матични лекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matichni-lekari/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матични лекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matichni-lekari/ 32 32 Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-slednite-dve-godini-doktori-vo-mali-mesta-ke-mozhe-da-rabotat-sami-bez-meditsinski-sestri/ Tue, 26 Nov 2024 14:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=841979

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови.

Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните мерки, казните.

Претседателката на ЗПЛ, доктор Лилија Чолакова Дервишова на прес-конференцијата изјави дека дискутирале многу теми, а повеќе години немале вакви разговори.

Ги запознаваме двајцата директори за сите проблеми што се во примарното здравство сѐ со цел да направиме позитивен исчекор, да ги задржиме докторите, да ги задржиме сестрите. Најдовме заеднички јазик околу проблемот за руралните амбуланти, што навистина треба да ги сочуваме. Народот да се задржи таму, да се лекува и да биде еднаква пристапноста на сите граѓани во Република Македонија. Најдовме многу позитивен момент и прифаќање од страна на двајцата директори, во малите места, каде недостасуваат медицински сестри, докторите ќе продолжат да работат. Со тоа ги спасивме тие ординации, заради тоа што, едноставно, законите што беа направени многу одамна, веќе не се функционални, појасни Чолакова Дервишова.

Таа се заблагодари што во малите места ќе се продолжи со работа односно ќе продлжат здравстевните услуги и заштита за граѓаните.

Клековски истакна дека генерално се сложиле оти потребен е континуиран дијалог. Како што подвлече, очигледно било дека „дефицитот на кадар и неатрактивноста на примарната здравствена заштита бара преиспитување на целиот концепт“. Бидејќи со овој, како што појасни, многу бргу ќе се остане без матични доктори и во помали градови и во периферија на поголемите.

Мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Значи, ќе им биде дозволено да немаат медицински сестри следните 24 месеци, каде имаме системски поглед да дадеме на прашањето, законски поглед, како ќе функционираат понатаму тимовите. Зголемени се бодовите за руралните доктори. За 22.000 денари нето се зголемени фиксните примања на руралните доктори, имаат зголемени трошоци, можеби заради нивното патување до местото на ординација. Тоа е веќе договорено, решено. Одлуките се донесени, направени и стапуваат во сила, подвлече Клековски.

Подобро е, посочи, да има какво било здравствено лице присутно во руралните и во помалите места, отколку да нема никој.

Се надевам дека рокот што си го дадовме, 24 месеци, е изводлив за да најдеме трајно решение, бидејќи јасно е дека ќе има сѐ помалку здравствени работници во иднина, рече Клековски.

Како што рече, спремни биле да ги погледнат сите казни заедно со Здружението, па да бидат казнувани само повторливи дејства и дејства во однос на лажни боледувања. За овие прашања било договорено да имаат работни групи и да има рок да финализираат, до средината на декември.

Тој се осврна и на безхартиеното работење на ординациите.

Секако разбираме дека има сѐ помалку луѓе за работа и дека треба бесмислената администрација да ја намалиме, две работи веќе можевме да ги обзнаниме, работиме на е-рецепти, што до крајот на полугодието 2025 треба да бидат во пробна употреба и во функција, каде комплетно ќе се елиминира хартијата и кај матичните доктори и кај аптеките и кај Фондот, поврзано со рецепти и ќе ги дигитализираме сите анекси за околу 1.500 ПЗУ за да тие може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да доаѓа хартија, потпишување и слично, информираше Клековски.

До средината на декември треба да се донесе одлука и околу превентивните мерки.

Во однос на превентивните мерки, исто рокот е до 15-ти да постигнеме согласнот, бидејќи треба да ги погледнеме финансиските ефекти, размислуваме за укинување на некоја од претходните цели, како дијабетот, бидејќи веќе Регистерот за дијабет функционира соодветно, да додадеме нови цели поврзани со онкологија. Затоа што, мораме да размислуваме како да се подобри превенцијата на најчестите форми на рак во земјава и за тоа ќе имаме заедничка одлука, додаде Клековски.

