Медведев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medvedev/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 08:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Медведев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medvedev/ 32 32 Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го побаравте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-za-lansiraneto-nova-raketa-kon-ukraina-go-dobivte-toa-shto-go-pobaravte/ Fri, 22 Nov 2024 08:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=840668

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад врз Украина со хиперсонична балистичка ракета, рече „го добивте тоа што го побаравте“.

„Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев со објавеното видео од нападот, пренесува N1.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран удар врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.

Тој објасни дека станува збор за тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

The post Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го побаравте appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад врз Украина со хиперсонична балистичка ракета, рече „го добивте тоа што го побаравте“. „Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев со објавеното видео од нападот, пренесува N1. Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават. „Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран удар врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин. Тој објасни дека станува збор за тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

The post Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го побаравте appeared first on Република.

]]>
Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори, напиша Медведев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teroristite-go-razbiraat-samo-odmazdnichkiot-teror-nevozmozhno-e-da-se-postapi-poinaku-so-niv-i-so-nivnite-ideoloshki-inspiratori-napisha-medvedev/ Fri, 22 Mar 2024 21:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=757609

Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор. Никакви судења или истраги нема да помогнат ако силата не се спротивстави со сила, а смртта со тотални егзекуции на терористи и репресија врз нивните семејства“, напиша Медведев na X.

Доколку се утврди дека се терористи на режимот во Киев, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори. Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи. Вклучувајќи ги и функционерите на државата што извршила такво злосторство. “, заклучи тој.

The post Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори, напиша Медведев appeared first on Република.

]]>

Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор. Никакви судења или истраги нема да помогнат ако силата не се спротивстави со сила, а смртта со тотални егзекуции на терористи и репресија врз нивните семејства“, напиша Медведев na X. Доколку се утврди дека се терористи на режимот во Киев, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори. Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи. Вклучувајќи ги и функционерите на државата што извршила такво злосторство. “, заклучи тој.

The post Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори, напиша Медведев appeared first on Република.

]]>
Медведев ја обвини Украина, веднаш стигна демант од Подољак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ja-obvini-ukraina-vednash-stigna-demant-od-podolak/ Fri, 22 Mar 2024 20:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=757607

По инцидентот, поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев напиша на Телеграм. По терористичкиот акт тој најави одмазда како единствен одговор што го разбираат терористите.

Искрено сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад, искрена сила до сите најблиски до жртвите. Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор. Никакви судења или истраги нема да помогнат ако силата не се спротивстави со сила, а смртта со тотални егзекуции на терористи и репресија врз нивните семејства“, напиша Медведев.

Доколку се утврди дека се терористи на режимот во Киев, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори. Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи. Вклучувајќи ги и функционерите на државата што извршила такво злосторство. “, заклучи тој.

Медведев набрзо доби демант од Киев.

Да бидеме јасни, Украина нема апсолутно никаква врска со овие настани“, увери советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак на Телеграм, опишувајќи го нападот како терористички чин.

The post Медведев ја обвини Украина, веднаш стигна демант од Подољак appeared first on Република.

]]>

По инцидентот, поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев напиша на Телеграм. По терористичкиот акт тој најави одмазда како единствен одговор што го разбираат терористите.
Искрено сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад, искрена сила до сите најблиски до жртвите. Терористите го разбираат само одмаздничкиот терор. Никакви судења или истраги нема да помогнат ако силата не се спротивстави со сила, а смртта со тотални егзекуции на терористи и репресија врз нивните семејства“, напиша Медведев. Доколку се утврди дека се терористи на режимот во Киев, невозможно е да се постапи поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори. Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи. Вклучувајќи ги и функционерите на државата што извршила такво злосторство. “, заклучи тој.
Медведев набрзо доби демант од Киев.
Да бидеме јасни, Украина нема апсолутно никаква врска со овие настани“, увери советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак на Телеграм, опишувајќи го нападот како терористички чин.
 
The post Медведев ја обвини Украина, веднаш стигна демант од Подољак appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-frantsija-isprati-svoi-vojnitsi-vo-ukraina-prioritet-ke-bide-nivnata-likvidatsija/ Wed, 20 Mar 2024 10:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=756666

Доколку Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и славна задача за руските вооружени сили, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм.

Медведев смета дека е корисно ако Французите испратат неколку полкови во Украина: ќе имаат проблеми да ги сокријат, поради што нема да биде тешко да ги ликвидираат – ќе биде невозможно да се сокрие масовната смрт на француските професионални војници.

„Нивното уништување ќе биде приоритет и славна задача на нашите вооружени сили“, напиша Медведев.

Претходно директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Франција подготвува контингент за испраќање во Украина, кој во првата фаза би броел околу 2.000 војници. Во исто време, според неговите зборови, од Елисејската палата велат дека бројот на убиени Французи во Украина „веќе го преминал психолошкиот праг“, а објавувањето на таквите податоци може да предизвика протести кај граѓаните.

The post Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација appeared first on Република.

