меѓународна потерница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunarodna-poternica/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 06:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓународна потерница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunarodna-poternica/ 32 32 Криминалец баран со македонска потерница уапсен на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kriminalets-baran-so-makedonska-poternitsa-uapsen-na-kosovo/ Tue, 15 Oct 2024 06:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=826874

Косовската полиција, конкретно единицата од Управата за меѓународна соработка во владеењето на правото при полицијата на Косово (ФАСТ/FAST), вчера во Урошевац уапсила државјанин на Република Македонија по кого била распишана меѓународна потерница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека 50-годишниот македонски државјанин, со иницијали Х.Ф., е уапсен во заедничка акција на ФАСТ со единицата за истрага на наркотици во Урошевац.

На 14.10.2024 година, во градот Урошевац, од страна на Управата за меѓународна полициска соработка на КП, поточно единицата ФАСТ, поддржана од одделението за истрага на наркотици во Урошевац, е извршена координирана полициска акција, при што е приведен граѓанинот од Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974), кој со меѓународна потерница од Република Македонија е баран за издржување казна затвор во траење од шест години, се наведува во соопштението.

По завршување на постапките, со решение на Специјалното обвинителство, осомничениот е испратен во полициски притвор во траење од 48 часа, за да продолжи со другите законски постапки, информираат од полицијата.

The post Криминалец баран со македонска потерница уапсен на Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција, конкретно единицата од Управата за меѓународна соработка во владеењето на правото при полицијата на Косово (ФАСТ/FAST), вчера во Урошевац уапсила државјанин на Република Македонија по кого била распишана меѓународна потерница, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека 50-годишниот македонски државјанин, со иницијали Х.Ф., е уапсен во заедничка акција на ФАСТ со единицата за истрага на наркотици во Урошевац.
На 14.10.2024 година, во градот Урошевац, од страна на Управата за меѓународна полициска соработка на КП, поточно единицата ФАСТ, поддржана од одделението за истрага на наркотици во Урошевац, е извршена координирана полициска акција, при што е приведен граѓанинот од Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974), кој со меѓународна потерница од Република Македонија е баран за издржување казна затвор во траење од шест години, се наведува во соопштението.
По завршување на постапките, со решение на Специјалното обвинителство, осомничениот е испратен во полициски притвор во траење од 48 часа, за да продолжи со другите законски постапки, информираат од полицијата.

The post Криминалец баран со македонска потерница уапсен на Косово appeared first on Република.

]]>
Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана, тврди дека не знаел зошто го осудиле во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dhengiz-musliu-baran-so-megunarodna-poternitsa-uapsen-vo-tirana-tvrdi-deka-ne-znael-zoshto-go-osudile-vo-makedonija/ Tue, 06 Aug 2024 10:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=803859

Обвинителството во Тирана се обрати до македонските власти со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“. Според истиот извор, Муслиу во Македонија бил осуден за кривични дела „насилство“ и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.

Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија, бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене, во тоа време ме малтретираше полицијата, рекол пред судијата Мусљиу.

Но, обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот, при влез во Албанија, излегло дека е барано лице со меѓународна потерница, наведува телевизијата.

Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција.

Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.01.1990 година во Куманово, каде и живее на ул.„Д-р Рибар“ бр.120. Се бара со наредба КУИКП бр.6/17 издадена од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.386 од КЗ (насилство) за издржување на казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр.524/14 од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) за издржување на казна затвор во траење од четири години.

The post Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана, тврди дека не знаел зошто го осудиле во Македонија appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Тирана се обрати до македонските власти со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“. Според истиот извор, Муслиу во Македонија бил осуден за кривични дела „насилство“ и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.
Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија, бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене, во тоа време ме малтретираше полицијата, рекол пред судијата Мусљиу.
Но, обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот, при влез во Албанија, излегло дека е барано лице со меѓународна потерница, наведува телевизијата. Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција. Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.01.1990 година во Куманово, каде и живее на ул.„Д-р Рибар“ бр.120. Се бара со наредба КУИКП бр.6/17 издадена од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.386 од КЗ (насилство) за издржување на казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр.524/14 од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) за издржување на казна затвор во траење од четири години.

The post Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана, тврди дека не знаел зошто го осудиле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонската полиција фати поранешен припадник на УЧК кој е на потерница на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonskata-politsija-fati-poraneshen-pripadnik-na-uchk-koj-e-na-poternitsa-na-srbija/ Thu, 18 Jul 2024 07:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=797925

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

- Нашиот амбасадор во Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението

The post Македонската полиција фати поранешен припадник на УЧК кој е на потерница на Србија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.
- Нашиот амбасадор во Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението

The post Македонската полиција фати поранешен припадник на УЧК кој е на потерница на Србија appeared first on Република.

]]>
Објавена потерница за Муареми, попознат како Шеваљ од Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/ Mon, 04 Mar 2024 14:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=751110

МВР на својата интернет страница објави дека  е распишана меѓународна потреница по Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности.

Тој е предводник на групата Грчец/Дуканџик во која беа и Орхан Бајрами-Оки кој го убија во Грција и Јетон Кривањева кој го убија во „Шиша бар“ на Кале.

Шеваљ е познат по својот луксузен живот и се претпоставува дека е во Дубаи.46-годишниот нарко водач често може да се забележи на луксузни забави и неодамна се фотографираше и со Лео Меси.

