меѓународна вселенска станица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunarodna-vselenska-stanica/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 21:20:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓународна вселенска станица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunarodna-vselenska-stanica/ 32 32 Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана прв руски астронаут кој полетал од САД по 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istoriski-moment-za-rusinkata-ana-kikina-stana-prv-ruski-astronaut-koj-poletal-od-sad-po-20-godini/ Wed, 05 Oct 2022 21:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=557777

Руски астронаут првпат по 20 години полета во вселената од американското тло. Астронаутката Ана Кикина полета од космодромот Кејп Канаверал на Флорида до Меѓународната вселенска станица, заедно со уште тројца астронаути, двајца американски и еден јапонски, без разлика на големите тензии поради војната во Украина.

Поради ураганот Ијан, летот на ракетата Спејс-екс со оваа посада беше одложен. Ураганот ја зафати Флорида, земајќи 75 жртви и оставајќи зад себе голема материјална штета.

Се надевам дека со ова полетување ќе го разведриме небото над Флорида за секого - изјави јапонскиот астронаут Коичи Ваката, на кого ова му е петти пат да оди во вселената.

Со него во петмесечната мисија заминуваат американската потполковничка Никол Мен, американскиот капетан Џош Касада и Русинката Кикина.

Никол Мен е првата претставничка на американско домородно племе, која ќе замине во вселената.

Мисијата Спејс-екс треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица 29 часа по полетувањето. Таа таму ќе ја замени американско-италијанската посада, која е на станицата од април.

Ана Кикина од Руската вселенска агенција полетува како замена на американскиот астронаут на НАСА, Френк Рубио, кој пред две седмици отиде во вселената со руската ракета Сојуз од космодромот Бајконур во Казахстан.

Националните вселенски агенции летото се договорија за замената со цел да се обезбеди континуирано американско и руско присуство на Меѓународната вселенска станица што орбитира на 420 километри над Земјата.

Договор е постигнат и покрај глобалните тензии околу руската воена операција во Украина.

Следната замена на посадата на станицата се очекува напролет во 2023 година.

The post Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана прв руски астронаут кој полетал од САД по 20 години appeared first on Република.

]]>

Руски астронаут првпат по 20 години полета во вселената од американското тло. Астронаутката Ана Кикина полета од космодромот Кејп Канаверал на Флорида до Меѓународната вселенска станица, заедно со уште тројца астронаути, двајца американски и еден јапонски, без разлика на големите тензии поради војната во Украина. Поради ураганот Ијан, летот на ракетата Спејс-екс со оваа посада беше одложен. Ураганот ја зафати Флорида, земајќи 75 жртви и оставајќи зад себе голема материјална штета.
Се надевам дека со ова полетување ќе го разведриме небото над Флорида за секого - изјави јапонскиот астронаут Коичи Ваката, на кого ова му е петти пат да оди во вселената.
Со него во петмесечната мисија заминуваат американската потполковничка Никол Мен, американскиот капетан Џош Касада и Русинката Кикина. Никол Мен е првата претставничка на американско домородно племе, која ќе замине во вселената. Мисијата Спејс-екс треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица 29 часа по полетувањето. Таа таму ќе ја замени американско-италијанската посада, која е на станицата од април. Ана Кикина од Руската вселенска агенција полетува како замена на американскиот астронаут на НАСА, Френк Рубио, кој пред две седмици отиде во вселената со руската ракета Сојуз од космодромот Бајконур во Казахстан. Националните вселенски агенции летото се договорија за замената со цел да се обезбеди континуирано американско и руско присуство на Меѓународната вселенска станица што орбитира на 420 километри над Земјата. Договор е постигнат и покрај глобалните тензии околу руската воена операција во Украина. Следната замена на посадата на станицата се очекува напролет во 2023 година.

The post Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана прв руски астронаут кој полетал од САД по 20 години appeared first on Република.

