медицинска дијагноза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meditsinska-dijagnoza/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 14:03:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медицинска дијагноза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meditsinska-dijagnoza/ 32 32 Две деца со иста болест може да имаат различни нивоа на функционирање, попреченоста нема да се утврдува само со медицинска дијагноза, донесен е нов правилник https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dve-detsa-so-ista-bolest-mozhe-da-imaat-razlichni-nivoa-na-funktsionirane-poprechenosta-nema-da-se-utvrduva-samo-so-meditsinska-dijagnoza-donesen-e-nov-pravilnik/ Tue, 28 Feb 2023 14:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=614268

Две деца со иста болест може да имаат различни нивоа на функционирање, попреченоста нема да се утврдува само со медицинска дијагноза, донесен е нов правилник кој е објавен во Службен весник на 17 јануари 2023, кажа денеска Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која присустуваше и ја поддржа кампањатта „Ги запознаваме ретките болести - 28 дена во февруари со 28 ретки дијанози“ која се спроведе низ целата држава и се заокружи денеска.

Говорејќи за новиот правилник, Тренчевска рече дека со тоа се напушта стариот медицински модел на гледање на здравствената состојба и попреченоста, каде во основата беше само медицинската дијагноза.

Со ова го напуштаме стариот медицински модел на гледање на здравствената состојба и попреченоста, каде во основата беше само медицинската дијагноза. Меѓународната класификација на функционирање ги опфаќа сите аспекти на човековото здравје и одредени здравствени компоненти на благосостојбата и ги опишува во однос на здравјето и во однос на состојби поврзани со здравјето. Она што е поважно дава опис и на ситуации во поглед на функционирањето на децата, но и ограничувањата од средината за нивно целосно учество. Две деца со иста болест може да имаат различни нивоа на функционирање, додаде Тренчевска.

Таа информираше дека оваа нова методологија ќе послужи во наредниот период како алатка за креирање на социјалните политики - при планирањето на системите за надоместоци од социјалната и детската заштита, планирањето на услугите, понатаму во образованието при изработка на наставните програми, потребната поддршка во образовните установи, за подигнување на свеста и преземање на општествена акција.

Министерката соопшти дека досега во овие нови тела за проценка функционален профил е направен за 1.699 деца. Таа додаде дека веќе може да се забележат и конкретни видливи резултати.

Од направените проценки на 884 деца им е препорачана образовна асистенција во рамките на редовното образование, додека Владата за учебната 2022/2023 година обезбеди средства во висина од 5,7 милиони евра за вработување на 720 образовни асистенти, коишто обезбедуваат поддршка на наставниот кадар, во работата со учениците со посебни образовни потреби. Потребата од остварување на правата од детска заштита, веќе се остваруваат преку овие нови тела, а исто така и сите останати мерки за дополнителна поддршка, во областа на социјалната и детската заштита, образованието и здравството, изјави министерката.

Тренчевска потсети дека беше донесена измена и дополнување на одлуката за цената на социјалните услуги за 2023 година, каде е определена цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете од стручен работник во лиценцираните дневни центри, 997 денари за индивидуален третман и 1.185 денари дневно по корисник, платени преку центрите за социјална работа.

Им пристапивме на центрите што даваат индивидуални услуги да им ја доближиме можноста да испорачуваат услуги платени од државата и да им ја објасниме процедурата за лиценцирање. Во тек е лиценцирање на неколку вакви даватели на индивидуални третмани и отворање на нов ваков центар развиен преку проект на МТСП, рече Тренчевска.

Дополнително, додаде таа, започната е трансформација и адаптација на Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје, кои досега обезбедува резиденцијални услуги, во модерен рехабилитациски сервис, што ќе обезбедува најразлични видови на индивидуализирани услуги за децата кои имаат потреба од истите, за кои се обезбедени средства од 1,7 милиони евра од ИПА 2019 - ЕУ. Градежните активности започнуваат од месец март оваа година.

Министерката нагласи дека пристапот базиран на човековите права за секое лице, во целост го одразува социјалниот модел и ги менува ставовите во општеството.

