матурант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maturant/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 08:44:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матурант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maturant/ 32 32 Матурант загина во океан откако скокна од крузер поради „Тик ток“ предизвик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maturant-zagina-vo-okean-otkako-skokna-od-kruzer-poradi-tik-tok-predizvik/ Wed, 31 May 2023 08:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=646359

Американската крајбрежна стража и бројни агенции со денови ги пребаруваа водите на океанот кај Бахамите во потрага по млад човек, откако тој доцна вечерта скокна од крузер и исчезна.

Станува збор за 18-годишниот Камерон Робинс, кој во средата околу 23.30 часот скокнал во океанот без појас за спасување, облечен само во костум за капење поради предизвик.

На видеото се гледа како неговите соученици се во шок и се обидуваат да му помогнат со совет да се фати за бовата (пловечкиот знак), но водата го носи во друга насока и тој исчезнува во темнината.

Во моментот кога младиот човек од Луизијана скокнал во морето, бродот бил во близина на Атол, ненаселен остров кој се наоѓа североисточно од Насау. Робинс бил средношколска бејзбол ѕвезда, а на бродот ја славел својата матура со десетици други ученици од другите средни училишта во Батон Руж.

The post Матурант загина во океан откако скокна од крузер поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>

Американската крајбрежна стража и бројни агенции со денови ги пребаруваа водите на океанот кај Бахамите во потрага по млад човек, откако тој доцна вечерта скокна од крузер и исчезна. Станува збор за 18-годишниот Камерон Робинс, кој во средата околу 23.30 часот скокнал во океанот без појас за спасување, облечен само во костум за капење поради предизвик. На видеото се гледа како неговите соученици се во шок и се обидуваат да му помогнат со совет да се фати за бовата (пловечкиот знак), но водата го носи во друга насока и тој исчезнува во темнината. Во моментот кога младиот човек од Луизијана скокнал во морето, бродот бил во близина на Атол, ненаселен остров кој се наоѓа североисточно од Насау. Робинс бил средношколска бејзбол ѕвезда, а на бродот ја славел својата матура со десетици други ученици од другите средни училишта во Батон Руж.

The post Матурант загина во океан откако скокна од крузер поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>
Матурант качен на покрив од автомобил му покажува среден прст на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maturant-kachen-na-krov-od-avtomobil-mu-pokazhuva-sreden-prst-na-politsaets/ Wed, 17 May 2023 09:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=641662

Видео од матурант кој е качен на кров од автомобил и му покажува среден прст на полицаец, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Момчето кое слави матура во близина на хотелот „Александар Палас“ се однесува недолично додека полицаецот се обидува да воведе ред и мир.

Од МВР соопштија дека е утврден идентитетот и оти момчето ќе биде повикано на разговор во полициска станица.

За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во Полициска станува Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави, велат од Министерството.

The post Матурант качен на покрив од автомобил му покажува среден прст на полицаец appeared first on Република.

]]>

Видео од матурант кој е качен на кров од автомобил и му покажува среден прст на полицаец, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Момчето кое слави матура во близина на хотелот „Александар Палас“ се однесува недолично додека полицаецот се обидува да воведе ред и мир. Од МВР соопштија дека е утврден идентитетот и оти момчето ќе биде повикано на разговор во полициска станица.
За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во Полициска станува Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави, велат од Министерството.

The post Матурант качен на покрив од автомобил му покажува среден прст на полицаец appeared first on Република.

]]>
Матурант од Умаг убиен на екскурзија во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/maturant-od-umag-ubien-na-ekskurzija-vo-praga/ Sat, 01 Apr 2023 16:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=626121

Трагичен настан ја прекина матурската екскурзија на матурантите од гимназијата „Мате Балоте“ во Порече. Нивни соученик од Умаг е убиен ноќска под непознати околности, соопшти и директорот СОУ „Мате Балота“, Крешимир Брониќ.

Го чекаме извештајот од локалната полиција. Спроведена е полициска истрага, а што точно се случило и ние ќе дознаеме по официјалниот извештај. Како директор на училиштето се чувствувам ужасно лошо. Не сум на тоа патување. Изразувам најдлабоко сочувство до родителите, изјави директорот на средното училиште „Мате Балоте“ во Порече, Крешимир Брониќ.

The post Матурант од Умаг убиен на екскурзија во Прага appeared first on Република.

Матурант фатен во препродажба на марихуана, ќе му се суди како на возрасен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maturant-faten-vo-preprodazhba-na-marihuana-ke-mu-se-sudi-kako-na-vozrasen/ Sat, 01 Apr 2023 09:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=626027

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

The post Матурант фатен во препродажба на марихуана, ќе му се суди како на возрасен appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

The post Матурант фатен во препродажба на марихуана, ќе му се суди како на возрасен appeared first on Република.

]]>
Пензионираната професорка Ачкоска во полиција по ФБ статусот за матурантот убиен со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/penzioniranata-profesorka-achkoska-vo-politsija-po-fb-statusot-za-maturantot-ubien-so-droga/ Thu, 16 Mar 2023 15:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=620394

Полицијата потврди дека денеска во полициска станица била повикана пензионираната универзитетска професорка и историчарка Виолета Ачкоска во врска со нејзиниот контроверезен ФБ статус за починатиот матурант од Скопје од дрога како и за тоа дека неколку момчиња се фрлале од згради по конзумирњае на опасна дрога.

МВР го негираше изнесеното, а според нивното соопштение и професорката Ачкоска рекла дека слушнала од деца такви муабети, но откако го објавила на ФБ сфатила дека направила грешка.

„Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, соопшти МВР.

Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.

Полицијата претходно објави дека младо починато момче е најдено на 12-ти март на плочник пред зграда и дека истрагата трае. На телото е извршена обдукција, а во тек се токсиколошки анализи. Истрагата треба да ја открие причината за оваа трагедија. Таа ќе треба да одговори и на сомневањата на блиските на загинатото момче кои беа пренесувани на социјални мрежи и на портали за ставање на опасна дрога во пијалок и за обид случајот без докази да се затвори како самоубиство.

Првичната информација за трагедијата предизвика дезинформации за наводна смрт на неколку момчиња чии тела се најдени во скопскиот Градски парк, но полицијата и надлежните соопштија дека немало такви случаи и дека дезинформациите намерно или несвесно се споделуваат и предизвикуваат паника.

The post Пензионираната професорка Ачкоска во полиција по ФБ статусот за матурантот убиен со дрога appeared first on Република.

]]>

Полицијата потврди дека денеска во полициска станица била повикана пензионираната универзитетска професорка и историчарка Виолета Ачкоска во врска со нејзиниот контроверезен ФБ статус за починатиот матурант од Скопје од дрога како и за тоа дека неколку момчиња се фрлале од згради по конзумирњае на опасна дрога. МВР го негираше изнесеното, а според нивното соопштение и професорката Ачкоска рекла дека слушнала од деца такви муабети, но откако го објавила на ФБ сфатила дека направила грешка.
„Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, соопшти МВР.
Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности. Полицијата претходно објави дека младо починато момче е најдено на 12-ти март на плочник пред зграда и дека истрагата трае. На телото е извршена обдукција, а во тек се токсиколошки анализи. Истрагата треба да ја открие причината за оваа трагедија. Таа ќе треба да одговори и на сомневањата на блиските на загинатото момче кои беа пренесувани на социјални мрежи и на портали за ставање на опасна дрога во пијалок и за обид случајот без докази да се затвори како самоубиство. Првичната информација за трагедијата предизвика дезинформации за наводна смрт на неколку момчиња чии тела се најдени во скопскиот Градски парк, но полицијата и надлежните соопштија дека немало такви случаи и дека дезинформациите намерно или несвесно се споделуваат и предизвикуваат паника.

The post Пензионираната професорка Ачкоска во полиција по ФБ статусот за матурантот убиен со дрога appeared first on Република.

]]>
МВР не одговара дали новата дрога е присутна во Македонија, велат гимназијалецот починал по пад https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-ne-odgovara-dali-novata-droga-e-prisutna-vo-makedonija-velat-gimnazijaletsot-pochinal-po-pad/ Wed, 15 Mar 2023 12:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=619869

Матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ во неделата бил пронајден мртов во Центар, а веста за трагедијата на социјалните мрежи се рашири пропратена со многу шпекулации.

Професорката Виолета Ачковска во објава на „Фејсбук“ напиша дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите, напиша професорката на социјалните мрежи.

Предмалку таа ја отстрани својата објава.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован, во еден од коментарите на овој статус ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел, пишува мајката на Јован во коментар.

Од МВР за „Република“ велат дека во неделата, 12 март, во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18).

Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, велат од МВР.

Оттаму не одговорија на прашањата дали во земјава е пристигнат новиот тип на дрога, кој веќе се шири меѓу младите, особено средношколците.

Според српските медиуми, во регионот се појавила нова дрога посилна од екстази, во вид на гуми за џвакање и бонбони. Станува збор за таканаречениот „снус“, вид кршен тутун.

https://republika.mk/vesti/balkan/roditelite-da-vnimavaat-se-pojavi-detska-droga-vo-oblik-na-mastika-za-dhvakane-doaga-od-kosovo/

Од МВР, исто така, не одговорија дали се преземаат некакви поголеми контроли околу училиштата и дали сметаат дека е потребен апел до родителите и укажување на што да внимаваат за да ги заштитат своите деца.

The post МВР не одговара дали новата дрога е присутна во Македонија, велат гимназијалецот починал по пад appeared first on Република.

]]>

Матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ во неделата бил пронајден мртов во Центар, а веста за трагедијата на социјалните мрежи се рашири пропратена со многу шпекулации. Професорката Виолета Ачковска во објава на „Фејсбук“ напиша дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.
Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите, напиша професорката на социјалните мрежи.
Предмалку таа ја отстрани својата објава. Сузаната Тренчевска, мајката на Јован, во еден од коментарите на овој статус ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.
Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел, пишува мајката на Јован во коментар.
Од МВР за „Република“ велат дека во неделата, 12 март, во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18).
Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, велат од МВР.
Оттаму не одговорија на прашањата дали во земјава е пристигнат новиот тип на дрога, кој веќе се шири меѓу младите, особено средношколците. Според српските медиуми, во регионот се појавила нова дрога посилна од екстази, во вид на гуми за џвакање и бонбони. Станува збор за таканаречениот „снус“, вид кршен тутун. https://republika.mk/vesti/balkan/roditelite-da-vnimavaat-se-pojavi-detska-droga-vo-oblik-na-mastika-za-dhvakane-doaga-od-kosovo/ Од МВР, исто така, не одговорија дали се преземаат некакви поголеми контроли околу училиштата и дали сметаат дека е потребен апел до родителите и укажување на што да внимаваат за да ги заштитат своите деца.

The post МВР не одговара дали новата дрога е присутна во Македонија, велат гимназијалецот починал по пад appeared first on Република.

]]>