мечка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mechka/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 20:26:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мечка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mechka/ 32 32 Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-se-prosheta-niz-selo-vo-rankovtse-lovnoto-zdruzhenie-predupreduva-ne-smee-da-se-ubiva/ Thu, 14 Nov 2024 20:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=837883

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница.

Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот.

Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.

„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

The post Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива appeared first on Република.

]]>

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот. Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.
„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

The post Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива appeared first on Република.

]]>
Aвтомобил удрил во мечка на патот меѓу Идрија и Годович во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avtomobil-udril-vo-mechka-na-patot-megu-idrija-i-godovich-vo-slovenija/ Thu, 29 Aug 2024 09:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=811139

Видеото е снимено вчера наутро, а по силниот удар мечката побегнала во шумата.

На местото на несреќата не е пронајдена крв, па се претпоставува дека мечката не била тешко повредена. Споменатиот настан е снимен нешто пред шест часот наутро кога животното истрчало од десната страна преку коловозот, по што следел жесток судир со автомобилот. Животното потоа побегнало во шумата, пишува 24ur.

„За среќа не се работи за силен судар бидејќи во спротивно повредите ќе беа многу поголеми. Се надеваме дека ударот во десниот дел од предниот браник не бил фатален за мечката која побегнала од местото на несреќата. “, соопшти полицијата по истрагата.

По несреќата започнала потрагата по мечката. Ловец ја следел со куче, кое набрзо ја намирисало трагата на животното, но по три километри ја изгубило.

The post Aвтомобил удрил во мечка на патот меѓу Идрија и Годович во Словенија appeared first on Република.

]]>

Видеото е снимено вчера наутро, а по силниот удар мечката побегнала во шумата. На местото на несреќата не е пронајдена крв, па се претпоставува дека мечката не била тешко повредена. Споменатиот настан е снимен нешто пред шест часот наутро кога животното истрчало од десната страна преку коловозот, по што следел жесток судир со автомобилот. Животното потоа побегнало во шумата, пишува 24ur. „За среќа не се работи за силен судар бидејќи во спротивно повредите ќе беа многу поголеми. Се надеваме дека ударот во десниот дел од предниот браник не бил фатален за мечката која побегнала од местото на несреќата. “, соопшти полицијата по истрагата. По несреќата започнала потрагата по мечката. Ловец ја следел со куче, кое набрзо ја намирисало трагата на животното, но по три километри ја изгубило.

The post Aвтомобил удрил во мечка на патот меѓу Идрија и Годович во Словенија appeared first on Република.

]]>
Мечка ослободена од стапица кај Дебарски Бањи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-oslobodena-od-stapitsa-kaj-debarski-bani/ Sun, 25 Aug 2024 15:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=810056

Тим од Зоолошка градина Скопје во соработка со Инспекторот за ловство денеска ослободиле возрасна кафена мечка (женка) фатена во стапица за диви свињи. Мечката била ослободена од сајла околу градниот кош во месноста Пијане во близина на Дебарски Бањи, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Тимот од Зоолошка градина Скопје заедно со Инспекторот за ловство излегле на местото, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и и ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи. Откако се освестила од опојнито средство, мечката заминала, информира ЦУК.

Екипата на ЗОО-Скопје, во која биле биолог Јорданчо Милошевски и ветеринарниот техничар Сашо Панчев, на повик на главниот инспектор за ловство, Зоран Вуиќ, рано наутро денеска се упатиле на локацијата каде што мечката била заробена. Целата интервенција се одвивала во присуство на полицајци од Полициската станица Дебар.

ЦУК посочува дека интервенирале вработени од Зоолошката градина затоа што се уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи односно неговото формирање е во завршна фаза.

Благодарност до полицијата, ловочуварската служба на ловиштето Канеш Стогово и месното население. Посебно голема благодарност до тимот од Зоолошка градина Скопје кои на стручен начин успеаја да ја спасат мечката уловена во стапица, наведува Центарот за управување со кризи.

 

The post Мечка ослободена од стапица кај Дебарски Бањи appeared first on Република.

]]>

Тим од Зоолошка градина Скопје во соработка со Инспекторот за ловство денеска ослободиле возрасна кафена мечка (женка) фатена во стапица за диви свињи. Мечката била ослободена од сајла околу градниот кош во месноста Пијане во близина на Дебарски Бањи, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Тимот од Зоолошка градина Скопје заедно со Инспекторот за ловство излегле на местото, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и и ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи. Откако се освестила од опојнито средство, мечката заминала, информира ЦУК.
Екипата на ЗОО-Скопје, во која биле биолог Јорданчо Милошевски и ветеринарниот техничар Сашо Панчев, на повик на главниот инспектор за ловство, Зоран Вуиќ, рано наутро денеска се упатиле на локацијата каде што мечката била заробена. Целата интервенција се одвивала во присуство на полицајци од Полициската станица Дебар. ЦУК посочува дека интервенирале вработени од Зоолошката градина затоа што се уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи односно неговото формирање е во завршна фаза.
Благодарност до полицијата, ловочуварската служба на ловиштето Канеш Стогово и месното население. Посебно голема благодарност до тимот од Зоолошка градина Скопје кои на стручен начин успеаја да ја спасат мечката уловена во стапица, наведува Центарот за управување со кризи.
 

The post Мечка ослободена од стапица кај Дебарски Бањи appeared first on Република.

]]>
Мечка уби и изеде овци во гостиварско Равен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechka-ubi-i-izede-ovtsi-vo-gostivarsko-raven/ Thu, 13 Jun 2024 06:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=787093

На бројот за итни случаи - 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС - Гостивар, наведуваат од ЦУК.

Како што додаваат, по утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.

The post Мечка уби и изеде овци во гостиварско Равен appeared first on Република.

