медали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medali/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 17:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/medali/ 32 32 Компанија која работи со „Астон Мартин“ се понуди да ги поправи „фушерајските“ медали https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kompanija-koja-raboti-so-aston-martin-se-ponudi-da-gi-popravi-fusherajskite-medali/ Sat, 17 Aug 2024 17:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=807546

Откако спортистите се пожалија дека освоените медали се „фушерски“ изработени, Компанија која произведува делови за производителот на автомобили Астон Мартин понуди бесплатно да ги поправа оштетените медали.

Компанијата се вика Wottons и е специјализирана за медали, значки, граѓански одликувања… Станува збор за британска компанија со 200 години историја, со седиште во областа за накит во Бирмингем. Работела за кралски куќи ширум светот.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/fusherajski-izraboteni-medalite-pochnaa-da-se-raspagaat/

The post Компанија која работи со „Астон Мартин“ се понуди да ги поправи „фушерајските“ медали appeared first on Република.

]]>

Откако спортистите се пожалија дека освоените медали се „фушерски“ изработени, Компанија која произведува делови за производителот на автомобили Астон Мартин понуди бесплатно да ги поправа оштетените медали. Компанијата се вика Wottons и е специјализирана за медали, значки, граѓански одликувања… Станува збор за британска компанија со 200 години историја, со седиште во областа за накит во Бирмингем. Работела за кралски куќи ширум светот. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/fusherajski-izraboteni-medalite-pochnaa-da-se-raspagaat/

The post Компанија која работи со „Астон Мартин“ се понуди да ги поправи „фушерајските“ медали appeared first on Република.

]]>
Еден сребрен и три бронзени медали за македонскиот тим кој учестуваше на Светската олимпијада по геонауки во Кина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/eden-srebren-i-tri-bronzeni-medali-za-makedonskiot-tim-koj-uchestuvashe-na-svetskata-olimpijada-po-geonauki-vo-kina/ Fri, 16 Aug 2024 08:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=807103

Македонскиот национален тим освои еден сребрен и три бронзени медали на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 која се одржа во Пекинг, Кина.

Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево освоија бронзени медали во категоријата на индивидуален тест на знаења и тоа помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Михаела Павловска од Македонска Каменица освои сребрен медал, а Атанас Ташковски од Крушево бронза во категоријата за интернационална тимска презентација.

Честитки за учениците, нивните родители, наставници, а секако и до Македонското географско друштво (МГД) и неговиот претседател кој придонесе во организација на целиот национален процес од државните натпревари, преку соодветната логистика, помош околу спонзорства и др. Јас, како главен ментор, заедно заедно со колегата ментор Свемир Горин, се потрудивме за тие кратки 2 месеци да ги подготвиме децата најдобро што може, да ги организираме до овде (Кина) и соодветно да ја претставиме нашата Македонија пред 300 ученици, ментори, наставници, професори, истражувачи. Одиме понатаму, изјави проф. д-р Ивина Милевски, еден од водачите на тимот.

The post Еден сребрен и три бронзени медали за македонскиот тим кој учестуваше на Светската олимпијада по геонауки во Кина appeared first on Република.

]]>

Македонскиот национален тим освои еден сребрен и три бронзени медали на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 која се одржа во Пекинг, Кина. Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево освоија бронзени медали во категоријата на индивидуален тест на знаења и тоа помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Михаела Павловска од Македонска Каменица освои сребрен медал, а Атанас Ташковски од Крушево бронза во категоријата за интернационална тимска презентација.
Честитки за учениците, нивните родители, наставници, а секако и до Македонското географско друштво (МГД) и неговиот претседател кој придонесе во организација на целиот национален процес од државните натпревари, преку соодветната логистика, помош околу спонзорства и др. Јас, како главен ментор, заедно заедно со колегата ментор Свемир Горин, се потрудивме за тие кратки 2 месеци да ги подготвиме децата најдобро што може, да ги организираме до овде (Кина) и соодветно да ја претставиме нашата Македонија пред 300 ученици, ментори, наставници, професори, истражувачи. Одиме понатаму, изјави проф. д-р Ивина Милевски, еден од водачите на тимот.