На новинарско прашање, колкаво зголемување на капитацискиот бод се бара и со што би биле задоволни, доктор Чолакова Дервишова информираше дека барањето е бодот да биде 100 денари.

Ние дадовме аргументи со што ги споредивме колку биле, на пример, просечните плати во 2021, во 2001, хронолошки и колку се сега и колку се сите трошоци. Елабориравме кои се фиксни, а кои се трошоци зголемени во однос на инфлации, сѐ што се случува, колку пати се зголемувало во јавно здравство, колку кај нас, така да, сега барањето беше 100 денари да биде бод. Нашето барање е од јануари, се надеваме оваа влада ќе излезе пресрет на сето ова, рече таа.

Чолакова Дервишова нагласи дека тие бараат сигурност, да не си заминуваат медицински сестри во јавното здравство.

- Бараме сигурност, да можеме и ние на нашите вработени да им дадеме квалитетни плати, да може да исплаќаме К-15, да ги задржиме и да нема прелевање кадар од кај нас во јавното здравство. Бидејќи ако постојано се покачува во јавно здравство, тогаш нашите медицински сестри ќе се прелеат, а не е суштината да го дестабилизираме примарното здравство, што е основниот чувар на здравствениот денар за сите нас, заклучи таа.

Клековски рече дека на 3 декември ќе биде познато колкав ќе биде буџетот на Фондот за здравство.

The post Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри appeared first on Република.

