МАТТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matto/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 13:46:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МАТТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matto/ 32 32 МАТТО: Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/matto-osiguritelnata-industrija-zasluzhuva-objektivna-i-nepristrasna-odluka/ Fri, 03 May 2024 13:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=773817

Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО) застанува во поддршка на осигурителните компании, дел од кои нивни членки и значајни странски инвестиции во државата и изразува загриженост, за како што посочуваат, избрзаната одлука со која се лимитира делот за вршење на дејноста, односно трошоците и се воспоставува стопроцентна државна контрола над цените за автоодговорност.

Од МАТТО апелираат за објективна и непристрасна анализа на изнесените аспекти поврзани конкретно со тарифата за автоодговорност, која нема претрпено промени 15 години, а не носење на еднострана одлука.

-Повикуваме да се земат предвид сите аспекти од работата на осигурителниот бизнис, вклучително анализа поврзана со одржливост во делот на вршење на дејноста, досегашната инфлација како и проекција на инфлаторното влијание во наредните години како клучни аспекти за бизнис со долгорочни обврски од овој вид. Како стопанска комора, се залагаме цените да ги дефинираат пазарните услови, а не државата. Затоа сметаме дека анализите треба да бидат непристрасни, реални и професионални. Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија и заштита на осигурениците преку креирање солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење, се посочува во соопштението на Стопанската комора на Македонија-Турција.

Целта на оваа стопанска гранка, потенцираат од МАТТО, е да биде стабилна, одговорна, профитабилна и со тоа да помага во зголемување на стандардот, сигурноста и напредокот на економијата. Во спротивно, како што посочуваат, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор што би се одразило негативно врз целата економија.

 

The post МАТТО: Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО) застанува во поддршка на осигурителните компании, дел од кои нивни членки и значајни странски инвестиции во државата и изразува загриженост, за како што посочуваат, избрзаната одлука со која се лимитира делот за вршење на дејноста, односно трошоците и се воспоставува стопроцентна државна контрола над цените за автоодговорност. Од МАТТО апелираат за објективна и непристрасна анализа на изнесените аспекти поврзани конкретно со тарифата за автоодговорност, која нема претрпено промени 15 години, а не носење на еднострана одлука.
-Повикуваме да се земат предвид сите аспекти од работата на осигурителниот бизнис, вклучително анализа поврзана со одржливост во делот на вршење на дејноста, досегашната инфлација како и проекција на инфлаторното влијание во наредните години како клучни аспекти за бизнис со долгорочни обврски од овој вид. Како стопанска комора, се залагаме цените да ги дефинираат пазарните услови, а не државата. Затоа сметаме дека анализите треба да бидат непристрасни, реални и професионални. Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија и заштита на осигурениците преку креирање солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење, се посочува во соопштението на Стопанската комора на Македонија-Турција.
Целта на оваа стопанска гранка, потенцираат од МАТТО, е да биде стабилна, одговорна, профитабилна и со тоа да помага во зголемување на стандардот, сигурноста и напредокот на економијата. Во спротивно, како што посочуваат, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор што би се одразило негативно врз целата економија.  

The post МАТТО: Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора Македонија-Турција испрати 28 шлепери помош за настарданите од земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stopanskata-komora-makedonija-turtsija-isprati-28-shleperi-pomosh-za-nastardanite-od-zemjotresot/ Wed, 22 Feb 2023 17:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=612033

Во рамките на хуманитарната кампања на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) - „Споделувањето ја намалува болката“, испратени се 28 шлепери со помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.

Досега вкупно се собрани и 250.000 евра кои се префрлени на сметката на Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАТ).

Покрај финансиската поддршка од страна на членовите на МАТТО, испратени се и ќебиња, грејни тела, нова зимска облека, пелени, бебешка храна, вода, градежна машина - багер.

Од МАТТО посочуваат дека хуманитарната кампања продолжува и понатаму. Донации можат да се уплатат на следните сметки:

- МКД сметка: 270-0641538507-69

- Ибан: MK07270722000058274

- Свифт: EXPCMK22

The post Стопанската комора Македонија-Турција испрати 28 шлепери помош за настарданите од земјотресот appeared first on Република.

]]>

Во рамките на хуманитарната кампања на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) - „Споделувањето ја намалува болката“, испратени се 28 шлепери со помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес на 6 февруари. Досега вкупно се собрани и 250.000 евра кои се префрлени на сметката на Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАТ). Покрај финансиската поддршка од страна на членовите на МАТТО, испратени се и ќебиња, грејни тела, нова зимска облека, пелени, бебешка храна, вода, градежна машина - багер. Од МАТТО посочуваат дека хуманитарната кампања продолжува и понатаму. Донации можат да се уплатат на следните сметки: - МКД сметка: 270-0641538507-69 - Ибан: MK07270722000058274 - Свифт: EXPCMK22

The post Стопанската комора Македонија-Турција испрати 28 шлепери помош за настарданите од земјотресот appeared first on Република.

]]>
Се работи на воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Фетије за развој на туристичката размена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-raboti-na-vospostavuvanje-nova-avio-linija-pomegju-skopje-i-fetije-za-razvoj-na-turistichkata-razmena/ Mon, 13 Jun 2022 16:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=514647

Македонско-Турската стопанска комора – МАТТО и Стопанската индустриска комора на Фетије од Турција реализираа работилница за соработка во областа на туризмот помеѓу Македонија и познатиот туристички град Фетије во Турција, со цел воспоставување соработка меѓу членките на коморите и туристичките агенции од двете земји, како и воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и аеродромот Даламан што се наоѓа во близина на Фетије.

