меѓународен семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunaroden-seminar-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 09:29:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓународен семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunaroden-seminar-za-makedonski-jazik/ 32 32 Кампања „Радио седмица на македонистиката“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kampana-radio-sedmitsa-na-makedonistikata/ Tue, 06 Feb 2024 09:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=740867

Вчера, на 5 февруари почна кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери.

Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид.

Целта на кампањата е да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, актуелизирајќи ја 2024 за Година на македонистиката, наведува МСМЈЛК.

Кампањата ќе трае до 11 февруари годинава.

The post Кампања „Радио седмица на македонистиката“ appeared first on Република.

]]>

Вчера, на 5 февруари почна кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери. Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид. Целта на кампањата е да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, актуелизирајќи ја 2024 за Година на македонистиката, наведува МСМЈЛК. Кампањата ќе трае до 11 февруари годинава.  

The post Кампања „Радио седмица на македонистиката“ appeared first on Република.

]]>
Македонскиот јазик вклучен во француски проект на ИНАЛКО посветен на сказните на Шарл Перо https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-vkluchen-vo-francuski-proekt-na-inalko-posveten-na-skaznite-na-sharl-pero/ Sun, 25 Sep 2022 09:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=553995

Македонскиот јазик е вклучен во важен француски проект посветен на сказните на Шарл Перо, којшто се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, кој важи за еден од најреномираните филолошки образовни и научни центри во Европа, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повод Меѓународниот ден на преводот, на настан во организација на ИНАЛКО, „Гласовите на сказната“, во Париз, сказната „Самовили“ на родончалникот на современата европска сказна, Шарл Перо ќе биде презентирана и во превод на македонски јазик, како и на уште неколку други  јазици.

Преводите се подготвени во рамки на проектот, со активна вклученост на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО. МСМЈЛК при УКИМ, поздравувајќи го овој значаен проект од меѓународно значење, во пресрет на големиот настан искажува увереност дека успешната соработка со ИНАЛКО на којшто македонскиот јазик се изучува веќе речиси половина век ќе се интензивира и преку вакви големи проекти што придонесуваат за взаемна промоција и афирмација на книжевните и воопшто културните вредности.

По вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција со што на ИНАЛКО е гарантирана нејзината заштита и зачувување, како и нејзината самостојност, вклучувањето на македонскиот јазик во овој значаен проект посветен на една од најзначајните личности од европската книжевна историја е уште една потврда на статусот којшто македонскиот јазик го има на оваа реномирана европска високообразовна и научна институција. Како Семинар искажуваме задоволство и благодарност што преку нашиот лекторат можеме да придонесеме во успешното остварување на овој голем проект и што едно од најпознатите дела на Шарл Перо, и среде Париз ќе се слушне и доживее и на македонски. За нас е и гордост што на големата сцена, во чествувањето на Перо ќе се слушне македонскиот збор…, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска.

Следната година ќе се одбележат 50 години македонистика на ИНАЛКО во Париз – јубилеј којшто и обврзува, како што напоменува Мојсова-Чепишевска, и тоа не само за негово достојно одбележување, туку и за натамошни уште поголеми вложувања во македонистиката во Франција.

Ваквите значајни проекти каков што е овој за Шарл Перо, како што укажува таа, овозможуваат перспективи и натамошно продлабочување на соработката, водејќи до нови идеи.

Овој проект води и до нови идеи, од коишто еден дел можат да се иницираат и во натамошната соработка, а можат да бидат поттик и за новите генерации книжевни преведувачи. Сказните напишани или запишани од Перо не се само за деца, но се исклучително важни за постулирањето на книжевноста за деца и се вградени во темелите и на современата книжевност наменета и за најмладите читатели. Во времето пред нас може и треба да се вложува и во нови преводи на книжевноста за деца и од македонски и на македонски јазик, на што како Семинар веќе се обидуваме да поттикнеме во соработката со странските универзитети, но секако, потребни се вложувања и од други институции. Би било убаво начинот на којшто сега се чествува Шарл Перо на ИНАЛКО да се случи и на УКИМ како чествување на нашиот Марко Цепенков и тогаш запишаното или напишаното од него да го слушнеме и во нов превод на француски, како што минатата година, во организација и издание на МСМЈЛК при УКИМ, дел од творештвото на Блаже Конески слушнавме и прочитавме во нови преводи на 11 јазици и како што низ годините, на нашите школи е остварено со творештвото на низа македонски современи автори, а годинава се работи и на преводи од творештвата на Васил Иљоски и Горан Стефановски“, нагласува Мојсова-Чепишевска.

