мавровско езеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mavrovsko-ezero/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Sep 2023 09:24:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мавровско езеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mavrovsko-ezero/ 32 32 Судир околу Мавровско Езеро, мотоциклист во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudir-okolu-mavrovsko-ezero-mototsiklist-vo-bolnitsa/ Mon, 18 Sep 2023 09:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=682805

Вчера во 13:40 часот на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“, управувано од 25-годишната А.Н. од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф.С., и двете со скопски ознаки.

Во несреќата, мотоциклистот Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

The post Судир околу Мавровско Езеро, мотоциклист во болница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13:40 часот на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“, управувано од 25-годишната А.Н. од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф.С., и двете со скопски ознаки. Во несреќата, мотоциклистот Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

The post Судир околу Мавровско Езеро, мотоциклист во болница appeared first on Република.

]]>
Човечки остатоци пронајдени во Мавровското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovechki-ostatotsi-pronajdeni-vo-mavrovskoto-ezero/ Mon, 03 Apr 2023 20:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=626879

Човечки остатоци биле пронајдени кај местото викано „Бел коњ“ во Мавровско езеро во населбата Маврови Анови, гостиварско.

Според информациите од СВР Тетово, пронајдени се остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење.

Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

The post Човечки остатоци пронајдени во Мавровското Езеро appeared first on Република.

]]>

Човечки остатоци биле пронајдени кај местото викано „Бел коњ“ во Мавровско езеро во населбата Маврови Анови, гостиварско. Според информациите од СВР Тетово, пронајдени се остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

The post Човечки остатоци пронајдени во Мавровското Езеро appeared first on Република.

]]>
На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-mavrovsko-ezero-kje-se-gradi-dzamija/ Mon, 19 Dec 2022 09:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=587519

Државно земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект. ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа, дознава партијата „Левица“.

Членови на ИВЗ, со помош на нивни роднини во Катастарот на Гостивар, преку трето лице кое се јавува како посредник од неодамна станаа сопственици на супер атрактивното земјиште.

Ова се гледа од документите до кои дојде политичката партија Левица.

Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков Дол, со површина од околу 2600м2.

Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела – Незир Сулејмани, инаку сопственик на фирмата „Кораб Мермери.”

Се поставува прашањето – зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони?

Изградба на било каков објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна.

Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука.

Јасно е дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.

The post На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? appeared first on Република.

]]>

Државно земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект. ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа, дознава партијата „Левица“. Членови на ИВЗ, со помош на нивни роднини во Катастарот на Гостивар, преку трето лице кое се јавува како посредник од неодамна станаа сопственици на супер атрактивното земјиште. Ова се гледа од документите до кои дојде политичката партија Левица. Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков Дол, со површина од околу 2600м2.
Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела – Незир Сулејмани, инаку сопственик на фирмата „Кораб Мермери.”
Се поставува прашањето – зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони? Изградба на било каков објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна. Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука. Јасно е дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.

The post На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? appeared first on Република.

]]>