Меган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megan/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Nov 2023 13:04:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/megan/ 32 32 Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/charls-ne-saka-da-gi-pokani-hari-i-megan-na-negoviot-75-ti-rodenden-prichinata-e-kamila/ Mon, 06 Nov 2023 13:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=698826

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пред три години одлучија да го напуштат кралското семејство и да се преселат во САД.

Дури и тогаш, нивниот однос со монархијата веќе беше прилично затегнат, а работите беа уште полоши по интервјуто што Хари и Меган го дадоа на Опра Винфри, како и мемоарите на Хари „Резерва“.

Во нивните интервјуа и во книгата, тие прилично го „оцрнија“ кралското семејство, а фактот дека принцот не е во најдобри односи со семејството беше забележан и на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, во март оваа година.

Имено, војводата од Сасекс веднаш по церемонијата се врати во САД кај сопругата и децата, а кралското семејство годинава јавно не го одбележа роденденот на Хари, ниту пак му испрати честитки преку официјалните профили, што вообичаено го прават.

Како што изјави за „Телеграф“ извор близок до британското кралско семејство, Хари не добил многу убави зборови од својот татко, ниту од неговиот брат Вилијам, ниту пред ниту по крунисувањето.

Комуникацијата меѓу кралот и принцот Хари се уште е прилично лоша. Не разговараат многу, ако и воопшто разговараат, изјавил изворот за споменатите медиуми.

Изворот исто така навел дека е познато дека кралот Чарлс е премногу зафатен со обврски, како и дека повеќе сака да комуницира со разговор на телефон, а не преку е-пошта, смс пораки или апликации како Вибер и WhatsApp. Сепак, тоа секако не е причина тој да не разговара со својот син.

Изворот за гореспоменатите медиуми изјавил дека друга причина за ваквата ситуација е „разочарувањето на кралот од начинот на кој Хари ја опишал кралицата Камила во својата книга“.

Имено, принцот за својата маќеа напишал дека е „опасна и злобна“, а истакнал и дека таа и неговиот татко „се виновни за бројните приказни кои кружат за него“.

Имам измешани чувства за тоа дека имам маќеа која неодамна ме жртвуваше на нејзиниот ПР олтар, напиша Хари во својата книга.

 

The post Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пред три години одлучија да го напуштат кралското семејство и да се преселат во САД. Дури и тогаш, нивниот однос со монархијата веќе беше прилично затегнат, а работите беа уште полоши по интервјуто што Хари и Меган го дадоа на Опра Винфри, како и мемоарите на Хари „Резерва“. Во нивните интервјуа и во книгата, тие прилично го „оцрнија“ кралското семејство, а фактот дека принцот не е во најдобри односи со семејството беше забележан и на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, во март оваа година. Имено, војводата од Сасекс веднаш по церемонијата се врати во САД кај сопругата и децата, а кралското семејство годинава јавно не го одбележа роденденот на Хари, ниту пак му испрати честитки преку официјалните профили, што вообичаено го прават. Како што изјави за „Телеграф“ извор близок до британското кралско семејство, Хари не добил многу убави зборови од својот татко, ниту од неговиот брат Вилијам, ниту пред ниту по крунисувањето.
Комуникацијата меѓу кралот и принцот Хари се уште е прилично лоша. Не разговараат многу, ако и воопшто разговараат, изјавил изворот за споменатите медиуми.
Изворот исто така навел дека е познато дека кралот Чарлс е премногу зафатен со обврски, како и дека повеќе сака да комуницира со разговор на телефон, а не преку е-пошта, смс пораки или апликации како Вибер и WhatsApp. Сепак, тоа секако не е причина тој да не разговара со својот син. Изворот за гореспоменатите медиуми изјавил дека друга причина за ваквата ситуација е „разочарувањето на кралот од начинот на кој Хари ја опишал кралицата Камила во својата книга“. Имено, принцот за својата маќеа напишал дека е „опасна и злобна“, а истакнал и дека таа и неговиот татко „се виновни за бројните приказни кои кружат за него“.
Имам измешани чувства за тоа дека имам маќеа која неодамна ме жртвуваше на нејзиниот ПР олтар, напиша Хари во својата книга.
 

