матура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matura/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 11:57:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matura/ 32 32 Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avgustovska-ispitna-sesija-od-drzhavnata-matura-vo-ponedelnik-i-sreda/ Fri, 09 Aug 2024 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=804957

Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост.

Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети.

Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик.

Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература.

За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик.

Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти, заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките.

Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди.

На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето.

Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

The post Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда appeared first on Република.

]]>

Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост. Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети. Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик. Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература. За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик. Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти, заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките. Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди. На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето. Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

The post Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда appeared first on Република.

]]>
Рокот за приговори од државната матура истекува денеска, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/rokot-za-prigovori-od-drzhavnata-matura-istekuva-deneska-dits-ke-gi-reshi-do-16-juli/ Tue, 09 Jul 2024 11:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=794949

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024.

Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ.

По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не.

Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски.

-На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска.

Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари.

За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати.

Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет).

Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25.

Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024. Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ. По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не. Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски. -На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска. Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари. За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати. Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет). Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25. Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>
Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokot-za-prigovori-od-drzhavnata-matura-istekuva-deneska-vo-14-chasot-dits-ke-gi-reshi-do-16-juli/ Tue, 09 Jul 2024 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=794948

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024.

Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ.

По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не.

Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски.

-На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска.

Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари.

За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати.

Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет).

Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25.

Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024. Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ. По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не. Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски. -На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска. Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари. За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати. Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет). Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25. Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-se-odluchuva-vo-vrska-so-spodeluvaneto-na-testot-od-drzhavnata-matura/ Mon, 03 Jun 2024 09:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=784341

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска.

Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука.

Како што информираше Михајловска, во вибер-група, што постоела и пред полагањето на испитот, бил споделен тестот веднаш кога почнал испитот по мајчин јазик и литература, а линкот на ДИЦ му го пратиле ученици и родители.

Откако почна испитот, добивме линк дека е споделен тестот во вибер-групата. Значи, откако учениците седнале на место и ги добиле тестовите за да почне испитот, некој ученик го сликал празниот тест и го ставил во вибер-групата со намера некој друг да му помогне да ги одговори прашањата. Потоа неколку ученици меѓу себе споделувале што мислат дека би било точен одговор, рече Михајловска.

Директорката на ДИЦ во изјава за МИА вели дека иако се спомнува број од седум илјади вклучени во групата, тоа не е бројот на тие што го виделе или употребиле линкот затоа што за време на испитот учениците кај себе немаат мобилен телефон. Седум илјади биле членови на вибер-групата која била формирана подолго време претходно.

Не може да се тврди дека седум илјади луѓе го виделе линкот. Да се случеше три дена порано, тоа е веќе друга приказна, тоа би било пробивање. Но, тестот е споделен во моментот кога веќе сите ученици го имале пред себе тестот. Таа вибер-група е формирана пред долго време и таму си разменувале информации за начинот на учење, кој материјал да го користат итн. Тоа е група во која матурантите си помагале меѓу себе за подготовка на матурата. Седум илјади деца, но и возрасни, биле членови на таа група, но тоа не значи дека во моментот на испитот тие седум илјади активно ја користеле групата бидејќи немале телефон, иако тој што го сликал имал мобилен телефон, рече директорка на Државниот испитен центар.

Не е познато кој го сликал тестот и кој го споделил во групата бидејќи, вели, не значи дека во вибер-групата учениците ги користат своите имиња, а ДИЦ, рече Михајловска, нема надлежност да истражува.

Она што ние имаме намера да го направиме и, без оглед на вибер-групите, го правиме сите години наназад, е да констатираме дали има два идентични теста односно делови од текст. Кога ќе го констатираме тоа, не ни треба вибер-група за такво нешто, додаде Михајловска.

Матурантите во саботата го полагаа задолжителниот екстерен испит, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

За да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишувања или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик, оваа учебна година матурантите наместо во училници, првпат полагаа во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање во кои беа ангажирани повеќе тестатори.

Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

The post Денеска ќе се одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука. Како што информираше Михајловска, во вибер-група, што постоела и пред полагањето на испитот, бил споделен тестот веднаш кога почнал испитот по мајчин јазик и литература, а линкот на ДИЦ му го пратиле ученици и родители. Откако почна испитот, добивме линк дека е споделен тестот во вибер-групата. Значи, откако учениците седнале на место и ги добиле тестовите за да почне испитот, некој ученик го сликал празниот тест и го ставил во вибер-групата со намера некој друг да му помогне да ги одговори прашањата. Потоа неколку ученици меѓу себе споделувале што мислат дека би било точен одговор, рече Михајловска. Директорката на ДИЦ во изјава за МИА вели дека иако се спомнува број од седум илјади вклучени во групата, тоа не е бројот на тие што го виделе или употребиле линкот затоа што за време на испитот учениците кај себе немаат мобилен телефон. Седум илјади биле членови на вибер-групата која била формирана подолго време претходно. Не може да се тврди дека седум илјади луѓе го виделе линкот. Да се случеше три дена порано, тоа е веќе друга приказна, тоа би било пробивање. Но, тестот е споделен во моментот кога веќе сите ученици го имале пред себе тестот. Таа вибер-група е формирана пред долго време и таму си разменувале информации за начинот на учење, кој материјал да го користат итн. Тоа е група во која матурантите си помагале меѓу себе за подготовка на матурата. Седум илјади деца, но и возрасни, биле членови на таа група, но тоа не значи дека во моментот на испитот тие седум илјади активно ја користеле групата бидејќи немале телефон, иако тој што го сликал имал мобилен телефон, рече директорка на Државниот испитен центар. Не е познато кој го сликал тестот и кој го споделил во групата бидејќи, вели, не значи дека во вибер-групата учениците ги користат своите имиња, а ДИЦ, рече Михајловска, нема надлежност да истражува. Она што ние имаме намера да го направиме и, без оглед на вибер-групите, го правиме сите години наназад, е да констатираме дали има два идентични теста односно делови од текст. Кога ќе го констатираме тоа, не ни треба вибер-група за такво нешто, додаде Михајловска. Матурантите во саботата го полагаа задолжителниот екстерен испит, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. За да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишувања или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик, оваа учебна година матурантите наместо во училници, првпат полагаа во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање во кои беа ангажирани повеќе тестатори. Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

The post Денеска ќе се одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура appeared first on Република.

]]>
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/okolu-15-iljadi-kandidati-polagaat-majchin-jazik-prviot-ispit-od-drzhavnata-matura/ Sat, 01 Jun 2024 07:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=783732

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

По повод почетокот на полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска, пак, ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“.

Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.

Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование.

Оваа учебна година матурантите наместо во училници, тестовите ќе ги полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Целта е со повеќе тестатори на едно место да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишување или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Тестирањето за двата екстерни испита, денеска и наредната сабота, ќе почнува во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура appeared first on Република.

]]>

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. По повод почетокот на полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска, пак, ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“. Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија. Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование. Оваа учебна година матурантите наместо во училници, тестовите ќе ги полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Целта е со повеќе тестатори на едно место да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишување или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик. Тестирањето за двата екстерни испита, денеска и наредната сабота, ќе почнува во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука. Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура appeared first on Република.

]]>
Со македонско знаме и „Налеј, налеј“ Марија Спасовска прослави матура, генерацијата ја почасти со песна https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-makedonsko-zname-i-nalej-nalej-marija-spasovska-proslavi-matura-generatsijata-ja-pochasti-so-pesna/ Thu, 23 May 2024 10:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=781105

Младата македонска пејачка Марија Спасовска вчера ја прослави својата матура, а на задоволство на генерацијата запеа на колективната прослава.

Марија заврши како одлична ученичка во скопската гиманзија „Раде Јовчески Корчагин“, која важи за едно од најстрогите средни училишта во Македонија. Но, тоа не ја попречуваше пејачката да биде подеднакво успешна на два фронта: училиштето и естрадата.

Инаку, „Корчагинци“ вчера ја славеа својата матура во еден скопски ресторан, а задолжени за забавата беа „Либеро бенд“.