]]>

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови. Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните мерки, казните. Претседателката на ЗПЛ, доктор Лилија Чолакова Дервишова на прес-конференцијата изјави дека дискутирале многу теми, а повеќе години немале вакви разговори.
Ги запознаваме двајцата директори за сите проблеми што се во примарното здравство сѐ со цел да направиме позитивен исчекор, да ги задржиме докторите, да ги задржиме сестрите. Најдовме заеднички јазик околу проблемот за руралните амбуланти, што навистина треба да ги сочуваме. Народот да се задржи таму, да се лекува и да биде еднаква пристапноста на сите граѓани во Република Македонија. Најдовме многу позитивен момент и прифаќање од страна на двајцата директори, во малите места, каде недостасуваат медицински сестри, докторите ќе продолжат да работат. Со тоа ги спасивме тие ординации, заради тоа што, едноставно, законите што беа направени многу одамна, веќе не се функционални, појасни Чолакова Дервишова.
Таа се заблагодари што во малите места ќе се продолжи со работа односно ќе продлжат здравстевните услуги и заштита за граѓаните. Клековски истакна дека генерално се сложиле оти потребен е континуиран дијалог. Како што подвлече, очигледно било дека „дефицитот на кадар и неатрактивноста на примарната здравствена заштита бара преиспитување на целиот концепт“. Бидејќи со овој, како што појасни, многу бргу ќе се остане без матични доктори и во помали градови и во периферија на поголемите.
Мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Значи, ќе им биде дозволено да немаат медицински сестри следните 24 месеци, каде имаме системски поглед да дадеме на прашањето, законски поглед, како ќе функционираат понатаму тимовите. Зголемени се бодовите за руралните доктори. За 22.000 денари нето се зголемени фиксните примања на руралните доктори, имаат зголемени трошоци, можеби заради нивното патување до местото на ординација. Тоа е веќе договорено, решено. Одлуките се донесени, направени и стапуваат во сила, подвлече Клековски.
Подобро е, посочи, да има какво било здравствено лице присутно во руралните и во помалите места, отколку да нема никој.
Се надевам дека рокот што си го дадовме, 24 месеци, е изводлив за да најдеме трајно решение, бидејќи јасно е дека ќе има сѐ помалку здравствени работници во иднина, рече Клековски.
Како што рече, спремни биле да ги погледнат сите казни заедно со Здружението, па да бидат казнувани само повторливи дејства и дејства во однос на лажни боледувања. За овие прашања било договорено да имаат работни групи и да има рок да финализираат, до средината на декември. Тој се осврна и на безхартиеното работење на ординациите.
Секако разбираме дека има сѐ помалку луѓе за работа и дека треба бесмислената администрација да ја намалиме, две работи веќе можевме да ги обзнаниме, работиме на е-рецепти, што до крајот на полугодието 2025 треба да бидат во пробна употреба и во функција, каде комплетно ќе се елиминира хартијата и кај матичните доктори и кај аптеките и кај Фондот, поврзано со рецепти и ќе ги дигитализираме сите анекси за околу 1.500 ПЗУ за да тие може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да доаѓа хартија, потпишување и слично, информираше Клековски.
До средината на декември треба да се донесе одлука и околу превентивните мерки.
Во однос на превентивните мерки, исто рокот е до 15-ти да постигнеме согласнот, бидејќи треба да ги погледнеме финансиските ефекти, размислуваме за укинување на некоја од претходните цели, како дијабетот, бидејќи веќе Регистерот за дијабет функционира соодветно, да додадеме нови цели поврзани со онкологија. Затоа што, мораме да размислуваме како да се подобри превенцијата на најчестите форми на рак во земјава и за тоа ќе имаме заедничка одлука, додаде Клековски.
На новинарско прашање, колкаво зголемување на капитацискиот бод се бара и со што би биле задоволни, доктор Чолакова Дервишова информираше дека барањето е бодот да биде 100 денари.
Ние дадовме аргументи со што ги споредивме колку биле, на пример, просечните плати во 2021, во 2001, хронолошки и колку се сега и колку се сите трошоци. Елабориравме кои се фиксни, а кои се трошоци зголемени во однос на инфлации, сѐ што се случува, колку пати се зголемувало во јавно здравство, колку кај нас, така да, сега барањето беше 100 денари да биде бод. Нашето барање е од јануари, се надеваме оваа влада ќе излезе пресрет на сето ова, рече таа.
Чолакова Дервишова нагласи дека тие бараат сигурност, да не си заминуваат медицински сестри во јавното здравство.
- Бараме сигурност, да можеме и ние на нашите вработени да им дадеме квалитетни плати, да може да исплаќаме К-15, да ги задржиме и да нема прелевање кадар од кај нас во јавното здравство. Бидејќи ако постојано се покачува во јавно здравство, тогаш нашите медицински сестри ќе се прелеат, а не е суштината да го дестабилизираме примарното здравство, што е основниот чувар на здравствениот денар за сите нас, заклучи таа.
Клековски рече дека на 3 декември ќе биде познато колкав ќе биде буџетот на Фондот за здравство.

The post Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри appeared first on Република.

]]>
Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichni-lekari-se-zhalat-na-kazni-za-prechekoruvana-na-izdadeni-lekovi/ Wed, 29 May 2024 12:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=782814

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.

- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично, се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостаток од лекови. Решенија во корист на здравството, многу споро се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме, барем, на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација, рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.

Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека, дури, ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега, од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била ни признаена.

Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање на дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа, упорно матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи, што доведуваат до вакви небулози, подвлече таа, нагласувајќи дека бараат исто така и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а, како што истакна, работат во корист на пациентите.

Со вакви ограничувања во работењето, додаде таа, како да се задржат медицинските лица и особено младите матични доктори.

Филип Дракалски, како млад доктор по општа медицина, рече дека за него е предизвик да ја работи оваа професија.

Истовремено, сум ограничен при давањето на дополнителни упати за моите пациенти, за доиследување, рече тој, апелирајќи да се сврти вниманието кон нив младите доктори, кои можат да направат позитивни промени во општеството.

Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во однос на реакцијата на матичните лекари ја истакнуваат целта за рационално препишување на лекови која што е во сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација, доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел.

Појаснуваат дека целта за рационално препишување на лекови е уредена со правилник каде што се дефинира обемот на лекови што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и останати лекови.

 Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно, како никој не би бил оштетен, децидни се од Фондот.

The post Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови appeared first on Република.