The post Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила appeared first on Република.

]]>
Хари и Меган во нови деловни авантури https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/hari-i-megan-vo-novi-delovni-avanturi/ Wed, 09 Aug 2023 13:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=670433

Принцот Хари (38) и Меган Маркл (42) се „фрлаат“ во нови деловни потфати по серија неуспеси.

Извор за The Sun открил дека војводата и војвотката од Сасекс ги купиле правата за книгата „Meet Me At The Lake“ од Карли Форчн. Заплетот на книгата во некои детали е сличен на вистинската љубовна приказна на познат пар, од кои едниот изгубил родител во сообраќајна несреќа како дете, а се занимава и со проблеми со алкохол, употреба на дрога и ментално здравје.

Темите на книгата ја воодушевија двојката и таа беше избрана за нивна прва адаптација со Нетфликс… Ова е нивниот најголем проект во кој тие ќе бидат продуценти, рекол изворот.

Правата на романот на авторот, чија последна книга стана една од бестселерите на Њујорк Тајмс, ги чинеа Хари и Меган 3 милиони долари.

Неодамна беше откриено дека славната двојка, која има снимено само документарни серии како „Harry + Meghan“ и друга документарна програма „Live to Lead“ за Нетфликс, ќе снима и нова верзија на „Great Expectations“.

Двојката неодамна доживеа голем деловен неуспех, кога нивниот подкаст беше откажан од платформата Spotify.

 

The post Хари и Меган во нови деловни авантури appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари (38) и Меган Маркл (42) се „фрлаат“ во нови деловни потфати по серија неуспеси. Извор за The Sun открил дека војводата и војвотката од Сасекс ги купиле правата за книгата „Meet Me At The Lake“ од Карли Форчн. Заплетот на книгата во некои детали е сличен на вистинската љубовна приказна на познат пар, од кои едниот изгубил родител во сообраќајна несреќа како дете, а се занимава и со проблеми со алкохол, употреба на дрога и ментално здравје.
Темите на книгата ја воодушевија двојката и таа беше избрана за нивна прва адаптација со Нетфликс… Ова е нивниот најголем проект во кој тие ќе бидат продуценти, рекол изворот.
Правата на романот на авторот, чија последна книга стана една од бестселерите на Њујорк Тајмс, ги чинеа Хари и Меган 3 милиони долари. Неодамна беше откриено дека славната двојка, која има снимено само документарни серии како „Harry + Meghan“ и друга документарна програма „Live to Lead“ за Нетфликс, ќе снима и нова верзија на „Great Expectations“. Двојката неодамна доживеа голем деловен неуспех, кога нивниот подкаст беше откажан од платформата Spotify.  

The post Хари и Меган во нови деловни авантури appeared first on Република.

]]>
Децата на Меган и Хари можат да ги користат титулите принц и принцеза https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/decata-na-megan-i-hari-mozat-da-gi-koristat-titulite-princ-i-princeza/ Fri, 09 Sep 2022 11:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=549055

Смртта на кралицата Елизабета Втора значи дека синот на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи Маунтбатен-Виндзор, сега е принц – титула што неговата мајка, Меган Маркл тврдеше дека му е одбиена поради неговата раса. Слично и помалата нивна ќерка – Лилибет „Лили“ има право да биде принцеза, по крунисувањето на нејзиниот дедо, кралот Чарлс Трети.

Начелата поставени од прадедото на Хари, кралот Џорџ Петти, уште во 1917 година дозволуваат да им се даваат кралски титули на децата на синовите на кралот (т.е. неговите внуци). Додека кралицата беше на власт, децата на Хари беа нејзини правнуци. Сега кога Чарлс го презеде престолот, децата на Хари официјално се внуци на монархот, па ги исполнуваат условите.

Правилото од 1917 година обезбедува кралски титули за децата на кралот и на најстариот син на кралот (што би значело синот на принцот Вилијам – принцот Џорџ), дури и пред смртта на кралицата.