Овие промени во ставовите ги менуваат социјалниот, здравствениот и образовниот систем и допринесуваат до воведување на повеќе услуги за поддршка во делот на независното живеење, живеење во заедницата, вклучување во редовниот образовен систем, обезбедување на квалитетна здравствена заштита и осовременување на политиките за вработување. Кога обезбедуваме поддршка на секое дете и лице да го достигне целосниот свој потенцијал, да ги развие до највисока можна мера своите способности, ние инвестираме во иднината. Инвестираме во можноста секој да придонесува во општеството, во нашиот заеднички напредок и во општата благосостојба. Само сите заедно и што повеќе јавни институции, граѓански организации, како и самите лица со ретки болести вклучени во овој процес, значат подигнување на свеста за важноста на потребите на луѓето со ретка болест. Се надевам дека на овој инклузивен начин процесите ќе продолжат и понатаму. Болестите се ретки, ама луѓето со ретки болести не се сами, рече Тренчевска.

The post Две деца со иста болест може да имаат различни нивоа на функционирање, попреченоста нема да се утврдува само со медицинска дијагноза, донесен е нов правилник appeared first on Република.

]]>

Две деца со иста болест може да имаат различни нивоа на функционирање, попреченоста нема да се утврдува само со медицинска дијагноза, донесен е нов правилник кој е објавен во Службен весник на 17 јануари 2023, кажа денеска Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која присустуваше и ја поддржа кампањатта „Ги запознаваме ретките болести - 28 дена во февруари со 28 ретки дијанози“ која се спроведе низ целата држава и се заокружи денеска. Говорејќи за новиот правилник, Тренчевска рече дека со тоа се напушта стариот медицински модел на гледање на здравствената состојба и попреченоста, каде во основата беше само медицинската дијагноза.
Со ова го напуштаме стариот медицински модел на гледање на здравствената состојба и попреченоста, каде во основата беше само медицинската дијагноза. Меѓународната класификација на функционирање ги опфаќа сите аспекти на човековото здравје и одредени здравствени компоненти на благосостојбата и ги опишува во однос на здравјето и во однос на состојби поврзани со здравјето. Она што е поважно дава опис и на ситуации во поглед на функционирањето на децата, но и ограничувањата од средината за нивно целосно учество. Две деца со иста болест може да имаат различни нивоа на функционирање, додаде Тренчевска.
Таа информираше дека оваа нова методологија ќе послужи во наредниот период како алатка за креирање на социјалните политики - при планирањето на системите за надоместоци од социјалната и детската заштита, планирањето на услугите, понатаму во образованието при изработка на наставните програми, потребната поддршка во образовните установи, за подигнување на свеста и преземање на општествена акција. Министерката соопшти дека досега во овие нови тела за проценка функционален профил е направен за 1.699 деца. Таа додаде дека веќе може да се забележат и конкретни видливи резултати.
Од направените проценки на 884 деца им е препорачана образовна асистенција во рамките на редовното образование, додека Владата за учебната 2022/2023 година обезбеди средства во висина од 5,7 милиони евра за вработување на 720 образовни асистенти, коишто обезбедуваат поддршка на наставниот кадар, во работата со учениците со посебни образовни потреби. Потребата од остварување на правата од детска заштита, веќе се остваруваат преку овие нови тела, а исто така и сите останати мерки за дополнителна поддршка, во областа на социјалната и детската заштита, образованието и здравството, изјави министерката.
Тренчевска потсети дека беше донесена измена и дополнување на одлуката за цената на социјалните услуги за 2023 година, каде е определена цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете од стручен работник во лиценцираните дневни центри, 997 денари за индивидуален третман и 1.185 денари дневно по корисник, платени преку центрите за социјална работа.
Им пристапивме на центрите што даваат индивидуални услуги да им ја доближиме можноста да испорачуваат услуги платени од државата и да им ја објасниме процедурата за лиценцирање. Во тек е лиценцирање на неколку вакви даватели на индивидуални третмани и отворање на нов ваков центар развиен преку проект на МТСП, рече Тренчевска.
Дополнително, додаде таа, започната е трансформација и адаптација на Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје, кои досега обезбедува резиденцијални услуги, во модерен рехабилитациски сервис, што ќе обезбедува најразлични видови на индивидуализирани услуги за децата кои имаат потреба од истите, за кои се обезбедени средства од 1,7 милиони евра од ИПА 2019 - ЕУ. Градежните активности започнуваат од месец март оваа година. Министерката нагласи дека пристапот базиран на човековите права за секое лице, во целост го одразува социјалниот модел и ги менува ставовите во општеството.