Меѓународен ден на Ромите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunaroden-den-na-romite/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 11:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен ден на Ромите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjunaroden-den-na-romite/ 32 32 Мицкоски: Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-romite-bile-se-i-ke-ostanat-znachaen-chinitel-na-makedonskoto-multikulturno-opshtestvo/ Mon, 08 Apr 2024 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=763782

„Најпрво дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите Роми, граѓани на Република Македонија да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настан организиран по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Мицкоски додаде дека Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество и нивната културна, јазична и идентитетска посебност се дел од македонската ризница на различности, ризница по која Македонија е ценета и вреднувана во Европа и Светот.

Македонија никогаш не била, ниту ќе биде држава во која некој бил принудуван на асимилација, туку напротив секогаш била светол пример на уважување на посебноста и етничката различност на секој нејзин граѓанин. Впрочем Македонија е можеби единствената земја во поширокото опкружување каде што мнозинство сочинуваат Ромите, а ромскиот јазик е службен јазик заедно со македонскиот. Ромите на Македонија и вратиле со огромен придонес во музиката, културата, спортот и политичкиот живот и за тоа и јас и секој граѓанин кој ја сака нашата татковина Македонија е неизмерно благодарен, појасни тој.

Мицкоски посочи дека за жал Ромите долго време во Македонија, како и голем дел од другите граѓани, се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми, сиромаштија и безнадежност. Огромен број се погодени од екстремна сиромаштија а неколкукратно повеќе живеат на работ на сиромаштијата до 2 до 3 евра на ден. И овој живот е подеднаков за сите граѓани.

Тоа мораме да го признаеме е недозволиво. И за сето тоа власта не сака да чуе, туку напротив со своите розови очила насила ни наметнува нешто кое што никој од нас не може да го види. Власта на СДС и ДУИ како да не живеат со нас тука во Македонија, тие не сакаат да видат дека имаме една од највисоките стапки на инфлација која го разјадува животниот стандард, како да не сакаат да видат дека веќе немаме здравствен и образовен систем, не сакаат да видат дека масовно се празни Македонија и секој ден автобуси со Роми, Македонци, Албанци и сите останати заминуваат во странство“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме реформи. Тие реформи ќе ја кренат оваа држава и ќе овозможат напредок и опстанување на младите и на сите останати тука во Македонија. Предвидуваме многу работа и поддршка за сите оние проекти кои ќе го подобруваат животот на граѓаните. За еден мандат се предвидуваат стотици и стотици милиони евра како директна поддршка за сите општини кои ќе изготват проекти за подобар живот на своите граѓани. Да, средства кои ќе ги добијат и Шуто Оризари и Струмица, и Штип и Битола, и Тетово и Кичево и Охрид и Велес и било кое друго место. Во исто време ветуваме силна борба против корупцијата и многу силна контрола на секој народен денар како се троши“, порача тој на денешниот настан.

Мицкоски укажа дека сега е шансата и времето да се создаде иднина и вредности за сите граѓани. Овој пат не се гласа само за политичка партија, туку за себе и своите семејства. Клучот е во масовноста.

Заедно со партијата Демократски Сили на Ромите и останатите партии од коалицијата „Твоја Македонија“ работиме да создадеме подобра иднина. Народот ќе биде нашиот најсилен столб и нашиот најдобар контролор како треба да работиме. Ние од ВМРО-ДПМНЕ не нудиме програми кои се однесуваат само на една категорија на луѓе или се моноетнички во својата програма, туку имаме понуда која ги опфаќа сите и која на сите ќе им нуди шанса за успех и напредок. Мене ќе ме радува да видам успех кај мојот сограѓанин Ром, затоа што неговиот напредок е напредок за сите нас. Неговиот успех е инспирација уште десетици други да успеат. Тоа е силата која сакам да ја видам. Таа сила ќе изнедри општество на успешни луѓе. Тие успешни луѓе ќе ја покренат Македонија од пепелта во која сега се наоѓа“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество appeared first on Република.