]]>

На бројот за итни случаи - 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС - Гостивар, наведуваат од ЦУК.
Како што додаваат, по утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.

The post Мечка уби и изеде овци во гостиварско Равен appeared first on Република.

]]>
Од шок не можел да зборува, бил сам над 24 часа: Мечка искаса сточар, го спасиле неговите кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-shok-ne-mozhel-da-zboruva-bil-sam-nad-24-chasa-mechka-iskasa-stochar-go-spasile-negovite-kuchina/ Tue, 09 Apr 2024 15:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=764330

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с.Оморани на територија на Општина Чашка, што се завршил за среќа само со телесни повреди - на грбот и телото и каснувања на двете нозе, од кои на едната посериозно, а можел да биде и фатален.

Како што информираа блиските од семејството за ЦУК, повредениот бил под многу голем стрес и дека кога конечно го пронашле не можел и да комуницира.

Сточарот при нападот од мечаката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата колиба, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие, пренесува ЦУК.

Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење.

Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња.

Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата, а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во колибата кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден.

Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес - хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства.

Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с.Дреновци во Општина Прилеп.

ЦУК ја следи состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски.

The post Од шок не можел да зборува, бил сам над 24 часа: Мечка искаса сточар, го спасиле неговите кучиња appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с.Оморани на територија на Општина Чашка, што се завршил за среќа само со телесни повреди - на грбот и телото и каснувања на двете нозе, од кои на едната посериозно, а можел да биде и фатален. Како што информираа блиските од семејството за ЦУК, повредениот бил под многу голем стрес и дека кога конечно го пронашле не можел и да комуницира.
Сточарот при нападот од мечаката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата колиба, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие, пренесува ЦУК.
Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата, а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во колибата кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден. Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес - хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с.Дреновци во Општина Прилеп. ЦУК ја следи состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски.

The post Од шок не можел да зборува, бил сам над 24 часа: Мечка искаса сточар, го спасиле неговите кучиња appeared first on Република.

]]>
Жител на Форино пријавил дека мечка му дошла во дворот на имотот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-forino-prijavil-deka-mechka-mu-doshla-vo-dvorot-na-imotot/ Sun, 10 Mar 2024 10:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=753258

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.175 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од кои „реални“ биле 38,34 отсто, а 61,66 процент се однесувале на други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што наведува ЦУК, од реалните повици, кон полицијата биле упатени 71,86 отсто, кон итната медицинска помош 21,67, кон пожарникарите 4,18, а кон АМСМ 0,38 отсто.

Регионалниот ЦУК - Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување. Веднаш била известена Полициската станица - Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката. Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК - Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност.

ЦУК воедно апелирал да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив со оглед дека според најавите на УХМР, во наредниот неколкудневен период на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.

Во последното деноноќие имаше евидентирано само еден пожар на отворено. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје извести дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:20 до 18:05 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена трска на површина од 2.000 м2 во атарот на село Кадино, Општина Илинден, наведува ЦУК.

ЦУК потсетува дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Жител на Форино пријавил дека мечка му дошла во дворот на имотот appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.175 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од кои „реални“ биле 38,34 отсто, а 61,66 процент се однесувале на други потреби на граѓаните што не биле итни. Како што наведува ЦУК, од реалните повици, кон полицијата биле упатени 71,86 отсто, кон итната медицинска помош 21,67, кон пожарникарите 4,18, а кон АМСМ 0,38 отсто. Регионалниот ЦУК - Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување. Веднаш била известена Полициската станица - Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката. Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК - Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност. ЦУК воедно апелирал да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив со оглед дека според најавите на УХМР, во наредниот неколкудневен период на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.
Во последното деноноќие имаше евидентирано само еден пожар на отворено. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје извести дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:20 до 18:05 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена трска на површина од 2.000 м2 во атарот на село Кадино, Општина Илинден, наведува ЦУК.
ЦУК потсетува дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Жител на Форино пријавил дека мечка му дошла во дворот на имотот appeared first on Република.

]]>
Раната не е длабока, исчистена и санирана е, данскиот турист ја напуштил болницата, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ranata-ne-e-dlaboka-ischistena-i-sanirana-e-danskiot-turist-ja-napushtil-bolnitsata-veli-direktorot-na-tsuk-stojanche-angelov/ Tue, 05 Mar 2024 14:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=751547

Раната не е длабока, исчистена и санирана е. Немаме точни информации за каква рана се работи, но најверојатно станува збор за лесна, бидејќи веднаш по преврската данскиот турист ја напуштил болницата во Тетово, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

[caption id="attachment_751550" align="alignnone" width="1800"] фото: ЦУК[/caption]

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд” скијање во близина на Попова Шапка.

[caption id="attachment_751551" align="alignnone" width="927"] фото: ЦУК[/caption]

Мечката која ги бранела своите две мечиња, го гризнала и го изгребала скијачот по нозете. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.

https://youtu.be/84yjwLKuzDQ?si=0Vdl0q8M7XeO2tcR

 

The post Раната не е длабока, исчистена и санирана е, данскиот турист ја напуштил болницата, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов appeared first on Република.

]]>

Раната не е длабока, исчистена и санирана е. Немаме точни информации за каква рана се работи, но најверојатно станува збор за лесна, бидејќи веднаш по преврската данскиот турист ја напуштил болницата во Тетово, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. [caption id="attachment_751550" align="alignnone" width="1800"] фото: ЦУК[/caption] Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд” скијање во близина на Попова Шапка. [caption id="attachment_751551" align="alignnone" width="927"] фото: ЦУК[/caption] Мечката која ги бранела своите две мечиња, го гризнала и го изгребала скијачот по нозете. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК. https://youtu.be/84yjwLKuzDQ?si=0Vdl0q8M7XeO2tcR  

The post Раната не е длабока, исчистена и санирана е, данскиот турист ја напуштил болницата, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов appeared first on Република.