На една од македонските химни во моментот, песната „Налеј, налеј“ на сцената се качи и Марија, која заедно со пејачот Иван Јованов, наметнати со македонското знаме во еден глас со матурантите пееја „И ние сме деца на нашата земја, на Македонија…“!

Матурската фешта да продолжи долго во ноќта.

The post Со македонско знаме и „Налеј, налеј“ Марија Спасовска прослави матура, генерацијата ја почасти со песна appeared first on Република.

]]>

Младата македонска пејачка Марија Спасовска вчера ја прослави својата матура, а на задоволство на генерацијата запеа на колективната прослава. Марија заврши како одлична ученичка во скопската гиманзија „Раде Јовчески Корчагин“, која важи за едно од најстрогите средни училишта во Македонија. Но, тоа не ја попречуваше пејачката да биде подеднакво успешна на два фронта: училиштето и естрадата. Инаку, „Корчагинци“ вчера ја славеа својата матура во еден скопски ресторан, а задолжени за забавата беа „Либеро бенд“. На една од македонските химни во моментот, песната „Налеј, налеј“ на сцената се качи и Марија, која заедно со пејачот Иван Јованов, наметнати со македонското знаме во еден глас со матурантите пееја „И ние сме деца на нашата земја, на Македонија…“! Матурската фешта да продолжи долго во ноќта.

The post Со македонско знаме и „Налеј, налеј“ Марија Спасовска прослави матура, генерацијата ја почасти со песна appeared first on Република.

]]>
Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/ Thu, 14 Dec 2023 10:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=722859

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.

Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ.

Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.

Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.

Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.

Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.

Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.

Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.

Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор. Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ. Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.
Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.
Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.
Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.
Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.
Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.
Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne-imame-tselosen-raspad-na-sistemot-maturata-ne-e-sprovedena-kako-shto-treba/ Sun, 11 Jun 2023 09:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=650084

При спроведувањето на матурата и оваа година повторно се потврди неспособноста на државните институции, но и на сите официјални учесници во процесот, за спроведување на обврските, велат во партиското соопштение од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ за матурата 2023 година.

Веста дека се пробиени тестовите по англиски јазик треба официјално да ја потврди ДИЦ, и директорката на ДИЦ тврди дека од ДИЦ тестови не се излезени, но излезените скриншотови од договарањата по вибер групите се сигурен доказ дека матурата не е спроведена така како што треба. Според добиените информации, најмалку 7000 средношколци препишувале, односно се договарале.

Се зборува дека ситуацијата била слична и на испитот по македонски јазик. Сето ова укажува на комплетен распад на системот и драстично менување на вредносниот систем како на учениците, така и на учесниците во процесот на матурата.

Очигледно е дека институциите веќе не се во состојба да си ги извршуваат обврските и потребен им е итен рестарт, стои во соопштението на комисијата.

The post Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба appeared first on Република.

]]>

При спроведувањето на матурата и оваа година повторно се потврди неспособноста на државните институции, но и на сите официјални учесници во процесот, за спроведување на обврските, велат во партиското соопштение од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ за матурата 2023 година. Веста дека се пробиени тестовите по англиски јазик треба официјално да ја потврди ДИЦ, и директорката на ДИЦ тврди дека од ДИЦ тестови не се излезени, но излезените скриншотови од договарањата по вибер групите се сигурен доказ дека матурата не е спроведена така како што треба. Според добиените информации, најмалку 7000 средношколци препишувале, односно се договарале. Се зборува дека ситуацијата била слична и на испитот по македонски јазик. Сето ова укажува на комплетен распад на системот и драстично менување на вредносниот систем како на учениците, така и на учесниците во процесот на матурата. Очигледно е дека институциите веќе не се во состојба да си ги извршуваат обврските и потребен им е итен рестарт, стои во соопштението на комисијата.

The post Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба appeared first on Република.

]]>
Тестот од матура по англиски не е пробиен, туку споделен, тврдат од ДИЦ, откако прашањата се појавија на вибер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/testot-od-matura-po-angliski-ne-e-probien-tuku-spodelen-tvrdat-od-dits-otkako-prashanata-se-pojavija-na-viber/ Sat, 10 Jun 2023 12:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=649878

Матуранти, во група на апликацијата „Вибер“ си ги разменувале одговорите на матурскиот тест по англиски јазик.

