Медитерански игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mediteranski-igri/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Sep 2023 09:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Медитерански игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mediteranski-igri/ 32 32 Косово ќе биде домаќин на Медитеранските игри 2030 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kosovo-ke-bide-domakin-na-mediteranskite-igri-2030/ Sat, 09 Sep 2023 09:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=680201

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се одржа во Ираклион, Грција, одлучи да му ја додели на Косово организацијата на Медитеранските игри во 2030 година.

Како што јавуваат косовските медиуми, кандидатурата на Косово, поточно Приштина, ја претставија премиерот Албин Курти, претседателот на Косовскиот олимписки комитет (КОК), Исмет Красниќи и генералниот секретар на КОК, Бесим Алити, а на седницата на Собранието на МКМИ беа присутни и други високи владини претставници, меѓу кои и тројца министри.

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Претходно, Собранието на МКМИ ја смени регулативата со која на земјите без излез на море не им се даваше можност да ги организираат Медитеранските игри, со што се отвори патот за организирање на меѓународниот спортски настан во главниот град на Косово.

Во гласањето учествуваа 66 делегати на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри. За кандидатурата на Приштина гласаа 55 од нив, осум беа против, а тројца воздржани.

На Медитеранските игри учествуваат спортисти од 26 земји. Десет од овие земји не го признаваат Косово.

Се очекува Косово да инвестира над 250 милиони евра за организација на овој голем спортски настан. „Приштина 2030“ ќе биде 21. издание на Медитеранските игри.

Според медиумските извештаи од Грција, на вчерашното Собание имало обиди на претставници на Србија да ја блокираат кандидатурата на Косово, но тоа не им успеало.

Откако кандидатурата на Приштина беше прогласена за победничка, со делегатите разговараше и премиерот на Косово, Албин Курти, кој изјави дека ова е одлична одлука за Косово и неговите граѓани.

Одлични вести за Косово и за сите нас. Благодарност до сите што ја поддржаа кандидатурата. Ја цениме можноста што ни е дадена да ги обединиме 26-те членки на Медитеранските игри во нашата земја... Ова достигнување е резултат на голема работа. Не се работи само за медали, туку и за поттикнување на пријателството. Овие игри ќе бидат одличен доказ за големината на Косово и медитеранскиот регион, рече Курти

Во 2026 година Медитеранските игри ќе се одржат во Таранто, Италија, а последните се одржаа во Оран, Алжир минатата година. На игрите во Оран учествуваа 3.298 спортисти, а се очекува дека над три илјади спортисти ќе учествуваат и на игрите во Приштина.

Косовските спортисти веќе учествуваа на две изданија на Медитеранските игри, на кои, благодарение на џудистите, имаат освоено неколку медали.

The post Косово ќе биде домаќин на Медитеранските игри 2030 appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се одржа во Ираклион, Грција, одлучи да му ја додели на Косово организацијата на Медитеранските игри во 2030 година. Како што јавуваат косовските медиуми, кандидатурата на Косово, поточно Приштина, ја претставија премиерот Албин Курти, претседателот на Косовскиот олимписки комитет (КОК), Исмет Красниќи и генералниот секретар на КОК, Бесим Алити, а на седницата на Собранието на МКМИ беа присутни и други високи владини претставници, меѓу кои и тројца министри. Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела. Претходно, Собранието на МКМИ ја смени регулативата со која на земјите без излез на море не им се даваше можност да ги организираат Медитеранските игри, со што се отвори патот за организирање на меѓународниот спортски настан во главниот град на Косово. Во гласањето учествуваа 66 делегати на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри. За кандидатурата на Приштина гласаа 55 од нив, осум беа против, а тројца воздржани. На Медитеранските игри учествуваат спортисти од 26 земји. Десет од овие земји не го признаваат Косово. Се очекува Косово да инвестира над 250 милиони евра за организација на овој голем спортски настан. „Приштина 2030“ ќе биде 21. издание на Медитеранските игри. Според медиумските извештаи од Грција, на вчерашното Собание имало обиди на претставници на Србија да ја блокираат кандидатурата на Косово, но тоа не им успеало. Откако кандидатурата на Приштина беше прогласена за победничка, со делегатите разговараше и премиерот на Косово, Албин Курти, кој изјави дека ова е одлична одлука за Косово и неговите граѓани.
Одлични вести за Косово и за сите нас. Благодарност до сите што ја поддржаа кандидатурата. Ја цениме можноста што ни е дадена да ги обединиме 26-те членки на Медитеранските игри во нашата земја... Ова достигнување е резултат на голема работа. Не се работи само за медали, туку и за поттикнување на пријателството. Овие игри ќе бидат одличен доказ за големината на Косово и медитеранскиот регион, рече Курти
Во 2026 година Медитеранските игри ќе се одржат во Таранто, Италија, а последните се одржаа во Оран, Алжир минатата година. На игрите во Оран учествуваа 3.298 спортисти, а се очекува дека над три илјади спортисти ќе учествуваат и на игрите во Приштина. Косовските спортисти веќе учествуваа на две изданија на Медитеранските игри, на кои, благодарение на џудистите, имаат освоено неколку медали.

