медиумска писменост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mediumska-pismenost/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 15:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медиумска писменост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mediumska-pismenost/ 32 32 Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-obrazovanieto-za-mediumska-pismenost-e-moken-sojuznik-vo-borbata-protiv-lazhnite-vesti-i-dezinformatsiite/ Wed, 30 Oct 2024 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=832500

Медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите. Тие пак, се особено честа појава на глобалниот интернет простор каде со примена на вештачката интелигенција се креираат сé пософистицирани содржини и важно е граѓаните да поседуваат вештини за нивно препознавање, за разликување факти од фикција, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на Националната конференција „Медиумската писменост во образованието“.

Со образованието за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини критички да ги анализираат содржините што ги добиваат од различни извори, да ги разбираат соодветно на контекстот, да ги поврзуваат со други информации и да бидат во состојба да го проценат нивниот квалитет и како резултат на тоа самостојно да носат одлуки и судови базирани на факти, нагласи Јаневска.

Медиумската писменост во наставните програми од основното образование е вклучена на различни начини.

Медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставната програма по мајчин јазик - македонски, албански, турски, српски и босански. Другиот начин е интегрирање на медиумската писменост со останатите теми и подрачја, со цел да им се овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во една целина. Таа може да се користи како алатка за реализација на одделни активности во речиси сите наставни предмети, во различни одделенија. Исто така, одделни аспекти од медиумската писменост може продлабочено да се изучуваат преку слободните изборни предмети од четврто до деветто одделение“, посочи министерката Јаневска, додавајќи дека преку соодветни обуки е предвидено и јакнење на компетенциите на наставниците.

Денешната Национална конференција е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, универзитетите и младинските клубови.

Министерката Јаневска им изрази благодарност на сите организации, институции и поединци што како дел од проектот им овозможуваат на децата и младите медиумски да се описменат, со што придонесуваат кон градење отпорно граѓанско општество со демократски потенцијал.
Изрази уверување дека презентацијата на резултатите од досегашната имплементација на медиумската писменост од прво до деветто одделение и најавените чекори за нејзино воведување во средното образование ќе значат натамошно подобрување на нашиот образовен систем.

The post Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите appeared first on Република.

]]>

Македонија има најлоши резултати во регионот во однос на ПИСА тестовите и медиумската писменост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ima-najloshi-rezultati-vo-regionot-vo-odnos-na-pisa-testovite-i-mediumskata-pismenost/ Mon, 07 Nov 2022 14:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=571002

Земјава има најлошите резултати во регионот во поглед на ПИСА тестовите, заедно со најнискиот резултат за индексот на медиумска писменост, од сите земји во Европа, според Извештајот за човековиот развој.

Другите податоци велат дека Македонија е на петто место во светот по стапката на смртноста од Ковид-19, а шокот од пандемијата најмногу ги оптоварува жените.

Исто така, како што се забележува во Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), иако Македонија имала мало подобрување минатата година, општата перцепција на корупцијата придонесува кон слабото владеење во државата и можноста за демократско назадување.

Извештајот беше презентиран денеска во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Насловен е „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува“, а е изработен од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

ИНЧР е индекс со кој се укажува на основните постигнувања во човековиот развој на глобално ниво, а и земја по земја. Тој го претставува нивото на на напредок за постигнување на посакуваниот човечки стандард на живеење во суштински области како што се образованието, долговечноста и економскиот развој.

The post Македонија има најлоши резултати во регионот во однос на ПИСА тестовите и медиумската писменост appeared first on Република.

]]>

Земјава има најлошите резултати во регионот во поглед на ПИСА тестовите, заедно со најнискиот резултат за индексот на медиумска писменост, од сите земји во Европа, според Извештајот за човековиот развој. Другите податоци велат дека Македонија е на петто место во светот по стапката на смртноста од Ковид-19, а шокот од пандемијата најмногу ги оптоварува жените. Исто така, како што се забележува во Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), иако Македонија имала мало подобрување минатата година, општата перцепција на корупцијата придонесува кон слабото владеење во државата и можноста за демократско назадување. Извештајот беше презентиран денеска во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Насловен е „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува“, а е изработен од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). ИНЧР е индекс со кој се укажува на основните постигнувања во човековиот развој на глобално ниво, а и земја по земја. Тој го претставува нивото на на напредок за постигнување на посакуваниот човечки стандард на живеење во суштински области како што се образованието, долговечноста и економскиот развој.  

The post Македонија има најлоши резултати во регионот во однос на ПИСА тестовите и медиумската писменост appeared first on Република.

]]>
Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/intervencijata-prodziren-chovek-im-se-obrakja-na-mladite-za-da-ja-pottikne-nivnata-mediumska-i-informaciska-pismenost/ Thu, 27 Oct 2022 07:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=566117

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн.

Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“.

„Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост.

Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.

Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет.

Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.

Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.

Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.

Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.

Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.

Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.

Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.

The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн. Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“. „Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост. Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.
Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.
Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет. Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.
Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.
Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.
Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.
Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.
Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.
Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.
 
The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>
Медиумската писменост и студентите – панел-дискусија на Филолошкиот факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mediumskata-pismenost-i-studentite-panel-diskusija-na-filoloshkiot-fakultet/ Thu, 27 Oct 2022 06:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=566074

Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 (25 октомври -1 ноември) денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи панел-дискусија „Медиумската писменост и студентите“.

Панел-дискусијата ќе ја отворат проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за наука и меѓународна соработка, и доц. д-р Кристина Н. Николовска, раководителка на проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“.

За различни аспекти поврзани со медиумската писменост, високото образование и маргинализираните заедници ќе дискутираат: Блејк Смит, професор од Универзитетот во Чикаго, Фулбрајтов научник на Филолошкиот факултет; Гордана Алексова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик; Бранислав Геразов, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ); Бојан Шашевски, новинар од Радио МОФ; Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик; Саранда Мехмеди, студентка, поетеса, препејувачка и активистка за правата не бегалците и Кристијан Лазаров, студент и активист за правата на лицата со оштетен вид, соопшти Филолошкиот факултет.

Проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“ е дел од програмата „Младите размислуваат“, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). Ја спроведува ИРЕКС / IREX (Меѓународeн одбор за истражување и размена) во соработка со локалните партнери – Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младинскиот образовен форум.

The post Медиумската писменост и студентите – панел-дискусија на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 (25 октомври -1 ноември) денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи панел-дискусија „Медиумската писменост и студентите“. Панел-дискусијата ќе ја отворат проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за наука и меѓународна соработка, и доц. д-р Кристина Н. Николовска, раководителка на проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“.