По информациите во јавноста, со коментар се огласи Државниот испитен центар.

Од тука велат дека тестовите не биле пробиени, туку прашањата биле споделени откога испитот започнал.

„Тестот не е пробиен, туку споделен“, велат од испитниот центар образложувајќи дека тестирањето почнало во 10 часот, а потоа во рамките на Вибер групите од страна на членовите биле објавувани прашањата кога почнала реализацијата на испитот, пишува Макфакс.

Најавуваат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата.

Денеска се полага вториот екстерен испит, а според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.

The post Тестот од матура по англиски не е пробиен, туку споделен, тврдат од ДИЦ, откако прашањата се појавија на вибер appeared first on Република.

]]>

Матуранти, во група на апликацијата „Вибер“ си ги разменувале одговорите на матурскиот тест по англиски јазик. По информациите во јавноста, со коментар се огласи Државниот испитен центар. Од тука велат дека тестовите не биле пробиени, туку прашањата биле споделени откога испитот започнал. „Тестот не е пробиен, туку споделен“, велат од испитниот центар образложувајќи дека тестирањето почнало во 10 часот, а потоа во рамките на Вибер групите од страна на членовите биле објавувани прашањата кога почнала реализацијата на испитот, пишува Макфакс. Најавуваат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата. Денеска се полага вториот екстерен испит, а според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.

The post Тестот од матура по англиски не е пробиен, туку споделен, тврдат од ДИЦ, откако прашањата се појавија на вибер appeared first on Република.

]]>
Пробиени тестовите: Во „вибер“ група со 7.000 матуранти се споделувааат прашањата по англиски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/probieni-testovite-vo-viber-grupa-so-7-000-maturanti-se-spodeluvaaat-prashanata-po-angliski-jazik/ Sat, 10 Jun 2023 09:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=649844

Во група на „Вибер“,  7.000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот по англиски јазик, кој денеска треба да го полагаат како дел од државната матура.

Денеска се полага вториот експтерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.

Повеќе фото на Прес 24

The post Пробиени тестовите: Во „вибер“ група со 7.000 матуранти се споделувааат прашањата по англиски јазик appeared first on Република.

]]>

Во група на „Вибер“,  7.000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот по англиски јазик, кој денеска треба да го полагаат како дел од државната матура. Денеска се полага вториот експтерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик. Повеќе фото на Прес 24

The post Пробиени тестовите: Во „вибер“ група со 7.000 матуранти се споделувааат прашањата по англиски јазик appeared first on Република.

]]>
Снимен моментот кога тинејџер почна да пука на матура, уби најмалку две лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snimen-momentot-koga-tinejdher-pochna-da-puka-na-matura-ubi-najmalku-dve-litsa/ Wed, 07 Jun 2023 08:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=648708

Најмалку две лица загинаа кога 19-годишник почна да пука во толпа за време на матурска прослава во парк во Ричмонд, Вирџинија на која беа присутни стотина луѓе.

Како што соопшти привремениот шеф на градската полиција, Рик Едвардс, убиени се тинејџер на возраст од 18 години и 36-годишен маж кој присуствувал на церемонијата под отворено небо. Повредени се 14-годишно момче и четири лица на возраст од 31 до 58 години.

На „Твитер“ е споделено видео од моментот кога почнаа истрелите:

Полицијата првично приведе две лица, но подоцна порача дека едно од нив, сепак, не е вмешано во пукањето. Против осомничениот ќе бидат поднесени две кривични пријави за убиство од втор степен, додаде Едвардс.

The post Снимен моментот кога тинејџер почна да пука на матура, уби најмалку две лица appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа кога 19-годишник почна да пука во толпа за време на матурска прослава во парк во Ричмонд, Вирџинија на која беа присутни стотина луѓе. Како што соопшти привремениот шеф на градската полиција, Рик Едвардс, убиени се тинејџер на возраст од 18 години и 36-годишен маж кој присуствувал на церемонијата под отворено небо. Повредени се 14-годишно момче и четири лица на возраст од 31 до 58 години. На „Твитер“ е споделено видео од моментот кога почнаа истрелите: Полицијата првично приведе две лица, но подоцна порача дека едно од нив, сепак, не е вмешано во пукањето. Против осомничениот ќе бидат поднесени две кривични пријави за убиство од втор степен, додаде Едвардс.