]]>
Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechka-griznala-i-izgrebala-po-nozete-turist-od-danska-koj-skijal-na-shar-planina/ Tue, 05 Mar 2024 11:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=751444

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд" скијање во близина на Попова Шапка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.

 

The post Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд" скијање во близина на Попова Шапка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.
 

The post Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Мечката Урош не ја виде својата сенка: Еве што значи тоа и кога ни доаѓа пролетта https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechkata-urosh-ne-ja-vide-svojata-senka-eve-shto-znachi-toa-i-koga-ni-doaga-proletta/ Fri, 16 Feb 2024 07:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=744651

Мечката Урош од Белградската зоолошка градина, вчера, кога излегол од пештерата, не ја здогледал својата сенка, со што, според народното верување, го најавил скорешното доаѓање на пролетта.

На Сретение, според традицијата, се сретнуваат зимата и пролетта и како што с еверува, ако тој ден мечката ја здогледа својата сенка, се уплашува и се враќа во својата пештера, каде повторно заспива и зимата трае уште шест недели.

Ако не видат сенка, излегуваат да бараат храна, зимата завршува. Со оглед на тоа дека зимата досега беше невообичаено блага, без снег и мраз, прашање е дали мечките се уште се во дувлото.

The post Мечката Урош не ја виде својата сенка: Еве што значи тоа и кога ни доаѓа пролетта appeared first on Република.

]]>

Мечката Урош од Белградската зоолошка градина, вчера, кога излегол од пештерата, не ја здогледал својата сенка, со што, според народното верување, го најавил скорешното доаѓање на пролетта. На Сретение, според традицијата, се сретнуваат зимата и пролетта и како што с еверува, ако тој ден мечката ја здогледа својата сенка, се уплашува и се враќа во својата пештера, каде повторно заспива и зимата трае уште шест недели. Ако не видат сенка, излегуваат да бараат храна, зимата завршува. Со оглед на тоа дека зимата досега беше невообичаено блага, без снег и мраз, прашање е дали мечките се уште се во дувлото.

The post Мечката Урош не ја виде својата сенка: Еве што значи тоа и кога ни доаѓа пролетта appeared first on Република.

]]>
Автомобил удрил млада во мечка кај Тетово, полесно повредени децата во возилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-udril-mlada-vo-mechka-kaj-tetovo-polesno-povredeni-detsata-vo-voziloto/ Sat, 02 Dec 2023 11:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=718654

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки.

Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.

Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна, велат од ЦУК, почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.

Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ЦУК доцна синоќа ги повика надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваа и невладините организации од оваа област да се вклучат и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки.

Овој случај, како што велат од ЦУК, отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувале можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дошле повеќе формално-правни и функционални недостатоци, велат од Центарот за управување со кризи.

The post Автомобил удрил млада во мечка кај Тетово, полесно повредени децата во возилото appeared first on Република.

]]>

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки. Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи. Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна, велат од ЦУК, почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата. Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ЦУК доцна синоќа ги повика надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваа и невладините организации од оваа област да се вклучат и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки. Овој случај, како што велат од ЦУК, отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувале можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дошле повеќе формално-правни и функционални недостатоци, велат од Центарот за управување со кризи.

The post Автомобил удрил млада во мечка кај Тетово, полесно повредени децата во возилото appeared first on Република.

]]>
Мало мече прегазено од возило во Тетовско, било повредено, но продолжило да се движи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malo-meche-pregazeno-od-vozilo-vo-tetovsko-bilo-povredeno-no-prodolzhilo-da-se-dvizhi/ Sat, 02 Dec 2023 08:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=718548

Центарот за управување со кризи информира дека вчеравечер возило удрило во млада мечка која иако повредена по еден час продолжила да се движи на локалниот пат Тетово - село Непроштено. Мечето го минувало патот заедно со друга поголема мечка и уште две помали мечиња кои останале неповредени и продолжиле да одат.

Според ЦУК, во возилото кое удрило во мечката се наоѓало семејство, татко, мајка и три мали деца.

Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според процените на ЦУК големата мечка, најверојатно мајка на мечињата, со двете помали мечиња се наоѓа од десната страна на патот гледано од насока на Тетово кон с. Непроштено, додека повредената млада мечка се наоѓа од другата страна на патот.

Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ги повикуваме надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваме и невладините организации од оваа област да се вклучат во овој несекојдневен настан и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Од ЦУК предупредуваат - граѓаните да го избегнуваат движењето на местото на несреќата како и непосредната околина или да бидат исклучително внимателни бидејќи се очекува мајката да го бара своето младенче.

Овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејќи по несреќата ја разгледувавме можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство, а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дојдоа повеќе формално-правни и функционални недостатоци, изјави Ангелов.

На овој регионален пат Тетово-Јажинце на 5 октомври кај Доброште беше прегазена и усмртена мечка, при што немаше повредени луѓе. На 25 октомври мечка беше прегазена и усмртена на патот помеѓу тетовски села Селце и Вејце, а возачот заминал од местото.

На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи.