Големиот настан организиран од ИНАЛКО, ќе се одржи на 30 септември, а преводот е координиран и работен под менторство на лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Ѓоко Здравески. Мото на настанот е мислата на филозофот Лудвиг Витгенштајн: „Границите на мојот јазик се поистоветуваат со границите на светот“, при што на сцената, сказната од Перо ќе се слушне на повеќе од 20 јазици. Во рамки на проектот, следната година, во Париз ќе се одржи и симпозиум посветен на творештвото на Перо.

The post Македонскиот јазик вклучен во француски проект на ИНАЛКО посветен на сказните на Шарл Перо appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е вклучен во важен француски проект посветен на сказните на Шарл Перо, којшто се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, кој важи за еден од најреномираните филолошки образовни и научни центри во Европа, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод Меѓународниот ден на преводот, на настан во организација на ИНАЛКО, „Гласовите на сказната“, во Париз, сказната „Самовили“ на родончалникот на современата европска сказна, Шарл Перо ќе биде презентирана и во превод на македонски јазик, како и на уште неколку други  јазици. Преводите се подготвени во рамки на проектот, со активна вклученост на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО. МСМЈЛК при УКИМ, поздравувајќи го овој значаен проект од меѓународно значење, во пресрет на големиот настан искажува увереност дека успешната соработка со ИНАЛКО на којшто македонскиот јазик се изучува веќе речиси половина век ќе се интензивира и преку вакви големи проекти што придонесуваат за взаемна промоција и афирмација на книжевните и воопшто културните вредности.
По вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција со што на ИНАЛКО е гарантирана нејзината заштита и зачувување, како и нејзината самостојност, вклучувањето на македонскиот јазик во овој значаен проект посветен на една од најзначајните личности од европската книжевна историја е уште една потврда на статусот којшто македонскиот јазик го има на оваа реномирана европска високообразовна и научна институција. Како Семинар искажуваме задоволство и благодарност што преку нашиот лекторат можеме да придонесеме во успешното остварување на овој голем проект и што едно од најпознатите дела на Шарл Перо, и среде Париз ќе се слушне и доживее и на македонски. За нас е и гордост што на големата сцена, во чествувањето на Перо ќе се слушне македонскиот збор…, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска.
Следната година ќе се одбележат 50 години македонистика на ИНАЛКО во Париз – јубилеј којшто и обврзува, како што напоменува Мојсова-Чепишевска, и тоа не само за негово достојно одбележување, туку и за натамошни уште поголеми вложувања во македонистиката во Франција. Ваквите значајни проекти каков што е овој за Шарл Перо, како што укажува таа, овозможуваат перспективи и натамошно продлабочување на соработката, водејќи до нови идеи.
Овој проект води и до нови идеи, од коишто еден дел можат да се иницираат и во натамошната соработка, а можат да бидат поттик и за новите генерации книжевни преведувачи. Сказните напишани или запишани од Перо не се само за деца, но се исклучително важни за постулирањето на книжевноста за деца и се вградени во темелите и на современата книжевност наменета и за најмладите читатели. Во времето пред нас може и треба да се вложува и во нови преводи на книжевноста за деца и од македонски и на македонски јазик, на што како Семинар веќе се обидуваме да поттикнеме во соработката со странските универзитети, но секако, потребни се вложувања и од други институции. Би било убаво начинот на којшто сега се чествува Шарл Перо на ИНАЛКО да се случи и на УКИМ како чествување на нашиот Марко Цепенков и тогаш запишаното или напишаното од него да го слушнеме и во нов превод на француски, како што минатата година, во организација и издание на МСМЈЛК при УКИМ, дел од творештвото на Блаже Конески слушнавме и прочитавме во нови преводи на 11 јазици и како што низ годините, на нашите школи е остварено со творештвото на низа македонски современи автори, а годинава се работи и на преводи од творештвата на Васил Иљоски и Горан Стефановски“, нагласува Мојсова-Чепишевска.
Големиот настан организиран од ИНАЛКО, ќе се одржи на 30 септември, а преводот е координиран и работен под менторство на лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Ѓоко Здравески. Мото на настанот е мислата на филозофот Лудвиг Витгенштајн: „Границите на мојот јазик се поистоветуваат со границите на светот“, при што на сцената, сказната од Перо ќе се слушне на повеќе од 20 јазици. Во рамки на проектот, следната година, во Париз ќе се одржи и симпозиум посветен на творештвото на Перо.

