меѓуетнички тензии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjuetnichki-tenzii/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 15:28:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓуетнички тензии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megjuetnichki-tenzii/ 32 32 Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ima-obidi-za-narushuvane-na-meguetnichkite-odnosi/ Fri, 04 Oct 2024 15:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=822820

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“- На овој начин одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дејли Клик на ТВ21 запрашан дали граѓаните можат мирно да спијат по сите најави за можна дестабилизација на државата.

Вели дека во моментов безбедносната состојба е стабилна, иако имало индиции за нарушување на истата.

Водител: Како велите во правна терминологија, индиции…Има ли индиции за нарушување на безбедносната состојба на државата?

Тошковски: Многу пати сум го говорел ова во последните месец дена и сето тоа што сум го кажувал се покажа како реален факт, од аспект на тоа дека постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и тоа сите сме сведоци дека е така,  но исто така сите сме сведоци дека МВР и сите останати институции кои што имаат надлежност во безбедносниот сектор, реагираат и ќе реагираат во иднина.

Но, што се случи со наводните вооружени групи за кои зборуваше Христијан Мицкоски во предизборната кампања, кои наводно се собирале во Чаир, а биле предводени од луѓе блиски до Али Ахмети. Дали навистина постоеле такви групи?

Тошковски: Имаше такви индиции во минатото.

Новинар: Имаше ли такви вооружени групи низ Чаир.

Тошковски: Имаше такви индиции во изминатиот период, имаше такви информации во изминатиот период и во иднина за се она за кое што ќе има соодветни докази, МВР ќе постапи соодветно.

Новинар: Значи за ова немало доволно докази да се постапи.

Тошковски: Па, не беше таков мојот одговор. Мојот одговор е за се она што ќе има доволно докази, докази кои што ќе поткрепат соодветно обвинение, истото ќе биде процесуирано.

Новинар: Процесуирано ли е нешто од ова?

Тошковски: Во овој момент не можам да одговорам.

Што се однесува до борбата против високиот криминал и корупција, Тошковски најави дека има истраги за одредени министри кои биле на функција во минатото за можна злоупотреба на службената позиција. Но, со оглед на тоа дека се е во предистражна постапка, поради пресумција на невиност, не може да споделува повеќе детали.

The post Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи appeared first on Република.

]]>

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“- На овој начин одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дејли Клик на ТВ21 запрашан дали граѓаните можат мирно да спијат по сите најави за можна дестабилизација на државата. Вели дека во моментов безбедносната состојба е стабилна, иако имало индиции за нарушување на истата. Водител: Како велите во правна терминологија, индиции…Има ли индиции за нарушување на безбедносната состојба на државата? Тошковски: Многу пати сум го говорел ова во последните месец дена и сето тоа што сум го кажувал се покажа како реален факт, од аспект на тоа дека постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и тоа сите сме сведоци дека е така,  но исто така сите сме сведоци дека МВР и сите останати институции кои што имаат надлежност во безбедносниот сектор, реагираат и ќе реагираат во иднина. Но, што се случи со наводните вооружени групи за кои зборуваше Христијан Мицкоски во предизборната кампања, кои наводно се собирале во Чаир, а биле предводени од луѓе блиски до Али Ахмети. Дали навистина постоеле такви групи? Тошковски: Имаше такви индиции во минатото.

Новинар: Имаше ли такви вооружени групи низ Чаир.

Тошковски: Имаше такви индиции во изминатиот период, имаше такви информации во изминатиот период и во иднина за се она за кое што ќе има соодветни докази, МВР ќе постапи соодветно. Новинар: Значи за ова немало доволно докази да се постапи. Тошковски: Па, не беше таков мојот одговор. Мојот одговор е за се она што ќе има доволно докази, докази кои што ќе поткрепат соодветно обвинение, истото ќе биде процесуирано. Новинар: Процесуирано ли е нешто од ова? Тошковски: Во овој момент не можам да одговорам. Што се однесува до борбата против високиот криминал и корупција, Тошковски најави дека има истраги за одредени министри кои биле на функција во минатото за можна злоупотреба на службената позиција. Но, со оглед на тоа дека се е во предистражна постапка, поради пресумција на невиност, не може да споделува повеќе детали.