]]>

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.
- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично, се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостаток од лекови. Решенија во корист на здравството, многу споро се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме, барем, на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација, рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.
Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека, дури, ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега, од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била ни признаена.
Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање на дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа, упорно матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи, што доведуваат до вакви небулози, подвлече таа, нагласувајќи дека бараат исто така и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а, како што истакна, работат во корист на пациентите.
Со вакви ограничувања во работењето, додаде таа, како да се задржат медицинските лица и особено младите матични доктори. Филип Дракалски, како млад доктор по општа медицина, рече дека за него е предизвик да ја работи оваа професија.
Истовремено, сум ограничен при давањето на дополнителни упати за моите пациенти, за доиследување, рече тој, апелирајќи да се сврти вниманието кон нив младите доктори, кои можат да направат позитивни промени во општеството.
Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во однос на реакцијата на матичните лекари ја истакнуваат целта за рационално препишување на лекови која што е во сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација, доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел. Појаснуваат дека целта за рационално препишување на лекови е уредена со правилник каде што се дефинира обемот на лекови што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и останати лекови.
 Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно, како никој не би бил оштетен, децидни се од Фондот.
 
The post Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови appeared first on Република.

]]>
Филипче вети зголемување за 15 отсто на капитацијата за матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-veti-zgolemuvane-za-15-otsto-na-kapitatsijata-za-matichnite-lekari/ Mon, 08 Apr 2024 10:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=763749

Примарната здравствена заштита е клучна за здрави поколенија, а матичните лекари заслужуваат нивната работа да биде признаена и вреднувана. Затоа, ќе го зголемиме капитациониот бод за општите лекари и тоа ќе го направиме уште во првата половина на мандатот. Ова го истакна Венко Филипче при својата вчерашна посета на Прилеп каде што се одржа трибина по повод Светскиот ден на здравјето.

Капитацијата за матичните лекари во новиот мандат, во почетокот на новиот мандат, не до крајот на мандатот, ќе се зголеми за 15%. Ние тоа еднаш го направивме и затоа и понатаму продолжуваме да го зајакнуваме примарното здравство“, истакна Филипче на трибината.

Филипче презентираше и други мерки, со фокус на примањата на здравствените работници и задржување на медицинскиот персонал во земјава преку подобрување на образованието, инфраструктурата и условите за работа во здравствените установи.

Лекарите специјалисти ќе бидат платени до 180 000 денари. Во општите болници лекарите ќе примаат плата до 140 000 денари. Матичните лекари до 120 000 денари. Медицинските сестри, меѓу 60 и 90 000 денари“, рече Филипче.

Во насока на задржување на студентите што завршуваат медицина или специјализираат, пак, Филипче најави дека ќе им биде понудено загарантирано вработување и одлични услови за да бидат мотивирани да останат во земјава.

Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари. Нашата цел е приближување кон системот на здравствена заштита во ЕУ членките. Одобривме рекордни 931 специјализација и 130 суб-специјализации. Ќе обезбедиме уште нови 1.000 специјализации и субспецијализации“, рече Филипче.

Вложувањето во здравствените работилници значи инвестирање во здравјето на граѓаните, додека инвестирањето во здравствената инфраструктура и нова медицинска опрема значи брза дијагноза и спасување на повеќе животи.

The post Филипче вети зголемување за 15 отсто на капитацијата за матичните лекари appeared first on Република.

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/matichnite-lekari-nekolku-chasa-nema-da-rabotat-poradi-ubistvoto-na-doktorot-vo-zhelezara/ Mon, 25 Mar 2024 06:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=758339

Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.

Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

-Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова-Дервишова.

И Лекарската комора побара итна разрешница на случајот со починатиот лекар.

-Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, наведе Лекарската комора во соопштението испратено во петокот.