The post Македонскиот јазик вклучен во француски проект на ИНАЛКО посветен на сказните на Шарл Перо appeared first on Република.

]]>
Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prv-golem-nauchen-sobir-posveten-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski-po-povod-znachajnite-jubilei/ Sat, 03 Sep 2022 13:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=547093

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи.

„Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја.

„’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет.

Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески.

На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати.

Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература.

Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.

The post Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи appeared first on Република.

]]>

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи.
„Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја.
„’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.
Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески. На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати. Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература. Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.

The post Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи appeared first on Република.

]]>
Meѓународен семинар за македонски јазик: Бесмислени и политички се тврдењата на Бугарија дека македонскиот јазик е дијалект од бугарскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megjunaroden-seminar-za-makedonski-jazik-besmisleni-i-politichki-se-tvrdenjata-na-bugarija-deka-makedonskiot-jazik-e-dijalekt-od-bugarskiot/ Sun, 28 Aug 2022 07:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=544833

Повеќе од 300 студенти на додипломски и постдипломски студии и докторанди по македонистика во 20 центри во светот го учат македонскиот јазик и култура и се најголемите амбасадори за негова промоција. Дел од нив деновиве во Охрид ги усовршуваат своите знаења и вештини на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) во организација на универзитетот „Свети Кирил и Методиј” од Скопје.

Изучувањето на македонскиот јазик на 10 универзитети и на уште толку лекторати во светот и големиот број студенти и лектори, според директорката на Меѓународниот семинар, професор Весна Мојсова-Чепишевска, покажува дека има зголемен интерес за македонистиката.

Педесет и петтата Летна школа докажува дека ние континуирано работиме и ја шириме македонистиката низ светот и учесниците со сето искуство и знаење стекнато оттука продолжуваат да ја шират таа македонистика во своите центри и во своите земји. Затоа велиме дека семинаристите се најголемите амбасадори“, вели професорката.

Присуството на семинарот на 60 учесници од 17 земји во светот, за ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, е показател дека расте интересот за Летната школа, но и за македонскиот јазик, литература и култура. Покрај учесници од земјите каде има македонистика, како Франција, Унгарија, Полска, Чешка…, има учесници и од земји, кои во иднина може да станат универзитетски центри и во нив да се изучува македонскиот јазик, литература и култура, како Австрија, Германија и Италија. Присуството на учесници од САД и Јужна Кореја, пак, според него, покажува дека се враќа интересот за изучување на македонскиот јазик и таму.

Оваа Летна школа како една од многуте активности на МСМЈЛК е исклучително значајна не само за македонскиот јазик, литература и култура, туку и за нашата држава воопшто, затоа што токму на оваа школа се калат нашите најголеми поддржувачи и културни амбасадори во светот, странските македонисти. Чекориме исправено по стапките на Конески. И колку се посилни нападите, колку се пониски навредите упатени на адреса на македонскиот јазик, литература и култура, толку сме поисправени како високообразовна и научна институција, која ги негува и развива македонскиот јазик, литература и култура и образова кадри на македонски јазик“, нагласи Јанкуловски.

Без учебник нема образование

Македонистите во странство, но и оние што сакаат да го изучуваат македонскиот јазик на повеќе нивоа, во иднина тоа ќе можат да го прават со новите изданија на учебници по македонски јазик за странци, кои покрај во ПДФ-формат од неодамна ги има и во аудиоверзија на страницата на Летната школа на УКИМ. Тоа ќе им овозможи на странските слависти и македонисти, покрај што ќе ја прочитаат, и да ја слушнат македонската реч, за усовршување на спецификите на македонскиот јазик.

