Мац Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mats/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 13:36:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мац Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mats/ 32 32 Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-pretstavata-mats-mats-vecherva-vo-veleshkiot-teatar/ Fri, 26 Apr 2024 13:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=771450

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура.

The post Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар appeared first on Република.

]]>

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски. Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева. Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска. Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура.

The post Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Мац, мац“ во Велешки театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-mats-mats-vo-veleshki-teatar-rabotena-po-motivi-na-machka-na-vzheshten-limen-pokriv/ Thu, 25 Apr 2024 11:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=770944

Утре, на 26 април, во Велешкиот театар „Ј. Х. К. Џинот“ е закажана премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт.

Во претставата „Мац, мац“ играат: Ведран Чешарек- Брик, Ана Јовановска- Меги мачката, Илин Јовановски- Скипер, Васил Зафирчев – Биг Деди, Кети Борисовска- Биг Мама, Филип Христовски- Гупер и Сандра Танчева – Меј.

Режија и кореографија е на Филип Петковски.

„Љубопитноста ја убила мачката“ гласи англиската изрека, но сепак, не е сѐ така како што изгледа, бидејќи мачките се познати и по тоа што имаат девет животи. Инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс, овој проект се служи само со главното дејство на драмата како појдовна точка, но се стреми дополнително да ги истражи приказните, ликовите и скриените пораки кои авторот само накусо ги споменува во своето дело. Вилијамс, иако бил ограничен поради општествените стигматизации во текот на 50-тите години од минатиот век, но и свесен за цензурата на која требал да се потчини за да ја зачува својата кариера како драматург, сепак, успешно инсинуира неколку теми што ги вметнува како позадински дејствија во своите драми. Имајќи го тоа предвид, тој алудира на ликови и ситуации што во тоа време би биле третирани како проблематични. Речиси седумдесет години по премиерната изведба на драмата, нашето општество успеа да надмине бројни културолошки и општествени ограничувања, па се чини дека веќе имаме видено и чуено сѐ, но сепак, патријархалното и хетеронормативното општество во кое живееме и понатаму ги диктира нормите околу тоа што го сметаме како табу. Во текстот на Вилијамс, мачката Меги, која е главниот протагонист, му се заканува на својот сопруг Брик, дека ќе скокне од покривот, доколку тој продолжи да ја игнорира нејзината љубов за него. Во ова видување, на Меги ѝ се придружува целата фамилија на жешкиот лимен покрив и тие свесно решаваат да се изгорат, бидејќи ако скокнат од покривот, ќе паднат помеѓу “обичните” луѓе од коишто всушност, се плашат. Наместо да скокнат, тие наоѓаат задоволство во неподносливите неудобност и болка, само по цена да останат на врвот. Опседнати со нивниот изглед, социјален статус и богатство, тие секојдневно ги слават нивните навидум совршени животи, барајќи удобност во дрогата и алкохолот за да ја надминат грдотијата на светот во кој живеат. Додека континуирано танцуваат за да ја скријат својата болка, ги согледуваме нивните испреплетени врски. Во „Мац, мац“ нашите сексуално напалени, налудничави и длабоко вознемирувачки ликови, ја залажуваат мачката да дојде за да си играат со неа, симболизирајќи ја опседнатоста на нашето општество за инстантно задоволство. Затоа, ако сте „мачка“, мјаукајте додека не ве забележат и не ве пуштат да влезете, но, како и секогаш, чувајте се од кучињата кои ве чекаат да ви го уништат денот – вели режисерот Петковски.

За музиката е заслужен Мориц Вернер (Германија), додека сценографијата е дело на Дардан Жегрова (Косово) и Филип Петковски, а костимографија на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Светлосен дизајн – Милчо Александров, танцов репетитор – Стефани Шаршмидт (Германија), фотографија и камера – Марко Марјановиќ, монтажа – Борјан Стојков, визуелен дизајн – Ивана Мојсовска Головска, продукциски координатор – Петар Антевски, извршни продуценти – Филип Петковски, Мориц Вернер, Дардан Жегрова и Стефани Шаршмидт, техничка ко-продукција – Гете институтот (Фонд за интернационална копродукција), Пресврт и Театар ЈХК Џинот- Велес.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура на Македонија.