Шеесет и седумгодишниот лекар беше пронајден со убодни рани во неговото возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното во полиција, лекарот го нашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

The post Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара. Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.
-Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова-Дервишова.
И Лекарската комора побара итна разрешница на случајот со починатиот лекар.
-Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, наведе Лекарската комора во соопштението испратено во петокот.
Шеесет и седумгодишниот лекар беше пронајден со убодни рани во неговото возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното во полиција, лекарот го нашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

The post Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-za-7-dena-prepishale-nad-5-400-retsepti-za-hronichna-terapija/ Wed, 30 Aug 2023 08:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=677202

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија.

Во рамки на новините во примарната здравствена заштита, МЗ овозможи терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. Станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници.

За таа цел е донесен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење.

Во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им овозможиме да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока.
Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а воедно се олеснува административниот товар и се намалува притисокот врз секундарното и терциерното здравство, а за тоа сведочат и бројот на пациенти и рецепти препишани кај матичен лекар за една недела.

The post Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија. Во рамки на новините во примарната здравствена заштита, МЗ овозможи терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. Станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници. За таа цел е донесен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење. Во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им овозможиме да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока. Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а воедно се олеснува административниот товар и се намалува притисокот врз секундарното и терциерното здравство, а за тоа сведочат и бројот на пациенти и рецепти препишани кај матичен лекар за една недела.

The post Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-ke-mozhe-da-prepishuvaat-terapija-za-visok-pritisok-dijabetes-astma-hobb-i-hipotiroidizam/ Mon, 21 Aug 2023 12:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=674202

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.

Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.

На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.

Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.

Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.

Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин.

Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.
Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.
На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.
Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.
Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.
На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.
Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.
Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.
Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин. Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.  

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>
Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-zdravstvo-povtorno-blokiran-matichnite-lekari-ne-mozhe-da-prijavat-novi-patsienti/ Wed, 17 May 2023 10:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=641675

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, објави „Макфакс“.

Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? , вели Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред три месеци, туку поради модернизација серверите.

На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели.

The post Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти appeared first on Република.

]]>

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, објави „Макфакс“.
Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? , вели Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.
Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред три месеци, туку поради модернизација серверите. На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели.

The post Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти appeared first on Република.

]]>
Сали: Сакаме да ги решиме барањата на приватните матични лекари во пакет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-sakame-da-gi-reshime-baranjata-na-privatnite-matichni-lekari-vo-paket/ Wed, 07 Sep 2022 13:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=548390

Трет ден трае протестот на матичните лекари кои работат во приватното здравство, а решение за нивните барања нема. На новинарско прашање дали министерот за здравство Сали планира средба со претставници на здружението на матични лекари кои протестираат, тој одговори дека се во комуникација веќе осум месеци за изнаоѓање решение за барањата, но тие не можат да бидат постигнати.

И покрај сработеното на месечно ниво добиваат по две нови барања, наспроти заложбата на министерството за повеќе реформи во примарното здравство во пакет, кажа министерот.

Тој го повтори ставот дека протестите се на грбот на пациентите и претставуваат притисок врз сите креатори на здравствената политика.

The post Сали: Сакаме да ги решиме барањата на приватните матични лекари во пакет appeared first on Република.

]]>

Трет ден трае протестот на матичните лекари кои работат во приватното здравство, а решение за нивните барања нема. На новинарско прашање дали министерот за здравство Сали планира средба со претставници на здружението на матични лекари кои протестираат, тој одговори дека се во комуникација веќе осум месеци за изнаоѓање решение за барањата, но тие не можат да бидат постигнати. И покрај сработеното на месечно ниво добиваат по две нови барања, наспроти заложбата на министерството за повеќе реформи во примарното здравство во пакет, кажа министерот. Тој го повтори ставот дека протестите се на грбот на пациентите и претставуваат притисок врз сите креатори на здравствената политика.  

The post Сали: Сакаме да ги решиме барањата на приватните матични лекари во пакет appeared first on Република.

]]>
Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Со покачување на капитациониот бод ќе им се олесни континуираната едукација на матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-pokachuvanje-na-kapitacioniot-bod-kje-im-se-olesni-kontinuiranata-edukacija-na-matichnite-lekari/ Tue, 06 Sep 2022 13:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=548003

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка на матичните лекари кои штрајкуваат. Целта на штрајкот е да има подобри услови за пациенти и за нив кои се столб на здравствениот систем во државава.

