медикоптер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medikopter/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 15:04:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медикоптер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medikopter/ 32 32 Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/osumgodishno-devojche-od-ohrid-so-medikopter-preneseno-na-operatsija-vo-istanbul/ Mon, 27 May 2024 15:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=782135

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно девојче до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб.

Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.

– На 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи, било упатено барање од родителот на детето за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул. Детето кое се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Поради наведените здравствени проблеми, долготрајниот транспорт е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето – наведува ЦУК.

По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено.

The post Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно девојче до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб. Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.
– На 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи, било упатено барање од родителот на детето за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул. Детето кое се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Поради наведените здравствени проблеми, долготрајниот транспорт е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето – наведува ЦУК.
По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено.  

The post Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Вчера 1.568 повици на 112 и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-vchera-1-568-povitsi-na-112-i-prv-angazhman-na-medikopter-vo-spasitelna-aktsija/ Mon, 18 Dec 2023 08:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=724197

Во последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,90 отсто, а 58,10 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните.

Како што информираат од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 40,00 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени 0,44 проценти.

Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,56 проценти од „реалните“, што секако заедно со другите 58,10 отсто „неитни повици“ (933 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението.

Од специфичните итни случаи од вчера, ЦУК го издвојува спасувањето повреден од непристапен терен.

- Регионалниот ЦУК Скопје извести дека по утринскиот повик на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е координирана спасителната акција за повредено лице, ловец, со скршена нога, на непристапен и опасен терен во реон на с.Буковиќ (Општина Сарај). Преку Секторот за операции и координација во ЦУК, заради непристапноста на теренот, било упатено барање до МВР за ангажирање на воздухоплов. МВР веднаш одговорило на задачата и медикоптерот - пред неговата промоција со симулација за спасување во Битола, на која оправдано задоцни, имаше прв лет за спасување при реална ситуација. При ова спасување и транспортирање на опасно повреден во тешки услови на речиси непристапен терен, согласно повратните информации за развој на извлекувањето, сите ангажирани институции, служби, членови на здруженија и мештани реагираа максимално координирано и оптимално во интерес на вкупната безбедност, а особено за безбедноста на повредениот - за при извлекувањето од бездната за да не дојде до поголеми повреди на скршената нога. Ловците, кои покажаа и голема саморганизираност и знаења за спасување на терен и дејствуваа по професионалните совети на докторите од ИМП, на полицијата, на пилотите, а и на мештаните, по спасителната акција се јавија во ЦУК искажувајќи голема благодарност до сите ангажирани за време на спасителната акција, а и по приемот во болница. Тие самоиницијативно ја искажаа таа благодарност и преку социјалните мрежи и информираа дека по операцијата повредениот ловец е во добра состојба, се наведува во соопштението.

Од ЦУК информираат дека за вакви специфични спасителни акции е евидентно дека овозможуваат да се подигне знаењето на граѓаните како треба да се подготват кога одат во планински предели и како да реагираат и да соработуваат со институциите од Системот за управување со кризи во слични животозагрозувачки ситуации.

The post ЦУК: Вчера 1.568 повици на 112 и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција appeared first on Република.

]]>

Во последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,90 отсто, а 58,10 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните. Како што информираат од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 40,00 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени 0,44 проценти.
Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,56 проценти од „реалните“, што секако заедно со другите 58,10 отсто „неитни повици“ (933 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението.
Од специфичните итни случаи од вчера, ЦУК го издвојува спасувањето повреден од непристапен терен.
- Регионалниот ЦУК Скопје извести дека по утринскиот повик на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е координирана спасителната акција за повредено лице, ловец, со скршена нога, на непристапен и опасен терен во реон на с.Буковиќ (Општина Сарај). Преку Секторот за операции и координација во ЦУК, заради непристапноста на теренот, било упатено барање до МВР за ангажирање на воздухоплов. МВР веднаш одговорило на задачата и медикоптерот - пред неговата промоција со симулација за спасување во Битола, на која оправдано задоцни, имаше прв лет за спасување при реална ситуација. При ова спасување и транспортирање на опасно повреден во тешки услови на речиси непристапен терен, согласно повратните информации за развој на извлекувањето, сите ангажирани институции, служби, членови на здруженија и мештани реагираа максимално координирано и оптимално во интерес на вкупната безбедност, а особено за безбедноста на повредениот - за при извлекувањето од бездната за да не дојде до поголеми повреди на скршената нога. Ловците, кои покажаа и голема саморганизираност и знаења за спасување на терен и дејствуваа по професионалните совети на докторите од ИМП, на полицијата, на пилотите, а и на мештаните, по спасителната акција се јавија во ЦУК искажувајќи голема благодарност до сите ангажирани за време на спасителната акција, а и по приемот во болница. Тие самоиницијативно ја искажаа таа благодарност и преку социјалните мрежи и информираа дека по операцијата повредениот ловец е во добра состојба, се наведува во соопштението.
Од ЦУК информираат дека за вакви специфични спасителни акции е евидентно дека овозможуваат да се подигне знаењето на граѓаните како треба да се подготват кога одат во планински предели и како да реагираат и да соработуваат со институциите од Системот за управување со кризи во слични животозагрозувачки ситуации.

The post ЦУК: Вчера 1.568 повици на 112 и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција appeared first on Република.

]]>
Конечно Македонија ќе добие медикоптер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/konechno-makedonija-ke-dobie-medikopter/ Sat, 16 Dec 2023 19:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=723755

Утре, (17.12.2023), на хелиодромот на Општа болница Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември”, Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на хеликоптерот со новата опрема за итна медицинска помош, најавува МВР.

Инаку, идејата за медицински хеликоптер во Македонија е од поодамна, а во 2019 година во Градската општа болница „8 Септември“ беше ставен во функција хелиодромот што се наоѓа на само неколку метри од главниот влез на болницата.

Директорот Христијан Костов тогаш беше во интензивни преговори и за набавка на целосно опремен хелихоптер за потребите на болницата со кој за најмногу 30 минути ќе може да се транспортира пациент од кој било крај на земјата.

„За само половина час може да биде транспортиран пациент до нашата установа од кој било крај на земјата, а за тој период ќе му биде пружена соодветната помош и интервенција доколку тоа е неопходно“, рече пред четири години директорот Костов.

Градската општа болница „8 Септември“ требаше да биде првата државна медицинска установа со сопствен медикоптер и хелиодром. До сега хелиодром поседуваше само Клиничкиот центар, но без сопствен хеликоптер за транспорт на пациенти.

The post Конечно Македонија ќе добие медикоптер appeared first on Република.

]]>

Утре, (17.12.2023), на хелиодромот на Општа болница Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември”, Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на хеликоптерот со новата опрема за итна медицинска помош, најавува МВР. Инаку, идејата за медицински хеликоптер во Македонија е од поодамна, а во 2019 година во Градската општа болница „8 Септември“ беше ставен во функција хелиодромот што се наоѓа на само неколку метри од главниот влез на болницата. Директорот Христијан Костов тогаш беше во интензивни преговори и за набавка на целосно опремен хелихоптер за потребите на болницата со кој за најмногу 30 минути ќе може да се транспортира пациент од кој било крај на земјата.