]]>
Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/rusija-kje-ja-napushti-megjunarodnata-vselenska-stanica-po-2024-godina/ Tue, 26 Jul 2022 14:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=533418

Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов, изјави дека Русија ќе престане да ја користи Меѓународната вселенска станица по 2024 година.

Без сомнение ќе ги исполниме сите наши обврски кон нашите партнери во Меѓународната вселенска станица. Сепак, донесена е одлука да се напушти таа станица по 2024 година - изјави Борисов на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде оти дека мисли дека дотогаш ќе почне формирањето на руската орбитална станица, која ќе биде „главен приоритет“ на руската национална вселенска програма.

Иднината на руските летови со екипаж треба пред сè да се заснова на систематска и избалансирана научна програма, со цел секој лет да нè збогатува со знаење во вселенската сфера - порача тој.

Борисов беше назначен за шеф на „Роскосмос“ во средината на јули, на местото на Дмитриј Рогозин. До тогаш 65-годишниот Борисов беше вицепремиер задолжен за рускиот воено-индустриски комплекс, кој го вклучува и секторот што се занимава со вселената.

Вселенскиот сектор е во тешка ситуација и мислам дека мојата главна задача не е да го спуштам нивото, туку да го подигнам повисоко, пред сè обезбедувајќи ги потребните вселенски услуги за руската економија - изјави Борисов пред Путин, наведувајќи ги навигацијата, комуникациите и преносот на податоци.

The post Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година appeared first on Република.

Со Договор за замена на седишта, САД и Русија ја продолжуваат соработката во Вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-dogovor-za-zamena-na-sedishta-sad-i-rusija-ja-prodolzuvaat-sorabotkata-vo-vselenata/ Mon, 18 Jul 2022 10:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=530600

Иако САД воведоа економски санкции против Русија поради војната во Украина, двете светски сили наоѓаат начини да продолжат со соработката во Вселената.

Имено, НАСА и Роскосмос го потпишаа долгоочекуваниот Договор за замена на седишта на летови до Меѓународната вселенска станица.

По затворањето на својата програма за вселенски бродови, НАСА со години се потпираше на руските летови на „Сојуз“ за пренос на свои астронаути во орбиталната лабораторија. Тоа, сè додека не се појавија „Кру драгон“ ракетите на „Спејс-Икс“, лиценцирани за човечки екипажи. Сега, американската агенција повторно ќе има места и на „Сојуз“, додека руски космонаути ќе летаат со „Кру драгон“.

Летачките интегрирани екипажи гарантираат дека на станицата има соодветно обучени членови за суштинско одржување и вселенски обиколки. Тоа е заштита и од непредвидени ситуации како што се проблем со вселенско летало на кој било екипаж, сериозни медицински проблеми во екипажот или итен случај на станицата за којшто е потребна екипа и возило со кое би требало да се вратат на Земјата порано од планираното - соопшти НАСА.

Со други зборови, Договорот ќе значи и дека ниеден сектор на Станицата, управуван од САД и Русија, никогаш нема да биде оставен без управувач при итни случаи.

Притоа, Ана Кикина ќе биде првата руска космонаутка која ќе лета со „Кру драгон“. Нејзе ќе ѝ се придружат Никол Ман и Џош Касада од НАСА, како и Јапонецот Коичи Ваката. Во меѓувреме, астронаутот на НАСА, Френк Рубио ќе се упати кон МВС со „Сојуз“.

Пролетта 2023 година, Андреј Федјаев од Роскосмос и Лорал О’Хара од НАСА, исто така, „ќе си ги сменат седиштата“. А, овојпат, според договорот, тоа ќе биде и бесплатно, за разлика од минатото кога НАСА му плаќаше на Роскосмос околу 56 милиони долари по седиште.

Инаку, сѐ ова следи откако беше објавено во дел од руски медиуми дека раководителот на Роскосмос – Димитри Рогозин ќе биде назначен за шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин како администратор за надгледување на украинските територии што Русија ги зазела.