Како Комисија реално ги согледуваме нивните проблеми и барања.

Посебно работно тело при Комисијата ги разгледа проблемите на матичните лекари. Притоа донесе конкретни решенија кои одат во прилог на матичните лекари. Нивните барања кои се во прилог на пациентите заедно со нив ќе се разгледуваат постојано и истите ќе се реализираат по падот на оваа неспособна власт која создаде хаос во здравствениот систем.

Доволно е да се потсетиме на ветувањата кои ги даваше СДСМ во својата тн. предизборна програма во однос на здравството, а од кои не оствари речиси ништо. Тоа особено се однесува на проблемите кои ги имаат матичните лекари.

Со реализација на нивните барања ќе имаат корист прво, граѓаните, а потоа и целиот здравствен систем.

Во иднина ќе престане малтретирањето на пациентите, упатување на специјалист за препишување на хронична терапија за која матичните се стручни да ја дозираат. Со тоа ќе се растерети секундарното здравство од непотребно зафатени термини кои ќе се користат за згрижување на посериозно болни пациенти на кои им е потребна дијагноза.

Со покачување на капитациониот бод ќе им се олесни континуираната едукација на матичните за која вложуваат многу средства од сопствен џеб. Ќе може да набават современа и квалитетна опрема како на пример ехо со цел подобра и навремена дијагностика. Притоа ќе се стимулираат и младите лекари да останат во државава и да градат кариера во својата татковина.
Бенефитите за општеството во целост ќе бидат огромни, сметаат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Со покачување на капитациониот бод ќе им се олесни континуираната едукација на матичните лекари appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка на матичните лекари кои штрајкуваат. Целта на штрајкот е да има подобри услови за пациенти и за нив кои се столб на здравствениот систем во државава.
Како Комисија реално ги согледуваме нивните проблеми и барања. Посебно работно тело при Комисијата ги разгледа проблемите на матичните лекари. Притоа донесе конкретни решенија кои одат во прилог на матичните лекари. Нивните барања кои се во прилог на пациентите заедно со нив ќе се разгледуваат постојано и истите ќе се реализираат по падот на оваа неспособна власт која создаде хаос во здравствениот систем. Доволно е да се потсетиме на ветувањата кои ги даваше СДСМ во својата тн. предизборна програма во однос на здравството, а од кои не оствари речиси ништо. Тоа особено се однесува на проблемите кои ги имаат матичните лекари. Со реализација на нивните барања ќе имаат корист прво, граѓаните, а потоа и целиот здравствен систем. Во иднина ќе престане малтретирањето на пациентите, упатување на специјалист за препишување на хронична терапија за која матичните се стручни да ја дозираат. Со тоа ќе се растерети секундарното здравство од непотребно зафатени термини кои ќе се користат за згрижување на посериозно болни пациенти на кои им е потребна дијагноза. Со покачување на капитациониот бод ќе им се олесни континуираната едукација на матичните за која вложуваат многу средства од сопствен џеб. Ќе може да набават современа и квалитетна опрема како на пример ехо со цел подобра и навремена дијагностика. Притоа ќе се стимулираат и младите лекари да останат во државава и да градат кариера во својата татковина. Бенефитите за општеството во целост ќе бидат огромни, сметаат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Со покачување на капитациониот бод ќе им се олесни континуираната едукација на матичните лекари appeared first on Република.

]]>
Сали: Две од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од штрајкот на матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-dve-od-trite-pogolemi-zdruzenija-na-matichnite-lekari-ne-se-del-od-shtrajkot-na-matichnite-lekari/ Tue, 06 Sep 2022 11:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=547962

Министерот за здравство Беким Сали денеска коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив.

Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 отсто од матичните лекари. Слободно проверете, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во изразување на бојкот на работа во којшто жртви односно подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот. Затоа што измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк во којшто за жал пациентите се тие што страдаат, порача Сали во одговор на новинарско прашање по настанот на тема „Справување со дезинформации околу вакцинацијата – потреби и предизвици“.

Според сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство.

Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“. Лекарите што се вклучени во протестот најавија дека нема да издаваат упати и рецепти, а ќе примаат само итни случаи.

The post Сали: Две од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од штрајкот на матичните лекари appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив.
Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 отсто од матичните лекари. Слободно проверете, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во изразување на бојкот на работа во којшто жртви односно подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот. Затоа што измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк во којшто за жал пациентите се тие што страдаат, порача Сали во одговор на новинарско прашање по настанот на тема „Справување со дезинформации околу вакцинацијата – потреби и предизвици“.
Според сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство. Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“. Лекарите што се вклучени во протестот најавија дека нема да издаваат упати и рецепти, а ќе примаат само итни случаи.  

The post Сали: Две од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од штрајкот на матичните лекари appeared first on Република.

]]>
Од утре штрајк на матичните лекари – ќе се примаат само итни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-shtrajk-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/ Sun, 04 Sep 2022 15:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=547391

Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од утре го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.

Замолуваме да ни кажат која е вистинската причина и зошто сме игнорирани, вака на ни еден матичен, специјалист од приватното здравство, за руралните, за лабораториите за целото приватно здравство 5 години никој не спомнува ништо. Последен пат сме спомнати во 2018 година кога со одлука на Влада беше покачен капитациониот бод. Ако има некоја друга позадина и причина колегите бараат да знаат и да си го бараат чарето, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Протестот не го подржуваат од здружението на лекари по општа и семејна медицина. Од ЗЛОМ – СМ велат дека дел од барањата кои заеднички ги креирале со ЗПЛРМ исчезнале. Сега поголем фокус бил ставен на повозрасните наместо на младите доктори. Од оваа здружение бараат специјалистите по семејна медицина да имаат повеќе ингеренции, да можат да даваат повеќе услуги на примарно ниво и измени на моделот на капитација.

Наследување на концесиите, како еден од основниот модел кој ќе ги обезбеди младите лекари кои работат кај концесионер, по пензионирањето да можат да работат во тие ординации. Загарантирани плати за младите матични лекари. Со самото зголемување на капитацијата не секој газда обезбедува и повисока плата за своите вработени лекар/сестра за достоен жвот, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ.

Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека не го подржува протестот на матичните бидејќи пациентите не смееле да трпат поради незадоволството на лекарите и повика проблемите да се решаваат на маса.

The post Од утре штрајк на матичните лекари – ќе се примаат само итни случаи appeared first on Република.

Здружението на лекарите по семејна медицина не го поддржува штрајкот на матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdruzenieto-na-lekarite-po-semejna-medicina-ne-go-poddrzuva-shtrajkot-na-matichnite-lekari/ Fri, 02 Sep 2022 09:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=546693

Членовите на Здружението на лекари по семејна медицина не го подржуваат и нема да учествуваат на најавениот штрајк на матични лекари поради несогласување со дел од барањата кои биле наведени како причини за штрајкот.

Управниот одбор на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) донесе одлука за неподржување и неучествување на најавениот штрајк на матични лекари од 05.09.2022 до 07.09.2022 поради несогласување со дел од барањата кои беа наведени како причини за штрајкот и истите беа донесени без концензус од трите здруженија на матични лекари, се вели во денешното соопштение од Здружението.

Според ЗОЛМ современо примарно здраство и комплетно нов модел на примарно здраство е потребен во земјава во кој ќе се успее да се стимулираат младите доктори да работат како матични лекари. Моменталниот модел на вегетирање и одржување во живот со продолжување на работниот век на лекарите, нагласуваат, е комплетно неодржливо решение.

The post Здружението на лекарите по семејна медицина не го поддржува штрајкот на матичните лекари appeared first on Република.