The post Еден сребрен и три бронзени медали за македонскиот тим кој учестуваше на Светската олимпијада по геонауки во Кина appeared first on Република.

]]>
Седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали за нашите танчери на Светското првенство во Полска https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sedum-zlatni-deset-srebreni-i-osum-bronzeni-medali-za-nashite-tancheri-na-svetskoto-prvenstvo-vo-polska/ Thu, 02 May 2024 16:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=773480

Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали.

Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија.

Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери.

Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди.

Три дена колку што траеше Светското првенство во Варшава, Dancers United и Македонија беа вистински репрезенти на македонската култура и уметност. Официјален судија од Македонија беше Сара Кочан.

WADF Warsaw Championship  2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. На овој натпревар од светски рамки во кој учествуваа 22 држави бевме поддржани од Министерството за култура.

Златен медал освоија:

–Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни
–Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори
– Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс
–The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група
–Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група
– Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс
– Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1

Сребрен медал:

– Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни
–Су Али – Џајв – Соло Мини кидс
–Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс
–Су Али – Самба – Соло Мини кидс
– ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни
– The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс
– Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1

Бронзен медал:

– Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни
– Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс
– Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни
– Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс
– Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс
– Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

The post Седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали за нашите танчери на Светското првенство во Полска appeared first on Република.

]]>

Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали. Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија. Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди. Три дена колку што траеше Светското првенство во Варшава, Dancers United и Македонија беа вистински репрезенти на македонската култура и уметност. Официјален судија од Македонија беше Сара Кочан. WADF Warsaw Championship  2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. На овој натпревар од светски рамки во кој учествуваа 22 држави бевме поддржани од Министерството за култура. Златен медал освоија: –Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни –Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори – Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс –The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група –Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група – Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс – Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1 Сребрен медал: – Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни –Су Али – Џајв – Соло Мини кидс –Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс –Су Али – Самба – Соло Мини кидс – ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни – The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс – Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1 Бронзен медал: – Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1 – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни – Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс – Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни – Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс – Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс – Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

The post Седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали за нашите танчери на Светското првенство во Полска appeared first on Република.

]]>
Танчерите на Dancers United освоија 25 медали на Светското првенство латино танци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tancherite-na-dancers-united-osvoija-25-medali-na-svetskoto-prvenstvo-latino-tantsi/ Thu, 02 May 2024 09:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=773335

Танчерите на Dancers United освоија вкупно 25 медали на Светското првенство во латино танци коешто се одржа во Варшава, Полска од 27 до 29 април.

Танчерите освоија седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали во повеќе категории – од најмалите – мини кидс до младинци и возрасни.

Освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди, вели Сара Кочан од Dancers United, која беше официјален судија од Македонија на шампионатот.

WADF Warsaw Championship 2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. Учестуваа 22 држави, а македонскиот тим имал поддршка од Министерството за култура.


Ова се наградените:

Златен медал
–Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни
–Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори
– Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс
–The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група
–Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група
– Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс
– Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1

Сребрен медал
– Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни
–Су Али – Џајв – Соло Мини кидс
–Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс
–Су Али – Самба – Соло Мини кидс
– ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни
– The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс
– Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1

Бронзен медал

– Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни
– Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс
– Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни
– Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс
– Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс
– Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

The post Танчерите на Dancers United освоија 25 медали на Светското првенство латино танци appeared first on Република.

]]>

Танчерите на Dancers United освоија вкупно 25 медали на Светското првенство во латино танци коешто се одржа во Варшава, Полска од 27 до 29 април. Танчерите освоија седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали во повеќе категории – од најмалите – мини кидс до младинци и возрасни.
Освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди, вели Сара Кочан од Dancers United, која беше официјален судија од Македонија на шампионатот.
WADF Warsaw Championship 2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. Учестуваа 22 држави, а македонскиот тим имал поддршка од Министерството за култура. Ова се наградените: Златен медал –Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни –Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори – Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс –The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група –Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група – Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс – Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1 Сребрен медал – Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни –Су Али – Џајв – Соло Мини кидс –Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс –Су Али – Самба – Соло Мини кидс – ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни – The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс – Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1 Бронзен медал – Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1 – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни – Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс – Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни – Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс – Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс – Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

The post Танчерите на Dancers United освоија 25 медали на Светското првенство латино танци appeared first on Република.