The post Со Договор за замена на седишта, САД и Русија ја продолжуваат соработката во Вселената appeared first on Република.

]]>

Иако САД воведоа економски санкции против Русија поради војната во Украина, двете светски сили наоѓаат начини да продолжат со соработката во Вселената. Имено, НАСА и Роскосмос го потпишаа долгоочекуваниот Договор за замена на седишта на летови до Меѓународната вселенска станица. По затворањето на својата програма за вселенски бродови, НАСА со години се потпираше на руските летови на „Сојуз“ за пренос на свои астронаути во орбиталната лабораторија. Тоа, сè додека не се појавија „Кру драгон“ ракетите на „Спејс-Икс“, лиценцирани за човечки екипажи. Сега, американската агенција повторно ќе има места и на „Сојуз“, додека руски космонаути ќе летаат со „Кру драгон“.
Летачките интегрирани екипажи гарантираат дека на станицата има соодветно обучени членови за суштинско одржување и вселенски обиколки. Тоа е заштита и од непредвидени ситуации како што се проблем со вселенско летало на кој било екипаж, сериозни медицински проблеми во екипажот или итен случај на станицата за којшто е потребна екипа и возило со кое би требало да се вратат на Земјата порано од планираното - соопшти НАСА.
Со други зборови, Договорот ќе значи и дека ниеден сектор на Станицата, управуван од САД и Русија, никогаш нема да биде оставен без управувач при итни случаи. Притоа, Ана Кикина ќе биде првата руска космонаутка која ќе лета со „Кру драгон“. Нејзе ќе ѝ се придружат Никол Ман и Џош Касада од НАСА, како и Јапонецот Коичи Ваката. Во меѓувреме, астронаутот на НАСА, Френк Рубио ќе се упати кон МВС со „Сојуз“. Пролетта 2023 година, Андреј Федјаев од Роскосмос и Лорал О’Хара од НАСА, исто така, „ќе си ги сменат седиштата“. А, овојпат, според договорот, тоа ќе биде и бесплатно, за разлика од минатото кога НАСА му плаќаше на Роскосмос околу 56 милиони долари по седиште. Инаку, сѐ ова следи откако беше објавено во дел од руски медиуми дека раководителот на Роскосмос – Димитри Рогозин ќе биде назначен за шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин како администратор за надгледување на украинските територии што Русија ги зазела.

The post Со Договор за замена на седишта, САД и Русија ја продолжуваат соработката во Вселената appeared first on Република.

]]>
Русија ја прекинува соработката со Западот на Меѓународната вселенска станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-prekinuva-sorabotkata-so-zapadot-na-megjunarodnata-vselenska-stanica/ Sat, 02 Apr 2022 19:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=482440

Русија најави дека ќе ја прекине соработката на Меѓународната вселенска станица (МВС) додека не се укинат санкциите што Западот ги воведе поради воената операција во Украина.

Во согласност на одлуката, Русија повеќе нема да работи со партнери како НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) во орбиталната лабораторија - објави на социјалните мрежи шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

МВС е последниот преостанат значаен вселенски проект на кој Русија работи со споменатите партнерски вселенски агенции, откако беа откажани други лансирања и планови. Но, овој проект е веројатно најважниот, бидејќи Меѓународната вселенска станица е дом на многу астронаути и нејзината орбита мора постојано да се одржува за да се осигура дека нема да падне на Земјата.

МВС не е во сопственост на една нација и претставува „програма за соработка“ меѓу Европа, САД, Русија, Канада и Јапонија.

https://twitter.com/space_osint/status/1510163315972087810?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510163315972087810%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F614382%2Frat-u-ukrajini-37-dan%2Fvest

Неодамна Рогозин им пиша на сите поединечни агенции кои соработуваат на овој проект, а нивниот одговор за санкциите очигледно не беше соодветен.