The post Мало мече прегазено од возило во Тетовско, било повредено, но продолжило да се движи appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека вчеравечер возило удрило во млада мечка која иако повредена по еден час продолжила да се движи на локалниот пат Тетово - село Непроштено. Мечето го минувало патот заедно со друга поголема мечка и уште две помали мечиња кои останале неповредени и продолжиле да одат. Според ЦУК, во возилото кое удрило во мечката се наоѓало семејство, татко, мајка и три мали деца.
Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според процените на ЦУК големата мечка, најверојатно мајка на мечињата, со двете помали мечиња се наоѓа од десната страна на патот гледано од насока на Тетово кон с. Непроштено, додека повредената млада мечка се наоѓа од другата страна на патот.
Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ги повикуваме надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваме и невладините организации од оваа област да се вклучат во овој несекојдневен настан и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Од ЦУК предупредуваат - граѓаните да го избегнуваат движењето на местото на несреќата како и непосредната околина или да бидат исклучително внимателни бидејќи се очекува мајката да го бара своето младенче.
Овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејќи по несреќата ја разгледувавме можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство, а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дојдоа повеќе формално-правни и функционални недостатоци, изјави Ангелов.
На овој регионален пат Тетово-Јажинце на 5 октомври кај Доброште беше прегазена и усмртена мечка, при што немаше повредени луѓе. На 25 октомври мечка беше прегазена и усмртена на патот помеѓу тетовски села Селце и Вејце, а возачот заминал од местото. На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи.

The post Мало мече прегазено од возило во Тетовско, било повредено, но продолжило да се движи appeared first on Република.

]]>
Мечка нападна човек: Го спасиле ловци кои случајно биле во близина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechka-napadna-chovek-go-spasile-lovtsi-koi-sluchajno-bile-vo-blizina/ Tue, 24 Oct 2023 10:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=694493

Во текот на вчерашниот ден помеѓу село Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, извести Центарот за управување со кризи.

Човекот бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, а откако слушнале повици за помош, испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала, соопшти ЦУК.

Нападнатото лице било кое било преплашено, се здобило со телесни повреди.

The post Мечка нападна човек: Го спасиле ловци кои случајно биле во близина appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден помеѓу село Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, извести Центарот за управување со кризи. Човекот бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, а откако слушнале повици за помош, испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала, соопшти ЦУК. Нападнатото лице било кое било преплашено, се здобило со телесни повреди.

The post Мечка нападна човек: Го спасиле ловци кои случајно биле во близина appeared first on Република.

]]>
Мечка влегла во домот на поранешниот пратеник Љатиф Пајкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mechka-vlegla-vo-domot-na-poraneshniot-pratenik-latif-pajkoski/ Mon, 11 Sep 2023 09:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=680828

Поранешниот пратеникот на СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.

Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.

Во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња.

The post Мечка влегла во домот на поранешниот пратеник Љатиф Пајкоски appeared first on Република.

]]>

Поранешниот пратеникот на СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.
Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.
Во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња.

The post Мечка влегла во домот на поранешниот пратеник Љатиф Пајкоски appeared first on Република.

]]>
Мечка страв, Ковачевски не го страв! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/mechka-strav-kovachevski-ne-go-strav/ Tue, 05 Sep 2023 18:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=679100

Петар Поп Арсов

Што ново да се каже во овој момент, а да не биде повторување на се што беше претходно кажано за случувањата на Онкологија?! Што умно да се каже и дополни во ова цунами на реакции за да некако се придонесе кон правилно канализирање на енергијата на „имунолошкиот систем“ на македонското општесто кој конечно почна да реагира?! Да реагира на канцерот од корупција и криминал чиишто метастази се навлезени во секоја клетка на општествениот организам. Што е тоа што треба да се стори за да се помогне во спречувањето на уште една епизода во серијата монструозни скандали кои поминуваат без никаква или пак само со формална истрага, водена во погрешна насока без вистинска разрешница и утврдена одговорност? Скандали во кои бројни македонски граѓани ги загубија сопствените животи, свесно фрлени во немилост на неисправните автобуси, модуларните болници и лажната и несоодветна терапија давана од рацете на криминалците во бели мантили. Криминалци кои нанесоа огромен срам за огромното мнозинство чесни доктори и останатите медицински лица.

Нешто мора да се каже!

Во овие моменти не смее да се молчи и да се чека нешто друго да го сврти нашето внимание кон некоја тема со тривијална содржина и која ќе го стави случајов во заборав.

Како да зборуваме? Дали да зборуваме емотивно или рационално? Дали да жалиме и сочувствуваме со жртвите на „лекувањето“ или пак силно да се мобилизираме во нашето рационално делување со цел да влијаеме и притискаме овој случај да се истера до крај. До крај, за повеќе да не се повтори. До крај, за да се откријат виновниците и да се утврди одговорноста.
Постојано слушаме и читаме емотивни изјави на граѓани кои згрозени од она што се случува не бираат зборови за да го искажат својот револт. Ќе се обидам емоциите да ги ставам на страна без оглед на тоа што спаѓам во групата на Македонци кои го доживеале болното чувство на борба против опаката болест на член на поблиското или поширокото семејство. Болест која што се лекува на Онкологија, на начинот на кој што се лекува!

Значи, ќе бидам рационален!

Во моментов нешто најрационално што ми доаѓа на ум е дека одговорност мора да има! Независно од тоа дали директорите на онкологија, министерот за здравство, министерот за внатрешни или премиерот се или не се директно инволвирани во сторениот криминал, тие се одговорни што некому дозволиле да се случува такво нешто. Тие се одговорни што во нивно време, пред нивниот нос, некој буквално убивал луѓе. Тие се одговорни за овој скандал поради нивната немарност, неажурност, неспособност или пак можеби поради нивната свесна инволвираност во случајот. Морална и политичка одговорност мора да има веднаш! Оставка од функциите, веднаш, а дали некој е вмешан во криминалот или не, тоа ќе го утврди истрагата и евентуалниот судски процес... доколку не го заташкаат случајот.