]]>

Доколку Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и славна задача за руските вооружени сили, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм. Медведев смета дека е корисно ако Французите испратат неколку полкови во Украина: ќе имаат проблеми да ги сокријат, поради што нема да биде тешко да ги ликвидираат – ќе биде невозможно да се сокрие масовната смрт на француските професионални војници. „Нивното уништување ќе биде приоритет и славна задача на нашите вооружени сили“, напиша Медведев. Претходно директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Франција подготвува контингент за испраќање во Украина, кој во првата фаза би броел околу 2.000 војници. Во исто време, според неговите зборови, од Елисејската палата велат дека бројот на убиени Французи во Украина „веќе го преминал психолошкиот праг“, а објавувањето на таквите податоци може да предизвика протести кај граѓаните.

The post Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација appeared first on Република.

]]>
Медведев: Се поблиску сме до апокалипса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-se-poblisku-sme-do-apokalipsa/ Tue, 29 Aug 2023 10:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=676886

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев ја повтори можноста за „апокалипса“ во случај на натамошна ескалација на конфликтот во Украина.

Повод за неговата изјава е фактот што украинските сили решиле да ги нападнат Русите во анектираниот Крим, тврди „Украинска правда“.

– Украинските криминалци објавија дека добиле одобрение за напади низ цела Русија, на пример за нападот на Крим. Ако ова е вистина (и во моментов нема причина да се сомневаме во тоа), тогаш тоа е директен, правно значаен доказ за соучесништвото на Западот во војната против Русија на страната на државата на Степан Бандера, напиша Медведев на Телеграм.

– Тоа би било повод за војна што ќе ѝ даде можност на Русија да дејствува во рамките на законот за војна против секого и сè во земјите на НАТО. За жал, пророштвата за апокалипса се сè поблиску до нас, додаде тој.

Медведев минатиот месец напиша статија за владиниот весник „Росијскаја газета“, во која истакна дека нуклеарна војна е „сосема веројатна“, но оти нема изгледи за победник во неа. Тој повеќе пати рече дека западната поддршка за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

The post Медведев: Се поблиску сме до апокалипса appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев ја повтори можноста за „апокалипса“ во случај на натамошна ескалација на конфликтот во Украина. Повод за неговата изјава е фактот што украинските сили решиле да ги нападнат Русите во анектираниот Крим, тврди „Украинска правда“.
– Украинските криминалци објавија дека добиле одобрение за напади низ цела Русија, на пример за нападот на Крим. Ако ова е вистина (и во моментов нема причина да се сомневаме во тоа), тогаш тоа е директен, правно значаен доказ за соучесништвото на Западот во војната против Русија на страната на државата на Степан Бандера, напиша Медведев на Телеграм.
– Тоа би било повод за војна што ќе ѝ даде можност на Русија да дејствува во рамките на законот за војна против секого и сè во земјите на НАТО. За жал, пророштвата за апокалипса се сè поблиску до нас, додаде тој. Медведев минатиот месец напиша статија за владиниот весник „Росијскаја газета“, во која истакна дека нуклеарна војна е „сосема веројатна“, но оти нема изгледи за победник во неа. Тој повеќе пати рече дека западната поддршка за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

The post Медведев: Се поблиску сме до апокалипса appeared first on Република.

]]>
Медведев: Во наша корист е тоа што Киев не сака да преговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-vo-nasha-korist-e-toa-shto-kiev-ne-saka-da-pregovara/ Mon, 31 Jul 2023 11:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=667254

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, истакна дека невообичаено го радува тоа што украинскиот лидер одбива секаков вид преговори.

Како што изјави, тоа ќе доведе до конечна победа на Москва.

„Ме радува што на чело на Украина, која се распаѓа како труп, се несвесни робови: тајкуни и изгаснати кловнови, кои за се ги молат прекуокеанските господари. Многу е корисно што сите овие идиоти изнесуваат неодржлива „формула за мир“, а сите други опции за преговори ги одбиваат“, истакна Медведев, додавајќи дека е корисно што „кловнот сениор“ потпишал документ за забрана на преговорите со Русија.

Сето тоа, според него, ќе и овозможи на Русија да го заврши тоа што го започна за време на Специјалната воена операција.

„До крајот на бандеровскиот режим. До крајот на неонацистичката идеологија. До исчезнување на сите подмолни кои убија огромен број свои граѓани поради пари од Западот и да ги задоволат своите болни амбиции, нагласи Медведев.

The post Медведев: Во наша корист е тоа што Киев не сака да преговара appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, истакна дека невообичаено го радува тоа што украинскиот лидер одбива секаков вид преговори. Како што изјави, тоа ќе доведе до конечна победа на Москва.
„Ме радува што на чело на Украина, која се распаѓа како труп, се несвесни робови: тајкуни и изгаснати кловнови, кои за се ги молат прекуокеанските господари. Многу е корисно што сите овие идиоти изнесуваат неодржлива „формула за мир“, а сите други опции за преговори ги одбиваат“, истакна Медведев, додавајќи дека е корисно што „кловнот сениор“ потпишал документ за забрана на преговорите со Русија.
Сето тоа, според него, ќе и овозможи на Русија да го заврши тоа што го започна за време на Специјалната воена операција.
„До крајот на бандеровскиот режим. До крајот на неонацистичката идеологија. До исчезнување на сите подмолни кои убија огромен број свои граѓани поради пари од Западот и да ги задоволат своите болни амбиции, нагласи Медведев.