The post Снимен моментот кога тинејџер почна да пука на матура, уби најмалку две лица appeared first on Република.

]]>
Матурантката од Охрид не полагала матура бидејќи не била пријавена за полагање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maturantkata-od-ohrid-ne-polagala-matura-bidejki-ne-bila-prijavena-za-polagane/ Sun, 28 May 2023 07:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=645347

Матурантката Тијана Силјаноска од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид на 27.05.2023 не полагаше државна матура бидејќи од страна на Училишната матурска комисија на училиштето не е пријавена за полагање во Државен испитен центар, појаснуваат од ДИЦ околу проблемот со неможноста матурантката да полага државна матура.

- За појаснување, согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците пополнуваат пријава во училиштата каде што се запишани најдоцна до 31 декември во тековната година. Потоа следува процес на внес на податоците во база од страна на училишните матурски комисии, обработка на податоци и доставување на списоци со кандидати од страна на ДИЦ до училиштата најдоцна до 15 февруари. Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ. Во случајов од страна на комисија на СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката  Тијана Силјаноска, се вели во соопштението од ДИЦ.

Државниот испитен центар, се вели во соопштението, и понатаму останува отворен за соработка со сите матуранти и сите училишта и апелира до сите чинители во процесот на пријавување на државната матура многу внимателно да пристапуваат согласно нивните задолженија и надлежности

The post Матурантката од Охрид не полагала матура бидејќи не била пријавена за полагање appeared first on Република.

МОН: Државната матура да се одржи во предвидените рокови, за секој нов предлог да се консултираат и учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/mon-drzhavnata-matura-da-se-odrzhi-vo-predvidenite-rokovi-za-sekoj-nov-predlog-da-se-konsultiraat-i-uchenitsite/ Thu, 11 May 2023 12:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=639754

Министерството за образование и наука соопшти дека инсистира државната матура да се одржи на датумите дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни.

Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома. Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за каков било нов предлог околу полагањето на државната матура, наведе Министерството за образование и наука.

Во соопштението МОН додава дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање конечно решение, но истовремено, како што е наведено, „неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матурантите.

The post МОН: Државната матура да се одржи во предвидените рокови, за секој нов предлог да се консултираат и учениците appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука соопшти дека инсистира државната матура да се одржи на датумите дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни. Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома. Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за каков било нов предлог околу полагањето на државната матура, наведе Министерството за образование и наука. Во соопштението МОН додава дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање конечно решение, но истовремено, како што е наведено, „неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матурантите.

The post МОН: Државната матура да се одржи во предвидените рокови, за секој нов предлог да се консултираат и учениците appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Државна матура на 27 мај ќе има https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-drzhavna-matura-na-27-maj-ke-ima/ Tue, 09 May 2023 18:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=639015

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН.

Шаќири уште еднаш повика да се причека општиот колективен договор. Донесување системско решение, според него, е многу важно.

Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. За утре е најавен нов состанок на синдикатот. Ако утре најдат решение, ќе очекувам од директорката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај, нагласи министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.

The post Шаќири: Државна матура на 27 мај ќе има appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН. Шаќири уште еднаш повика да се причека општиот колективен договор. Донесување системско решение, според него, е многу важно. Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. За утре е најавен нов состанок на синдикатот. Ако утре најдат решение, ќе очекувам од директорката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај, нагласи министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.

The post Шаќири: Државна матура на 27 мај ќе има appeared first on Република.

]]>
Ќе доцни полагањето на државата матура, а и резултатите на учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-dotsni-polaganeto-na-drzhavata-matura-a-i-rezultatite-na-uchenitsite/ Mon, 08 May 2023 10:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=638292

Неуспешни се преговорите за покачување на платите на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), а штрајкот продолжува. Тие посочуваат дека веќе е неизводливо да се реализираат државните матури согласно датумите, а тоа ќе значи пролонгирање и на времето во кое ќе се објават и резултатите. Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ посочува дека пролонгирањето нема да биде подолго.