]]>
Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското победничко знаме среде Германија! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-i-eva-sokolovski-go-razveaja-makedonskoto-pobednichko-zname-srede-germanija/ Wed, 21 Feb 2024 09:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=746441

Илина и Ева Соколовски се македонска спортска гордост, а тој епитет заслужено го добија, бидејќи скоро една деценија носат само металји во ритмичка гимнастика во Германија. Доказ за тоа дека Македонија навистина треба да се гордее со нив е и последниот натпревар каде Илина освои злато, а Ева бронза.

Овој викенд Илина и Ева се натпреварува во Верл, во Северна Вествалија на натпреварот Gaumeisterschaften 2024, кој е турнир со традиција. Иако имаа силна конкуренција, сепак,  Илина(17) освои првото место, додека Ева(14) го освои третото место .

Но, и двете немаат време да се израдуваат на медалјите, бидејќи нивната победничка мисија продолжува понатаму, на интернационални натпревари.

Илина овој турнир го мета како згревње, бидејќи идната недела заминува на еден од најголемите турнири по ритмичка гимнастика во Естонија, додека Ева на овој турнир ги комплетираше новите кореографи со кои ќе настапи на јуниорскто Балканско првество по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Босна. Двете на овие интернационални натпревари ќе ја претставуваат Македонија.

Освен тоа Илина со голема помош од Макдонската федерација за гимнастка на чело со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе ја преставува Македонија на Европско првенство по ритмичка гимнастика во сениорска конкуренција, кое ке се одржи во од 20-26 мај во Будимпешта.

-Заминувам за Естонија свесна е дека ќе се натпреварувам со елитата по ритмичка гимнастика. Посакувам секако, но не окекувам да се случи нешто поголемо. Сакам само да си измерам силите со најдобрите со моите нови кореографии и едноставно да ми биде подготовка за настап на  Европското првенство во Будимпешта, вели Илина.

Овие две македонски сонца со родителите живеат и растат во Германија. Иако се со  македонски пасош Германија се гордее што ги има, бидејќи и двете нижат само успеси, а Илина и поради резултатите и поради талентот веќе се натпреварува во Бундес лига.  Од минатата година Илина и Ева почнаа да ја претставуваат Македонија на интернационални натпревари. Нивниот сон е еден ден да ги бранат боите на македонското знаме на Олимпијата.

The post Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското победничко знаме среде Германија! appeared first on Република.

]]>

Илина и Ева Соколовски се македонска спортска гордост, а тој епитет заслужено го добија, бидејќи скоро една деценија носат само металји во ритмичка гимнастика во Германија. Доказ за тоа дека Македонија навистина треба да се гордее со нив е и последниот натпревар каде Илина освои злато, а Ева бронза. Овој викенд Илина и Ева се натпреварува во Верл, во Северна Вествалија на натпреварот Gaumeisterschaften 2024, кој е турнир со традиција. Иако имаа силна конкуренција, сепак,  Илина(17) освои првото место, додека Ева(14) го освои третото место . Но, и двете немаат време да се израдуваат на медалјите, бидејќи нивната победничка мисија продолжува понатаму, на интернационални натпревари. Илина овој турнир го мета како згревње, бидејќи идната недела заминува на еден од најголемите турнири по ритмичка гимнастика во Естонија, додека Ева на овој турнир ги комплетираше новите кореографи со кои ќе настапи на јуниорскто Балканско првество по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Босна. Двете на овие интернационални натпревари ќе ја претставуваат Македонија. Освен тоа Илина со голема помош од Макдонската федерација за гимнастка на чело со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе ја преставува Македонија на Европско првенство по ритмичка гимнастика во сениорска конкуренција, кое ке се одржи во од 20-26 мај во Будимпешта. -Заминувам за Естонија свесна е дека ќе се натпреварувам со елитата по ритмичка гимнастика. Посакувам секако, но не окекувам да се случи нешто поголемо. Сакам само да си измерам силите со најдобрите со моите нови кореографии и едноставно да ми биде подготовка за настап на  Европското првенство во Будимпешта, вели Илина. Овие две македонски сонца со родителите живеат и растат во Германија. Иако се со  македонски пасош Германија се гордее што ги има, бидејќи и двете нижат само успеси, а Илина и поради резултатите и поради талентот веќе се натпреварува во Бундес лига.  Од минатата година Илина и Ева почнаа да ја претставуваат Македонија на интернационални натпревари. Нивниот сон е еден ден да ги бранат боите на македонското знаме на Олимпијата.