Соработката на астронаутите на станицата е од витално значење за нејзиното функционирање, но првиот човек на Роскосмос сепак нагласи дека ги смета за неприфатливи санкциите наметнати од Западот.

Тој вели дека рокот за завршување на заедничката работа ќе биде доставен до руското раководство.

The post Русија ја прекинува соработката со Западот на Меѓународната вселенска станица appeared first on Република.

]]>

Русија најави дека ќе ја прекине соработката на Меѓународната вселенска станица (МВС) додека не се укинат санкциите што Западот ги воведе поради воената операција во Украина.
Во согласност на одлуката, Русија повеќе нема да работи со партнери како НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) во орбиталната лабораторија - објави на социјалните мрежи шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
МВС е последниот преостанат значаен вселенски проект на кој Русија работи со споменатите партнерски вселенски агенции, откако беа откажани други лансирања и планови. Но, овој проект е веројатно најважниот, бидејќи Меѓународната вселенска станица е дом на многу астронаути и нејзината орбита мора постојано да се одржува за да се осигура дека нема да падне на Земјата. МВС не е во сопственост на една нација и претставува „програма за соработка“ меѓу Европа, САД, Русија, Канада и Јапонија. https://twitter.com/space_osint/status/1510163315972087810?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510163315972087810%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F614382%2Frat-u-ukrajini-37-dan%2Fvest Неодамна Рогозин им пиша на сите поединечни агенции кои соработуваат на овој проект, а нивниот одговор за санкциите очигледно не беше соодветен. Соработката на астронаутите на станицата е од витално значење за нејзиното функционирање, но првиот човек на Роскосмос сепак нагласи дека ги смета за неприфатливи санкциите наметнати од Западот. Тој вели дека рокот за завршување на заедничката работа ќе биде доставен до руското раководство.

The post Русија ја прекинува соработката со Западот на Меѓународната вселенска станица appeared first on Република.

]]>
Руската вселенска агенција нема да го остави американскиот астронаут во вселената и покрај санкциите на САД кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-vselenska-agencija-nema-da-go-ostavi-amerikanskiot-astronaut-vo-vselenata-i-pokraj-amerikanskite-sankcii-kon-rusija/ Tue, 15 Mar 2022 12:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=473176

Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека на крајот на овој месец ќе го врати американскиот астронаут на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС), без оглед на тензиите меѓу двете земји.

Астронаутот на НАСА, Марк Ванде Хеј, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано, заедно со космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, со руската вселенска капсула „Сојуз“. Роскосмос никогаш не им дал причина на своите партнери да се сомневаат во неговата веродостојност - објави руската вселенска агенција.

Агенцијата додава дека безбедноста и функционирањето на Меѓународната вселенска станица отсекогаш биле нејзин главен приоритет.

Ваквото соопштение на Роскосмос доаѓа откако дел од западните медиуми објавија дека може да има проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите кои САД и ги воведоа на Русија поради Украина.

The post Руската вселенска агенција нема да го остави американскиот астронаут во вселената и покрај санкциите на САД кон Русија appeared first on Република.

]]>

Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека на крајот на овој месец ќе го врати американскиот астронаут на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС), без оглед на тензиите меѓу двете земји.
Астронаутот на НАСА, Марк Ванде Хеј, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано, заедно со космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, со руската вселенска капсула „Сојуз“. Роскосмос никогаш не им дал причина на своите партнери да се сомневаат во неговата веродостојност - објави руската вселенска агенција.
Агенцијата додава дека безбедноста и функционирањето на Меѓународната вселенска станица отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Ваквото соопштение на Роскосмос доаѓа откако дел од западните медиуми објавија дека може да има проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите кои САД и ги воведоа на Русија поради Украина.

The post Руската вселенска агенција нема да го остави американскиот астронаут во вселената и покрај санкциите на САД кон Русија appeared first on Република.

]]>