The post Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи appeared first on Република.

]]>
Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-politichki-leshinari-preku-tsrkvata-vo-galate-predizvikuvaat-meguetnichki-tenzii-shto-e-dokaz-za-predupreduvanata-za-destabilizatsija/ Wed, 11 Sep 2024 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=815337

Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски.

За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот.

Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма.

The post Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски. За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот.
Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма.

The post Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација appeared first on Република.

]]>
Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhitelite-na-galate-baraat-mirno-reshenie-na-sluchajot-i-se-ograduvaat-od-nastanite/ Wed, 11 Sep 2024 08:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=815202

По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот.

По состанокот бил донесен заклучок кој треба да води во насока решавање во соработка со надлежните институции и во законска постапка. Тие сметаат дека единственото решение за надминување на проблемите кои настанаа со акцијата за уредување на дворот и земјиштето околу црквата Св. Петка, во месноста „топли извори“ во атарот на Галате.

Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии, се наведува во кусата информација до јавноста која ја дадоа по телефон за дописникот на МИА.

Тие уште еднаш повикаа на смиреност и да не се шират невистини кои, како што велат, на ваков начин им штетат на соживотот и соработката со локалната самоуправа.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ke-ima-krivichen-progon-za-podgrevane-na-meguetnichki-i-megureligiski-tenzii/

The post Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните appeared first on Република.

]]>

По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот. По состанокот бил донесен заклучок кој треба да води во насока решавање во соработка со надлежните институции и во законска постапка. Тие сметаат дека единственото решение за надминување на проблемите кои настанаа со акцијата за уредување на дворот и земјиштето околу црквата Св. Петка, во месноста „топли извори“ во атарот на Галате.
Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии, се наведува во кусата информација до јавноста која ја дадоа по телефон за дописникот на МИА.
Тие уште еднаш повикаа на смиреност и да не се шират невистини кои, како што велат, на ваков начин им штетат на соживотот и соработката со локалната самоуправа. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ke-ima-krivichen-progon-za-podgrevane-na-meguetnichki-i-megureligiski-tenzii/

The post Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните appeared first on Република.

]]>
Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapaden-balkan-pod-rizik-od-meguetnichko-nasilstvo-vo-2024-protsenuvaat-amerikanskite-razuznavachi/ Tue, 12 Mar 2024 11:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=753983

Во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на Соединетите Држави, се наведува дека „Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година“.

Во три кратки параграфи за Западен Балкан, документот наведува дека „националистичките лидери најверојатно ќе ги влошат тензиите во своја политичка корист и надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики, за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции.“

Во изештајот се потсетува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“.

Веднаш потоа се посочува дека „лидерот на босанските Срби, Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна и Херцеговина и да обезбеди, де факто, отцепување на својата Република Српска“.

На крајот од делот за Западен Балкан, се наведува дека „неговата (на Додик) акција може да ги поттикне водачите на бошњачкото население да го зајакнат сопствениот капацитет за заштита на нивните интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти кои би можеле да ги совладаат мировните сили“.

The post Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на Соединетите Држави, се наведува дека „Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година“. Во три кратки параграфи за Западен Балкан, документот наведува дека „националистичките лидери најверојатно ќе ги влошат тензиите во своја политичка корист и надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики, за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции.“ Во изештајот се потсетува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“. Веднаш потоа се посочува дека „лидерот на босанските Срби, Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна и Херцеговина и да обезбеди, де факто, отцепување на својата Република Српска“. На крајот од делот за Западен Балкан, се наведува дека „неговата (на Додик) акција може да ги поттикне водачите на бошњачкото население да го зајакнат сопствениот капацитет за заштита на нивните интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти кои би можеле да ги совладаат мировните сили“.

The post Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи appeared first on Република.