Иако Арчи и Лили сега можат да ги користат кралските титули, прашање е дали ќе ги користат … Гласините велат дека Хари и Меган одлучиле да не му го дадат епитетот Ерл од Дамбартон, на Арчи, кога се родил, бидејќи биле загрижени дека ќе биде малтретиран поради тоа.

Во „Шоуто на Опра Винфри“ лани, Меган рече дека некои луѓе во палатата не се заинтересирани за тоа Арчи да ја добие титулата принц, поради „темната кожа кога се родил“ …

На прашањето дали би сакала Арчи да има кралска титула, Меган одговори: „Ако тоа значеше дека ќе биде безбеден, тогаш – секако“.

По смртта на кралицата, Хари сега е петти во редот за престолот, а Арчи и Лили би биле шести и седма, соодветно. Титулата принц и принцеза може да им се одземе само ако нивниот дедо Чарлс го промени протоколот откако ќе дојде на престолот.

 

The post Децата на Меган и Хари можат да ги користат титулите принц и принцеза appeared first on Република.

]]>

Смртта на кралицата Елизабета Втора значи дека синот на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи Маунтбатен-Виндзор, сега е принц – титула што неговата мајка, Меган Маркл тврдеше дека му е одбиена поради неговата раса. Слично и помалата нивна ќерка – Лилибет „Лили“ има право да биде принцеза, по крунисувањето на нејзиниот дедо, кралот Чарлс Трети. Начелата поставени од прадедото на Хари, кралот Џорџ Петти, уште во 1917 година дозволуваат да им се даваат кралски титули на децата на синовите на кралот (т.е. неговите внуци). Додека кралицата беше на власт, децата на Хари беа нејзини правнуци. Сега кога Чарлс го презеде престолот, децата на Хари официјално се внуци на монархот, па ги исполнуваат условите. Правилото од 1917 година обезбедува кралски титули за децата на кралот и на најстариот син на кралот (што би значело синот на принцот Вилијам – принцот Џорџ), дури и пред смртта на кралицата. Иако Арчи и Лили сега можат да ги користат кралските титули, прашање е дали ќе ги користат … Гласините велат дека Хари и Меган одлучиле да не му го дадат епитетот Ерл од Дамбартон, на Арчи, кога се родил, бидејќи биле загрижени дека ќе биде малтретиран поради тоа. Во „Шоуто на Опра Винфри“ лани, Меган рече дека некои луѓе во палатата не се заинтересирани за тоа Арчи да ја добие титулата принц, поради „темната кожа кога се родил“ … На прашањето дали би сакала Арчи да има кралска титула, Меган одговори: „Ако тоа значеше дека ќе биде безбеден, тогаш – секако“. По смртта на кралицата, Хари сега е петти во редот за престолот, а Арчи и Лили би биле шести и седма, соодветно. Титулата принц и принцеза може да им се одземе само ако нивниот дедо Чарлс го промени протоколот откако ќе дојде на престолот.  

The post Децата на Меган и Хари можат да ги користат титулите принц и принцеза appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари и Меган тајно ја посетиле Кралицата, првпат по две години https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/princot-hari-i-megan-tajno-ja-posetile-kralicata-prvpat-po-dve-godini/ Fri, 15 Apr 2022 08:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=488760

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган се сретнаа со кралицата Елизабета во четвртокот, изјави неговиот портпарол откако весникот „Сан“ објави за посетата.

Портпаролот рече дека двојката застанала во Велика Британија на пат кон Хаг каде што ќе присуствуваат на игрите Invictus, додавајќи дека Хари претходно изјавил дека се надева дека ќе се види со својата баба.

Бакингемската палата одби да коментира.

„Сан“ објави дека Хари и Меган го виделе и принцот Чарлс за време на посетата на замокот Виндзор, нивното прво заедничко патување во Британија откако ја напуштија функцијата во март 2020 година.

Хари, кој се пресели во САД со Меган, минатиот месец ја пропушти комеморацијата за неговиот дедо, Принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во април минатата година. Неговото отсуство дојде по несогласувањата со британската влада околу безбедносната заштита за време на неговиот престој во Британија.