The post Косово ќе биде домаќин на Медитеранските игри 2030 appeared first on Република.

]]>
Женската ракометна репрезентација загуби и од Србија на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/zenskata-rakometna-reprezentacija-zagubi-i-od-srbija-na-mediteranskite-igri/ Fri, 01 Jul 2022 15:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=522248

Женската репрезентација на Македонија која на Медитеранските игри во Алжир настапува со состав од кадетско-младински микс, беше поразена на вториот натпревар од поискусната репрезентација на Србија со 18:26 (8:10). Ракометарките на Србија победата ја обезбедија во второто полувреме кога при нерешен резултат од 16:16 направија серија од 8:0 и рутински ја завршија задачата во денешниот дуел. Во првиот натпревар, Македонија беше поразена од Турција.

Избраничките на Љубомир Савевски во првото полувреме се обидуваа да им парираат на поискусните ракометарки од Србија, кои во најголемиот дел од првите 30 минути беа во водство од еден до два гола разлика, но репрезентацијата на Македонија, најчесто преку Кипријановска не дозволуваше составот на Урош Брегар да се одлепи на поголема предност.

извор: 24 ракомет.мк

The post Женската ракометна репрезентација загуби и од Србија на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Женската репрезентација на Македонија која на Медитеранските игри во Алжир настапува со состав од кадетско-младински микс, беше поразена на вториот натпревар од поискусната репрезентација на Србија со 18:26 (8:10). Ракометарките на Србија победата ја обезбедија во второто полувреме кога при нерешен резултат од 16:16 направија серија од 8:0 и рутински ја завршија задачата во денешниот дуел. Во првиот натпревар, Македонија беше поразена од Турција. Избраничките на Љубомир Савевски во првото полувреме се обидуваа да им парираат на поискусните ракометарки од Србија, кои во најголемиот дел од првите 30 минути беа во водство од еден до два гола разлика, но репрезентацијата на Македонија, најчесто преку Кипријановска не дозволуваше составот на Урош Брегар да се одлепи на поголема предност. извор: 24 ракомет.мк

The post Женската ракометна репрезентација загуби и од Србија на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-so-poraz-od-turcija-startuvaa-na-mediteranskite-igri/ Thu, 30 Jun 2022 15:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=521679

Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови.

Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.

The post Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови. Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.

The post Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>
Борачот Нуров ѝ го донесе првото злато на Македонија на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/borachot-nurov-go-donese-prvoto-zlato-na-makedonija-na-mediteranskite-igri/ Tue, 28 Jun 2022 20:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=520915

Магомегаџи Нуров го донесе првиот златен медал за Македонија на Медитеранските игри што се одржуваат во Алжир, откако во драматично финале успеа да слави над турскиот борач Фејзулах Актурк со 4-3.

Борбата беше супер-интересна, Актурк поведе со 0-3, но токму тогаш Нуров ја покажа својата класа. Веднаш по краткиот одмор македонскиот репрезентативец намали на 2-3, а завршниот удар го зададе буквално во последните секунди, откако со одличен зафат успеа да се најде зад грбот на Турчинот, освојувајќи два бода за конечен триумф и златен медал.

За Нуров ова е втор златен медал на Медитеранските игри за Македонија, повторувајќи го успехот од 2018 година во Тарагона.

Ова е втор медал за македонските борачи во Алжир, откако неколку часа претходно Егоров освои бронза за нашата земја.

The post Борачот Нуров ѝ го донесе првото злато на Македонија на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Магомегаџи Нуров го донесе првиот златен медал за Македонија на Медитеранските игри што се одржуваат во Алжир, откако во драматично финале успеа да слави над турскиот борач Фејзулах Актурк со 4-3. Борбата беше супер-интересна, Актурк поведе со 0-3, но токму тогаш Нуров ја покажа својата класа. Веднаш по краткиот одмор македонскиот репрезентативец намали на 2-3, а завршниот удар го зададе буквално во последните секунди, откако со одличен зафат успеа да се најде зад грбот на Турчинот, освојувајќи два бода за конечен триумф и златен медал. За Нуров ова е втор златен медал на Медитеранските игри за Македонија, повторувајќи го успехот од 2018 година во Тарагона. Ова е втор медал за македонските борачи во Алжир, откако неколку часа претходно Егоров освои бронза за нашата земја.