The post Медведев: Во наша корист е тоа што Киев не сака да преговара appeared first on Република.

]]>
Медведев: Главната работа е да се уништат терористичките водачи без оглед во кои пукнатини се кријат https://arhiva3.republika.mk/vesti/medvedev-glavnata-rabota-e-da-se-unishtat-teroristichkite-vodachi-bez-ogled-vo-koi-puknatini-se-krijat-2/ Mon, 17 Jul 2023 11:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=662256

Заменик - претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев по експлозијата на мостот на Крим истакна дека светското и руското искуство покажува дека „невозможно е да се бориме против терористите со санкции, заплашувања или отстапки“.

„Тие го разбираат само јазикот на силата. Само лични и целосно нехумани методи“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој вели дека е неопходно да се разнесат куќите на терористите и нивните роднини.

„Да се трага и да се елиминираат нивните соучесници, напуштајќи ја бесмислената идеја за судење против нив. Но, главната работа е да се уништат терористичките водачи, без оглед во кои пукнатини се кријат овие инсекти. Тоа е тешко, но можно“, рече заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Рускиот национален антитерористички комитет денеска соопшти дека Киев извршил напад на мостот на Крим со два брода без екипаж. Мостот бил оштетен, две лица загинале, а едно девојче е повредено.

Киев не ги коментираше наводите на Русија, освен изјавата на Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната оперативна команда на украинската армија.

Таа посочи дека експлозиите на мостот може да бидат планирана провокација од страна на Русија за да се откаже од примената на Црноморските договори за извоз на украинско жито. Подоцна во текот на денот, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека овие договори престануваат да важат додека не се исполнат условите поставени од Русија.

The post Медведев: Главната работа е да се уништат терористичките водачи без оглед во кои пукнатини се кријат appeared first on Република.

]]>

Заменик - претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев по експлозијата на мостот на Крим истакна дека светското и руското искуство покажува дека „невозможно е да се бориме против терористите со санкции, заплашувања или отстапки“.
„Тие го разбираат само јазикот на силата. Само лични и целосно нехумани методи“, напиша Медведев на Телеграм.
Тој вели дека е неопходно да се разнесат куќите на терористите и нивните роднини.
„Да се трага и да се елиминираат нивните соучесници, напуштајќи ја бесмислената идеја за судење против нив. Но, главната работа е да се уништат терористичките водачи, без оглед во кои пукнатини се кријат овие инсекти. Тоа е тешко, но можно“, рече заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.
Рускиот национален антитерористички комитет денеска соопшти дека Киев извршил напад на мостот на Крим со два брода без екипаж. Мостот бил оштетен, две лица загинале, а едно девојче е повредено. Киев не ги коментираше наводите на Русија, освен изјавата на Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната оперативна команда на украинската армија. Таа посочи дека експлозиите на мостот може да бидат планирана провокација од страна на Русија за да се откаже од примената на Црноморските договори за извоз на украинско жито. Подоцна во текот на денот, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека овие договори престануваат да важат додека не се исполнат условите поставени од Русија.

The post Медведев: Главната работа е да се уништат терористичките водачи без оглед во кои пукнатини се кријат appeared first on Република.

]]>
Медведев: Судирот со Западот ќе трае со децении, а со Украина трајно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-sudirot-so-zapadot-ke-trae-so-detsenii-a-so-ukraina-trajno/ Mon, 03 Jul 2023 11:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=657681

Поранешниот руски претседатели актуелен заменик шеф на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека конфликтот на Москва со Западот ќе трае со децении, додека конфликтот со Украина може да стане постојан.

Медведев, кој некогаш на Запад се сметаше за либерален модернизатор, е еден од најистакнатите руски јастреби откако Москва лани во февруари ја почна својата инвазија на Украина и неговите ставови одразуваат дел од размислувањата на највисокото ниво на Кремљ, сметаат руските официјални лица.

Во напис за владиниот весник „Росијскаја газета“, Медведев напиша дека тензиите меѓу Русија и Западот се „многу полоши“ отколку за време на кубанската ракетна криза во 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна.

Нуклеарна војна беше „сосема веројатна“, но тешко дека ќе има победник, напиша Медведев, кој постојано повторува дека поддршката на Западот за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

Тој посочи дека меѓу Русија и Западот има остри разлики во однос на Украина, насоката по која оди човештвото и начинот на кој е структуриран светскиот поредок.

„Постои едно нешто што политичарите од сите бои не сакаат да го признаат: таква апокалипса не само што е можна, туку и многу веројатна“, напиша Медведев.

Западните аналитичари сметаат дека „штракањето на Медведев со нуклеарното оружје“ е тактика која има за цел да го заплаши Западот за да ја намали својата воена помош за Украина за официјален Киев да може да почне мировни преговори со Москва.

Медведев истакнува дека Москва останува посветена на спречувањето на членството на Украина во НАТО.

„Нашата цел е едноставна - да ја елиминираме заканата од членството на Украина во НАТО. Ќе го постигнеме тоа - на овој или оној начин“, рече тој.