]]>

„Најпрво дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите Роми, граѓани на Република Македонија да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настан организиран по повод Меѓународниот ден на Ромите. Мицкоски додаде дека Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество и нивната културна, јазична и идентитетска посебност се дел од македонската ризница на различности, ризница по која Македонија е ценета и вреднувана во Европа и Светот.
Македонија никогаш не била, ниту ќе биде држава во која некој бил принудуван на асимилација, туку напротив секогаш била светол пример на уважување на посебноста и етничката различност на секој нејзин граѓанин. Впрочем Македонија е можеби единствената земја во поширокото опкружување каде што мнозинство сочинуваат Ромите, а ромскиот јазик е службен јазик заедно со македонскиот. Ромите на Македонија и вратиле со огромен придонес во музиката, културата, спортот и политичкиот живот и за тоа и јас и секој граѓанин кој ја сака нашата татковина Македонија е неизмерно благодарен, појасни тој.
Мицкоски посочи дека за жал Ромите долго време во Македонија, како и голем дел од другите граѓани, се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми, сиромаштија и безнадежност. Огромен број се погодени од екстремна сиромаштија а неколкукратно повеќе живеат на работ на сиромаштијата до 2 до 3 евра на ден. И овој живот е подеднаков за сите граѓани.
Тоа мораме да го признаеме е недозволиво. И за сето тоа власта не сака да чуе, туку напротив со своите розови очила насила ни наметнува нешто кое што никој од нас не може да го види. Власта на СДС и ДУИ како да не живеат со нас тука во Македонија, тие не сакаат да видат дека имаме една од највисоките стапки на инфлација која го разјадува животниот стандард, како да не сакаат да видат дека веќе немаме здравствен и образовен систем, не сакаат да видат дека масовно се празни Македонија и секој ден автобуси со Роми, Македонци, Албанци и сите останати заминуваат во странство“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме реформи. Тие реформи ќе ја кренат оваа држава и ќе овозможат напредок и опстанување на младите и на сите останати тука во Македонија. Предвидуваме многу работа и поддршка за сите оние проекти кои ќе го подобруваат животот на граѓаните. За еден мандат се предвидуваат стотици и стотици милиони евра како директна поддршка за сите општини кои ќе изготват проекти за подобар живот на своите граѓани. Да, средства кои ќе ги добијат и Шуто Оризари и Струмица, и Штип и Битола, и Тетово и Кичево и Охрид и Велес и било кое друго место. Во исто време ветуваме силна борба против корупцијата и многу силна контрола на секој народен денар како се троши“, порача тој на денешниот настан. Мицкоски укажа дека сега е шансата и времето да се создаде иднина и вредности за сите граѓани. Овој пат не се гласа само за политичка партија, туку за себе и своите семејства. Клучот е во масовноста.
Заедно со партијата Демократски Сили на Ромите и останатите партии од коалицијата „Твоја Македонија“ работиме да создадеме подобра иднина. Народот ќе биде нашиот најсилен столб и нашиот најдобар контролор како треба да работиме. Ние од ВМРО-ДПМНЕ не нудиме програми кои се однесуваат само на една категорија на луѓе или се моноетнички во својата програма, туку имаме понуда која ги опфаќа сите и која на сите ќе им нуди шанса за успех и напредок. Мене ќе ме радува да видам успех кај мојот сограѓанин Ром, затоа што неговиот напредок е напредок за сите нас. Неговиот успех е инспирација уште десетици други да успеат. Тоа е силата која сакам да ја видам. Таа сила ќе изнедри општество на успешни луѓе. Тие успешни луѓе ќе ја покренат Македонија од пепелта во која сега се наоѓа“, рече Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество appeared first on Република.

]]>
Изложба „Кои сме ние?“ по повод Меѓнародниот ден на Ромите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/izlozhba-koi-sme-nie-po-povod-megnarodniot-den-na-romite/ Mon, 08 Apr 2024 08:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=763708

Институтот Ромалитико по повод 8 aприл – Меѓународниот ден на Ромите официјално ја постави изложбата “Кои сме ние?” во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје. Изложбата е поставена од први до 14 април 2024. Денеска, на 8 април со почеток од 12 часот ќе се одржи настан за одбележување на денот придружен со музички перформанс и презентација на фактите.

Изложбата претставува можност за граѓаните да бидат дел и да учестуваат на еден интересен час по ромска историја, јазик и култура. На изложбата ќе дознаете кои познати светски личности имаат ромско потекло, ќе научите по некој збор од мини речникот на ромски јазик и факти од историјата и културата на Ромите.

Изложбата претставува јавен историско-културолошки час за посетителите. Оваа изложба се оддржува по втор пат во скопски мол, овојпат во City Mall. Идејата е да ја доближиме нашата историја до нашите сограѓании и да го одбележиме светскиот ден на Ромите во меинстрим амбиент.

