Меѓународниот ден на Ромите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunarodniot-den-na-romite/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 08:44:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународниот ден на Ромите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunarodniot-den-na-romite/ 32 32 Честитка од министерот Спасовски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-ministerot-spasovski-po-povod-8-april-megunarodniot-den-na-romite/ Sat, 08 Apr 2023 08:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=628579

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на сите пријатели и сограѓани од Ромската заедница, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи упатува искрени честитки по повод денешниот голем датум – 8 април, Меѓународниот ден на Ромите.

– Празник што без никаков сомнеж навистина ги заслужува почитта и искреното уважување од сите нас, од сите наши граѓани. Најголемото богатство на една земја се нејзините луѓе, а Република Македонија во тој поглед има исклучително голема предност, имајќи ја предвид нејзината мултиетничност и мултиконфесионалност, коишто како единство на различности, уште повеќе го афирмираат и унапредуваат нејзиниот граѓански карактер. Во тој колорит Ромската заедница, нашите сограѓани Роми, се суштествен дел кој го прави нашиот граѓански мозаик целосен. Како неизоставен сегмент на нашето општествено ткиво, ви посакувам, во годините пред нас, сплотени заедно, побрзо и подинамично да го достигнеме потребниот степен на општествено-институционална етаблираност што го заслужуваат сите припадници на Ромската заедница. На крајот, честитајќи ви го празникот, драги сограѓани Роми, ви посакувам успех на личен и на професионален план, објави Спасовски на Фејсбук

The post Честитка од министерот Спасовски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите appeared first on Република.

]]>

Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е нераскинлив дел од општеството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-po-povod-megunarodniot-den-na-romite-romskata-zaednitsa-e-neraskinliv-del-od-opshtestvoto/ Sat, 08 Apr 2023 07:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=628544

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

– Ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество и потребно е заеднички да продолжиме да ги следиме европските вредности за еднаквост и за почитување на фундаменталните права на сите граѓани подеднакво. Со новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година, имаме план за насочување на политиките на државата со цел заеднички да ги надминеме децениските проблеми, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Оттаму додаваат дека учеството на ромската заедница во сите општествени, културни и политички текови е нужно за градење праведно, демократско и мултиетничко општество. Пендаровски повика сите, а посебно носителите на функции, дека имаат генерациска одговорност да го подобрат квалитетот на животот на сите граѓани подеднакво.

The post Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е нераскинлив дел од општеството appeared first on Република.

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/ Fri, 08 Apr 2022 08:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=485145

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Македонија.

Најсрдечно ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, еден од најзначајните датуми во ромската историја кога на Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, ромските активисти од Европа го потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Горди сме на вашиот придонес во градењето на мултикултурниот мозаик на нашата заедничка татковина, вели Пендаровски во честитката.

Претседателот на државата во честитката посочува дека пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која, како што вели, наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата.

Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми, како предуслов за просперитетна и сигурна иднина. Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството. Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge!, се вели во во честитката на претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите.

The post Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите appeared first on Република.