Годинашните учесници на семинарот први имаат можност да учат од трите нови учебници, кои неодамна излегоа од печат, а се надоврзуваат на тие од 2019 година. „Тешкото” за почетно, „Лозје” за средно рамниште и „Везилка” за напредно образование, односно учебник за македонска литература и култура.

Тоа се учебници, кои го следат трендот на новото, естетското, убавото и привлечното за окото, а секако истовремено се поставени како ПДФ и како аудиоверзија, за да може да се слушаат на страницата на УКИМ во делот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, а таму стојат и претходните, постарите учебници за изучување на македонскиот јазик како странски, појасни Мојсова-Чепишевска, нагласувајќи дека меѓу нив е и граматиката на Блаже Конески, без која не можат да учат.

Учебникот, нагласи таа, е стожерот на образованието и без него нема образование, а таква идеја за учебникарство имал и Џинот, кој го создал првиот буквар „Таблица прваја”.

Без учебник нема образование. Учебникот е стожерникот во образованието. Таква идеја за учебникарство имал и големиот Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Неговата „Таблица прваја”, првиот буквар, покажува колку тој имал сенс како учител дека на тие деца им треба учебник. Учебници по македонски јазик имало и ќе има“, подвлече директорката на Летната школа и авторка на „Везилка”.

Професорката Гордана Алексова, авторка на „Лозје”, појасни дека учебникот е изготвен според стандардите на заедничката европска рамка за јазиците, според која, изучувањето странски јазик се спроведува главно на три рамништа: почетно, средно и напреднато.

Учебникот „Лозје” излезе од печат со своето второ и дополнето издание и деновиве на 55. Летна школа по МЈЛК ја доживеа својата прва средба со корисниците. Овој учебник е изготвен во согласност со стандардите на заедничката европска рамка за јазиците и ги задоволува потребите на рамништата Б1 и Б2. Се користи и во работата на лекторатите по македонски јазик во странство и на центрите за македонски јазик на разни универзитети во светот“, информира Алексова.

Бесмислени се тврдењата на Бугарија дека македонскиот јазик е дијалект од бугарскиот

Негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и тврдењата дека тој е дијалект на бугарскиот, македонистите, учесници на семинарот, сметаат дека е бесмислено и политичко.

Непризнавањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и тврдењето дека е дијалект на бугарскиот за мене е нонсенс. Македонскиот јазик во 1945 г. е кодифициран и оттогаш официјално се води како посебен јазик и нема што да се оспори“, смета Ана Марија Цинега-Панзова, преведувач од унгарски на македонски и обратно.

Таа вели дека преку преводите помага во пренесување на културните вредности. Минатата година, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, превела збирка текстови за поголема афирмација на македонскиот јазик.

Блаже Конески во тие статии многу јасно и стручно ги образложува сите разлики дека целиот спор е нонсенс. Преводот на збирката беше мојот придонес лани за македонскиот јазик, вели Цинега-Панзова.

Револт кон бугарските тврдења искажа и професорката по хрватски, српски и македонски јазик и литература и учителка по словенечки за македонската дијаспора Соња Доужан од Словенија.

Тврдењата на Бугарија ги оценувам како многу подли. Како може некој друг од страна да дојде и да каже дека луѓето тука зборуваат некој друг јазик. Македонците ако велат дека зборуваат македонски, што има Бугарите да кажуваат дека тоа не е македонски. Јас апсолутно ги поддржувам Македонците. Го познавам и бугарскиот јазик и можам да тврдам лично дека тоа апсолутно не е ист јазик. Се разликува многу и граматички и лексички, не знам од каде воопшто идеја дека тоа би можело да биде ист јазик. Апсолутно тврдењата на Бугарија се базирани само на политика, истакна Доужан.

За директорката на школата, тврдењата на Бугарите не значат ништо.

Јас сум македонист, јас знам од каде произлегол мојот јазик и знам дека тој се зборувал векови наназад и дека имал своја литература и одредена култура којашто се развивала и во 19 век, подвлече Мојсова-Чепишевска.

Сите јазици произлегуваат од некој претходен, нашиот од прасловенскиот

Сите јазици, како што вели професорката Мојсова-Чепишевска, произлегуваат од некој друг претходен јазик.

