на работата, како и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области.

Втората работна група којашто ги вклучува областите транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, се поставени определбите за работите на Коридорот 8, како и поврзувањето со другите патни правци долж границата на двете земји.

Оваа работна група за свој приоритет го постави воспоставувањето на авионска линија Софија-Скопје, како и заложбата колку што може побргу значително да се намали цената на роамингот меѓу двете земји.

За европските интеграции, зелените политики и доброто владеење во третата работна група се поставени основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Република Македонија, како и за заеднички иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ.

Четвртата работна група која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот си постави за задача да бидат преземени чекори од двете страни за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области.

Денеска состанок одржаа и копретседавачите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и го утврдија календарот и динамиката на средбите во 2022 година.

The post Работните групи на Владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите appeared first on Република.

]]>

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје. Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договори идната динамика на работата, како и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области. Втората работна група којашто ги вклучува областите транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, се поставени определбите за работите на Коридорот 8, како и поврзувањето со другите патни правци долж границата на двете земји. Оваа работна група за свој приоритет го постави воспоставувањето на авионска линија Софија-Скопје, како и заложбата колку што може побргу значително да се намали цената на роамингот меѓу двете земји. За европските интеграции, зелените политики и доброто владеење во третата работна група се поставени основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Република Македонија, како и за заеднички иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ. Четвртата работна група која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот си постави за задача да бидат преземени чекори од двете страни за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области. Денеска состанок одржаа и копретседавачите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и го утврдија календарот и динамиката на средбите во 2022 година.

The post Работните групи на Владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите appeared first on Република.

]]>