Со оглед на правилото на НАТО да не се примаат земји вклучени во територијални конфликти, Медведев тврди дека конфликтот со Украина може да стане „траен“ со оглед на неговата егзистенцијална природа за Москва.

„Единствениот начин за деескалација на тензиите меѓу Русија и Западот е да се почнат тешки преговори“, напиша Медведев и додаде „конфликтот ќе биде многу долг, а предоцна е да се скротат непослушните“.

The post Медведев: Судирот со Западот ќе трае со децении, а со Украина трајно appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседатели актуелен заменик шеф на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека конфликтот на Москва со Западот ќе трае со децении, додека конфликтот со Украина може да стане постојан. Медведев, кој некогаш на Запад се сметаше за либерален модернизатор, е еден од најистакнатите руски јастреби откако Москва лани во февруари ја почна својата инвазија на Украина и неговите ставови одразуваат дел од размислувањата на највисокото ниво на Кремљ, сметаат руските официјални лица. Во напис за владиниот весник „Росијскаја газета“, Медведев напиша дека тензиите меѓу Русија и Западот се „многу полоши“ отколку за време на кубанската ракетна криза во 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна. Нуклеарна војна беше „сосема веројатна“, но тешко дека ќе има победник, напиша Медведев, кој постојано повторува дека поддршката на Западот за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт. Тој посочи дека меѓу Русија и Западот има остри разлики во однос на Украина, насоката по која оди човештвото и начинот на кој е структуриран светскиот поредок.
„Постои едно нешто што политичарите од сите бои не сакаат да го признаат: таква апокалипса не само што е можна, туку и многу веројатна“, напиша Медведев.
Западните аналитичари сметаат дека „штракањето на Медведев со нуклеарното оружје“ е тактика која има за цел да го заплаши Западот за да ја намали својата воена помош за Украина за официјален Киев да може да почне мировни преговори со Москва. Медведев истакнува дека Москва останува посветена на спречувањето на членството на Украина во НАТО.
„Нашата цел е едноставна - да ја елиминираме заканата од членството на Украина во НАТО. Ќе го постигнеме тоа - на овој или оној начин“, рече тој.
Со оглед на правилото на НАТО да не се примаат земји вклучени во територијални конфликти, Медведев тврди дека конфликтот со Украина може да стане „траен“ со оглед на неговата егзистенцијална природа за Москва.
„Единствениот начин за деескалација на тензиите меѓу Русија и Западот е да се почнат тешки преговори“, напиша Медведев и додаде „конфликтот ќе биде многу долг, а предоцна е да се скротат непослушните“.

The post Медведев: Судирот со Западот ќе трае со децении, а со Украина трајно appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-glupavite-lideri-na-nato-ja-prifatat-ukraina-kiev-nema-da-se-otkazhe-od-obidot-da-gi-vrati-teritoriite-a-rusija-ke-mora-zhestoko-da-odgovori-so-site-mozhni-sredstva/ Thu, 18 May 2023 10:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=642247

Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства, изјави потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Украина да влезе во алијансата.

„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана.

„Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој.

Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.

The post Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства appeared first on Република.

]]>

Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства, изјави потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Украина да влезе во алијансата.
„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“. Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана. „Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој. Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.

The post Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства appeared first on Република.

]]>
Медведев: Зеленски би можел да заврши како Хитлер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-zelenski-bi-mozhel-da-zavrshi-kako-hitler/ Fri, 12 May 2023 13:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=640194

Украинскиот лидер Владимир Зеленски би можел да заврши како Адолф Хитлер, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев.

„Суштеството во зелено им посака смрт на сите во Кремљ. Но, да не ги извалка тој рацете. Не знаеме како некој ќе умре, бидејќи Божјите патишта се непознати. Но, наркоманот од Киев има шанса да умре токму од својата рака. Би можел да умре, извршувајќи кукавичко самоубиство. Како и Хитлер, голтајќи отров“, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Според една верзија, Хитлер, водачот на нацистичка Германија во Втората светска војна, умрел гризејќи ампула со цијанид во неговиот Фирербункер во Берлин на 30 април 1945 година, додека според друга верзија, тој се самоубил пукајќи во себе.

The post Медведев: Зеленски би можел да заврши како Хитлер appeared first on Република.

]]>

Украинскиот лидер Владимир Зеленски би можел да заврши како Адолф Хитлер, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев. „Суштеството во зелено им посака смрт на сите во Кремљ. Но, да не ги извалка тој рацете. Не знаеме како некој ќе умре, бидејќи Божјите патишта се непознати. Но, наркоманот од Киев има шанса да умре токму од својата рака. Би можел да умре, извршувајќи кукавичко самоубиство. Како и Хитлер, голтајќи отров“, напиша тој на својот канал на Телеграм.
Според една верзија, Хитлер, водачот на нацистичка Германија во Втората светска војна, умрел гризејќи ампула со цијанид во неговиот Фирербункер во Берлин на 30 април 1945 година, додека според друга верзија, тој се самоубил пукајќи во себе.

The post Медведев: Зеленски би можел да заврши како Хитлер appeared first on Република.