Сите ние како словенски јазици сме произлегле од прасловенскиот. Тој не е старобугарски, тој не е ни старомакедонски. Тој во основата ги има денешните јужномакедонски говори, кои се наоѓаат во егејскиот дел, односно Северна Грција, и тоа е факт и никој не го оспорува. Беспредметно е некој да ми кажува дека мојот јазик произлегол или е дијалект од бугарскиот. Јас воопшто тоа не го перципирам, затоа што знам која е разликата. Некои од странските македонисти го изучуваат и бугарскиот јазик и тие најмногу ја сфаќаат разликата, посочува Мојсова-Чепишевска.

Таа смета дека не треба да влегуваме во непотребни полемики, бидејќи полемиките создаваат повеќе страст, жестокост и нервоза, а не се постигнува многу.

Сите ние треба да дадеме придонес таму каде што сме најјаки. Не може да оспори некој дека македонската литература не постои, исто како што не може да каже дека македонската литература можат лесно да ја читаат Бугарите и обратно дека Македонците може лесно да ја читаат бугарската литература. Можеби јазиците во 19 век биле поблиски, ама сега во 21 век тоа не е така. Зошто ни се потребни преведувачи, за да можеме вистински да се разбереме, а не да се изгубиме во преводот, како што многупати знаеме. Тука ја гледам таа перспектива, да работиме. Еве ќе направиме учебници по македонски јазик, зошто никој не сака од Бугарија да ги прочита да направи критички осврт на тие учебници, што нему му пречи. Тогаш ќе докаже вака или онака, нагласува професорката и директор на Летната школа.

Национална стратегија за зачувување на македонскиот јазик

За зачувување на македонскиот јазик, потребно е да се направи национална стратегија, смета директорката на Летната школа на МСМЈЛК, Весна Мојсова-Чепишевска. Во таа стратегија, според неа, потребно е да влезе отворањето лекторат во Тирана. Таа потсети дека работат на отворање лекторат во Анкара, каде веќе има Катедра за македонски јазик, а се работи и на отворање лекторат по македонски јазик и во Пекинг на еден од најголемите универзитети во Азија за изучување мали странски јазици. Зголемен е интересот за изучување македонски јазик и во Грција, од каде на Летната школа има двајца учесници со македонско потекло и една Гркинка од Атина, која сака да истражува етнолошки во Македонија за што ѝ треба повеќе да го запознае јазикот.

Следната година Лекторатот по македонски јазик во Франција ќе слави 50-годишен јубилеј, а година потоа половина век од постоењето ќе слави и Лекторатот во Букурешт.

Сите тие прават многу. Анамета Собијоту во Љубљана прослави 60 години македонистика и таа зборуваше за целокупната традиција на таа македонистика од 60 години на Љубљанскиот универзитет. Иако почнала во времето на поранешна Југославија, не престанала кога сме се одвоиле и сега е дел од земја која е членка на Европската Унија“, додава Мојсова-Чепишевска.

