мба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mba/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Aug 2022 19:49:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mba/ 32 32 Македонската банкарска асоцијација: Небулозни се наводите и обвинувањата на Трифун Костовски и неговата приватна истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskata-bankarska-asocijacija-nebulozni-se-navodite-i-obvinuvanjata-na-trifun-kostovski-i-negovata-privatna-istraga/ Mon, 22 Aug 2022 19:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=543008

Македонската банкарска асоцијација, во името на сите свои членки - банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро изразува најoстар протест и отфрлање на сите крајно неосновани наводи за банкарскиот сектор, изнесени на прес конференцијатата одржана на 22.08.2022 година. Потенцираме дека никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања за цел банкарски сектор на една држава врз основа на некакви приватни истраги. Банкарскиот сектор е дел од севкупниот економски систем на оваа земја, дом на заштедите на македонските граѓани и компании и столб на целокупниот финансиски систем на Република Македонија.

Пропаѓањето на една банка зарaди проблеми и нерегуларности кои се случувале во самата таа банка, а за кои целата јaвност беше информирана преку средствата за јавно информирање, не смее и не може да бидат прелеани како обвинување за цел еден сектор. Македонскиот банкарски сектор бил и останува најздравото ткиво на нашата економија и никој нема право да прави обиди за поткопување на неговиот углед и негово омаловажување, како што нема право тоа да го прави со која било институција на оваа држава. Функциите кои банкарскиот сектор ги извршува во економијата се од витален јавен интерес и се јавно добро и затоа секој поединец, група, па и институции треба да бидат многу внимателни кога изнесуваат наводи со кои се квалификува цел еден систем. Како ниту еден друг сектор во економијата, нашиот банкарски сектор во изминатите 30 години помина низ повеќе реформи кои овозможија поставување на основите на она што системот е денес: здрав, сигурен, стабилен, профитабилен, со силна кредитна поддршка на економијата и домаќинствата и со највисоки оценки од сите релевантни меѓународни институции во сите претходни години, институциите на ЕУ, ММФ, Светската банка итн. Како што е истакнато и во последниот извештај на реномираната кредитна агенција Стандард и Пурс, објавен пред два дена, македонскиот банкарски сектор е стабилен и добро капитализиран, со стапка на нефукционални кредити од ниски 3% и адекватност на капиталот од 17%. Кредитната агенција го потврди рејтингот на Република Македонија од ББ- со стабилен изглед, што секако не би било можно доколку има каква било резерва во однос на здравоста на банкарскиот сектор во земјата.

Затоа, уште еднаш укажуваме на потребата од одговорно однесување и внимателност при изјави кои се однесуваат на банкарскиот сектор. Истовремено, упатуваме апел до јавноста дека дезинформации и инсинуации кои се изнесуваат во јавноста за банкарскиот сектор и поединечни банки треба да бидат отфрлени бидејќи заради остварување на некои други интереси и нечии лични битки, свесно или несвесно, се прави обид за загрозување на нешто што е од јавен интерес на секој граѓанин, секоја компанија, секоја институција во оваа земја.

The post Македонската банкарска асоцијација: Небулозни се наводите и обвинувањата на Трифун Костовски и неговата приватна истрага appeared first on Република.

]]>

Македонската банкарска асоцијација, во името на сите свои членки - банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро изразува најoстар протест и отфрлање на сите крајно неосновани наводи за банкарскиот сектор, изнесени на прес конференцијатата одржана на 22.08.2022 година. Потенцираме дека никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања за цел банкарски сектор на една држава врз основа на некакви приватни истраги. Банкарскиот сектор е дел од севкупниот економски систем на оваа земја, дом на заштедите на македонските граѓани и компании и столб на целокупниот финансиски систем на Република Македонија. Пропаѓањето на една банка зарaди проблеми и нерегуларности кои се случувале во самата таа банка, а за кои целата јaвност беше информирана преку средствата за јавно информирање, не смее и не може да бидат прелеани како обвинување за цел еден сектор. Македонскиот банкарски сектор бил и останува најздравото ткиво на нашата економија и никој нема право да прави обиди за поткопување на неговиот углед и негово омаловажување, како што нема право тоа да го прави со која било институција на оваа држава. Функциите кои банкарскиот сектор ги извршува во економијата се од витален јавен интерес и се јавно добро и затоа секој поединец, група, па и институции треба да бидат многу внимателни кога изнесуваат наводи со кои се квалификува цел еден систем. Како ниту еден друг сектор во економијата, нашиот банкарски сектор во изминатите 30 години помина низ повеќе реформи кои овозможија поставување на основите на она што системот е денес: здрав, сигурен, стабилен, профитабилен, со силна кредитна поддршка на економијата и домаќинствата и со највисоки оценки од сите релевантни меѓународни институции во сите претходни години, институциите на ЕУ, ММФ, Светската банка итн. Како што е истакнато и во последниот извештај на реномираната кредитна агенција Стандард и Пурс, објавен пред два дена, македонскиот банкарски сектор е стабилен и добро капитализиран, со стапка на нефукционални кредити од ниски 3% и адекватност на капиталот од 17%. Кредитната агенција го потврди рејтингот на Република Македонија од ББ- со стабилен изглед, што секако не би било можно доколку има каква било резерва во однос на здравоста на банкарскиот сектор во земјата. Затоа, уште еднаш укажуваме на потребата од одговорно однесување и внимателност при изјави кои се однесуваат на банкарскиот сектор. Истовремено, упатуваме апел до јавноста дека дезинформации и инсинуации кои се изнесуваат во јавноста за банкарскиот сектор и поединечни банки треба да бидат отфрлени бидејќи заради остварување на некои други интереси и нечии лични битки, свесно или несвесно, се прави обид за загрозување на нешто што е од јавен интерес на секој граѓанин, секоја компанија, секоја институција во оваа земја.

