меџитлија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medzitlija/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 08:48:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меџитлија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medzitlija/ 32 32 Денеска од 11 до 17 часот блокада на граничниот премин Меџитлија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-od-11-do-17-chasot-blokada-na-granichniot-premin-medhitlija/ Fri, 09 Feb 2024 08:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=742059

Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.

Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија за МИА од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја

The post Денеска од 11 до 17 часот блокада на граничниот премин Меџитлија appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна. Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија за МИА од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби. Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција. Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја

The post Денеска од 11 до 17 часот блокада на граничниот премин Меџитлија appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-go-blokiraat-medhitlija-i-ne-dozvoluvaat-kamionite-so-lignit-da-stigaat-do-rek/ Tue, 06 Feb 2024 09:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=740832

Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Македонија.

Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја.

АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола.

Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот.

Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања.

Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

The post Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Македонија. Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја. АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола. Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот. Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања. Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

The post Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК appeared first on Република.

]]>
Почина 26-годишен мотоциклист, втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола-граничен премин Меџитлија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-26-godishen-mototsiklist-vtora-zhrtva-za-nekolku-dena-na-obnoveniot-pat-bitola-granichen-premin-medhitlija/ Wed, 27 Sep 2023 09:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=685554

Почина 26-годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола-граничен премин Меџитлија, пренесе „Независен“. Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42-годишен маж излета со возилото од коловозот и почина на лице место. И двете жртви се жители на битолското село Кравари. Мештаните за весникот видно потресени велат дека ова се трагедии кои селото го завија во црно, страдаат млади сожители, кои оставаат дома деца сираци. По овие несреќи бараат ограничување на брзината на патот пред училиштето.

Лекарите една недела се бореа за животот на младиот мотоциклист по здобиените тешки телесни повреди при судир во автомобил. Поради сериозноста на повредите беше хоспитализиран на клиниките во Скопје, бил во кома со повреди на главата, а вчера почина.

На 20.09.2023 во 20.22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Кравари, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.В.(45) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.К.(26) од село Кравари, кој потоа удрил во паркирано возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на О.К. од Кравари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Целата сторија на „Независен

The post Почина 26-годишен мотоциклист, втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола-граничен премин Меџитлија appeared first on Република.

]]>

Почина 26-годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола-граничен премин Меџитлија, пренесе „Независен“. Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42-годишен маж излета со возилото од коловозот и почина на лице место. И двете жртви се жители на битолското село Кравари. Мештаните за весникот видно потресени велат дека ова се трагедии кои селото го завија во црно, страдаат млади сожители, кои оставаат дома деца сираци. По овие несреќи бараат ограничување на брзината на патот пред училиштето. Лекарите една недела се бореа за животот на младиот мотоциклист по здобиените тешки телесни повреди при судир во автомобил. Поради сериозноста на повредите беше хоспитализиран на клиниките во Скопје, бил во кома со повреди на главата, а вчера почина.
На 20.09.2023 во 20.22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Кравари, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.В.(45) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.К.(26) од село Кравари, кој потоа удрил во паркирано возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на О.К. од Кравари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Целата сторија на „Независен

The post Почина 26-годишен мотоциклист, втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола-граничен премин Меџитлија appeared first on Република.

]]>
Детали за сообраќајката кај „Меџитлија“: Возачот излетал од коловозот, загинал на лице место https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-soobrakajkata-kaj-medhitlija-vozachot-izletal-od-kolovozot-zaginal-na-litse-mesto/ Sun, 17 Sep 2023 10:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=682573

На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

The post Детали за сообраќајката кај „Меџитлија“: Возачот излетал од коловозот, загинал на лице место appeared first on Република.

]]>

На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

The post Детали за сообраќајката кај „Меџитлија“: Возачот излетал од коловозот, загинал на лице место appeared first on Република.

]]>
Во прекин сообраќајот Битола – Граничен премин Меџитлија, поради сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-prekin-soobrakajot-bitola-granichen-premin-medhitlija-poradi-soobrakajka/ Sun, 17 Sep 2023 07:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=682531

Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија е во прекин за сите возила поради случена сообраќајна незгода, информираа од АМСМ.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 18:00 часот.

The post Во прекин сообраќајот Битола – Граничен премин Меџитлија, поради сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија е во прекин за сите возила поради случена сообраќајна незгода, информираа од АМСМ. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Потсетуваат дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 18:00 часот.

The post Во прекин сообраќајот Битола – Граничен премин Меџитлија, поради сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник на преминот Меџитлија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-se-obidela-da-ja-prenese-kerka-si-vo-bagazhnik-na-preminot-medhitlija/ Thu, 10 Aug 2023 10:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=670710

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23).

За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.

The post Мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник на преминот Меџитлија appeared first on Република.

]]>

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23).

За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.

The post Мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник на преминот Меџитлија appeared first on Република.

]]>
Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/padnato-drvo-go-poprechuva-soobrakjajot-na-patot-bitola-gp-medzitlija/ Mon, 22 Aug 2022 16:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=542933

Поради паднато дрво, од 17:50 часот во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу 1 час за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

The post Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија appeared first on Република.

]]>

Поради паднато дрво, од 17:50 часот во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу 1 час за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

The post Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија appeared first on Република.

]]>
Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија вратен во нормала https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/soobrakjajot-na-granilchniot-premin-medzitlija-vraten-vo-normala/ Thu, 28 Jul 2022 18:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=534410

АМСМ извести дека сообраќајот на Граничниот премин Меџитлија, кон Грција, е нормализиран.

Сообраќајот на ГП Меџитлија беше во прекин во двете насоки од 19:30 часот поради паднато дрво.

The post Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија вратен во нормала appeared first on Република.

]]>

АМСМ извести дека сообраќајот на Граничниот премин Меџитлија, кон Грција, е нормализиран. Сообраќајот на ГП Меџитлија беше во прекин во двете насоки од 19:30 часот поради паднато дрво.

The post Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија вратен во нормала appeared first on Република.

]]>