За злосторствата на Шеваљ податоците од „Скај“  апликацијата се предадени на МВР и на Обивинителството за организаран криминал.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pendarovski-go-pomiluval-vodachot-na-baron-narko-klanot-koj-se-puka-niz-skopje/

The post Објавена потерница за Муареми, попознат како Шеваљ од Грчец appeared first on Република.

]]>

МВР на својата интернет страница објави дека  е распишана меѓународна потреница по Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности. Тој е предводник на групата Грчец/Дуканџик во која беа и Орхан Бајрами-Оки кој го убија во Грција и Јетон Кривањева кој го убија во „Шиша бар“ на Кале. Шеваљ е познат по својот луксузен живот и се претпоставува дека е во Дубаи.46-годишниот нарко водач често може да се забележи на луксузни забави и неодамна се фотографираше и со Лео Меси. За злосторствата на Шеваљ податоците од „Скај“  апликацијата се предадени на МВР и на Обивинителството за организаран криминал. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pendarovski-go-pomiluval-vodachot-na-baron-narko-klanot-koj-se-puka-niz-skopje/    

The post Објавена потерница за Муареми, попознат како Шеваљ од Грчец appeared first on Република.

]]>
Објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objavena-megunarodna-poternitsa-za-lupcho-palevski-palcho/ Mon, 04 Dec 2023 18:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=719652

Објавена е меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен како организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и кој се сомничи, како главен организатор на грабнувањето на Вања Ѓорчевска и нејзиното убиство, а тој самиот како извршител, е познат бизнисмен и политичар, чија што кариера е контроверзна и во спрега со тогашната власт на СДСМ, каде во времето на Бранко Црвенковски, беше претседател, на градската организација на партијата.

Тој е еден од основачите „урбаната мафија“ бидејќи во периодот кога се менуваат урбанистичките планови во Дебар Маало од мали куќички, почнуваат да се градат згради и почнува хаосот во Дебар Маало. Исто така и зградата пред кој беше грабната Вања Ѓорчевска ја градеше токму Љупчо Палевски.

Палевски е познат и по познатата зграда Тифани, која се изгради нелегално, со која булеварот Партизански Одреди, завршува во ќорсокак, очигледно свесно дозволена од тогашната власт, со која беше многу близок. Оваа зграда беше изградена на самата траса за подземна улица, која според плановите требаше да понира и да излезе пред т.н. Комплекс банки.

Во последните години, тој беше близок со луѓето од порталот Инфомакс, каде беше нивен редовен гостин и каде имаше дури и свој подкаст.

Во моментот, по него се уште се трага, а според информациите, тој прво пребегал во Белград, каде го однел својот адвокат, а од таму заминал за Бугарија, каде му се губи трагата.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-mvr-nema-informatsii-dali-palevski-e-na-nivna-teritorija/

The post Објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо appeared first on Република.

]]>

Објавена е меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен како организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и кој се сомничи, како главен организатор на грабнувањето на Вања Ѓорчевска и нејзиното убиство, а тој самиот како извршител, е познат бизнисмен и политичар, чија што кариера е контроверзна и во спрега со тогашната власт на СДСМ, каде во времето на Бранко Црвенковски, беше претседател, на градската организација на партијата. Тој е еден од основачите „урбаната мафија“ бидејќи во периодот кога се менуваат урбанистичките планови во Дебар Маало од мали куќички, почнуваат да се градат згради и почнува хаосот во Дебар Маало. Исто така и зградата пред кој беше грабната Вања Ѓорчевска ја градеше токму Љупчо Палевски. Палевски е познат и по познатата зграда Тифани, која се изгради нелегално, со која булеварот Партизански Одреди, завршува во ќорсокак, очигледно свесно дозволена од тогашната власт, со која беше многу близок. Оваа зграда беше изградена на самата траса за подземна улица, која според плановите требаше да понира и да излезе пред т.н. Комплекс банки. Во последните години, тој беше близок со луѓето од порталот Инфомакс, каде беше нивен редовен гостин и каде имаше дури и свој подкаст. Во моментот, по него се уште се трага, а според информациите, тој прво пребегал во Белград, каде го однел својот адвокат, а од таму заминал за Бугарија, каде му се губи трагата. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-mvr-nema-informatsii-dali-palevski-e-na-nivna-teritorija/  

The post Објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо appeared first on Република.

]]>
Приведен бегалец баран со потерница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-begalets-baran-so-poternitsa/ Sun, 29 Oct 2023 12:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=695976

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 16:30 часот во Кавадрци го лишиле од слобода Ш.Ј.(32) од Велес, кој бил баран со потерница по бегство од затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна и бил спроведен во установата за доиздржување на казната

The post Приведен бегалец баран со потерница appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 16:30 часот во Кавадрци го лишиле од слобода Ш.Ј.(32) од Велес, кој бил баран со потерница по бегство од затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна и бил спроведен во установата за доиздржување на казната

The post Приведен бегалец баран со потерница appeared first on Република.

]]>
Koсовец баран со меѓународна потерница слободно се шетал низ Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovec-baran-so-megjunarodna-poternica-slobodno-se-shetal-niz-makedonija/ Sun, 24 Jul 2022 13:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=532631

На 23.07.2022 во 12:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Долно Блаце го лишиле од слобода B.K.(31) од Косово затоа што при извршена проваерка било констатирано дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

The post Koсовец баран со меѓународна потерница слободно се шетал низ Македонија appeared first on Република.