Мавера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mavera/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 13:07:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мавера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mavera/ 32 32 Македонскиот краток филм „Мавера“ на Филмски фестивал во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-kratok-film-mavera-na-filmski-festival-vo-tirana/ Sat, 21 Sep 2024 13:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=818508

Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим ќе се прикаже во рамки на студентската програма „BALKAN Shorts“ на 22. Филмски фестивал во Тирана, што ќе се одржи од 22 до 28 септември.

Приказната во филмот ги следи двете сестри Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат.

Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска-Костовска.

Минатата година на филмот му беше доделено специјално признание во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во рамките на филмскиот фестивал „Sирни“, ја доби наградата за најдобар филм – „Данчо Чеврески“. Годинава „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во рамките на интернационалниот филмски фестивал „Клермон-Феран“.

Батухан Ибрахим е и сценарист и продуцент на филмот, а Стефан Ѓоргиевски е директор на фотографија и ја дели продуцентската палка со Ибрахим.

The post Македонскиот краток филм „Мавера“ на Филмски фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>

Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим ќе се прикаже во рамки на студентската програма „BALKAN Shorts“ на 22. Филмски фестивал во Тирана, што ќе се одржи од 22 до 28 септември. Приказната во филмот ги следи двете сестри Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска-Костовска. Минатата година на филмот му беше доделено специјално признание во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во рамките на филмскиот фестивал „Sирни“, ја доби наградата за најдобар филм – „Данчо Чеврески“. Годинава „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во рамките на интернационалниот филмски фестивал „Клермон-Феран“. Батухан Ибрахим е и сценарист и продуцент на филмот, а Стефан Ѓоргиевски е директор на фотографија и ја дели продуцентската палка со Ибрахим.

The post Македонскиот краток филм „Мавера“ на Филмски фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>
Независниот краток игран филм „Мавера” во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nezavisniot-kratok-igran-film-mavera-vo-ofitsijalnata-selektsija-na-filmskiot-festival-vo-tirana/ Thu, 29 Aug 2024 09:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=811105

Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на реномираниот филмски фестивал во Тирана. Филмот својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција.

Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди.

Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат.

Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, продуцентите на филмот велат:

Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сеуште се перцепира како незериозна, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.

Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм - “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand.

Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска - Костовска.

https://youtu.be/gJE1v6taUG0?si=r9Ei0aVvoCcHAxOB

The post Независниот краток игран филм „Мавера” во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>

Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на реномираниот филмски фестивал во Тирана. Филмот својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција. Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди. Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат. Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, продуцентите на филмот велат:
Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сеуште се перцепира како незериозна, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.
Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм - “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand. Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска - Костовска. https://youtu.be/gJE1v6taUG0?si=r9Ei0aVvoCcHAxOB

The post Независниот краток игран филм „Мавера” во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>
Проекција на краткиот филм „Мавера“ во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsija-na-kratkiot-film-mavera-vo-mkts/ Fri, 12 Jul 2024 10:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=796122

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржи проекција на независниот македонски краток филм „Мавера“.

Овој краток филм, како што соопшти режисерот и продуцент Батухан Ибрахиме, е независен, снимен без никаква надворешна или државна финансиска поддршка, а е во копродукција со Факултетот за драмски уметности во Скопје и Апофенија Пост.

– Мавера е независен филм, го снимивме со сопствени средства, иако овој принцип на работа е многу тежок и навидум делува ограничувачки, на тимот кој што беше со мене тоа воопшто не им беше битно, тие ги овозможија сите можни услови за да се реализира овој филм. Многу сум среќен поради тоа што сите, неуморно, ми овозможија да снимам 14 дена краток филм, веројатно ова се случува прв пат кај нас, еден краток филм да се сними во толку многу денови. Но јас и мојот тим, одлучивме да покажеме дека ние не снимаме туку создаваме филм. Според мене сетоа ова е доказ дека независниот филм постои, вели режисерот и продуцентот Батухан Ибрахим.

Двете сестри, Билјана и Вики, се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата Билјана ја сноси одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нејзиниот татко е починат.

Минатата година, се додава во соопштението, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм – “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand.

Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска – Костовска.

 

The post Проекција на краткиот филм „Мавера“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржи проекција на независниот македонски краток филм „Мавера“. Овој краток филм, како што соопшти режисерот и продуцент Батухан Ибрахиме, е независен, снимен без никаква надворешна или државна финансиска поддршка, а е во копродукција со Факултетот за драмски уметности во Скопје и Апофенија Пост. – Мавера е независен филм, го снимивме со сопствени средства, иако овој принцип на работа е многу тежок и навидум делува ограничувачки, на тимот кој што беше со мене тоа воопшто не им беше битно, тие ги овозможија сите можни услови за да се реализира овој филм. Многу сум среќен поради тоа што сите, неуморно, ми овозможија да снимам 14 дена краток филм, веројатно ова се случува прв пат кај нас, еден краток филм да се сними во толку многу денови. Но јас и мојот тим, одлучивме да покажеме дека ние не снимаме туку создаваме филм. Според мене сетоа ова е доказ дека независниот филм постои, вели режисерот и продуцентот Батухан Ибрахим. Двете сестри, Билјана и Вики, се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата Билјана ја сноси одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нејзиниот татко е починат. Минатата година, се додава во соопштението, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм – “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand. Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска – Костовска.  

