мечкуевци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mechkuevci/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 06:15:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мечкуевци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mechkuevci/ 32 32 Одобрен е тендерот за првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odobren-e-tenderot-za-prvata-regionalna-deponija-po-evropski-standardi-vo-sveti-nikole/ Sun, 20 Oct 2024 06:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=828952

Одобрен е тендерот за избор на фирма која ќе ја гради првата регионална депонија во земјава што ќе работи по европски стандарди. Станува збор за депонијата во селото Мечкуевци, во Општина Свети Николе, која треба да ги покрие потребите на жителите на Источниот и Североисточниот регион.

поред најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок за објавување на тендерот е до крајот на годинава, но може да се распише и порано, односно кога ќе заврши преведувањето на тендерската документација на јазиците на сите земји членки на Европската Унија.

Освен централната постројка за управување со отпадот, која ќе биде лоцирана во селото Мечкуевци, фирмата што ќе се бара на тендерот ќе треба да изгради и шест претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Изградбата на претоварните станици и регионалната депонија ќе се одвива паралелно, а додека не се изгради целиот систем нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпад, односно самата депонија, постројката за механичко биолошки третман, пречистителната станица и линијата за селекција.

Како што информираат од Министерството за животна средина, во овие два региона веќе се спроведуваат активности за затворање на нестандардните депонии и ѓубришта, кои во зависност од количината на отпадот, ќе подлежат на различни начини на ремедијација.

Најмалите ѓубришта ќе бидат едноставно исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга поголема блиска непрописна депонија. Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани во своето депониско тело, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви кои ќе ја вршат улогата на собирање на депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, ќе биде поставена ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници, мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот и сл, велат од Министерството.

Што се однесува до непрописните депонии кои ќе го примаат отпадот сè до започнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад, тие засега ќе останат во функција, а ќе се затворат веднаш штом проработи регионалната депонија преку проект финансиран од ИПА III фондовите.

Од Министерството нагласуваат дека сите општини ќе добијат обврска сите локации кои ќе се исчистат да ги одржуваат и да се грижат да не станат повторно депонии. Посочуваат дека регионалниот пристап на третман на отпадот ќе се спроведува и во другите делови од земјата.

„Справувањето со отпадот како едно од најактуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпад. Според стручните пресметки и анализи, најекономично и најисплатливо се покажа групирањето на општините и регионите во државата во пет регионални системи, со пет регионални санитарни депонии. Освен таа во Свети Николе, такви се и депонијата Русино за Полошкиот регион, депонијата Мегленци во Општина Новаци за Пелагонискиот и Југозападниот регион, депонијата Доброшинци за Вардарскиот и Југоисточниот регион и скопската Дрисла“, велат од Министерството.

The post Одобрен е тендерот за првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Одобрен е тендерот за избор на фирма која ќе ја гради првата регионална депонија во земјава што ќе работи по европски стандарди. Станува збор за депонијата во селото Мечкуевци, во Општина Свети Николе, која треба да ги покрие потребите на жителите на Источниот и Североисточниот регион. поред најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок за објавување на тендерот е до крајот на годинава, но може да се распише и порано, односно кога ќе заврши преведувањето на тендерската документација на јазиците на сите земји членки на Европската Унија. Освен централната постројка за управување со отпадот, која ќе биде лоцирана во селото Мечкуевци, фирмата што ќе се бара на тендерот ќе треба да изгради и шест претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Изградбата на претоварните станици и регионалната депонија ќе се одвива паралелно, а додека не се изгради целиот систем нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпад, односно самата депонија, постројката за механичко биолошки третман, пречистителната станица и линијата за селекција. Како што информираат од Министерството за животна средина, во овие два региона веќе се спроведуваат активности за затворање на нестандардните депонии и ѓубришта, кои во зависност од количината на отпадот, ќе подлежат на различни начини на ремедијација.
Најмалите ѓубришта ќе бидат едноставно исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга поголема блиска непрописна депонија. Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани во своето депониско тело, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви кои ќе ја вршат улогата на собирање на депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, ќе биде поставена ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници, мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот и сл, велат од Министерството.
Што се однесува до непрописните депонии кои ќе го примаат отпадот сè до започнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад, тие засега ќе останат во функција, а ќе се затворат веднаш штом проработи регионалната депонија преку проект финансиран од ИПА III фондовите. Од Министерството нагласуваат дека сите општини ќе добијат обврска сите локации кои ќе се исчистат да ги одржуваат и да се грижат да не станат повторно депонии. Посочуваат дека регионалниот пристап на третман на отпадот ќе се спроведува и во другите делови од земјата.
„Справувањето со отпадот како едно од најактуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпад. Според стручните пресметки и анализи, најекономично и најисплатливо се покажа групирањето на општините и регионите во државата во пет регионални системи, со пет регионални санитарни депонии. Освен таа во Свети Николе, такви се и депонијата Русино за Полошкиот регион, депонијата Мегленци во Општина Новаци за Пелагонискиот и Југозападниот регион, депонијата Доброшинци за Вардарскиот и Југоисточниот регион и скопската Дрисла“, велат од Министерството.