Имавме два неуспешни состаноци. Последниот беше со министерот за образование, во присуство на лице од Министерството за финансии. На тој состанок не добивме ништо ново. Предлогот на Министерството за финансии е покачување од околу 1000 денари и дека тоа се нивните црвени линии. Некои 300.000 денари од нашиот буџет се резервирани за платите на функционерите. Од таа причина, бидејќи истекоа роковите, пресметките се дека веќе е невозможно да се постигнат датумите од календарот за државна матура. 27 мај е воопшто неизводлив. Бараме промена на датумите за државна матура. Тоа значи и пролонгирање на резултатите. Бараме министерот да види кои се опции за државна матура - вели Бошковска.

Таа посочува дека има вработени кои продолжиле со извршување со своите задачи наместо да штрајкуваат, но поголемиот дел, и натаму не работат се до покачување на нивните плати.

Се надевам дека нема ова пролонгирање да биде подолго. Има несогласувања, но се уште сме здружени. Поголем дел од вработените се се уште во штрајк. Спремни сме да работиме деноноќно, за да ги реализираме активностите за државна матура, но во прашање се веќе минути, а не денови. До петокот, ако прекинеше штрајкот, беше возможно да се реализира. Ако државата смета дека не сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа - додава таа.

Штрајкот на Државниот испитен центар влегува во трета недела. Тие на 24 април известија дека почнуваат штрајк оти 11 од вкупно 29 вработени кои се на различни позиции се изедначени и земат минимална плата од 20.000 денари. Синдикалната организација на Државниот испитен центар најави дека ќе штрајкуваат се додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.

The post Ќе доцни полагањето на државата матура, а и резултатите на учениците appeared first on Република.

МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно- образовниот процес на учениците кои матурираат годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-ispitniot-materijal-za-drzhavnata-matura-e-soodveten-na-vospitno-obrazovniot-protses-na-uchenitsite-koi-maturiraat-godinava/ Fri, 17 Mar 2023 17:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=620815

Испитниот материјал за полагање на државната матура во учебната 2022-2023 е соодветен на случувањата во училиштата во целиот изминати период на образование на оваа генерација матуранти. Испитните комисии кои ги подготвуваат прашањата, имаат предвид дека наставата повремено се организираше онлајн поради пандемијата со Ковид и поради заканувачките дојави, а повремен прекин се случи и поради штрајк на наставниот кадар. Прашањата ќе се однесуваат исклучиво на најважните аспекти, податоци и информации од материјалот кој учениците го совладале во четирите години од нивното средно образование, соопштија од Министерството за образование и наука.

Од МОН наведоа дека датумите за полагање на испитите се дефинирани во Календарот за организација на работата на јавните средни училишта во учебната 2022-2023 година и учениците имаат доволно време да се потсетат на тоа што веќе е поминато и научено.

МОН го цени мислењето на средношколците и затоа тие се дел од креирањето на образовните политики. Во таа насока, денеска на барање Организациіа за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС), беше одржана средба во чиј фокус беа подготвителните активности за организирање на процесот на полагање државна матура во учебната 2022-2023 година, наведуваат од МОН

Воедно, од Министерството најавуваат дека во наредниот период ќе организираат состаноци и со Сојузот на средношколци како и други засегнати институции во овој процес

Двете страни се согласни дека државната матура е важен процес, затоа што значи заокружување на средното образование и е основен услов за запишување на високообразовна установа. Полагањето ќе се одржи, без притоа ниту еден ученик да биде оштетен по кој било основ, истакнуваат од Министерството.

The post МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно- образовниот процес на учениците кои матурираат годинава appeared first on Република.