The post Meѓународен семинар за македонски јазик: Бесмислени и политички се тврдењата на Бугарија дека македонскиот јазик е дијалект од бугарскиот appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 300 студенти на додипломски и постдипломски студии и докторанди по македонистика во 20 центри во светот го учат македонскиот јазик и култура и се најголемите амбасадори за негова промоција. Дел од нив деновиве во Охрид ги усовршуваат своите знаења и вештини на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) во организација на универзитетот „Свети Кирил и Методиј” од Скопје. Изучувањето на македонскиот јазик на 10 универзитети и на уште толку лекторати во светот и големиот број студенти и лектори, според директорката на Меѓународниот семинар, професор Весна Мојсова-Чепишевска, покажува дека има зголемен интерес за македонистиката.
Педесет и петтата Летна школа докажува дека ние континуирано работиме и ја шириме македонистиката низ светот и учесниците со сето искуство и знаење стекнато оттука продолжуваат да ја шират таа македонистика во своите центри и во своите земји. Затоа велиме дека семинаристите се најголемите амбасадори“, вели професорката.
Присуството на семинарот на 60 учесници од 17 земји во светот, за ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, е показател дека расте интересот за Летната школа, но и за македонскиот јазик, литература и култура. Покрај учесници од земјите каде има македонистика, како Франција, Унгарија, Полска, Чешка…, има учесници и од земји, кои во иднина може да станат универзитетски центри и во нив да се изучува македонскиот јазик, литература и култура, како Австрија, Германија и Италија. Присуството на учесници од САД и Јужна Кореја, пак, според него, покажува дека се враќа интересот за изучување на македонскиот јазик и таму.
Оваа Летна школа како една од многуте активности на МСМЈЛК е исклучително значајна не само за македонскиот јазик, литература и култура, туку и за нашата држава воопшто, затоа што токму на оваа школа се калат нашите најголеми поддржувачи и културни амбасадори во светот, странските македонисти. Чекориме исправено по стапките на Конески. И колку се посилни нападите, колку се пониски навредите упатени на адреса на македонскиот јазик, литература и култура, толку сме поисправени како високообразовна и научна институција, која ги негува и развива македонскиот јазик, литература и култура и образова кадри на македонски јазик“, нагласи Јанкуловски.
Без учебник нема образование Македонистите во странство, но и оние што сакаат да го изучуваат македонскиот јазик на повеќе нивоа, во иднина тоа ќе можат да го прават со новите изданија на учебници по македонски јазик за странци, кои покрај во ПДФ-формат од неодамна ги има и во аудиоверзија на страницата на Летната школа на УКИМ. Тоа ќе им овозможи на странските слависти и македонисти, покрај што ќе ја прочитаат, и да ја слушнат македонската реч, за усовршување на спецификите на македонскиот јазик. Годинашните учесници на семинарот први имаат можност да учат од трите нови учебници, кои неодамна излегоа од печат, а се надоврзуваат на тие од 2019 година. „Тешкото” за почетно, „Лозје” за средно рамниште и „Везилка” за напредно образование, односно учебник за македонска литература и култура.
Тоа се учебници, кои го следат трендот на новото, естетското, убавото и привлечното за окото, а секако истовремено се поставени како ПДФ и како аудиоверзија, за да може да се слушаат на страницата на УКИМ во делот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, а таму стојат и претходните, постарите учебници за изучување на македонскиот јазик како странски, појасни Мојсова-Чепишевска, нагласувајќи дека меѓу нив е и граматиката на Блаже Конески, без која не можат да учат.
Учебникот, нагласи таа, е стожерот на образованието и без него нема образование, а таква идеја за учебникарство имал и Џинот, кој го создал првиот буквар „Таблица прваја”.
Без учебник нема образование. Учебникот е стожерникот во образованието. Таква идеја за учебникарство имал и големиот Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Неговата „Таблица прваја”, првиот буквар, покажува колку тој имал сенс како учител дека на тие деца им треба учебник. Учебници по македонски јазик имало и ќе има“, подвлече директорката на Летната школа и авторка на „Везилка”.
Професорката Гордана Алексова, авторка на „Лозје”, појасни дека учебникот е изготвен според стандардите на заедничката европска рамка за јазиците, според која, изучувањето странски јазик се спроведува главно на три рамништа: почетно, средно и напреднато.
Учебникот „Лозје” излезе од печат со своето второ и дополнето издание и деновиве на 55. Летна школа по МЈЛК ја доживеа својата прва средба со корисниците. Овој учебник е изготвен во согласност со стандардите на заедничката европска рамка за јазиците и ги задоволува потребите на рамништата Б1 и Б2. Се користи и во работата на лекторатите по македонски јазик во странство и на центрите за македонски јазик на разни универзитети во светот“, информира Алексова.