The post Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското победничко знаме среде Германија! appeared first on Република.

]]>
54 медали за Македонија во традиционално карате на ИТКФ Светскиот шампионат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/54-medali-za-makedonija-vo-tradicionalno-karate-na-itkf-svetskiot-shampionat/ Tue, 15 Nov 2022 07:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=573914

Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 54 медали – 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на 21. ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети како и на 1. ИТКФ Светски куп за деца „Хидетака Нишијама“ кој се одржа на викендот во Скопје.

Златни медали освоија:
Аљоша Недев – 1 место во фукуго и кати за сениори – (светски шампион)
Јадранка Недев – 1 место во кати за сениорки – (светски шампион)
Мила Саздова – 1 место во ката, кого кумите и фукуго за младинки – (светски шампион)
Мила Младеновска – 1 место во ката и кого-кумите за кадетки – (светски шампион)
Мила Саздова и Димитри Влахо – 1 место во енбу м/м за младинци- (светски шампион)
Берта Милевска и Бојан Богдановиќ- 1 место во енбу м/м за сениори – (светски шампион)
Марта Димковска – 1 место во кихон за деца 12-13г.
Тиме Крстев – 1 место во кихон ипон за деца 6-7 г.
Филип Недев – 1 место во ката и кихон ипон за деца 8-9 г.
Лука Крстевски – 1 место во кихон за деца 8-9 г.
Ива Димковска – 1 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г.
Бране Клепов – 1 место во кихин за деца 10-11г.
Филип Пасков – 1 место во ката и кихон за деца 12-13 г.

Сребрени медали освоија:
Аљоша Недев – 2 место во кого кумите за сениори
Берта Милевска – 2 место во кого-кумите сениорки
Ристо Сакалиев – 2 место во ката за ветерани
Антонија Белазелкоска – 2 место во ката младинки
Димитри Влахо – 2 место во фукуго и кого-кумите за јуниори|
Мила Младеновска – 2 место во фукуго кадетки
Мила Младеновска и Димитри Влахо – 2 место во енбу м/ж за јуниори
Марта Димковска – 2 место во кати и џиу ипон кумуте за деца 12-13г.
Мариастела Топаловска – 2 место во кихон за деца 10-11г.
2 место во ката тим деца 8-9г. (Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски)
2 место ката тим деца 6-8г. (Срна Вапски, Ива Спасеновска, Ана Ѓуриќ)
Војдан Паламидовски – 2 место во ката за деца 6-7г.

Бронзени медали освоија:
Јадранка Недева – 3 место во фукуго сениорки
Антонија Белазелкоска – 3 место во фукуго за младинки
Јана Милевска – 3 место во фукуго и кого кумите за младинки
Ристо Сакалиев – 3 место во кумите за ветерани
Кочо Василевски – 3 место во кумите за ветерани
Елена Бичева – 3 место во кумите и кого-кумите за сениорки
Сашо Спасовски – 3 место во кумите за сениори
Наум Јаковлев – 3 место во кумите јуниори
Изабела Пренковска – 3 место во ката деца 12-13г.
Мариастела Топалоска – 3 место во џиу ипон кумите за деца 12-13г.
Бране Клепов – 3 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г.
Жика Манасов – 3 место во кихон ипон за деца 8-9 г.
Георги Кокорманов – 3 место во кихон деца 6-7г.
3 место  кумите тим сениорки (Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска и Елена Бичева)
3 место  кумите тим младинки (Мила Саздова, Антонија Белазелкоска, Јана Милевска)
3 место ката тим деца 6-9г. (Ирина Крстевска, Неда Костадиновска, Софиа Топалоска)
3 место ката тим деца 6-7г. (Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Максим Поп-Трпев)
3 место џ.ипон кумите тим деца 10-11г. (Камелија Недев, Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска)
3 место ката тим деца 10-11г. (Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска).