Изложбата е достапна на два јазика: македонски и англиски.

The post Изложба „Кои сме ние?“ по повод Меѓнародниот ден на Ромите appeared first on Република.

]]>

Институтот Ромалитико по повод 8 aприл – Меѓународниот ден на Ромите официјално ја постави изложбата “Кои сме ние?” во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје. Изложбата е поставена од први до 14 април 2024. Денеска, на 8 април со почеток од 12 часот ќе се одржи настан за одбележување на денот придружен со музички перформанс и презентација на фактите. Изложбата претставува можност за граѓаните да бидат дел и да учестуваат на еден интересен час по ромска историја, јазик и култура. На изложбата ќе дознаете кои познати светски личности имаат ромско потекло, ќе научите по некој збор од мини речникот на ромски јазик и факти од историјата и културата на Ромите. Изложбата претставува јавен историско-културолошки час за посетителите. Оваа изложба се оддржува по втор пат во скопски мол, овојпат во City Mall. Идејата е да ја доближиме нашата историја до нашите сограѓании и да го одбележиме светскиот ден на Ромите во меинстрим амбиент. Изложбата е достапна на два јазика: македонски и англиски.  

The post Изложба „Кои сме ние?“ по повод Меѓнародниот ден на Ромите appeared first on Република.

]]>
Сабота, 8 април, е неработен ден https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sabota-8-april-e-neraboten-den/ Thu, 06 Apr 2023 14:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=628051

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно Законот за празниците, сабота, 8 април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во државата.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

The post Сабота, 8 април, е неработен ден appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно Законот за празниците, сабота, 8 април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во државата. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

The post Сабота, 8 април, е неработен ден appeared first on Република.

]]>
Честитка од Талат Џафери по повод Меѓународен ден на Ромите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-talat-dzaferi-po-povod-megjunaroden-den-na-romite/ Fri, 08 Apr 2022 09:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=485207

Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април денеска упати честитка до припадниците на ромската заедница во земјава.

Ми претставува чест и задоволство од име на пратениците во Собранието на Република Македонија и од свое лично име да Ви го честитам овој важен ден за ромската заедница, полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, 51-година од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 21 година од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Македонија, вели Џафери во во честитката.

Џафери во честитката посочува дека ова се значајни датуми за ромската заедница, но, позначајна е нивната интеграција, нивниот придонес во сите промени, како и тоа колку општеството беше отворено за оваа заедница.

Нашето мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко општество не е целосно и комплетирано доколку Вашата силна и исто толку широка душа не би го збогатувала секојдневието со својата живост и во најтешките времиња. Затоа што едно е сигурно, промените, добрите или лошите влијанија, не ве заобиколуваат туку напротив, оставаат трајни белези и врз Вас како и врз секој друг граѓанин на Република Македонија, напиша Џафери.

Претседателот на Собранието порача оваа година да биде година на промени кон подобро за сите граѓани.

Нека оваа година биде година на промени кон подобро за сите граѓани на Република Македонија, нека биде година во која ромската заедница и самата ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе, за своите деца. Наша обврска како држава и државни институции и народни избраници е да бидеме до Вас во секој чекор напред. Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!, се наведува во честитката од Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите.

The post Честитка од Талат Џафери по повод Меѓународен ден на Ромите appeared first on Република.

Демир: Денес воопшто не е лесно Ром да си https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demir-denes-voopshto-ne-e-lesno-rom-da-si/ Fri, 08 Apr 2022 08:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=485169

Денес воопшто не е лесно Ром да си, вели политичарот Ерџан Демир.

„8-ми Април Меѓународен ден на Ромите, на денешен ден во 1971 година во Лондон се одржа еден поголем меѓународен конгрес и на тој конгрес беше донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната џелем, џелем и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена со црвена тркало во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата. Идеата е да се нема свечени прослави и коктели туку на денешен ден да се подигне гласот и свеста за проблемите со кои се соочуват Ромите.

Ромите во Македонија не се дојденци туку староседелци историјата вели дека сме тука уште и од времето на Александар, нас тука не имаше, не има и ќе не има. Уште за Ромите се вели дека се Космополите (граѓани на светот) луѓе кои реално немаат своја татковина, а за своја татковина ја прифаќаат земјата во која се родени, таму каде што живеат и работат.

И ние сме националист но не и шовинисти, си ја сакаме заедницата, нацијата но не ги мразиме другите туку напротив ги почитуваме.