The post Борачот Нуров ѝ го донесе првото злато на Македонија на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометари промашија пенал за победа над домаќинот Алжир на Медитеранските Игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-promashija-penal-za-pobeda-nad-domakjinot-alzir-na-mediteranskite-igri/ Tue, 28 Jun 2022 20:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=520910

Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено 24:24 со Алжир, домаќин на Медитеранските игри 2022.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го почнаа натпреварот и по шест минути имаа три голови предност (4:1). Во 20. минута предноста беше два гола (9:7), а потоа следуваше мал пад во играта и минути за домашните ракометари. До паузата се играше гол за гол и на одмор се отиде со нерешени 15:15.

Во второто полувреме двете селекции имаа свој периоди. Алжирците почнаа со 3:0 за водство со (15:18). Следуваше серија на Македонците со 7:1 и водство до 22:19. Алжир повторно поведе (22:24), за конечно во 60. минута при резултат 24:24, Иван Џонов да промаши пенал за триумф на македонската селекција.

Двете селекции имаат по четири бода од два натпревара и се на првите две места на табелата во Б-групата.

Во оваа група вечерва играат Шпанија и Турција. Слободна е репрезентацијата на Грција.

The post Македонските ракометари промашија пенал за победа над домаќинот Алжир на Медитеранските Игри appeared first on Република.

]]>

Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено 24:24 со Алжир, домаќин на Медитеранските игри 2022. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го почнаа натпреварот и по шест минути имаа три голови предност (4:1). Во 20. минута предноста беше два гола (9:7), а потоа следуваше мал пад во играта и минути за домашните ракометари. До паузата се играше гол за гол и на одмор се отиде со нерешени 15:15. Во второто полувреме двете селекции имаа свој периоди. Алжирците почнаа со 3:0 за водство со (15:18). Следуваше серија на Македонците со 7:1 и водство до 22:19. Алжир повторно поведе (22:24), за конечно во 60. минута при резултат 24:24, Иван Џонов да промаши пенал за триумф на македонската селекција. Двете селекции имаат по четири бода од два натпревара и се на првите две места на табелата во Б-групата. Во оваа група вечерва играат Шпанија и Турција. Слободна е репрезентацијата на Грција.

The post Македонските ракометари промашија пенал за победа над домаќинот Алжир на Медитеранските Игри appeared first on Република.

]]>
Македонското знаме развиорено на Медитеранските игри во Алжир https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskoto-zname-razvioreno-na-mediteranskite-igri-vo-alzir/ Sun, 26 Jun 2022 12:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=519856

Каратистката Симона Заборка и таеквондистот Дејан Георгиевски го носеа македонското знаме синоќа на Свеченото отворање на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонската експедиција во Оран брои 114 лица од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

Во Олимпискиот комитет на Македонија се надеваат дека македонските репрезентативци ќе освојат поголем број медали во споредба со претходните Игри кои ни донесоа шест одличја.

Игрите во Оран ќе траат до 6 јули и на нив ќе настапат околу 3.390 натпреварувачи од 25 земји.

The post Македонското знаме развиорено на Медитеранските игри во Алжир appeared first on Република.

]]>

Каратистката Симона Заборка и таеквондистот Дејан Георгиевски го носеа македонското знаме синоќа на Свеченото отворање на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Македонската експедиција во Оран брои 114 лица од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување. Во Олимпискиот комитет на Македонија се надеваат дека македонските репрезентативци ќе освојат поголем број медали во споредба со претходните Игри кои ни донесоа шест одличја. Игрите во Оран ќе траат до 6 јули и на нив ќе настапат околу 3.390 натпреварувачи од 25 земји.

The post Македонското знаме развиорено на Медитеранските игри во Алжир appeared first on Република.

]]>
Ракометарките и ракометарите ги дознаа противниците на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometarkite-i-rakometarite-gi-doznaa-protivnicite-na-mediteranskite-igri/ Tue, 31 May 2022 09:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=509139

Македонската машка и женска ракометна репрезентација денес ги дознаа противниците за групната фаза на Медитеранските игри кои ќе се одржат во Алжир.

Машката сениорска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Турција, Грција и домаќинот Алжир.

Ракометарките исто така ќе бидат во Б-групата. Нивни ривалки се: Србија, Португалија и Турција.

Медитерански Игри ќе се одржат во Оран од 25 јуни до 5 јули.

 

The post Ракометарките и ракометарите ги дознаа противниците на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Македонската машка и женска ракометна репрезентација денес ги дознаа противниците за групната фаза на Медитеранските игри кои ќе се одржат во Алжир. Машката сениорска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Турција, Грција и домаќинот Алжир. Ракометарките исто така ќе бидат во Б-групата. Нивни ривалки се: Србија, Португалија и Турција. Медитерански Игри ќе се одржат во Оран од 25 јуни до 5 јули.  

The post Ракометарките и ракометарите ги дознаа противниците на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>