]]>
Апсењето на Путин би значело објавување војна против Русија, предупреди Медведев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/apseneto-na-putin-bi-znachelo-objavuvane-vojna-protiv-rusija-predupredi-medvedev/ Thu, 23 Mar 2023 09:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=622767

Апсење на рускиот претседател Владимир Путин врз основа на налогот за апсење издаден минатата недела од Меѓународниот кривичен суд (МКС) би претставувало „објавување војна“ против Москва, предупреди Дмитриј Медведев, член на Советот за безбедност на Русија.

 – Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што е тоа? Објавување војна против Русија. Ако тоа се случи, тогаш сите наши капацитети, проектили и така натаму, ќе паднат врз Бундестагот, канцеларијата и така натаму – изјави синоќа рускиот функционер за локалните медиуми.

На 17 март МКС издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сомничи за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.

The post Апсењето на Путин би значело објавување војна против Русија, предупреди Медведев appeared first on Република.

Медведев: Понатамошното вооружување на Украина нѐ носи поблиску до нуклеарна апокалипса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ponatamoshnoto-vooruzhuvane-na-ukraina-n-nosi-poblisku-do-nuklearna-apokalipsa/ Thu, 23 Mar 2023 09:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=622761

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека опасноста од нуклеарен конфликт е зголемена и дека секоја нова испорака на странско оружје во Украина го приближува светот до „нуклеарна апокалипса“.

– Дали заканата од нуклеарен конфликт исчезна? Не, не е. Се зголеми – изјави Медведев во интервју за руските медиуми, вклучително и за агенцијата ТАС С.

– Секој ден кога се испраќа странско оружје во Украина на крајот ќе ја приближи таа нуклеарна апокалипса – предупреди рускиот политичар.

Медведев смета дека Украина е дел од Русија, иако од геополитички и историски причини, како што рече, рускиот народ е поделен со вештачки граници.

Тој вели и дека Москва не може да дозволи Киев да стане членка на НАТО и во тој случај да започне опсежна операција против Русија под покровителство на Северноатлантската воена алијанса.

Москва се обиде да разбере како е можно членството на Украина во НАТО за Западот, имајќи предвид дека „Украина има свој комплекс за нуклеарно оружје“, рече Медведев и посочи дека тогаш Русија ќе мора да се соочи со соседот кој „не е само членка. на непријателскиот блок, но и планирање на производство на нуклеарно оружје“.

Дополнително, Медведев изјави за руските медиуми дека Западот ќе се меша во претседателските избори во Русија во 2024 година, „како што секогаш правеле“ од распадот на Советскиот Сојуз.

The post Медведев: Понатамошното вооружување на Украина нѐ носи поблиску до нуклеарна апокалипса appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека опасноста од нуклеарен конфликт е зголемена и дека секоја нова испорака на странско оружје во Украина го приближува светот до „нуклеарна апокалипса“. – Дали заканата од нуклеарен конфликт исчезна? Не, не е. Се зголеми – изјави Медведев во интервју за руските медиуми, вклучително и за агенцијата ТАС С. – Секој ден кога се испраќа странско оружје во Украина на крајот ќе ја приближи таа нуклеарна апокалипса – предупреди рускиот политичар. Медведев смета дека Украина е дел од Русија, иако од геополитички и историски причини, како што рече, рускиот народ е поделен со вештачки граници. Тој вели и дека Москва не може да дозволи Киев да стане членка на НАТО и во тој случај да започне опсежна операција против Русија под покровителство на Северноатлантската воена алијанса. Москва се обиде да разбере како е можно членството на Украина во НАТО за Западот, имајќи предвид дека „Украина има свој комплекс за нуклеарно оружје“, рече Медведев и посочи дека тогаш Русија ќе мора да се соочи со соседот кој „не е само членка. на непријателскиот блок, но и планирање на производство на нуклеарно оружје“. Дополнително, Медведев изјави за руските медиуми дека Западот ќе се меша во претседателските избори во Русија во 2024 година, „како што секогаш правеле“ од распадот на Советскиот Сојуз.

The post Медведев: Понатамошното вооружување на Украина нѐ носи поблиску до нуклеарна апокалипса appeared first on Република.

]]>
Ако САД сакаат да ја поразат Русија, тогаш Москва има право да се брани со сите средства, вклучително и со нуклеарно оружје, вели Медведев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-sad-sakaat-da-ja-porazat-rusija-togash-moskva-ima-pravo-da-se-brani-so-site-sredstva-vkluchitelno-i-so-nuklearno-oruzhje-veli-medvedev/ Wed, 22 Feb 2023 09:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=611785

Ако САД сакаат да ја поразат Русија, тогаш Москва има право да се брани со сите средства, вклучително и со нуклеарно оружје, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

Тој ги наведе зборовите на претседателот Владимир Путин кој рече дека „невозможно е да се победи Русија на бојното поле“.

Суспензијата (засега) на СТАРТ-3 е поврзана со ова. Нека види што постигнала американската елита која изгубила контакт со реалноста. Ја следиме и реакцијата на другите нуклеарни земји-членки на НАТО: Франција и Британија. Кога се подготвуваше договорот меѓу САД и СССР (Русија), нивниот нуклеарен потенцијал не беше вклучен во билансот на нуклеарни боеви глави и носачи, а тоа требаше да биде направено одамна“, напиша тој на каналот Телеграм.