Бесмислени се тврдењата на Бугарија дека македонскиот јазик е дијалект од бугарскиот Негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и тврдењата дека тој е дијалект на бугарскиот, македонистите, учесници на семинарот, сметаат дека е бесмислено и политичко.
Непризнавањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и тврдењето дека е дијалект на бугарскиот за мене е нонсенс. Македонскиот јазик во 1945 г. е кодифициран и оттогаш официјално се води како посебен јазик и нема што да се оспори“, смета Ана Марија Цинега-Панзова, преведувач од унгарски на македонски и обратно.
Таа вели дека преку преводите помага во пренесување на културните вредности. Минатата година, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, превела збирка текстови за поголема афирмација на македонскиот јазик.
Блаже Конески во тие статии многу јасно и стручно ги образложува сите разлики дека целиот спор е нонсенс. Преводот на збирката беше мојот придонес лани за македонскиот јазик, вели Цинега-Панзова.
Револт кон бугарските тврдења искажа и професорката по хрватски, српски и македонски јазик и литература и учителка по словенечки за македонската дијаспора Соња Доужан од Словенија.
Тврдењата на Бугарија ги оценувам како многу подли. Како може некој друг од страна да дојде и да каже дека луѓето тука зборуваат некој друг јазик. Македонците ако велат дека зборуваат македонски, што има Бугарите да кажуваат дека тоа не е македонски. Јас апсолутно ги поддржувам Македонците. Го познавам и бугарскиот јазик и можам да тврдам лично дека тоа апсолутно не е ист јазик. Се разликува многу и граматички и лексички, не знам од каде воопшто идеја дека тоа би можело да биде ист јазик. Апсолутно тврдењата на Бугарија се базирани само на политика, истакна Доужан.
За директорката на школата, тврдењата на Бугарите не значат ништо.
Јас сум македонист, јас знам од каде произлегол мојот јазик и знам дека тој се зборувал векови наназад и дека имал своја литература и одредена култура којашто се развивала и во 19 век, подвлече Мојсова-Чепишевска.
Сите јазици произлегуваат од некој претходен, нашиот од прасловенскиот Сите јазици, како што вели професорката Мојсова-Чепишевска, произлегуваат од некој друг претходен јазик.
Сите ние како словенски јазици сме произлегле од прасловенскиот. Тој не е старобугарски, тој не е ни старомакедонски. Тој во основата ги има денешните јужномакедонски говори, кои се наоѓаат во егејскиот дел, односно Северна Грција, и тоа е факт и никој не го оспорува. Беспредметно е некој да ми кажува дека мојот јазик произлегол или е дијалект од бугарскиот. Јас воопшто тоа не го перципирам, затоа што знам која е разликата. Некои од странските македонисти го изучуваат и бугарскиот јазик и тие најмногу ја сфаќаат разликата, посочува Мојсова-Чепишевска.
Таа смета дека не треба да влегуваме во непотребни полемики, бидејќи полемиките создаваат повеќе страст, жестокост и нервоза, а не се постигнува многу.
Сите ние треба да дадеме придонес таму каде што сме најјаки. Не може да оспори некој дека македонската литература не постои, исто како што не може да каже дека македонската литература можат лесно да ја читаат Бугарите и обратно дека Македонците може лесно да ја читаат бугарската литература. Можеби јазиците во 19 век биле поблиски, ама сега во 21 век тоа не е така. Зошто ни се потребни преведувачи, за да можеме вистински да се разбереме, а не да се изгубиме во преводот, како што многупати знаеме. Тука ја гледам таа перспектива, да работиме. Еве ќе направиме учебници по македонски јазик, зошто никој не сака од Бугарија да ги прочита да направи критички осврт на тие учебници, што нему му пречи. Тогаш ќе докаже вака или онака, нагласува професорката и директор на Летната школа.
Национална стратегија за зачувување на македонскиот јазик За зачувување на македонскиот јазик, потребно е да се направи национална стратегија, смета директорката на Летната школа на МСМЈЛК, Весна Мојсова-Чепишевска. Во таа стратегија, според неа, потребно е да влезе отворањето лекторат во Тирана. Таа потсети дека работат на отворање лекторат во Анкара, каде веќе има Катедра за македонски јазик, а се работи и на отворање лекторат по македонски јазик и во Пекинг на еден од најголемите универзитети во Азија за изучување мали странски јазици. Зголемен е интересот за изучување македонски јазик и во Грција, од каде на Летната школа има двајца учесници со македонско потекло и една Гркинка од Атина, која сака да истражува етнолошки во Македонија за што ѝ треба повеќе да го запознае јазикот. Следната година Лекторатот по македонски јазик во Франција ќе слави 50-годишен јубилеј, а година потоа половина век од постоењето ќе слави и Лекторатот во Букурешт.