Правиме напори меѓу двете комори, и преку нашите најзначајни агенции во Македонија и во Турција, да направиме заеднички лет на двете дестинации меѓу ТАВ и Даламан за да има директни летови од Скопје за Даламан – Фетије, и обратно Даламан за Македонија - изјави претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.

Тој рече дека МАТТО ги презентираше и нашите можности за инвестиции во нашите зимски и летни туристички места како што се Охрид, Дојран, Шапка и Маврово, и дека е направена плодна соработка што очекуваме да се реализира од 2023 година.

Очекуваме да има повеќе туризам во едно од најубавите места како што е Мртво Море во Фетије, а имајќи предвид дека нашата земја најмногу ја посетуваат туристи од Турција, очекуваме да имаме зголемување на туризмот меѓу двете земји - истакна првиот човек на МАТТО.

На прашањето дали ќе има редовни летови или само сезонски чартери Адемовски одговори дека на почеток се планира да има само чартери, но, како што посочи, во иднина може да има и редовни летови неколку пати во неделата.

Претседателот на Здружението на хотели во Фетије, воедно и потпретседател на Стопанска индустриска комора на Фетије – ФТСО, Булент Ујсал, посочи дека во рамки на пандемискиот период, како и во пост пандемијата договорено е дека соработката би требало да стартува токму од областа на туризмот.

Нашата цел е од наредната година да почнат летовите на релација Скопје-Даламан, секако во областа на туризмот. Целта ни е обострана интеракција односно ние во Даламан да ги нагостиме државјаните од Македонија, како и нашите турски државјани да дојдат да ги посетат овие краишта - потенцираше Ујсал.

Тој додаде дека оваа соработка почната преку туризмот ќе продолжи да се рефлектира и во другите области на економијата, и потенцираше дека се надева оти што поскоро ќе почнат директните линии за уште поголема економска, туристичка и културна соработка меѓу Турција и Македонија.

Во однос на прашањето за областите во кои може да се зголеми соработката, Ујсал рече дека земјоделството, туризмот, мермерот и морските плодови се во многу развиена состојба, во Фетије.

Директорот за деловен развој на аеродромот во Даламан, Орчун Сунгур, исто така изјави дека се сретнал со одговорни лица од скопскиот аеродром, претставници на цивилнито воздухопловство и многу туроператори и рече дека се надева дека во најскоро време ќе почнат директните летови меѓу Даламан и Скопје.

The post Се работи на воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Фетије за развој на туристичката размена appeared first on Република.

]]>

Македонско-Турската стопанска комора – МАТТО и Стопанската индустриска комора на Фетије од Турција реализираа работилница за соработка во областа на туризмот помеѓу Македонија и познатиот туристички град Фетије во Турција, со цел воспоставување соработка меѓу членките на коморите и туристичките агенции од двете земји, како и воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и аеродромот Даламан што се наоѓа во близина на Фетије.
Правиме напори меѓу двете комори, и преку нашите најзначајни агенции во Македонија и во Турција, да направиме заеднички лет на двете дестинации меѓу ТАВ и Даламан за да има директни летови од Скопје за Даламан – Фетије, и обратно Даламан за Македонија - изјави претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.
Тој рече дека МАТТО ги презентираше и нашите можности за инвестиции во нашите зимски и летни туристички места како што се Охрид, Дојран, Шапка и Маврово, и дека е направена плодна соработка што очекуваме да се реализира од 2023 година.
Очекуваме да има повеќе туризам во едно од најубавите места како што е Мртво Море во Фетије, а имајќи предвид дека нашата земја најмногу ја посетуваат туристи од Турција, очекуваме да имаме зголемување на туризмот меѓу двете земји - истакна првиот човек на МАТТО.
На прашањето дали ќе има редовни летови или само сезонски чартери Адемовски одговори дека на почеток се планира да има само чартери, но, како што посочи, во иднина може да има и редовни летови неколку пати во неделата. Претседателот на Здружението на хотели во Фетије, воедно и потпретседател на Стопанска индустриска комора на Фетије – ФТСО, Булент Ујсал, посочи дека во рамки на пандемискиот период, како и во пост пандемијата договорено е дека соработката би требало да стартува токму од областа на туризмот.
Нашата цел е од наредната година да почнат летовите на релација Скопје-Даламан, секако во областа на туризмот. Целта ни е обострана интеракција односно ние во Даламан да ги нагостиме државјаните од Македонија, како и нашите турски државјани да дојдат да ги посетат овие краишта - потенцираше Ујсал.
Тој додаде дека оваа соработка почната преку туризмот ќе продолжи да се рефлектира и во другите области на економијата, и потенцираше дека се надева оти што поскоро ќе почнат директните линии за уште поголема економска, туристичка и културна соработка меѓу Турција и Македонија. Во однос на прашањето за областите во кои може да се зголеми соработката, Ујсал рече дека земјоделството, туризмот, мермерот и морските плодови се во многу развиена состојба, во Фетије. Директорот за деловен развој на аеродромот во Даламан, Орчун Сунгур, исто така изјави дека се сретнал со одговорни лица од скопскиот аеродром, претставници на цивилнито воздухопловство и многу туроператори и рече дека се надева дека во најскоро време ќе почнат директните летови меѓу Даламан и Скопје.

The post Се работи на воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Фетије за развој на туристичката размена appeared first on Република.

]]>