Утврдувањето на кривичната одговорност е вториот рационален чекор што мора да го издејствуваме, без или со протести. Отсуството на реакција во толку долг период колку што министерува Спасовски во МВР е сериозен показател дека тој човек не си ја врши работата за која што прима плата. Министерувањето во МВР не е само чекање во заседа на „брзите или пивнати“ возачи (иако и тоа треба ревносно да се санкционира). Министерувањето во МВР подразбира промптно реагирање по допрен глас. Министерувањето налага превентивно делување за да се спречат различни форми на криминал. Министерувањето е систематско сузбивање на распространувањето и трговијата со дрога, а не толерирање и гледање низ прсти до моментот кога ќе се процени дека активноста во оваа област ќе донесе некој политички поен.
Затоа го спомнав Спасовски како еден од политички одговорните ликови. Тој, заедно со премиерот Ковачевски, е најповикан да ги заштити македонските граѓани од секаков тип на незаконски аномалии.

Кога сме кај Ковачевски, некако зачудува неговата неподготвеност за случајов. Се стекна впечаток дека сето ова му дојде некако како гром од ведро небо. Како човекот да разбра за овој случај од вестите на телевизија, како и сите ние останатите. Како да прочита од порталите дека има некакава акција на полицијата на Клиниката за онкологија. Особено зачудуваат неговите конфузни и контрадикторни изјави во врска со случајов. Неговата изјава дека тој бил најхрабриот политичар кој конечно, после неколку години собирање храброст, решил да се справи со „страшните“ мафијаши на Онкологија. Да се справи со мафијаши, „наоружани до заби“, кои секој обид или помисла за нивно изместување од рамнотежа безмилосно го казнуваат.

„Мечку стра, мене не ме стра“, би рекле сограѓаните на Ковачевски и Спасовски. И, ете ги двата „профил ликови“ на оваа власт тргнаа во беспоштедна борба со крадците на лекови и терапија за болните.

Уф, грозно!

Кого го лаже Ковачевски? Себе си, за да не се соочи со сознанието дека е неспособен, со кое што дозволува некој да ги убива граѓаните на кои им е премиер?! Или, можеби не лаже нас, за да ја маскира и отфрли неговата вина и вината на ешалоните на неговата владејачка гарнитура која нѐ доведе до тука?!

Дефокусирањето со ретро изјави од типот „и СДСМ и свети СДСМ“ се само потврда дека Ковачевски е затечен и не знае што прави и што треба да прави понатаму. Веројатно некој знае?! Интересно е прашањето кој е тој што знае, зошто го прави и која е целта на отворањето на овој скандал токму во овој момент?

За размислување е фактот што последните неколку министри, иако се Албанци, не се од ДУИ. Иако повикав на одговорност на актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити (доаѓа од Алијанса на Албанците), не ми паѓа ни на крај памет да помислам дека тој човек има целосна контрола врз министерството. Да помислам дека има контрола на сѐ она што се случува внатре, по вертикала и хоризонтала. Не ми паѓа ни на памет да помислам дека за краткиот период на неговото министерување, човекот знае повеќе од „метузалемите“ Спасовски, Груби и Османи (некогашен министер за здравство) и нивните инсталации во сите македонски институции. Не ми паѓа ниту на памет да помислам дека и претходникот на Меџити, Беким Сали (Алтернатива), е нешто поарен и поажурен па успеал да фати чекор со споменатите метузалеми во владата.
Затоа е интересна оваа акција на МВР. Затоа треба будно да се следи кон кого е насочена и кој со кого се пресметува. Да се види дали акцијата е раководена од Спасовски или некој друг му ја земал диригентската палка употребувајќи ја во функција на партиски интерес и пресметка со политичката конкуренција. Треба да се следи и во контекст на новинарската истрага и актуелезирањето на трагедијата во тетовската болница токму во овој период. Истрага која го впери прстот во најистурената тројка на владата на Заев, кон Анѓушев, Филипче и лично кон Заев.

Случајов треба будно да се следи за да можеме да дојдеме до одговорите кои што во моментов ги нема. Има само прашања! Има само нагаѓања, претпоставки и логично вкрстување на факти, кои нѐ водат кон заклучоци. Заклучоци кои посочуваат на изгубена контрола во власта, на внатрепартиски пресметки, на меѓупартиска борба и на обиди за спас на поединци од потрошената власт свесни дека тука некаде е крајот.

И, толку!

Кој е крив? Не знаеме!

Одговорите за кривичната одговорност ќе ги чекаме од органите на прогон, полицијата и обвинителството, а одговорите за политичка одговорност ги бараме веднаш. Оставки и предвремени избори се единственото решение и минимум услов овој монструозен случај да биде истражен од органи кои нема да го трпат притисокот на актуелната власт.

The post Мечка страв, Ковачевски не го страв! appeared first on Република.

