маврово и ростуше Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mavrovo-i-rostushe/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Sep 2023 09:44:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маврово и ростуше Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mavrovo-i-rostushe/ 32 32 Анима Мунди: Решавањето на проблемот со кафеавата мечка да не вклучува отстрел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anima-mundi-reshavaneto-na-problemot-so-kafeavata-mechka-da-ne-vkluchuva-otstrel/ Sat, 30 Sep 2023 09:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=686560

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките во Националниот парк Маврово кои во потрага по храна талкаат по населени места и претураат по кантите за отпадоци и дивите депонии.

Оттаму велат дека отстрел, убиство на диви животни не смее да биде предлог за решавање на овој проблем.

- Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем, наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест, велат од Анима Мунди.

Тие појаснуваат дека мечките како заштитен вид насекаде низ светот и важен дел од екосистемот.

- Мечката е важен и витален дел од националните паркови таканаречен инжењер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот, ја зголемува вегетацијата во шумите. Поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели истата нашла лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии, велат оттаму.

Порачуваат надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем и да се консултираат со експерти на оваа тема за да најдат безболно решение кое не вклучува смрт.

Последниот период во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка која кај нас е забранета за лов и спаѓа за строго заштитен вид уште од 1996 година.

Регионалниот центар за управување со Кризи информираше дека општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, Министерството за внатрешни работи како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Седница на групата за процена каде ќе се разгледа состојбата и ќе се процени дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба е закажана за в понеделник.

The post Анима Мунди: Решавањето на проблемот со кафеавата мечка да не вклучува отстрел appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките во Националниот парк Маврово кои во потрага по храна талкаат по населени места и претураат по кантите за отпадоци и дивите депонии. Оттаму велат дека отстрел, убиство на диви животни не смее да биде предлог за решавање на овој проблем. - Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем, наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест, велат од Анима Мунди. Тие појаснуваат дека мечките како заштитен вид насекаде низ светот и важен дел од екосистемот. - Мечката е важен и витален дел од националните паркови таканаречен инжењер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот, ја зголемува вегетацијата во шумите. Поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели истата нашла лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии, велат оттаму. Порачуваат надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем и да се консултираат со експерти на оваа тема за да најдат безболно решение кое не вклучува смрт. Последниот период во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка која кај нас е забранета за лов и спаѓа за строго заштитен вид уште од 1996 година. Регионалниот центар за управување со Кризи информираше дека општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, Министерството за внатрешни работи како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Седница на групата за процена каде ќе се разгледа состојбата и ќе се процени дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба е закажана за в понеделник.

The post Анима Мунди: Решавањето на проблемот со кафеавата мечка да не вклучува отстрел appeared first on Република.

]]>
Во Маврово и Ростуше постигнат е цензус, до 15 часот излезноста надмина 34 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-mavrovo-i-rostushe-postignat-e-cenzus-do-15-chasot-izleznosta-nadmina-34-procenti/ Sat, 20 Aug 2022 14:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=542350

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 15 часот, правото на глас го оствариле 3.423 лица, односно 34,41 роценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше.

Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера и нема прекини во изборниот процес.

Во оваа општина, право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. Се избор на градоначалник се гласа во еден круг, бидејќи има двајца кандидати.

The post Во Маврово и Ростуше постигнат е цензус, до 15 часот излезноста надмина 34 проценти appeared first on Република.

]]>

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 15 часот, правото на глас го оствариле 3.423 лица, односно 34,41 роценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше. Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера и нема прекини во изборниот процес. Во оваа општина, право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. Се избор на градоначалник се гласа во еден круг, бидејќи има двајца кандидати.

The post Во Маврово и Ростуше постигнат е цензус, до 15 часот излезноста надмина 34 проценти appeared first on Република.

]]>
Гласањето во Маврово и Ростуше без пречки, излезноста 14,11 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/glasanjeto-vo-mavrovo-i-rostushe-bez-prechki-izleznosta-14-11-procenti/ Sat, 20 Aug 2022 11:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=542289

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 11 часот на избирачките места излегле 1.404 лица со право на глас. Тоа е 14,11 проценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше.

Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска до сега не се забележани неправилности или прекини во изборниот процес и се се одвива во нормални услови.

Претходно, на првиот пресек до девет часот, во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи, односно излезноста беше 5,52 отсто. Во оваа општина има 39 избирачки места за право на глас имаат 9.948 граѓани.

На овие избори се гласа во еден круг за градоначалник бидејќи има двајца кандидати.

The post Гласањето во Маврово и Ростуше без пречки, излезноста 14,11 проценти appeared first on Република.

]]>

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 11 часот на избирачките места излегле 1.404 лица со право на глас. Тоа е 14,11 проценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше. Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска до сега не се забележани неправилности или прекини во изборниот процес и се се одвива во нормални услови. Претходно, на првиот пресек до девет часот, во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи, односно излезноста беше 5,52 отсто. Во оваа општина има 39 избирачки места за право на глас имаат 9.948 граѓани. На овие избори се гласа во еден круг за градоначалник бидејќи има двајца кандидати.

The post Гласањето во Маврово и Ростуше без пречки, излезноста 14,11 проценти appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Четири години беа сосема доволни граѓаните да видат дека актуелната локална власт на СДСМ нема да го подобрат животот во Маврово Ростуше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-chetiri-godini-bea-sosema-dovolni-gragjanite-da-vidat-deka-aktuelnata-lokalna-vlast-na-sdsm-nema-da-go-podobrat-zivotot-vo-mavrovo-rostushe/ Wed, 17 Aug 2022 21:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=541519

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски заедно со сопартијци денека ги посети Сретково, Врбен и Маврово.

Четири години беа сосема доволни за граѓаните да видат дека актуелната локална власт предводена од актуелниот кандидат на СДСМ немаат квалитет да го подобрат животот во оваа општина.
Во сабота граѓаните на Маврово Ростуше масовно ќе го поддржат концептот на ВМРО – ДПМНЕ за промени и проекти кој веќе со месеци се имплементира во најголемиот дел од општините во Република Македонија.
На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа да го средуваме Маврово Ростуше, општина која е национална гордост, порача тој.

The post Мисајловски: Четири години беа сосема доволни граѓаните да видат дека актуелната локална власт на СДСМ нема да го подобрат животот во Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски заедно со сопартијци денека ги посети Сретково, Врбен и Маврово.
Четири години беа сосема доволни за граѓаните да видат дека актуелната локална власт предводена од актуелниот кандидат на СДСМ немаат квалитет да го подобрат животот во оваа општина. Во сабота граѓаните на Маврово Ростуше масовно ќе го поддржат концептот на ВМРО – ДПМНЕ за промени и проекти кој веќе со месеци се имплементира во најголемиот дел од општините во Република Македонија. На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа да го средуваме Маврово Ростуше, општина која е национална гордост, порача тој.

The post Мисајловски: Четири години беа сосема доволни граѓаните да видат дека актуелната локална власт на СДСМ нема да го подобрат животот во Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>
Џафери: Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-promenite-vo-zemjata-zapochnaa-i-tie-kje-se-zaokruzat-vo-mavrovo-rostushe/ Fri, 05 Aug 2022 08:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=536967

Драги пријатели, во политиката влегувам со искрена желба да ги промениме работите, порача кандидатот за градоначалник на општина Маврово Ростуше на ВМРО-ДПМНЕ Мевмед Џафери.

Целиот живот го посветив на медицината и како доктор најдобро што умеам е да помагам на луѓето. Време е тоа да го направиме и во политиката и само заедно, со цврста волја и работа можеме да ги промениме работите, а на Маврово Ростуше му треба будење, му требаат промени и домаќинско работење. Како ваш пријател, сосед, ваш сограѓанин ви ветувам дека ќе бидам вашиот глас во општината и заеднички ќе ги решаваме проблемите, порача Џафери.