The post Ако САД сакаат да ја поразат Русија, тогаш Москва има право да се брани со сите средства, вклучително и со нуклеарно оружје, вели Медведев appeared first on Република.

Медведев: Украина моли за авиони и тенкови, јасно е како мора да одговориме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ukraina-moli-za-avioni-i-tenkovi-jasno-e-kako-mora-da-odgovorime/ Thu, 09 Feb 2023 19:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=607033

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во текот на посетата на фабриката за тенкови во сибирскиот град Омск денеска, изјави дека Москва ќе го зголеми производството на тенкови бидејќи Западот и праќа оружје на Украина.

„Како што знаете, нашиот противник моли во странство за авиони, ракети, тенкови. Како треба ние да одговориме? Во тој случај е јасно, природно е да го зголемиме производството на разно вооружување, вклучувајќи модерни тенкови“, рекол Медведев на видео-снимка објавена на „Telegram“ по посетата на фабриката.

Медведев, кој во текот на својот претседателски мандат бил доживуван како либерал, подоцна се позиционираше како еден од најрадикалните заговорници на војната во Украина, често прикажувајќи ја во апокалиптично светло во своите редовни објави на „Telegram“.

The post Медведев: Украина моли за авиони и тенкови, јасно е како мора да одговориме appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во текот на посетата на фабриката за тенкови во сибирскиот град Омск денеска, изјави дека Москва ќе го зголеми производството на тенкови бидејќи Западот и праќа оружје на Украина.
„Како што знаете, нашиот противник моли во странство за авиони, ракети, тенкови. Како треба ние да одговориме? Во тој случај е јасно, природно е да го зголемиме производството на разно вооружување, вклучувајќи модерни тенкови“, рекол Медведев на видео-снимка објавена на „Telegram“ по посетата на фабриката. Медведев, кој во текот на својот претседателски мандат бил доживуван како либерал, подоцна се позиционираше како еден од најрадикалните заговорници на војната во Украина, често прикажувајќи ја во апокалиптично светло во своите редовни објави на „Telegram“.

The post Медведев: Украина моли за авиони и тенкови, јасно е како мора да одговориме appeared first on Република.

]]>
Медведев: Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-segashnite-ultimatumi-se-samo-zagrevanje-i-detska-igra-za-baranjata-shto-kje-gi-imame-vo-idnina/ Mon, 12 Sep 2022 09:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=549972

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев повторно и се закани на Украина.

Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија, напиша Медведев на Телеграм.

Заканите од Медведев уследија уследи откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва додека Русија поставува ултиматуми.

Претходно, Зеленски во интервју за Си-ен-ен изјави дека сега не е подготвен да преговара со Москва.

Тоа е мојот принцип, не разговарам со тие кои поставуваат ултиматуми, изјави Зеленски, додавајќи оти Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

The post Медведев: Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев повторно и се закани на Украина. Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија, напиша Медведев на Телеграм. Заканите од Медведев уследија уследи откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва додека Русија поставува ултиматуми. Претходно, Зеленски во интервју за Си-ен-ен изјави дека сега не е подготвен да преговара со Москва.
Тоа е мојот принцип, не разговарам со тие кои поставуваат ултиматуми, изјави Зеленски, додавајќи оти Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

The post Медведев: Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако го нападнат Крим, за нив ќе дојде судниот ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-go-napadnat-krim-za-niv-kje-dojde-sudniot-den/ Sun, 17 Jul 2022 16:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=530389

Некои украински политичари се обидуваат да ѝ се заканат на Русија, имајќи во план напад на Крим, изјави Дмитриј Медведев.

Тој додаде дека доколку се случи вакво нешто, тогаш ќе дојде судниот ден за сите нив.

Некои возвишени, крвави кловнови периодично излегуваат со некои изјави и се обидуваат да ни се закануваат, размислувајќи за напад на Крим и слично. Во овој поглед, сакам да кажам дека е сосема очигледно дека тие ги разбираат последиците од таквите изјави. А последиците се очигледни дека доколку се случи вакво нешто, за сите нив веднаш ќе дојде судниот ден. Многу брзо и тешко. Ќе им биде многу тешко да се сокријат“, истакна Медведев.

Според него, Русија ќе биде силна ако води целосно независна надворешна политика, во спротивно земјата едноставно ќе биде распарчена.

The post Медведев: Ако го нападнат Крим, за нив ќе дојде судниот ден appeared first on Република.

]]>

Некои украински политичари се обидуваат да ѝ се заканат на Русија, имајќи во план напад на Крим, изјави Дмитриј Медведев. Тој додаде дека доколку се случи вакво нешто, тогаш ќе дојде судниот ден за сите нив. Некои возвишени, крвави кловнови периодично излегуваат со некои изјави и се обидуваат да ни се закануваат, размислувајќи за напад на Крим и слично. Во овој поглед, сакам да кажам дека е сосема очигледно дека тие ги разбираат последиците од таквите изјави. А последиците се очигледни дека доколку се случи вакво нешто, за сите нив веднаш ќе дојде судниот ден. Многу брзо и тешко. Ќе им биде многу тешко да се сокријат“, истакна Медведев. Според него, Русија ќе биде силна ако води целосно независна надворешна политика, во спротивно земјата едноставно ќе биде распарчена.