]]>

Петар Поп Арсов

Што ново да се каже во овој момент, а да не биде повторување на се што беше претходно кажано за случувањата на Онкологија?! Што умно да се каже и дополни во ова цунами на реакции за да некако се придонесе кон правилно канализирање на енергијата на „имунолошкиот систем“ на македонското општесто кој конечно почна да реагира?! Да реагира на канцерот од корупција и криминал чиишто метастази се навлезени во секоја клетка на општествениот организам. Што е тоа што треба да се стори за да се помогне во спречувањето на уште една епизода во серијата монструозни скандали кои поминуваат без никаква или пак само со формална истрага, водена во погрешна насока без вистинска разрешница и утврдена одговорност? Скандали во кои бројни македонски граѓани ги загубија сопствените животи, свесно фрлени во немилост на неисправните автобуси, модуларните болници и лажната и несоодветна терапија давана од рацете на криминалците во бели мантили. Криминалци кои нанесоа огромен срам за огромното мнозинство чесни доктори и останатите медицински лица. Нешто мора да се каже! Во овие моменти не смее да се молчи и да се чека нешто друго да го сврти нашето внимание кон некоја тема со тривијална содржина и која ќе го стави случајов во заборав. Како да зборуваме? Дали да зборуваме емотивно или рационално? Дали да жалиме и сочувствуваме со жртвите на „лекувањето“ или пак силно да се мобилизираме во нашето рационално делување со цел да влијаеме и притискаме овој случај да се истера до крај. До крај, за повеќе да не се повтори. До крај, за да се откријат виновниците и да се утврди одговорноста. Постојано слушаме и читаме емотивни изјави на граѓани кои згрозени од она што се случува не бираат зборови за да го искажат својот револт. Ќе се обидам емоциите да ги ставам на страна без оглед на тоа што спаѓам во групата на Македонци кои го доживеале болното чувство на борба против опаката болест на член на поблиското или поширокото семејство. Болест која што се лекува на Онкологија, на начинот на кој што се лекува! Значи, ќе бидам рационален! Во моментов нешто најрационално што ми доаѓа на ум е дека одговорност мора да има! Независно од тоа дали директорите на онкологија, министерот за здравство, министерот за внатрешни или премиерот се или не се директно инволвирани во сторениот криминал, тие се одговорни што некому дозволиле да се случува такво нешто. Тие се одговорни што во нивно време, пред нивниот нос, некој буквално убивал луѓе. Тие се одговорни за овој скандал поради нивната немарност, неажурност, неспособност или пак можеби поради нивната свесна инволвираност во случајот. Морална и политичка одговорност мора да има веднаш! Оставка од функциите, веднаш, а дали некој е вмешан во криминалот или не, тоа ќе го утврди истрагата и евентуалниот судски процес... доколку не го заташкаат случајот. Утврдувањето на кривичната одговорност е вториот рационален чекор што мора да го издејствуваме, без или со протести. Отсуството на реакција во толку долг период колку што министерува Спасовски во МВР е сериозен показател дека тој човек не си ја врши работата за која што прима плата. Министерувањето во МВР не е само чекање во заседа на „брзите или пивнати“ возачи (иако и тоа треба ревносно да се санкционира). Министерувањето во МВР подразбира промптно реагирање по допрен глас. Министерувањето налага превентивно делување за да се спречат различни форми на криминал. Министерувањето е систематско сузбивање на распространувањето и трговијата со дрога, а не толерирање и гледање низ прсти до моментот кога ќе се процени дека активноста во оваа област ќе донесе некој политички поен. Затоа го спомнав Спасовски како еден од политички одговорните ликови. Тој, заедно со премиерот Ковачевски, е најповикан да ги заштити македонските граѓани од секаков тип на незаконски аномалии. Кога сме кај Ковачевски, некако зачудува неговата неподготвеност за случајов. Се стекна впечаток дека сето ова му дојде некако како гром од ведро небо. Како човекот да разбра за овој случај од вестите на телевизија, како и сите ние останатите. Како да прочита од порталите дека има некакава акција на полицијата на Клиниката за онкологија. Особено зачудуваат неговите конфузни и контрадикторни изјави во врска со случајов. Неговата изјава дека тој бил најхрабриот политичар кој конечно, после неколку години собирање храброст, решил да се справи со „страшните“ мафијаши на Онкологија. Да се справи со мафијаши, „наоружани до заби“, кои секој обид или помисла за нивно изместување од рамнотежа безмилосно го казнуваат. „Мечку стра, мене не ме стра“, би рекле сограѓаните на Ковачевски и Спасовски. И, ете ги двата „профил ликови“ на оваа власт тргнаа во беспоштедна борба со крадците на лекови и терапија за болните. Уф, грозно! Кого го лаже Ковачевски? Себе си, за да не се соочи со сознанието дека е неспособен, со кое што дозволува некој да ги убива граѓаните на кои им е премиер?! Или, можеби не лаже нас, за да ја маскира и отфрли неговата вина и вината на ешалоните на неговата владејачка гарнитура која нѐ доведе до тука?! Дефокусирањето со ретро изјави од типот „и СДСМ и свети СДСМ“ се само потврда дека Ковачевски е затечен и не знае што прави и што треба да прави понатаму. Веројатно некој знае?! Интересно е прашањето кој е тој што знае, зошто го прави и која е целта на отворањето на овој скандал токму во овој момент? За размислување е фактот што последните неколку министри, иако се Албанци, не се од ДУИ. Иако повикав на одговорност на актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити (доаѓа од Алијанса на Албанците), не ми паѓа ни на крај памет да помислам дека тој човек има целосна контрола врз министерството. Да помислам дека има контрола на сѐ она што се случува внатре, по вертикала и хоризонтала. Не ми паѓа ни на памет да помислам дека за краткиот период на неговото министерување, човекот знае повеќе од „метузалемите“ Спасовски, Груби и Османи (некогашен министер за здравство) и нивните инсталации во сите македонски институции. Не ми паѓа ниту на памет да помислам дека и претходникот на Меџити, Беким Сали (Алтернатива), е нешто поарен и поажурен па успеал да фати чекор со споменатите метузалеми во владата. Затоа е интересна оваа акција на МВР. Затоа треба будно да се следи кон кого е насочена и кој со кого се пресметува. Да се види дали акцијата е раководена од Спасовски или некој друг му ја земал диригентската палка употребувајќи ја во функција на партиски интерес и пресметка со политичката конкуренција. Треба да се следи и во контекст на новинарската истрага и актуелезирањето на трагедијата во тетовската болница токму во овој период. Истрага која го впери прстот во најистурената тројка на владата на Заев, кон Анѓушев, Филипче и лично кон Заев. Случајов треба будно да се следи за да можеме да дојдеме до одговорите кои што во моментов ги нема. Има само прашања! Има само нагаѓања, претпоставки и логично вкрстување на факти, кои нѐ водат кон заклучоци. Заклучоци кои посочуваат на изгубена контрола во власта, на внатрепартиски пресметки, на меѓупартиска борба и на обиди за спас на поединци од потрошената власт свесни дека тука некаде е крајот. И, толку! Кој е крив? Не знаеме! Одговорите за кривичната одговорност ќе ги чекаме од органите на прогон, полицијата и обвинителството, а одговорите за политичка одговорност ги бараме веднаш. Оставки и предвремени избори се единственото решение и минимум услов овој монструозен случај да биде истражен од органи кои нема да го трпат притисокот на актуелната власт.