ИТКФ светскиот шампионат и куп беше организиран од страна на Македонската традиционална карате федерација. Учествуваа 456 напреварувачи од 44 земји.

The post 54 медали за Македонија во традиционално карате на ИТКФ Светскиот шампионат appeared first on Република.

]]>

Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 54 медали – 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на 21. ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети како и на 1. ИТКФ Светски куп за деца „Хидетака Нишијама“ кој се одржа на викендот во Скопје. Златни медали освоија: Аљоша Недев – 1 место во фукуго и кати за сениори – (светски шампион) Јадранка Недев – 1 место во кати за сениорки – (светски шампион) Мила Саздова – 1 место во ката, кого кумите и фукуго за младинки – (светски шампион) Мила Младеновска – 1 место во ката и кого-кумите за кадетки – (светски шампион) Мила Саздова и Димитри Влахо – 1 место во енбу м/м за младинци- (светски шампион) Берта Милевска и Бојан Богдановиќ- 1 место во енбу м/м за сениори – (светски шампион) Марта Димковска – 1 место во кихон за деца 12-13г. Тиме Крстев – 1 место во кихон ипон за деца 6-7 г. Филип Недев – 1 место во ката и кихон ипон за деца 8-9 г. Лука Крстевски – 1 место во кихон за деца 8-9 г. Ива Димковска – 1 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г. Бране Клепов – 1 место во кихин за деца 10-11г. Филип Пасков – 1 место во ката и кихон за деца 12-13 г. Сребрени медали освоија: Аљоша Недев – 2 место во кого кумите за сениори Берта Милевска – 2 место во кого-кумите сениорки Ристо Сакалиев – 2 место во ката за ветерани Антонија Белазелкоска – 2 место во ката младинки Димитри Влахо – 2 место во фукуго и кого-кумите за јуниори| Мила Младеновска – 2 место во фукуго кадетки Мила Младеновска и Димитри Влахо – 2 место во енбу м/ж за јуниори Марта Димковска – 2 место во кати и џиу ипон кумуте за деца 12-13г. Мариастела Топаловска – 2 место во кихон за деца 10-11г. 2 место во ката тим деца 8-9г. (Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски) 2 место ката тим деца 6-8г. (Срна Вапски, Ива Спасеновска, Ана Ѓуриќ) Војдан Паламидовски – 2 место во ката за деца 6-7г. Бронзени медали освоија: Јадранка Недева – 3 место во фукуго сениорки Антонија Белазелкоска – 3 место во фукуго за младинки Јана Милевска – 3 место во фукуго и кого кумите за младинки Ристо Сакалиев – 3 место во кумите за ветерани Кочо Василевски – 3 место во кумите за ветерани Елена Бичева – 3 место во кумите и кого-кумите за сениорки Сашо Спасовски – 3 место во кумите за сениори Наум Јаковлев – 3 место во кумите јуниори Изабела Пренковска – 3 место во ката деца 12-13г. Мариастела Топалоска – 3 место во џиу ипон кумите за деца 12-13г. Бране Клепов – 3 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г. Жика Манасов – 3 место во кихон ипон за деца 8-9 г. Георги Кокорманов – 3 место во кихон деца 6-7г. 3 место  кумите тим сениорки (Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска и Елена Бичева) 3 место  кумите тим младинки (Мила Саздова, Антонија Белазелкоска, Јана Милевска) 3 место ката тим деца 6-9г. (Ирина Крстевска, Неда Костадиновска, Софиа Топалоска) 3 место ката тим деца 6-7г. (Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Максим Поп-Трпев) 3 место џ.ипон кумите тим деца 10-11г. (Камелија Недев, Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска) 3 место ката тим деца 10-11г. (Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска). ИТКФ светскиот шампионат и куп беше организиран од страна на Македонската традиционална карате федерација. Учествуваа 456 напреварувачи од 44 земји.