The post Медведев: Ако го нападнат Крим, за нив ќе дојде судниот ден appeared first on Република.

]]>
Медведев: Обидот да се ограничи цената на руската нафта може да ја крене до 300 до 400 долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-obidot-da-se-ogranichi-cenata-na-ruskata-nafta-moze-da-ja-krene-do-300-do-400-dolari/ Tue, 05 Jul 2022 11:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=524197

Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност, поранешниот шеф на државата и премиер, Дмитриј Медведев, предупреди на континуиран енормен раст на цените на енергенсите, доколку се остварат обидите на земјите од Г7 да се изгради механизам за ограничување на цените на руската нафта.

Земјите на Г7 на неодамнешниот самит во Германија бјавија дека се согласиле да разгледаат сеопфатна забрана за услуги за транспорт на руската нафта и нафтени деривати по поморски пат ширум светот, доколку не се купува по цена договорена со меѓународните партнери или поевтино.

Во тој контекст Медведев ја споменува изјавата на јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој заедно со челниците на САД, Канада и Велика Британија беа иницијатори за спомената мерка со која треба да се преполови цената на нафтата. Како што истакна во понеделникот Кипшида, особено ќе биде поставена максимална цена на руската нафта и ќе се создаде механизам кој нема да дозволи нејзино купување по повисоки цени.

Преведено од јапонски на руски, тоа значи: 1. Ќе има значително помалку нафта на пазарот, а нејзината цена ќе биде многу повисока. Покрај тоа, таа ќе биде повисока од прогнозираната астрономска цена од 300-400 долари. Нема да има нафта или гас од Русија. Како и учество во проектот за течен природен гас (LNG) ‘Сахалин 2’. Аригато!“ напиша Медведев на својот Telegram канал.

Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, а некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемиле увозот на фосилни горива од Русија.

Уште во април Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ѝ порача на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија може да го создадат еден од најголемите шокови на пазарите на нафта, како и дека картелот не може да ги замени руските количества и дека нема да го зголеми своето производство. Би можело да дојде до губење од 7 милиони барели руска нафта и други енергенси на дневно ниво, поради моменталните и идните санкции и други акции, предупреди генералниот секретар OPEC, Мохамад Баркиндо од Нигерија.

Западните медиуми, повикувајќи се на официјални претставници од ЕУ, пишуваат дека Германија и некои други земји членки на затворен состанок изразиле загриженост за можното ограничување на цените на руската нафта, во заднината на објавата на Г7, особено што најголемите светски производители на нафтата предупредуваат дека нема да биде можно целосно на пазарите да бидат заменети руските барели. Во Берлин објавија дека таквиот предлог бил додаден во заедничкото соопштение под притисок на Вашингтон, а следниот ден американскиот амбасадор побара предлогот да се третира „реално“.

The post Медведев: Обидот да се ограничи цената на руската нафта може да ја крене до 300 до 400 долари appeared first on Република.

]]>

Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност, поранешниот шеф на државата и премиер, Дмитриј Медведев, предупреди на континуиран енормен раст на цените на енергенсите, доколку се остварат обидите на земјите од Г7 да се изгради механизам за ограничување на цените на руската нафта. Земјите на Г7 на неодамнешниот самит во Германија бјавија дека се согласиле да разгледаат сеопфатна забрана за услуги за транспорт на руската нафта и нафтени деривати по поморски пат ширум светот, доколку не се купува по цена договорена со меѓународните партнери или поевтино. Во тој контекст Медведев ја споменува изјавата на јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој заедно со челниците на САД, Канада и Велика Британија беа иницијатори за спомената мерка со која треба да се преполови цената на нафтата. Како што истакна во понеделникот Кипшида, особено ќе биде поставена максимална цена на руската нафта и ќе се создаде механизам кој нема да дозволи нејзино купување по повисоки цени.
Преведено од јапонски на руски, тоа значи: 1. Ќе има значително помалку нафта на пазарот, а нејзината цена ќе биде многу повисока. Покрај тоа, таа ќе биде повисока од прогнозираната астрономска цена од 300-400 долари. Нема да има нафта или гас од Русија. Како и учество во проектот за течен природен гас (LNG) ‘Сахалин 2’. Аригато!“ напиша Медведев на својот Telegram канал.
Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, а некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемиле увозот на фосилни горива од Русија. Уште во април Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ѝ порача на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија може да го создадат еден од најголемите шокови на пазарите на нафта, како и дека картелот не може да ги замени руските количества и дека нема да го зголеми своето производство. Би можело да дојде до губење од 7 милиони барели руска нафта и други енергенси на дневно ниво, поради моменталните и идните санкции и други акции, предупреди генералниот секретар OPEC, Мохамад Баркиндо од Нигерија. Западните медиуми, повикувајќи се на официјални претставници од ЕУ, пишуваат дека Германија и некои други земји членки на затворен состанок изразиле загриженост за можното ограничување на цените на руската нафта, во заднината на објавата на Г7, особено што најголемите светски производители на нафтата предупредуваат дека нема да биде можно целосно на пазарите да бидат заменети руските барели. Во Берлин објавија дека таквиот предлог бил додаден во заедничкото соопштение под притисок на Вашингтон, а следниот ден американскиот амбасадор побара предлогот да се третира „реално“.  