За жал и денес Ромите во Македонија се уште сме маргинализирани, дискриминирани, нај сиромашна заедница, граѓани со највисок процент на невработеност, граѓани кои сеуште живеат во супстандардни услови импровизирани живеалишта, без документација, социјална и здравствена заштита итн итн

Поминаа декадата за ромите и уште многу стратегии, проекти и планови како да се подобри ситуацијата но реално, ништо или многу малку е нешто поместено. Како резултат на посебно лошите услови за живот за најголем дел од ромскот население, Ромите како најранлива етничка група во земјава по многу основи, најмногу заминуваат од Македонија многу повеќе од Македонците, Албанците и другите.Овој процес мора да запре не само за Ромите туку и за сите други.
За нашите проблеми потребни ни се институционални решенија а не ад-хок решенија и етноцетристички политиките.

Жално е што последниве године оваа заедница буквално ги преживеа своите најтешките години, сме минимизирани и притиснати до крај. Сето тоа за кое со години се трудевме, работевме изминативе године го изгубивме, буквално се ние одземено од раце. Упорноста е една од карактерните особини кај Ромите, не се откажуваме, ќе продолжиме да се бориме за подобар живот на идните генерации.

Сепак, свесен сум дека ни претстои уште многу работа. Сè уште постојат стереотипи и предрасуди кои фрлаат сенка на македонскиот модел на соживот. Треба уште многу работа за да ја постигнеме посакуваната цел: еднакви можности и права како предуслов за достоинствен живот за секој припадник на ромската заедница во Република Македонија.

Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество. Традиција и култура, светоглед и филозофија на живеење се вткаени во секојдневие и како такви никој не смее да ги релативизира и минимизира.“

The post Демир: Денес воопшто не е лесно Ром да си appeared first on Република.

]]>

Денес воопшто не е лесно Ром да си, вели политичарот Ерџан Демир. „8-ми Април Меѓународен ден на Ромите, на денешен ден во 1971 година во Лондон се одржа еден поголем меѓународен конгрес и на тој конгрес беше донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната џелем, џелем и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена со црвена тркало во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата. Идеата е да се нема свечени прослави и коктели туку на денешен ден да се подигне гласот и свеста за проблемите со кои се соочуват Ромите. Ромите во Македонија не се дојденци туку староседелци историјата вели дека сме тука уште и од времето на Александар, нас тука не имаше, не има и ќе не има. Уште за Ромите се вели дека се Космополите (граѓани на светот) луѓе кои реално немаат своја татковина, а за своја татковина ја прифаќаат земјата во која се родени, таму каде што живеат и работат. И ние сме националист но не и шовинисти, си ја сакаме заедницата, нацијата но не ги мразиме другите туку напротив ги почитуваме. За жал и денес Ромите во Македонија се уште сме маргинализирани, дискриминирани, нај сиромашна заедница, граѓани со највисок процент на невработеност, граѓани кои сеуште живеат во супстандардни услови импровизирани живеалишта, без документација, социјална и здравствена заштита итн итн Поминаа декадата за ромите и уште многу стратегии, проекти и планови како да се подобри ситуацијата но реално, ништо или многу малку е нешто поместено. Како резултат на посебно лошите услови за живот за најголем дел од ромскот население, Ромите како најранлива етничка група во земјава по многу основи, најмногу заминуваат од Македонија многу повеќе од Македонците, Албанците и другите.Овој процес мора да запре не само за Ромите туку и за сите други. За нашите проблеми потребни ни се институционални решенија а не ад-хок решенија и етноцетристички политиките. Жално е што последниве године оваа заедница буквално ги преживеа своите најтешките години, сме минимизирани и притиснати до крај. Сето тоа за кое со години се трудевме, работевме изминативе године го изгубивме, буквално се ние одземено од раце. Упорноста е една од карактерните особини кај Ромите, не се откажуваме, ќе продолжиме да се бориме за подобар живот на идните генерации. Сепак, свесен сум дека ни претстои уште многу работа. Сè уште постојат стереотипи и предрасуди кои фрлаат сенка на македонскиот модел на соживот. Треба уште многу работа за да ја постигнеме посакуваната цел: еднакви можности и права како предуслов за достоинствен живот за секој припадник на ромската заедница во Република Македонија. Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество. Традиција и култура, светоглед и филозофија на живеење се вткаени во секојдневие и како такви никој не смее да ги релативизира и минимизира.“

The post Демир: Денес воопшто не е лесно Ром да си appeared first on Република.