The post 54 медали за Македонија во традиционално карате на ИТКФ Светскиот шампионат appeared first on Република.

]]>
Голем успех за македонската репрезентација во традиционално карате, од ЕП се враќа со 15 медали https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/golem-uspeh-za-makedonskata-reprezentacija-vo-tradicionalno-karate-od-ep-se-vrakja-so-15-medali/ Tue, 25 Oct 2022 15:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=565541

Со 15 медали од Европскиот шампионат во Римини, Италија дома се враќа македонската репрезентација во традиционално карате. Овој голем успех за македонскиот спорт носи нови пет златни, седум сребрени и три бронзени медали.

Во сениорска конкуренција прво место во кати и второ место во фукуго освои Аљоша Недев, додека Јадранка Недева освои прво место во фукуго и трето место во кати.

Во младинска конкуренција Мила Саздова и Димитри Влахо освоија први место во енбу, Мила Саздова освои второ место во кати и второ место во фукуго, ката-тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија второ место.

Во категоријата деца 8-9 години Филип Недев освои прво место во кати и второ место во кихон, Камелија Недев во категорија деца 10-11 години освои второ место во кати и второ место во кихон. Марта Димковска во категорија деца 12-13 години освои трето место во кихон.

Кај деца 6-7 години во кати прво место освои Максим Поп Трпев, второ место Масимо Меле и трето место Марко Илиевски. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија четврти места во џиу ипон кумите и кихон.

Европското првество се одржа од 21. до 23. октомври со учество на над 500 натпреварувачи од 22 земји.

The post Голем успех за македонската репрезентација во традиционално карате, од ЕП се враќа со 15 медали appeared first on Република.

]]>

Со 15 медали од Европскиот шампионат во Римини, Италија дома се враќа македонската репрезентација во традиционално карате. Овој голем успех за македонскиот спорт носи нови пет златни, седум сребрени и три бронзени медали. Во сениорска конкуренција прво место во кати и второ место во фукуго освои Аљоша Недев, додека Јадранка Недева освои прво место во фукуго и трето место во кати. Во младинска конкуренција Мила Саздова и Димитри Влахо освоија први место во енбу, Мила Саздова освои второ место во кати и второ место во фукуго, ката-тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија второ место. Во категоријата деца 8-9 години Филип Недев освои прво место во кати и второ место во кихон, Камелија Недев во категорија деца 10-11 години освои второ место во кати и второ место во кихон. Марта Димковска во категорија деца 12-13 години освои трето место во кихон. Кај деца 6-7 години во кати прво место освои Максим Поп Трпев, второ место Масимо Меле и трето место Марко Илиевски. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија четврти места во џиу ипон кумите и кихон. Европското првество се одржа од 21. до 23. октомври со учество на над 500 натпреварувачи од 22 земји.

The post Голем успех за македонската репрезентација во традиционално карате, од ЕП се враќа со 15 медали appeared first on Република.

]]>
Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/ Sat, 13 Aug 2022 12:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=539878

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15 август се одржува во Јогјакарта, Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и два бронзени медала, информираат од Здружение на информатичарите на Македонија.

ИОИ 2022, после две години онлајн изданија, се одржува како хибриден настан, а повеќето од 90-те тимови се присутни во Индонезија. На настанот учествуваат вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички.

-Во ваква силна конкуренција, досега најдобриот сребрен медал за Македонија го освои Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со штотуку завршено средно образование во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Учениците Марко Танески, исто така од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје освоија бронзени медали. Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Мелон Технологии, Нетцетера и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е одржуван волонтерски од ЗИМ и е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи, појаснуваат од Здружението на информатичари на Македонија.