The post Македонската банкарска асоцијација: Небулозни се наводите и обвинувањата на Трифун Костовски и неговата приватна истрага appeared first on Република.

]]>
Банкарите не сакаат при земањето пари од стечајната маса на „Еуростандард“ штедачите да имаат предност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bankarite-ne-sakaat-pri-zemanjeto-pari-od-stechajnata-masa-na-eurostandard-shtedachite-da-imaat-prednost/ Thu, 03 Feb 2022 10:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=453449

Банкарите од земјава реагираат дека не е точна информацијата која минатата недела ја пренесоа штедачите од Еуростандард банка, а таа е дека тие ќе имаат предност на намирување од стечајната маса, пред Фондот за осигурување на депозити.

Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното:

- Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, истиот целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска;

- благодарение на неговата поставеност и улога, како и на целосната финансиска поддршка од членовите на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити даде значаен придонес кон создавање на стабилен и сигурен банкарски сектор кој ужива огромна доверба кај штедачите, поради што ваквата реалност не смее да биде загрозена од никого и на ниту еден начин;

- Фондот за осигурување депозити во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, навремено и ефикасно ја изврши својата законска обврска и од средствата на Фондот досега се обесштетени 90 отсто од штедачите - физички лица со право на обесштетување;

- статусот на Фондот за осигурување на депозити на доверител со утврдено побарување во предметната стечајна постапка е неспорен за правниот систем на нашата држава, а тоа го потврдија и судовите со свои одлуки“, се вели во соопштението од МБА.

Во таа смисла, Македонската банкарска асоцијација очекува во рамки на стечајната постапка над  Еуростандард банка АД Скопје во стечај целосно да се почитуваат одредбите од Законот за стечај и Фондот за осигурување на депозити како доверител, рамномерно и пропорционално да се намири истовремено со сите други доверители од ист исплатен ред, нагласуваат оттаму.

Сметамe дека секоја друга одлука би можела да нанесе ненадоместлива штета директно на Фондот за осигурување на депозити, а со тоа и индиректно на банките и штедилниците коишто го финансираат овој Фонд, нагласуваат од Македонската банкарска асоцијација.

The post Банкарите не сакаат при земањето пари од стечајната маса на „Еуростандард“ штедачите да имаат предност appeared first on Република.

]]>

Банкарите од земјава реагираат дека не е точна информацијата која минатата недела ја пренесоа штедачите од Еуростандард банка, а таа е дека тие ќе имаат предност на намирување од стечајната маса, пред Фондот за осигурување на депозити.
Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното: - Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, истиот целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска; - благодарение на неговата поставеност и улога, како и на целосната финансиска поддршка од членовите на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити даде значаен придонес кон создавање на стабилен и сигурен банкарски сектор кој ужива огромна доверба кај штедачите, поради што ваквата реалност не смее да биде загрозена од никого и на ниту еден начин; - Фондот за осигурување депозити во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, навремено и ефикасно ја изврши својата законска обврска и од средствата на Фондот досега се обесштетени 90 отсто од штедачите - физички лица со право на обесштетување; - статусот на Фондот за осигурување на депозити на доверител со утврдено побарување во предметната стечајна постапка е неспорен за правниот систем на нашата држава, а тоа го потврдија и судовите со свои одлуки“, се вели во соопштението од МБА.
Во таа смисла, Македонската банкарска асоцијација очекува во рамки на стечајната постапка над  Еуростандард банка АД Скопје во стечај целосно да се почитуваат одредбите од Законот за стечај и Фондот за осигурување на депозити како доверител, рамномерно и пропорционално да се намири истовремено со сите други доверители од ист исплатен ред, нагласуваат оттаму.
Сметамe дека секоја друга одлука би можела да нанесе ненадоместлива штета директно на Фондот за осигурување на депозити, а со тоа и индиректно на банките и штедилниците коишто го финансираат овој Фонд, нагласуваат од Македонската банкарска асоцијација.

The post Банкарите не сакаат при земањето пари од стечајната маса на „Еуростандард“ штедачите да имаат предност appeared first on Република.

]]>