]]>
Косовскиот суд го ослободи Недељковиќ по 6 месеци: Бев во затвор само затоа што сум Србин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskiot-sud-go-oslobodi-nedelkovik-po-6-mesetsi-bev-vo-zatvor-samo-zatoa-shto-sum-srbin/ Wed, 28 Dec 2022 18:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=591126

Косовскиот Србин Никола Недељковиќ, кој помина шест месеци во притвор под обвинение за „поттикнување етничка омраза и нетрпеливост“, денеска беше пуштен, а пред затворот го пречекаа неговите родители, објави Косово онлајн.

„Не сакам да коментирам за деновите поминати во затвор, среќен сум што конечно сум со семејството. Во моментов немам никакви планови. Најважно е што ова е готово, можам конечно да си одам дома со моето семејство, за се друго има време.Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои се со мене и моето семејство од првиот ден. Можам да кажам дека сум среќен. Ако поради нешто требаше да бидам еден ден во затвор, нека биде затоа што сум Србин и затоа бев во затвор“, рече Никола.

The post Косовскиот суд го ослободи Недељковиќ по 6 месеци: Бев во затвор само затоа што сум Србин appeared first on Република.

]]> Османи: Тие ги најавија меѓуетничките тензии, ја спинуваат мојата изјава за хармонијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-tie-gi-najavija-megjuetnichkite-tenzii-ja-spinuvaat-mojata-izjava-za-harmonijata/ Thu, 07 Jul 2022 21:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=525700

Тензиите ги најавија од почеток. Прво велеа не може министер од оваа етничка заедница да решава за вакви прашања. Цело време се обидуваше да се внесе прашањето во делот на меѓуетничките прашања, па да се спинува за моја изјава во која зборував за хармонијата во целина. Политичките партии треба да се свесни за одговорноста што ја имаме. Отворивме широк консултативен процес. Гледајте ги протестите и ќе видите дека има сценарија во кои коалициските опозициски партнери се обидуваат да ја ескалираат состојбата со цел да придобијат некој политички поен повеќе. Тоа нема да не одврати, рече вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи, говорејќи за протестите против францускиот предлог што се одржуваат веќе шести ден.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ako-kazeme-ne-kje-pochnat-megjuetnichki-tenzii-i-kje-gladuvame-i-kje-nemame-struja/

Шефот на дипломатијата потенцира дека граѓаните имаат право на протести и на свои забелешки.

Најдобро е на маса, на дебати, на различни политички форуми, да ги објасниме сите аргументи, додека ние тоа не го направиме нема да продолжиме напред, додаде Османи.

The post Османи: Тие ги најавија меѓуетничките тензии, ја спинуваат мојата изјава за хармонијата appeared first on Република.

]]>

Тензиите ги најавија од почеток. Прво велеа не може министер од оваа етничка заедница да решава за вакви прашања. Цело време се обидуваше да се внесе прашањето во делот на меѓуетничките прашања, па да се спинува за моја изјава во која зборував за хармонијата во целина. Политичките партии треба да се свесни за одговорноста што ја имаме. Отворивме широк консултативен процес. Гледајте ги протестите и ќе видите дека има сценарија во кои коалициските опозициски партнери се обидуваат да ја ескалираат состојбата со цел да придобијат некој политички поен повеќе. Тоа нема да не одврати, рече вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи, говорејќи за протестите против францускиот предлог што се одржуваат веќе шести ден. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ako-kazeme-ne-kje-pochnat-megjuetnichki-tenzii-i-kje-gladuvame-i-kje-nemame-struja/ Шефот на дипломатијата потенцира дека граѓаните имаат право на протести и на свои забелешки.
Најдобро е на маса, на дебати, на различни политички форуми, да ги објасниме сите аргументи, додека ние тоа не го направиме нема да продолжиме напред, додаде Османи.