]]>

Испитниот материјал за полагање на државната матура во учебната 2022-2023 е соодветен на случувањата во училиштата во целиот изминати период на образование на оваа генерација матуранти. Испитните комисии кои ги подготвуваат прашањата, имаат предвид дека наставата повремено се организираше онлајн поради пандемијата со Ковид и поради заканувачките дојави, а повремен прекин се случи и поради штрајк на наставниот кадар. Прашањата ќе се однесуваат исклучиво на најважните аспекти, податоци и информации од материјалот кој учениците го совладале во четирите години од нивното средно образование, соопштија од Министерството за образование и наука. Од МОН наведоа дека датумите за полагање на испитите се дефинирани во Календарот за организација на работата на јавните средни училишта во учебната 2022-2023 година и учениците имаат доволно време да се потсетат на тоа што веќе е поминато и научено. МОН го цени мислењето на средношколците и затоа тие се дел од креирањето на образовните политики. Во таа насока, денеска на барање Организациіа за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС), беше одржана средба во чиј фокус беа подготвителните активности за организирање на процесот на полагање државна матура во учебната 2022-2023 година, наведуваат од МОН Воедно, од Министерството најавуваат дека во наредниот период ќе организираат состаноци и со Сојузот на средношколци како и други засегнати институции во овој процес Двете страни се согласни дека државната матура е важен процес, затоа што значи заокружување на средното образование и е основен услов за запишување на високообразовна установа. Полагањето ќе се одржи, без притоа ниту еден ученик да биде оштетен по кој било основ, истакнуваат од Министерството.

The post МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно- образовниот процес на учениците кои матурираат годинава appeared first on Република.

]]>
Шаќири ќе се сретне соо директорката на Државниот испиттен центар па ќе кажат како ќе се полага државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-ke-se-sretne-soo-direktorkata-na-drzhavniot-ispitten-tsentar-pa-ke-kazhat-kako-ke-se-polaga-drzhavnata-matura/ Tue, 14 Mar 2023 11:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=619514

Ќе треба да се разгледа законскиот основ, што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите да им се олесни полагањето на државната матура со тоа што ќе биде намален обемот на материјалот или со намалување на интерните испити.

Министерот соопшти дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација.

Шаќири истакна дека за него е важно тоа што од државната матура зависат многу други процеси - запишување на учениците што завршуваат средно образование во високообразовни установи во државава и во други земји.

Државниот испитен центар (ДИЦ) во претходниот период имаше неколку состаноци со Сојузот на средношколци и, според информациите што ги имам од ДИЦ и од Секторот за средно образование во МОН, дел од материјалот што е доставен до средношколците е усогласен со тоа како е реализирано во претходните учебни години. Но, без разлика на тоа, по еден протест што имаше и за друг протест што е најавен, во наредниот период ќе реализирам уште еден состанок со ДИЦ како институција која ги подготвува сите фази на реализација на државната матура и да видиме начинот како да се реализира, изјави Шаќири одговарајќи на новинарско прашање по презентација на резултати од Европското општествено истражување (ЕОИ).

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) вчера најави предупредувачки протест за в петок за да го актуализира барањето за олеснување на полагањето државна матура зашто сметаат дека се оштетена генерација, која, како што изјави претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, немале ни една цела непрекината учебна година поради два главни фактора - корона-кризата и дојавите за бомби. Оттаму соопштија дека барањето ќе го пратат во Собранието и во МОН.

Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, пак, вчера изјави дека нивното Генералното собрание за една до две недели ќе се произнесе по ова прашање и дека нивните младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од градовите каде што имаат ограноци, собираат предлози и идеи и ги анализираат.

Не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт - тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што, можеби, не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и повеќе аспекти треба да се истражат, рече Павиќевиќ.

Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит - Мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит - избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

The post Шаќири ќе се сретне соо директорката на Државниот испиттен центар па ќе кажат како ќе се полага државната матура appeared first on Република.