Промените во земјата започнаа, вели тој, и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше, за промени, проекти, за победи и само така ќе создадеме нова иднина.

Домаќински и одговорно. Да ги промениме работите кои донесоа стагнација, да ја ослободиме општината од приватните и лични интереси, да не биде повеќе извор за богатење и злоупотребa на поединци, туку место каде ќе создаваме иднина за секој еден човек во нашата општина.

Ви ветувам беспоштедна работа и промени. Јас сум Мевмед Џафери, вашиот избор за градоначалник на нашето Маврово Ростуше, порача Џафери.

https://youtu.be/BI6KlEeH_W0

The post Џафери: Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>

Драги пријатели, во политиката влегувам со искрена желба да ги промениме работите, порача кандидатот за градоначалник на општина Маврово Ростуше на ВМРО-ДПМНЕ Мевмед Џафери.
Целиот живот го посветив на медицината и како доктор најдобро што умеам е да помагам на луѓето. Време е тоа да го направиме и во политиката и само заедно, со цврста волја и работа можеме да ги промениме работите, а на Маврово Ростуше му треба будење, му требаат промени и домаќинско работење. Како ваш пријател, сосед, ваш сограѓанин ви ветувам дека ќе бидам вашиот глас во општината и заеднички ќе ги решаваме проблемите, порача Џафери.
Промените во земјата започнаа, вели тој, и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше, за промени, проекти, за победи и само така ќе создадеме нова иднина.
Домаќински и одговорно. Да ги промениме работите кои донесоа стагнација, да ја ослободиме општината од приватните и лични интереси, да не биде повеќе извор за богатење и злоупотребa на поединци, туку место каде ќе создаваме иднина за секој еден човек во нашата општина. Ви ветувам беспоштедна работа и промени. Јас сум Мевмед Џафери, вашиот избор за градоначалник на нашето Маврово Ростуше, порача Џафери.
https://youtu.be/BI6KlEeH_W0

The post Џафери: Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>
Нема луѓе да гласаат: Ќе се избере ли конечно градоначалник на Маврово и Центар Жупа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-lugje-da-glasaat-kje-se-izbere-li-konechno-gradonachalnik-na-mavrovo-i-centar-zupa/ Sat, 11 Jun 2022 14:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=513871

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година.

-Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Македонија“, се наведува во соопштението

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори

The post Нема луѓе да гласаат: Ќе се избере ли конечно градоначалник на Маврово и Центар Жупа? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година. -Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Македонија“, се наведува во соопштението Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори

The post Нема луѓе да гласаат: Ќе се избере ли конечно градоначалник на Маврово и Центар Жупа? appeared first on Република.

]]>
Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbornata-kampanja-za-gradonachalnik-na-mavrovo-rostushe-i-centar-zupa-pochnuva-na-12-mart/ Fri, 04 Feb 2022 18:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=454346

Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа.

Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на увид во сите подрачни одделенија на ДИК и на веб страницата.

Собирањето на потписи на граѓани за кандидирање на кандидати за градоначалник во овие две општини ќе започне на 13 февруари и ќе трае до 27 февруари. Предлагањето на листи на кандидати од страна на политичките парти или независни листи на кандидати со собрани потписи до Општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе може да се врши заклучно до 12 март. Изборната кампања за првиот круг започнува на 28 март и трае заклучно со 15 април, објасни Кондарко.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го потпиша решението за распишување на избори за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа кои треба да се одржат на 17 април.

The post Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа. Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на увид во сите подрачни одделенија на ДИК и на веб страницата. Собирањето на потписи на граѓани за кандидирање на кандидати за градоначалник во овие две општини ќе започне на 13 февруари и ќе трае до 27 февруари. Предлагањето на листи на кандидати од страна на политичките парти или независни листи на кандидати со собрани потписи до Општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе може да се врши заклучно до 12 март. Изборната кампања за првиот круг започнува на 28 март и трае заклучно со 15 април, објасни Кондарко. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го потпиша решението за распишување на избори за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа кои треба да се одржат на 17 април.

The post Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март appeared first on Република.

]]>