The post Мечка страв, Ковачевски не го страв! appeared first on Република.

]]>
Долно Дупени е под закана на мечка која слободно шета по селските сокаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dolno-dupeni-e-pod-zakana-na-mechka-koja-slobodno-sheta-po-selskite-sokatsi/ Sat, 29 Jul 2023 18:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=666719

Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото - објаво Новатв.мк

-Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци- вели еден жител на селото Долно Дупени.

Присуството на мечката ги вознемири и другите жители на ова село.

-Јас ја видов на патот пред мојата куќа. Таа не се плаши од ништо и не знам што ќе се прави- вели друг жител на ова преспанско село на самата гранична линија со Грција.

Вознемирени од постојаното присутво на мечката жителите на Долно Дупени и се обратија на полцијата. Вчера вечер полицајците и самите можеа да се уверат дека таа слободно се шета по селските сокаци. Во обид да ја избркаат вклучија ротациски светла но таа не покажа дека е исплашена.

-Таа ја забележа полциската кола но мирно замина по асфалтниот пат и воопшто не се ни обиде да се сокрие- вели жител на Долно Дупени.

The post Долно Дупени е под закана на мечка која слободно шета по селските сокаци appeared first on Република.

]]>

Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото - објаво Новатв.мк
-Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци- вели еден жител на селото Долно Дупени.
Присуството на мечката ги вознемири и другите жители на ова село.
-Јас ја видов на патот пред мојата куќа. Таа не се плаши од ништо и не знам што ќе се прави- вели друг жител на ова преспанско село на самата гранична линија со Грција.
Вознемирени од постојаното присутво на мечката жителите на Долно Дупени и се обратија на полцијата. Вчера вечер полицајците и самите можеа да се уверат дека таа слободно се шета по селските сокаци. Во обид да ја избркаат вклучија ротациски светла но таа не покажа дека е исплашена. -Таа ја забележа полциската кола но мирно замина по асфалтниот пат и воопшто не се ни обиде да се сокрие- вели жител на Долно Дупени.

The post Долно Дупени е под закана на мечка која слободно шета по селските сокаци appeared first on Република.

]]>
Успешно е ослободен мечокот заглавен поради сајла на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/uspeshno-e-osloboden-mechokot-zaglaven-poradi-sajla-na-shar-planina/ Sat, 08 Jul 2023 09:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=659150

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен.

Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла.

Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен.

На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар.

По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина.

Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина. 

The post Успешно е ослободен мечокот заглавен поради сајла на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен. На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар.
По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина.
Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина. 

The post Успешно е ослободен мечокот заглавен поради сајла на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Мечка се појави на улиците на Сараево, граѓаните вознемирени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mechka-se-pojavi-na-ulitsite-na-saraevo-graganite-voznemireni/ Sun, 21 May 2023 17:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=643324

Во сараевската населба Вратник била видена мечка како трча низ улица. Жителите на оваа населба биле многу вознемирени.

Сараевските медиуми објавија дека на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата.

Претседателот на Ловечкото здружение Стари град, Муриз Буква, за телевизија „Н1“ изјавил дека мечката не е фатена.

Се работи на тоа. Се скри во шумата кај касарната на Змаевац. Сè е зараснато и тешко може да се лоцира, но сè е под контрола“, вели тој.

Се претпоставува дека мечката заталкала барајќи храна.

https://twitter.com/TRTBalkanBHSC/status/1659159883160092675?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1659159883160092675%7Ctwgr%5E7658b0b9655fc6cf594c2ad6af1e46494fef07a2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmkd.mk%2F

The post Мечка се појави на улиците на Сараево, граѓаните вознемирени appeared first on Република.

]]>

Во сараевската населба Вратник била видена мечка како трча низ улица. Жителите на оваа населба биле многу вознемирени. Сараевските медиуми објавија дека на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата. Претседателот на Ловечкото здружение Стари град, Муриз Буква, за телевизија „Н1“ изјавил дека мечката не е фатена.
Се работи на тоа. Се скри во шумата кај касарната на Змаевац. Сè е зараснато и тешко може да се лоцира, но сè е под контрола“, вели тој.
Се претпоставува дека мечката заталкала барајќи храна. https://twitter.com/TRTBalkanBHSC/status/1659159883160092675?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1659159883160092675%7Ctwgr%5E7658b0b9655fc6cf594c2ad6af1e46494fef07a2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmkd.mk%2F

The post Мечка се појави на улиците на Сараево, граѓаните вознемирени appeared first on Република.

]]>
Мечка усмрти млад човек во Италија, сега ја бараат да ја убијат https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-usmrti-mlad-chovek-vo-italija-sega-ja-baraat-da-ja-ubijat/ Sun, 09 Apr 2023 09:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=628917

Млад човек (26) бил пронајден мртов во близина на шумска патека во северната италијанска провинција Тренто, каде што бил нападнат и усмртен од мечка додека џогирал.

Причината за смртта на жителот на Тренто е утврдена по извршената обдукција, соопштиле тамошните власти. Телото на маж било пронајдено во четвртокот во близина на шумска патека во долината Вал ди Соле, популарна дестинација за планинари и туристи, пренесува Гардијан.