The post Османи: Тие ги најавија меѓуетничките тензии, ја спинуваат мојата изјава за хармонијата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за обидот на убиство: Ова беше најавено од Бујар Османи ако не поминел предлогот за асимилација и бугаризација на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-obidot-na-ubistvo-ova-beshe-najaveno-od-bujar-osmani-ako-ne-pominel-predlogot-za-asimilacija-i-bugarizacija-na-makedonija/ Wed, 06 Jul 2022 20:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=525085

Вечерва се случи тежок инцидент, кој по сите параметри е класична полициска монтажа чија цел беше или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или мое убиство и ова требаше да личи на меѓуетнички конфликт, а всушност не е ништо повеќе од борба за власт, фотелји и функции на партиите кои се дел од Владата, изјави вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упатувајќи повик до граѓаните за смиреност во, како што рече, овие тешки времиња.

– Ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост, туку единствено повторува борба за гола власт. Меѓу другото, подолго време добивам неформални информации кои говорат за моја елиминација која ја нарачува власта. Не придавав значење. Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат, изјави Мицкоски.

Тој обвини дека полицијата ја немало на потребното место и мистериозно се појавила помала група од 10-ина луѓе вооружени со огнено оружје.

– Тие дури направија и повеќе истрели кои се само за чиста среќа не завршија во илјадниот народ кој излезе мирно да протестира против оваа власт. Сакам да потсетам дека ваквото сценарио го најави власта, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Најави дека ќе има меѓуетнички тензии, Ако не поминел предлогот кој опфаќа асимилација и бугаризација на Македонија. Ковачевски и Спасовски во континуитет градат милитантен контекст на создавање тензии и поделба. Најава за молотови коктели, жртви и слично. И тоа откако не им успеа, а тоа беше сценариото за уфрлање на полициски инфилтрати, кои ќе предизвикаат инциденти, а за кои подоцна ќе биде обвинет мирниот и достоинствен народ. Вечерва го достигнаа врвот во својата монструозност, каде требаше да се загуби човечки живот, еден или повеќе за да тие останат на власт и што е пострашно да продолжат да крадат, обвини Мицкоски.

Посочувајќи фотографија од настанот тој нагласи дека на неа се гледа пиштол и „народот кој не му се плаши“.

– Тоа е пораката од власта. Оваа слика јас ви ветувам дека нема да ја заборавиме. Тој беше насочен за губење на нечиј невин човечки живот. На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност. Туку гледаме криминалци, хушкачи на власта кои заедно со власта одат против народот. И немојте да се обидувате да кажувате дека луѓето се припадници на една или друга политичка опција. Тие имаат една страна, а тоа е страната на криминалот и тоа дека имаат тесни врски со власта за која одработуваат, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски за обидот на убиство: Ова беше најавено од Бујар Османи ако не поминел предлогот за асимилација и бугаризација на Македонија appeared first on Република.

Mицковски: Друже Бујар, Али, Груби, ова е момент за ваша кочница, ваше кочење партиско https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-druze-bujar-ali-grubi-ova-e-moment-za-vasha-kochnica-vashe-kochenje-partisko/ Wed, 06 Jul 2022 20:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=525049

Друже Бујар, Али, Груби, ова е момент за ваша кочница, ваше кочење партиско, им порача активистот Ивор Мицковски по денешните инциденти кај Скендер бег.

Македонија не може да има меѓуетнички судир повеќе, може да има партиско индуциран меѓуетнички судир.
Тоа го правевте со ВМРО, едно време го правевте и против ВМРО, за да си ја докупите амнестијата, ама сега е нешто друго.
Сега треба да се смирите.
И онака за Македонците е доволно иритантно што Бујар лаже и одлучува за национални прашања, па по него сите останати, ама доста е.
Македонците и Албанците се една, несовршена, ама функционална целина.
ДУИ не ги идентификувам со Албанците во државата, затоа нека запре вашето институционално и партиско петтоколонаштво.
Освоивте права, заради наши грешки преку сила, ама сега кога силата нас не гази, не ја правете нашата грешка и грешката на политичарите од 90-тите, вели Мицковски.

The post Mицковски: Друже Бујар, Али, Груби, ова е момент за ваша кочница, ваше кочење партиско appeared first on Република.