]]>
Oвојпат на македонски: Честитка од Спасовски за Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ovojpat-na-makedonski-chestitka-od-spasovski-za-megjunarodniot-den-na-romite/ Fri, 08 Apr 2022 08:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=485164

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лично и во име на МВР на граѓаните од ромската етничка заедница им го честита 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, прогласен на Светскиот ромски конгрес од 1990 година, а во чест на Првиот светски ромски конгрес од 1971 година, кога се потврдиле универзалните обележја на ромскиот народ и ромското движење, воопшто, преку утврдување на знамето, химната, јазикот и културата.

Ромите како едни од најлојалните и најмирољубивите граѓани, отсекогаш биле и ќе бидат неизоставен дел од нашата државност, составен дел од мултиетничкиот мозаик во кој се вградени заедно со сите други етнички заедници, а кој е темел на нашиот концепт „Едно општество за сите”, со кој го гарантираме спроведувањето на неотуѓивите човекови права, напишна министерот Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Придонесот на ромската заедница кон општеството, преку институционален или, пак, граѓански пристап, пишува Спасовски, ја заслужува почитта од секој еден.

Вредни, лојални и пожртвувани, Ромите даваат огромен придонес како дел од полицијата, армијата, дипломатијата, здравствените и образовните институции, граѓанскиот сектор. Продолжуваме заедно како и досега, свесни за предизвиците и потребите на Ромите во нашата држава, да ја унапредуваме интеграцијата, обезбедувајќи подобар и поквалитетен живот за сите, без разлика на етничката, верската, политичката или родовата припадност. Ја имате мојата поддршка во секој еден момент, бидејќи силна држава значи подадена рака на секого!, објави на ФБ министерот Спасовски.

The post Oвојпат на македонски: Честитка од Спасовски за Меѓународниот ден на Ромите appeared first on Република.

ВМРО ДПМНЕ: Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-romskata-zaednica-pretstavuva-vazen-segment-vo-gradenje-na-sozivot-i-megjusebno-pochituvanje-vo-nashata-drzava/ Fri, 08 Apr 2022 08:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=485160

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8. Април.

Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава. Обезбедување на квалитетен живот, подигање на животниот стандард за сите граѓани, подобра иднина и развој на економијата се приоритет за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ.

Ромската заедница, култура, традиција и обичаи се дел од нашата заедничка сегашност. До сега сме докажале дека како партија работи во интерес на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба.

Во таа насока ќе продолжиме и во иднина да се залагаме за целосна инклузија на Ромите во општеството, да работиме за унапредување на нивните права, почитување на принципот за еднаквост, солидарност и недискриминација.

Воедно во овие моменти кога државата и граѓаните се соочуваат со девастација на секое поле, потребно е да дејствуваме сплотено, посветено се со цел обезбедување на подобра иднина на сегашните и идните генерации, се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува успех и благосостојба.

The post ВМРО ДПМНЕ: Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8. Април.
Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава. Обезбедување на квалитетен живот, подигање на животниот стандард за сите граѓани, подобра иднина и развој на економијата се приоритет за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ. Ромската заедница, култура, традиција и обичаи се дел од нашата заедничка сегашност. До сега сме докажале дека како партија работи во интерес на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба. Во таа насока ќе продолжиме и во иднина да се залагаме за целосна инклузија на Ромите во општеството, да работиме за унапредување на нивните права, почитување на принципот за еднаквост, солидарност и недискриминација. Воедно во овие моменти кога државата и граѓаните се соочуваат со девастација на секое поле, потребно е да дејствуваме сплотено, посветено се со цел обезбедување на подобра иднина на сегашните и идните генерации, се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува успех и благосостојба.  

The post ВМРО ДПМНЕ: Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава appeared first on Република.

]]>
Владата вечерва осветлена во боите на ромското знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-vecherva-osvetlena-vo-boite-na-romskoto-zname/ Thu, 07 Apr 2022 20:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=485023

Во пресрет на Светскиот ден на Ромите, Владата e осветлена во боите на ромското знаме.

Нашата заедничка визија, нашите заеднички стремежи и напори се во насока на еднаквост и правичност за ромската заедница. Продолжуваме и понатаму стратешките определби за Ромите во Република Македонија како државни цели да бидат пример за останатите во регионот, напиша на својот Фејбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

The post Владата вечерва осветлена во боите на ромското знаме appeared first on Република.