матични Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matichni/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 15:14:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матични Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matichni/ 32 32 Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-prvi-januari-se-zgolemuva-vrednosta-na-kapitatsioniot-bod-za-matichnite-lekari-ginekolozi-i-stomatolozi/ Tue, 27 Dec 2022 15:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=590636

Oд први јануари 2023 година се зголемува вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Ова зголемување, како што велат од ФЗОМ е резултат од разговорите и преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица.

Одлуката за зголемување на капитациониот бод била донесена на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година.

Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.

Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, велат од ФЗОМ.

 

The post Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози appeared first on Република.

]]>

Oд први јануари 2023 година се зголемува вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Ова зголемување, како што велат од ФЗОМ е резултат од разговорите и преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица. Одлуката за зголемување на капитациониот бод била донесена на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година. Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.
Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, велат од ФЗОМ.
 

The post Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози appeared first on Република.

]]>