The post Проекција на краткиот филм „Мавера“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>
„Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим ја доби наградата за најдобар филм на ЅИРНИ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/mavera-vo-rezhija-na-batuhan-ibrahim-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-zirni/ Fri, 06 Oct 2023 15:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=688642

Во официјалната селекција на петото издание на ЅИРНИ, добитник на наградата за најдобар филм „Данчо Чеврески„ е филмот „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим.

Филмот ја добива наградата поради експресивноста на визуелниот израз преку кој режисерот ги прикажува односите во едно семејство соочено со апсурдноста на административните и бирократски препреки и воопшто нашето македонско секојдневие. Одлуката ја донесе трочленото жири во состав: Марија Апчевска, Ивица Димитријевиќ и Саша Станишиќ, а наградата ја додели професорот Владимир Блажевски.

The post „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим ја доби наградата за најдобар филм на ЅИРНИ appeared first on Република.

]]>

Во официјалната селекција на петото издание на ЅИРНИ, добитник на наградата за најдобар филм „Данчо Чеврески„ е филмот „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим. Филмот ја добива наградата поради експресивноста на визуелниот израз преку кој режисерот ги прикажува односите во едно семејство соочено со апсурдноста на административните и бирократски препреки и воопшто нашето македонско секојдневие. Одлуката ја донесе трочленото жири во состав: Марија Апчевска, Ивица Димитријевиќ и Саша Станишиќ, а наградата ја додели професорот Владимир Блажевски.

The post „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим ја доби наградата за најдобар филм на ЅИРНИ appeared first on Република.

]]>
Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на „Ѕирни” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kratkometrazhniot-film-mavera-vecherva-premierno-i-na-zirni/ Mon, 02 Oct 2023 15:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=687195

Краткиот независен филм „Мавера” кој премиерно се прикажа на ИФФК „Браќа Манаки" влезе во официјална селекција на петтото изданије на Скопскиот фестивал „Ѕирни".

„Мавера” својата скопска премиера ќе ја има денеска од 20:00 часот, на Платото „Котур" и се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески”.

ИФФК „Браќа Манаки“ секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери, тешко е да се раскаже прекрасното непознато во кратка филмска форма и затоа краткометражниот филм секогаш е голем предизвик за филмските автори.

Жирито во состав: Дарија Д ‘ Антонио, Питер Бижу, Теона Стругар Митевска, Ромен Лакурба и Доменико ла Порта доделија посебно признание за Стефан Ѓоргиевски за филмот „Мавера“.

На Ѓоргиевски признанието му го додели Питер Бижу, а младиот кинематографер рече дека е голема чест за него што бил дел од овој фестивал, бидејќи неговиот независно финансиран филм се нашол во друштвото на филмови кои биле на светските филмски фестивали.

Краткиот игран филм „Мавера“ е независно финансиран, без надворешна поддршка, а притоа е селектиран од голема конкуренција на Македонски и странски филмови со високи буџети, во режија и сценарио на Батухан Ибрахим, кој е и продуцент на филмот заедно со Стефан Ѓоргиевски, кој исто така е и кинематографер на проектот.

Монтажер е Драган Спасов а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска.

 

The post Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на „Ѕирни” appeared first on Република.

]]>

Краткиот независен филм „Мавера” кој премиерно се прикажа на ИФФК „Браќа Манаки" влезе во официјална селекција на петтото изданије на Скопскиот фестивал „Ѕирни". „Мавера” својата скопска премиера ќе ја има денеска од 20:00 часот, на Платото „Котур" и се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески”. ИФФК „Браќа Манаки“ секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери, тешко е да се раскаже прекрасното непознато во кратка филмска форма и затоа краткометражниот филм секогаш е голем предизвик за филмските автори. Жирито во состав: Дарија Д ‘ Антонио, Питер Бижу, Теона Стругар Митевска, Ромен Лакурба и Доменико ла Порта доделија посебно признание за Стефан Ѓоргиевски за филмот „Мавера“. На Ѓоргиевски признанието му го додели Питер Бижу, а младиот кинематографер рече дека е голема чест за него што бил дел од овој фестивал, бидејќи неговиот независно финансиран филм се нашол во друштвото на филмови кои биле на светските филмски фестивали. Краткиот игран филм „Мавера“ е независно финансиран, без надворешна поддршка, а притоа е селектиран од голема конкуренција на Македонски и странски филмови со високи буџети, во режија и сценарио на Батухан Ибрахим, кој е и продуцент на филмот заедно со Стефан Ѓоргиевски, кој исто така е и кинематографер на проектот. Монтажер е Драган Спасов а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска.  

The post Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на „Ѕирни” appeared first on Република.

]]>