The post Медведев: Обидот да се ограничи цената на руската нафта може да ја крене до 300 до 400 долари appeared first on Република.

]]>
Медведев за Макрон, Шолц и Драги: Европските љубители на жаби, кобасици и шпагети сакаат да го посетуваат Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-za-makron-sholc-i-dragi-evropskite-ljubiteli-na-zabi-kobasici-i-shpageti-sakaat-da-go-posetuvaat-kiev/ Thu, 16 Jun 2022 16:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=516060

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се потсмева на посетата на неколку европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во твит со исмејување на националните стереотипи.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој на англиски, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментално е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот Твитер профил ги исмева изјавите на европските политичари.

Посетата на лидерите „нема никаква корист“, напиша тој. „Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од вотка (украински алкохол) и патуваа со воз, како пред 100 години“. „Да, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукува“, напишал тој.

The post Медведев за Макрон, Шолц и Драги: Европските љубители на жаби, кобасици и шпагети сакаат да го посетуваат Киев appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се потсмева на посетата на неколку европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во твит со исмејување на националните стереотипи.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој на англиски, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги. Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментално е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот Твитер профил ги исмева изјавите на европските политичари. Посетата на лидерите „нема никаква корист“, напиша тој. „Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од вотка (украински алкохол) и патуваа со воз, како пред 100 години“. „Да, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукува“, напишал тој.

The post Медведев за Макрон, Шолц и Драги: Европските љубители на жаби, кобасици и шпагети сакаат да го посетуваат Киев appeared first on Република.

]]>
Медведев: Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но во случај на напад веднаш ќе одговориме исклучително силно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-nema-da-dozvoli-izbuvnuvanje-na-treta-svetska-vojna-no-vo-sluchaj-na-napad-vednash-kje-odgovorime-iskluchitelno-silno/ Tue, 17 May 2022 21:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=503572

Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но во случај на напад земјата е во состојба веднаш да одговори исклучително силно, изјави на Телеграм заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, по посетата на нуклеарниот центар Саров.

Тој рускиот нуклеарен штит го нарече „арсенал на модерно, доверливо и ефикасно оружје, што сè уште ги лади амбициите на оние кои се подготвени да ја започнат Третата светска војна со свои и туѓи раце“.

Нема да дозволиме таква ситуација. Но, принудени сме постојано да потсетуваме дека во случај на напад врз нашата земја, можеме веднаш да испратиме исклучително силен одговор. Отфрлете секаква агресија што ја загрозува нашата држава“, напиша Медведев

The post Медведев: Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но во случај на напад веднаш ќе одговориме исклучително силно appeared first on Република.

]]>

Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но во случај на напад земјата е во состојба веднаш да одговори исклучително силно, изјави на Телеграм заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, по посетата на нуклеарниот центар Саров. Тој рускиот нуклеарен штит го нарече „арсенал на модерно, доверливо и ефикасно оружје, што сè уште ги лади амбициите на оние кои се подготвени да ја започнат Третата светска војна со свои и туѓи раце“.
Нема да дозволиме таква ситуација. Но, принудени сме постојано да потсетуваме дека во случај на напад врз нашата земја, можеме веднаш да испратиме исклучително силен одговор. Отфрлете секаква агресија што ја загрозува нашата држава“, напиша Медведев

The post Медведев: Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но во случај на напад веднаш ќе одговориме исклучително силно appeared first on Република.

]]>
Медведев: Европа нема да издржи ни една недела без рускиот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-evropa-nema-da-izdrzi-ni-edna-nedela-bez-ruskiot-gas/ Sat, 23 Apr 2022 09:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=492539

Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека Европа нема да издржи повеќе од една недела доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта.

Тој на Телеграм напиша дека „Европската комисија дозволи плаќање за гас во рубљи со што смета дека европскиот бизнис сепак може да го применува указот на претседателот на Русија“.

Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери, особено ако се земат предвид најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа без руски гас може да издржи најмногу шест месеци, изјави со потсмев Медведев.

– Но да бидеме сериозни, тоа нема да трае ни една недела, напиша Медведев.

The post Медведев: Европа нема да издржи ни една недела без рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека Европа нема да издржи повеќе од една недела доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта. Тој на Телеграм напиша дека „Европската комисија дозволи плаќање за гас во рубљи со што смета дека европскиот бизнис сепак може да го применува указот на претседателот на Русија“.
Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери, особено ако се земат предвид најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа без руски гас може да издржи најмногу шест месеци, изјави со потсмев Медведев. – Но да бидеме сериозни, тоа нема да трае ни една недела, напиша Медведев.

The post Медведев: Европа нема да издржи ни една недела без рускиот гас appeared first on Република.

]]>