The post Одобрен е тендерот за првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Свети Николе против изградба на фабрика за отпад кај Мечкуевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-sveti-nikole-protiv-izgradba-na-fabrika-za-otpad-kaj-mechkuevci/ Sat, 12 Feb 2022 14:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=457589

Европскиот проект изградба на регионална фабрика за отпад кај светиниколското село Мечкуевци е завршена работа, порачаа 18-те градоначалници од источниот и североисточниот регион, кои го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад. Формирањето на одборот е и нивен одговор на противењето на светниколскиот градоначалник за локацијата, кој најави распишување на референдум и дека како општина нема да учествуваат во извршниот и надзорниот одбор на регионалното јавно претпријатие.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев го повтори својот став од пред две недели, дека останува против фабриката за отпад да се гради кај Мечкуевци. Одлуката ќе се донесе и на седница на Совет и по цена да му бидат одземени ингеренциите од Министерството за животна средина.

Експертите и поранешните градоначалници без разлика на нивната политичка идеологија кои се бореа за локацијата на фабриката за отпад со порака дека ова е најголемиот еколошки проект во земјава, кој Европската Унија го финансира веќе над 12 години. Локацијата од наплатата на преработката на отпадот на општината ќе и носи финасии на годишно ниво од 750.000 до над 2,5 милиони евра. Изградбата на овој современ систем за отпад во кој ќе има рециклирање е по примерот на словенечки Кршко.

Тие сметаат дека во моментов одлуката Свети Николе да се откаже од локацијата е голема авантура и може да се соочи со враќање на милионските суми, кои во наредните 30 години ќе ја банкротираат општината. Вредноста на проектот е 46 милиони евра. Проектот први го почнаа градоначалниците од Источниот, а подоцна се приклучија од Севроисточниот регион и Свети Николе.

The post Градоначалникот на Свети Николе против изградба на фабрика за отпад кај Мечкуевци appeared first on Република.

]]>

Европскиот проект изградба на регионална фабрика за отпад кај светиниколското село Мечкуевци е завршена работа, порачаа 18-те градоначалници од источниот и североисточниот регион, кои го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад. Формирањето на одборот е и нивен одговор на противењето на светниколскиот градоначалник за локацијата, кој најави распишување на референдум и дека како општина нема да учествуваат во извршниот и надзорниот одбор на регионалното јавно претпријатие. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев го повтори својот став од пред две недели, дека останува против фабриката за отпад да се гради кај Мечкуевци. Одлуката ќе се донесе и на седница на Совет и по цена да му бидат одземени ингеренциите од Министерството за животна средина. Експертите и поранешните градоначалници без разлика на нивната политичка идеологија кои се бореа за локацијата на фабриката за отпад со порака дека ова е најголемиот еколошки проект во земјава, кој Европската Унија го финансира веќе над 12 години. Локацијата од наплатата на преработката на отпадот на општината ќе и носи финасии на годишно ниво од 750.000 до над 2,5 милиони евра. Изградбата на овој современ систем за отпад во кој ќе има рециклирање е по примерот на словенечки Кршко. Тие сметаат дека во моментов одлуката Свети Николе да се откаже од локацијата е голема авантура и може да се соочи со враќање на милионските суми, кои во наредните 30 години ќе ја банкротираат општината. Вредноста на проектот е 46 милиони евра. Проектот први го почнаа градоначалниците од Источниот, а подоцна се приклучија од Севроисточниот регион и Свети Николе.

The post Градоначалникот на Свети Николе против изградба на фабрика за отпад кај Мечкуевци appeared first on Република.

]]>