Д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, и долгогодишен член на управниот комитет на Интернационалната олимпијада вели дека резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на земјава на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

-Во текот на вчерашниот ден, гледајќи ги во живо како се менуваат резултатите од натпреварот, кога во одредени моменти Благојче беше и со освоен златен медал, сфатив дека вреди што како Здружение трошиме огромна енергија за организација на домашните натпревари и за подготовка на талентираните учениците за интернационалните натпревари. За жал, заради задоцнета поддршка за патување од страна на институциите, и енормното зголемување на цената на авио билетите, нашиот тим наместо во живо учествуваше на олимпијадата онлајн, од просториите на ФИНКИ и со тоа на нашите врвни ученици им беше ускратена можност да бидат на лице место заедно со учесниците од останатите земји. Благојче, бидејќи е пласиран високо на ранг листата меѓу најдобрите учесници од светот, ќе добие покана за да учествува на камп во Сингапур во тек на септември, вели Јованов.

Врвните резултати не доаѓаат случајно,нагласува Јованов, туку со долгогодишна работа и со насочено развивање на образованието.

За жал, со последните измени и нови концепции информатиката се маргинализира, а гласот на Здружението, кое претходно беше двигател на позитивните промени, сега се маргинализира од државните институции. Со ваквиот пристап, расте мојата скепса за идни големи успеси во областа на информатиката во нашата земја, потенцира претседателот на ЗИМ.

Следната, 35-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика треба се одржи идната година во Сегедин, Унгарија, а во периодот кој следи ни претстои учество на Балканска олимпијада за јуниорите и сениорите, и двете во Романија, Европска олимпијада за јуниорите во Украина – онлајн, како и Европска олимпијада за девојки во Турција.

The post Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика appeared first on Република.

]]>

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15 август се одржува во Јогјакарта, Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и два бронзени медала, информираат од Здружение на информатичарите на Македонија. ИОИ 2022, после две години онлајн изданија, се одржува како хибриден настан, а повеќето од 90-те тимови се присутни во Индонезија. На настанот учествуваат вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички. -Во ваква силна конкуренција, досега најдобриот сребрен медал за Македонија го освои Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со штотуку завршено средно образование во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Учениците Марко Танески, исто така од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје освоија бронзени медали. Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Мелон Технологии, Нетцетера и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е одржуван волонтерски од ЗИМ и е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи, појаснуваат од Здружението на информатичари на Македонија. Д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, и долгогодишен член на управниот комитет на Интернационалната олимпијада вели дека резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на земјава на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.
-Во текот на вчерашниот ден, гледајќи ги во живо како се менуваат резултатите од натпреварот, кога во одредени моменти Благојче беше и со освоен златен медал, сфатив дека вреди што како Здружение трошиме огромна енергија за организација на домашните натпревари и за подготовка на талентираните учениците за интернационалните натпревари. За жал, заради задоцнета поддршка за патување од страна на институциите, и енормното зголемување на цената на авио билетите, нашиот тим наместо во живо учествуваше на олимпијадата онлајн, од просториите на ФИНКИ и со тоа на нашите врвни ученици им беше ускратена можност да бидат на лице место заедно со учесниците од останатите земји. Благојче, бидејќи е пласиран високо на ранг листата меѓу најдобрите учесници од светот, ќе добие покана за да учествува на камп во Сингапур во тек на септември, вели Јованов.
Врвните резултати не доаѓаат случајно,нагласува Јованов, туку со долгогодишна работа и со насочено развивање на образованието.
За жал, со последните измени и нови концепции информатиката се маргинализира, а гласот на Здружението, кое претходно беше двигател на позитивните промени, сега се маргинализира од државните институции. Со ваквиот пристап, расте мојата скепса за идни големи успеси во областа на информатиката во нашата земја, потенцира претседателот на ЗИМ.
Следната, 35-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика треба се одржи идната година во Сегедин, Унгарија, а во периодот кој следи ни претстои учество на Балканска олимпијада за јуниорите и сениорите, и двете во Романија, Европска олимпијада за јуниорите во Украина – онлајн, како и Европска олимпијада за девојки во Турција.

The post Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика appeared first on Република.

]]>