 

The post Премиера на „Мац, мац“ во Велешки театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ appeared first on Република.

]]>

Утре, на 26 април, во Велешкиот театар „Ј. Х. К. Џинот“ е закажана премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт. Во претставата „Мац, мац“ играат: Ведран Чешарек- Брик, Ана Јовановска- Меги мачката, Илин Јовановски- Скипер, Васил Зафирчев – Биг Деди, Кети Борисовска- Биг Мама, Филип Христовски- Гупер и Сандра Танчева – Меј. Режија и кореографија е на Филип Петковски.
„Љубопитноста ја убила мачката“ гласи англиската изрека, но сепак, не е сѐ така како што изгледа, бидејќи мачките се познати и по тоа што имаат девет животи. Инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс, овој проект се служи само со главното дејство на драмата како појдовна точка, но се стреми дополнително да ги истражи приказните, ликовите и скриените пораки кои авторот само накусо ги споменува во своето дело. Вилијамс, иако бил ограничен поради општествените стигматизации во текот на 50-тите години од минатиот век, но и свесен за цензурата на која требал да се потчини за да ја зачува својата кариера како драматург, сепак, успешно инсинуира неколку теми што ги вметнува како позадински дејствија во своите драми. Имајќи го тоа предвид, тој алудира на ликови и ситуации што во тоа време би биле третирани како проблематични. Речиси седумдесет години по премиерната изведба на драмата, нашето општество успеа да надмине бројни културолошки и општествени ограничувања, па се чини дека веќе имаме видено и чуено сѐ, но сепак, патријархалното и хетеронормативното општество во кое живееме и понатаму ги диктира нормите околу тоа што го сметаме како табу. Во текстот на Вилијамс, мачката Меги, која е главниот протагонист, му се заканува на својот сопруг Брик, дека ќе скокне од покривот, доколку тој продолжи да ја игнорира нејзината љубов за него. Во ова видување, на Меги ѝ се придружува целата фамилија на жешкиот лимен покрив и тие свесно решаваат да се изгорат, бидејќи ако скокнат од покривот, ќе паднат помеѓу “обичните” луѓе од коишто всушност, се плашат. Наместо да скокнат, тие наоѓаат задоволство во неподносливите неудобност и болка, само по цена да останат на врвот. Опседнати со нивниот изглед, социјален статус и богатство, тие секојдневно ги слават нивните навидум совршени животи, барајќи удобност во дрогата и алкохолот за да ја надминат грдотијата на светот во кој живеат. Додека континуирано танцуваат за да ја скријат својата болка, ги согледуваме нивните испреплетени врски. Во „Мац, мац“ нашите сексуално напалени, налудничави и длабоко вознемирувачки ликови, ја залажуваат мачката да дојде за да си играат со неа, симболизирајќи ја опседнатоста на нашето општество за инстантно задоволство. Затоа, ако сте „мачка“, мјаукајте додека не ве забележат и не ве пуштат да влезете, но, како и секогаш, чувајте се од кучињата кои ве чекаат да ви го уништат денот – вели режисерот Петковски.
За музиката е заслужен Мориц Вернер (Германија), додека сценографијата е дело на Дардан Жегрова (Косово) и Филип Петковски, а костимографија на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска. Светлосен дизајн – Милчо Александров, танцов репетитор – Стефани Шаршмидт (Германија), фотографија и камера – Марко Марјановиќ, монтажа – Борјан Стојков, визуелен дизајн – Ивана Мојсовска Головска, продукциски координатор – Петар Антевски, извршни продуценти – Филип Петковски, Мориц Вернер, Дардан Жегрова и Стефани Шаршмидт, техничка ко-продукција – Гете институтот (Фонд за интернационална копродукција), Пресврт и Театар ЈХК Џинот- Велес. Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура на Македонија.  

The post Премиера на „Мац, мац“ во Велешки театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ appeared first on Република.

]]>