Властите веднаш се посомневале во напад на мечка поради видот на повредите, кои вклучувале длабоки расекотини на телото и лицето, каснувања и длабока рана на стомакот.

Претседателот на автономната провинција Тренто, Марио Фугати, на состанокот со Комитетот за јавен ред и безбедност изјавил дека мечката сега мора да се најде и убие „за да се гарантира јавната безбедност“.

-Сите „проблематични“ животни треба да бидат застрелани“, додал тој.

Инаку, во планинската и шумска област на северна Италија живеат околу 100 мечки, а во последно време жителите се почесто ги гледаат.

Според покраинската управа нивниот број се зголемува. Десет нови мечки биле донесени на ова подрачје од Словенија во 1999 година како дел од проектот на Европската унија „Life Ursus“ со цел да се заштити видот од исчезнување.

Првично била планирана популација од 50 животни, а Фугати вели дека сега треба да се справат со „вишокот“.

The post Мечка усмрти млад човек во Италија, сега ја бараат да ја убијат appeared first on Република.

]]>

Млад човек (26) бил пронајден мртов во близина на шумска патека во северната италијанска провинција Тренто, каде што бил нападнат и усмртен од мечка додека џогирал. Причината за смртта на жителот на Тренто е утврдена по извршената обдукција, соопштиле тамошните власти. Телото на маж било пронајдено во четвртокот во близина на шумска патека во долината Вал ди Соле, популарна дестинација за планинари и туристи, пренесува Гардијан. Властите веднаш се посомневале во напад на мечка поради видот на повредите, кои вклучувале длабоки расекотини на телото и лицето, каснувања и длабока рана на стомакот. Претседателот на автономната провинција Тренто, Марио Фугати, на состанокот со Комитетот за јавен ред и безбедност изјавил дека мечката сега мора да се најде и убие „за да се гарантира јавната безбедност“.
-Сите „проблематични“ животни треба да бидат застрелани“, додал тој.
Инаку, во планинската и шумска област на северна Италија живеат околу 100 мечки, а во последно време жителите се почесто ги гледаат. Според покраинската управа нивниот број се зголемува. Десет нови мечки биле донесени на ова подрачје од Словенија во 1999 година како дел од проектот на Европската унија „Life Ursus“ со цел да се заштити видот од исчезнување. Првично била планирана популација од 50 животни, а Фугати вели дека сега треба да се справат со „вишокот“.

The post Мечка усмрти млад човек во Италија, сега ја бараат да ја убијат appeared first on Република.

]]>
Над 15 евра за 250 грама: Месото од мечка стана хит на автоматите за храна во оваа земја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-15-evra-za-250-grama-mesoto-od-mechka-stana-hit-na-avtomatite-za-hrana/ Thu, 06 Apr 2023 19:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=627374

Можеби за некого звучи неверојатно, но постои место каде што на автомат за брза храна можете да купите месо од дива мечка.

Автоматите за брза храна во Јапонија, каде што можете да купите готови оброци со месо од кит, полжави или јадливи инсекти, неодамна им понудија на клиентите и месо од дива мечка.

Различни парчиња од локалната црна мечка се продаваат во машини за брза храна во градот Сембоку, а тие нудат мрсно или посно месо од мечка по цена од 2.200 јени (околу 15,5 евра) за порција од 250 грама, пишува јапонскиот дневен весник „Маиничи Шимбун“.

Азиските црни мечки се класифицирани како загрозен вид, но локалните власти во градот Сембоку, што се наоѓа во префектурата Акита во cеверна Јапонија, велат дека го ограничуваат и контролираат бројот на животни што можат да бидат застрелани, пренесува „Би-би-си“.

Машините за брза храна, кои припаѓаат на локалниот ресторан „Соба Горо“, продаваат 10-15 пакувања месо од мечка неделно, а месото доаѓа од животни кои биле застрелани од локални ловци во блиските планини.

The post Над 15 евра за 250 грама: Месото од мечка стана хит на автоматите за храна во оваа земја appeared first on Република.

]]>

Можеби за некого звучи неверојатно, но постои место каде што на автомат за брза храна можете да купите месо од дива мечка. Автоматите за брза храна во Јапонија, каде што можете да купите готови оброци со месо од кит, полжави или јадливи инсекти, неодамна им понудија на клиентите и месо од дива мечка. Различни парчиња од локалната црна мечка се продаваат во машини за брза храна во градот Сембоку, а тие нудат мрсно или посно месо од мечка по цена од 2.200 јени (околу 15,5 евра) за порција од 250 грама, пишува јапонскиот дневен весник „Маиничи Шимбун“. Азиските црни мечки се класифицирани како загрозен вид, но локалните власти во градот Сембоку, што се наоѓа во префектурата Акита во cеверна Јапонија, велат дека го ограничуваат и контролираат бројот на животни што можат да бидат застрелани, пренесува „Би-би-си“. Машините за брза храна, кои припаѓаат на локалниот ресторан „Соба Горо“, продаваат 10-15 пакувања месо од мечка неделно, а месото доаѓа од животни кои биле застрелани од локални ловци во блиските планини.

The post Над 15 евра за 250 грама: Месото од мечка стана хит на автоматите за храна во оваа земја appeared first on Република.

]]>
21-годишен возач усмрти мечка на патот Тетово – Скопје и се повредил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/21-godishen-vozach-usmrti-mechka-na-patot-tetovo-skopje-i-se-povredil/ Mon, 27 Mar 2023 12:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=624267

Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден.

Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово – Скопје.

Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

The post 21-годишен возач усмрти мечка на патот Тетово – Скопје и се повредил appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден. Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово – Скопје.
Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

The post 21-годишен возач усмрти мечка на патот Тетово – Скопје и се повредил appeared first on Република.

]]>