Кралицата, која ќе наполни 96 години подоцна овој месец, страда од проблеми со движењето и не присуствуваше на годишната миса на Велики четврток во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор. Таа, исто така, нема да присуствува на неделната велигденска миса во Виндзор.

The post Принцот Хари и Меган тајно ја посетиле Кралицата, првпат по две години appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган се сретнаа со кралицата Елизабета во четвртокот, изјави неговиот портпарол откако весникот „Сан“ објави за посетата. Портпаролот рече дека двојката застанала во Велика Британија на пат кон Хаг каде што ќе присуствуваат на игрите Invictus, додавајќи дека Хари претходно изјавил дека се надева дека ќе се види со својата баба. Бакингемската палата одби да коментира. „Сан“ објави дека Хари и Меган го виделе и принцот Чарлс за време на посетата на замокот Виндзор, нивното прво заедничко патување во Британија откако ја напуштија функцијата во март 2020 година. Хари, кој се пресели во САД со Меган, минатиот месец ја пропушти комеморацијата за неговиот дедо, Принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во април минатата година. Неговото отсуство дојде по несогласувањата со британската влада околу безбедносната заштита за време на неговиот престој во Британија. Кралицата, која ќе наполни 96 години подоцна овој месец, страда од проблеми со движењето и не присуствуваше на годишната миса на Велики четврток во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор. Таа, исто така, нема да присуствува на неделната велигденска миса во Виндзор.

The post Принцот Хари и Меган тајно ја посетиле Кралицата, првпат по две години appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари има прекар, Меган го вика „Хаз“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/princot-hari-ima-prekar-megan-go-vika-haz/ Tue, 15 Feb 2022 10:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=458782

Принцот Хари има прекар. Него на скратено Меган му се обраќа со „Хаз“, а ова за првпат се обелодени во Ноќното шоу на Џејмс Корден, пишува Мирор. Во шоуто била пуштена снимка од турнејата на Хари низ Лос Анџелес. Хари е во автобус и преку видеоповик на мобилниот зборува со Меган. „Еј Хаз, како иде турнејата?“, го прашува неговата жена.

Поради ова шоуменот Корден се потсмеваше со принцот:

– Хаз?! Не знаев дека те викаме Хаз! – извикал водителот.

– Па ти не си ми жена- му возвратил Хари.

Но, ова не е единствениот пат кога Меган го нарече Хари со прекар. Таа тоа го направи и за време на гостувањето во шоуто на Елен, кога почна да разговара за неверојатното заедништво меѓу нивните деца. Веројатно тогаш медиумите не обрнаа многу внимание на овој детал.

Хари и Меган живеат во Калифорнија речиси две години, откако се откажаа од своите кралски титули во 2020 година. Тие сѐ уште не имале никој на гости од кралското семејство.

The post Принцот Хари има прекар, Меган го вика „Хаз“ appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари има прекар. Него на скратено Меган му се обраќа со „Хаз“, а ова за првпат се обелодени во Ноќното шоу на Џејмс Корден, пишува Мирор. Во шоуто била пуштена снимка од турнејата на Хари низ Лос Анџелес. Хари е во автобус и преку видеоповик на мобилниот зборува со Меган. „Еј Хаз, како иде турнејата?“, го прашува неговата жена. Поради ова шоуменот Корден се потсмеваше со принцот: – Хаз?! Не знаев дека те викаме Хаз! – извикал водителот. – Па ти не си ми жена- му возвратил Хари. Но, ова не е единствениот пат кога Меган го нарече Хари со прекар. Таа тоа го направи и за време на гостувањето во шоуто на Елен, кога почна да разговара за неверојатното заедништво меѓу нивните деца. Веројатно тогаш медиумите не обрнаа многу внимание на овој детал. Хари и Меган живеат во Калифорнија речиси две години, откако се откажаа од своите кралски титули во 2020 година. Тие сѐ уште не имале никој на гости од кралското семејство.

The post Принцот Хари има прекар, Меган го вика „Хаз“ appeared first on Република.

]]>