Медитерански игри во Оран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mediteranski-igri-vo-oran/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Jul 2022 18:53:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Медитерански игри во Оран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mediteranski-igri-vo-oran/ 32 32 Остана без злато: Георгиевски го откажа полуфиналето поради стомачен вирус https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ostana-bez-zlato-georgievski-go-otkaza-polufinaleto-poradi-stomachen-virus/ Sun, 03 Jul 2022 18:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=523296

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе мора да се задоволи само со бронзен медал од Медитеранските игри. Тој не настапи во полуфиналето поради стомачен вирус.

– Дејан Георгиевски за жал денес ќе застане на бронзен медал од медитеранските игри во Алжир, иако уште од утрово јас и брат ми бевме во дилема дали воопшто да настапи Деки заради високиот ранкинг првата борба беше слободен, за втората борба иако речиси без сила тој во негов натчовечки стил собра сили настапи и ја победи првата борба, со тоа обезбеди бронза за Македонија. За кусо требаше да биде полуфиналната борба на МИ 2022, заради доброто на нашата олимписка икона ќе мораме да го прекинеме денешниот поход.Деки денес имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус, соопшти Дарко Костовски, еден од тренерите на Дејан Георгиевски.

Во 2018 година Георгиевски освои сребрен медал на Медитеранските игри во Шпанија, а на овие Игри беше прв фаворит за златото. 

The post Остана без злато: Георгиевски го откажа полуфиналето поради стомачен вирус appeared first on Република.

]]>

Македонските ракометари ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-kje-igraat-vo-polufinaleto-na-mediteranskite-igri/ Sat, 02 Jul 2022 21:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=522891

Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Ова е епилогот по вечерашниот последен натпревар од Б-групата во кој Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31:19.

Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија бодовите.

Со максимални 12 бода, Шпанците како првопласирани одат во полуфиналната фаза, додека избраниците на селекторот Кирил Лазаров се втори со седум бодови (+18 гол-разлика). Алжир е трет исто така со седум бодови и гол разлика +3. Турција е четврта со три бода, додека Грција е последно пласирана без ниту еден бод.

Во полуфиналето закажано за 4 јули (понеделник) македонските ракометари ќе се соочат со Египет, додека Шпанија за противник ќе ја има српската репрезентација.

The post Македонските ракометари ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Ова е епилогот по вечерашниот последен натпревар од Б-групата во кој Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31:19. Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија бодовите. Со максимални 12 бода, Шпанците како првопласирани одат во полуфиналната фаза, додека избраниците на селекторот Кирил Лазаров се втори со седум бодови (+18 гол-разлика). Алжир е трет исто така со седум бодови и гол разлика +3. Турција е четврта со три бода, додека Грција е последно пласирана без ниту еден бод. Во полуфиналето закажано за 4 јули (понеделник) македонските ракометари ќе се соочат со Египет, додека Шпанија за противник ќе ја има српската репрезентација.

The post Македонските ракометари ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>
Италија пресилна за македонските одбојкари на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-presilna-za-makedonskite-odbojkari-na-mediteranskite-igri/ Tue, 28 Jun 2022 10:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=520690

Македонската одбојкарска репрезентација претпладнево загуби од Италија со 3:0 на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Италија се покажа како пресилен противник за „црвено-жолтите“ добивајќи го мечот со максимални 3:0, по сетови 25:19, 25:16 и 25:23.

Ова беше втор пораз за Македонците на одбојкарскиот турнир на МИ. Претходно загубија од Египет, исто така со 3:0.

Од А-групата во следната фаза пласман обезбедија Италија со две победи и Египет со една.

The post Италија пресилна за македонските одбојкари на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација претпладнево загуби од Италија со 3:0 на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Италија се покажа како пресилен противник за „црвено-жолтите“ добивајќи го мечот со максимални 3:0, по сетови 25:19, 25:16 и 25:23. Ова беше втор пораз за Македонците на одбојкарскиот турнир на МИ. Претходно загубија од Египет, исто така со 3:0. Од А-групата во следната фаза пласман обезбедија Италија со две победи и Египет со една.

The post Италија пресилна за македонските одбојкари на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>
Георгиевски и Заборска го развеаа македонското знаме во Оран https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/georgievski-i-zaborska-go-razveaa-makedonskoto-zname-vo-oran/ Sat, 25 Jun 2022 21:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=519771

Македонскиот медитерански тим со вкупно 114 членови од кои 77 спортисти вечерва продефилира на отворањето на годинешните Медитерански игри во Оран (Алжир).

Сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, еден од нашите најголеми адути за златен медал и каратистката Симона Заборка беа знаменосци на отворањето пред преполните трибини на стадионот.

Медитеранскиот тим брои 114 членови од кои 77 се спортисти што е убедливо најголема бројка на наши спортисти на еден ваков спортски самит. Македонија има претставници во ракомет и одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување. Натпреварите на игрите почнуваат утре, а први од нашите спортисти кои ќе настапат ќе бидат каратистите, како и женската одбојкарска репрезентација која по десет години пауза се враќа на големите настани.

Извор: Спорт1.мк

The post Георгиевски и Заборска го развеаа македонското знаме во Оран appeared first on Република.

]]>

Македонскиот медитерански тим со вкупно 114 членови од кои 77 спортисти вечерва продефилира на отворањето на годинешните Медитерански игри во Оран (Алжир). Сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, еден од нашите најголеми адути за златен медал и каратистката Симона Заборка беа знаменосци на отворањето пред преполните трибини на стадионот. Медитеранскиот тим брои 114 членови од кои 77 се спортисти што е убедливо најголема бројка на наши спортисти на еден ваков спортски самит. Македонија има претставници во ракомет и одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување. Натпреварите на игрите почнуваат утре, а први од нашите спортисти кои ќе настапат ќе бидат каратистите, како и женската одбојкарска репрезентација која по десет години пауза се враќа на големите настани.
Извор: Спорт1.мк

The post Георгиевски и Заборска го развеаа македонското знаме во Оран appeared first on Република.

]]>