]]>

Друже Бујар, Али, Груби, ова е момент за ваша кочница, ваше кочење партиско, им порача активистот Ивор Мицковски по денешните инциденти кај Скендер бег.
Македонија не може да има меѓуетнички судир повеќе, може да има партиско индуциран меѓуетнички судир. Тоа го правевте со ВМРО, едно време го правевте и против ВМРО, за да си ја докупите амнестијата, ама сега е нешто друго. Сега треба да се смирите. И онака за Македонците е доволно иритантно што Бујар лаже и одлучува за национални прашања, па по него сите останати, ама доста е. Македонците и Албанците се една, несовршена, ама функционална целина. ДУИ не ги идентификувам со Албанците во државата, затоа нека запре вашето институционално и партиско петтоколонаштво. Освоивте права, заради наши грешки преку сила, ама сега кога силата нас не гази, не ја правете нашата грешка и грешката на политичарите од 90-тите, вели Мицковски.
 
The post Mицковски: Друже Бујар, Али, Груби, ова е момент за ваша кочница, ваше кочење партиско appeared first on Република.

]]>
Османи пред недела дена ги најави „меѓуетничките тензии”, сега вие верувајте дека се случајни https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/osmani-pred-nedela-dena-gi-najavi-megjuetnichkite-tenzii-sega-vie-veruvajte-deka-se-sluchajni/ Wed, 06 Jul 2022 19:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=525019

Османи пред недела дена ги најави „меѓуетничките тензии”. Сега вие верувајте дека се случајни, дека прогресивно со пиштоли се собрани за ЕУ, а не за власт, коментира Божидар Божиновски.

The post Османи пред недела дена ги најави „меѓуетничките тензии”, сега вие верувајте дека се случајни appeared first on Република.

Османи се демантира самиот себеси: Никогаш не кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-demantira-samiot-sebesi-nikogash-ne-kazal-deka-kje-ima-megjuetnichki-konflikt/ Mon, 04 Jul 2022 10:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=523526

Имаме историски момент да се реши прашањето со македонскиот јазик. Tешко е да имаме подобра шанса или предлог којшто ќе го засега јазикот, затоа велам дека сега е историски момент. За прв пат во нашата историја, 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На гостувањето на телевизијата 24, Османи рече дека предлогот е добар и во наш интерес и не смееме да го пропуштиме бидејќи во него се содржат сите пет барања на македонската страна, а македонскиот јазик без фусноти, ќе стане дел од официјалните документи на Европската Унија.

– Што побрзо да се даде шанса на овој проект. Имаше толку лажни вести и пропаганди, дел намерни, дел од непознавањето на проблематиката. Јас не сум видел такво нешто во мојата политичка кариера, без никаков обид да се прочита документот, луѓето кои не го прочитале текстот даваат мислења. Време е да се рационализира и да се каже конкретно што е проблемот. Истите кои го критикуваат, сега аплаудираат и го прифаќаат. Ваква дебата сега очекувам на консултациите. Рационална дебата, не дебата на емоции и личните позиции. Треба да се затвори ова прашање, за да се започна првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите, додаде Османи.

Министерот порача дека во јавноста се направил „спин“ од неговата изјава на брифингот во саботата кога говорел за можните последици кои би се случиле доколку предлогот не биде прифатен.

-Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт. Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика меѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението, потенцираше Османи.

Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот, Османи смета дека за ова прашање ќе го има потребното 2/3 мнозинство и очекува предлогот да помине со 118 гласови во Собранието.

The post Османи се демантира самиот себеси: Никогаш не кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт appeared first on Република.

]]>

Имаме историски момент да се реши прашањето со македонскиот јазик. Tешко е да имаме подобра шанса или предлог којшто ќе го засега јазикот, затоа велам дека сега е историски момент. За прв пат во нашата историја, 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. На гостувањето на телевизијата 24, Османи рече дека предлогот е добар и во наш интерес и не смееме да го пропуштиме бидејќи во него се содржат сите пет барања на македонската страна, а македонскиот јазик без фусноти, ќе стане дел од официјалните документи на Европската Унија.