]]>

Ќе треба да се разгледа законскиот основ, што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите да им се олесни полагањето на државната матура со тоа што ќе биде намален обемот на материјалот или со намалување на интерните испити. Министерот соопшти дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација. Шаќири истакна дека за него е важно тоа што од државната матура зависат многу други процеси - запишување на учениците што завршуваат средно образование во високообразовни установи во државава и во други земји.
Државниот испитен центар (ДИЦ) во претходниот период имаше неколку состаноци со Сојузот на средношколци и, според информациите што ги имам од ДИЦ и од Секторот за средно образование во МОН, дел од материјалот што е доставен до средношколците е усогласен со тоа како е реализирано во претходните учебни години. Но, без разлика на тоа, по еден протест што имаше и за друг протест што е најавен, во наредниот период ќе реализирам уште еден состанок со ДИЦ како институција која ги подготвува сите фази на реализација на државната матура и да видиме начинот како да се реализира, изјави Шаќири одговарајќи на новинарско прашање по презентација на резултати од Европското општествено истражување (ЕОИ).
Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) вчера најави предупредувачки протест за в петок за да го актуализира барањето за олеснување на полагањето државна матура зашто сметаат дека се оштетена генерација, која, како што изјави претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, немале ни една цела непрекината учебна година поради два главни фактора - корона-кризата и дојавите за бомби. Оттаму соопштија дека барањето ќе го пратат во Собранието и во МОН. Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, пак, вчера изјави дека нивното Генералното собрание за една до две недели ќе се произнесе по ова прашање и дека нивните младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од градовите каде што имаат ограноци, собираат предлози и идеи и ги анализираат.
Не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт - тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што, можеби, не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и повеќе аспекти треба да се истражат, рече Павиќевиќ.
Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит - Мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит - избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

The post Шаќири ќе се сретне соо директорката на Државниот испиттен центар па ќе кажат како ќе се полага државната матура appeared first on Република.

]]>
Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-prosechna-ocenka-od-3-78-drzavnata-matura-e-pouspeshna-od-lani-dic-gi-objavi-rezultatite/ Fri, 01 Jul 2022 10:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=522038

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.
Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.

Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година.

За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.

The post Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61. Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година. За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.  

The post Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите appeared first on Република.

]]>
Матурантите денеска го полагаат изборниот екстерен испит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maturantite-deneska-go-polagaat-izborniot-eksteren-ispit/ Mon, 13 Jun 2022 09:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=514410

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15.899 кандидати, 14.320 се пријавиле за англиски јазик.

Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Првиот испит – мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни.

Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15.899 матуранти пријавени за државната матура, 7.135 се од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.

The post Матурантите денеска го полагаат изборниот екстерен испит appeared first on Република.

]]>

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15.899 кандидати, 14.320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика. Првиот испит – мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни. Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15.899 матуранти пријавени за државната матура, 7.135 се од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.

The post Матурантите денеска го полагаат изборниот екстерен испит appeared first on Република.

]]>
Матурира бизнисменот Душко Заев https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/maturira-biznismenot-dushko-zaev/ Thu, 19 May 2022 10:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=504277

Матурира младиот сопственик на компанија за производство на струја Душко Заев. Синот на поранешниот премиер Зоран Заев е 18-годишен тинејџер, кој раководи го струмичката комапнија „Тотал енерџи“.

Матруската забава на младиот бизнисмен беше организирана во Струмица.За оваа вечер, која е најважна за секој средношколец, синот на Заев се одлучи за спортско-елегантна комбинација, сиви панталони, бела кошула, тегет сако и патики.

Неговата сестра Александра матурира во 2019 година, а високото образование го продолжи во Бугарија. Чекаме да видиме дали Душко ќе продолжи со учење или ќе се фокусира на пари правење.

Несомнено, доколу бизнисменот реши и академски да се надградува, ќе може да си дозволи некој од престижните универзитети во светот.

The post Матурира бизнисменот Душко Заев appeared first on Република.

]]>

Матурира младиот сопственик на компанија за производство на струја Душко Заев. Синот на поранешниот премиер Зоран Заев е 18-годишен тинејџер, кој раководи го струмичката комапнија „Тотал енерџи“. Матруската забава на младиот бизнисмен беше организирана во Струмица.За оваа вечер, која е најважна за секој средношколец, синот на Заев се одлучи за спортско-елегантна комбинација, сиви панталони, бела кошула, тегет сако и патики. Неговата сестра Александра матурира во 2019 година, а високото образование го продолжи во Бугарија. Чекаме да видиме дали Душко ќе продолжи со учење или ќе се фокусира на пари правење. Несомнено, доколу бизнисменот реши и академски да се надградува, ќе може да си дозволи некој од престижните универзитети во светот.  

The post Матурира бизнисменот Душко Заев appeared first on Република.

]]>