Министерот Сали не го поддржува штрајкот на матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-sali-ne-go-poddrzuva-shtrajkot-na-matichnite-lekari/ Wed, 31 Aug 2022 10:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=546012

Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува најавениот штрајк на матичните лекари од 5 до 7 септември, бидејќи, според него не може преку пациенти да се бојкотира работа и да се даваат повици за масовно земање упати и терапии.

Од самиот почеток кога пристапив во функцијата, првиот состанок го одржав со матичните лекари, бидејќи сметам дека се многу важен столб во здравствениот систем. Комуникацијата со нив е во континуитет, се среќаваме за различни теми, како што е Ковид, но и реформа во примарната здравствена заштита, изјави денеска министерот одговарајќи на прашање на денешниот настан во ГОБ „8 Септември“.

Според Сали, незадоволствата треба да се решаваат на маса со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани.

Ние во изминатиот период од шест месеци веќе дискутираме. Не можеме да направиме промена во систем во период од месец дена или два, или пак, под притисок знаејќи дека во изминатиот период ние постојано дискутиравме, повеќе точки се предложени на Влада, дадени се насоки, тоа се процедури исто како што имаме забелешки за јавните набавки исто и за измените кои треба да се направат во систем за справување со примарната здравствена заштита. Се бара време, тоа е единствената работа што сум ја побарал од матичните лекари, но за жал нема слух. За жал ние ќе продолжиме со нашата интензивна работа околу промените во примарната здравствена заштита. Моите колеги за жал ќе продолжат со бојкотирање, а пациентите се тие што трпат, изјави Сали.

Министерот посочи дека матичните лекари бараат упатот да не биде принтан бидејќи се трошело хартија, туку да биде електронски.

Ние се согласуваме, но од збор до реализација значи дека ние како систем треба да овозможиме и хардвер и софтвер за кој треба јавна набавка која бара време за набавување на таква опрема. Лесно е да се каже, од хартија во е-форма, но реализацијата шест месеци во процедури не е ништо, рече Сали, додавајќи дека сликата е многу поголема од тоа што матичните лекари ја прикажуваат во јавноста.

Тој додаде дека имаат предизвик со младите лекари кои не сакат да бидат дел од примарното ниво, но и стареењето на здравствениот кадар и заминувањето на лекарите во пензија, но посочи дека тој проблем го третираат.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има индиции или простор за ревидирање на позитивната листа на лекови, Сали информира дека очекуваат да се одобри Правилникот за формирање позитивна листа на лекови што работната група ја донесе како финален производ.

Додаде дека тоа е многу важно бидејќи без правилник, доколку би пристапиле кон внесување на лекови во позитивна листа според претходната пракса тоа би значело дека повторно ќе имаме лекови кои на различен начин би успеале да бидат дел од позитивна листа.

Овој правилник го направивме во соработка со Комисија од ЕУ и сметам дека ќе биде правилник кој ќе биде најобјективен во делот на селектирање кој лек под какви услови може да биде дел од позитивната листа. Секако тука треба да имаме на ум и фактот што ние како мала држава со слаба економија не може да дозволиме да ги имаме најскапите и најдобрите лекови, но се размислува и начинот како да се покријат сите пациенти со лекови кои би биле во позитивна листа со минимална доплата, рече Сали.

Тоа, како што посочи, не се само лекови кои пациентите ги доплатуваат од џеб туку тоа се во болничката листа на лекови.

Комисијата треба да се состане пак, да ги разгледа забелешките на сите чинители во фармацевтската индустрија дали се прифатливи и потоа да пристапиме кон формирање друга работна група која ќе биде формирана од повеќе институции и таа да се фокусира кон внесување лекови на позитивна листа, се надевам тоа да биде во најкраток период, но се бара време, заклучи Сали.

The post Министерот Сали не го поддржува штрајкот на матичните лекари appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува најавениот штрајк на матичните лекари од 5 до 7 септември, бидејќи, според него не може преку пациенти да се бојкотира работа и да се даваат повици за масовно земање упати и терапии.
Од самиот почеток кога пристапив во функцијата, првиот состанок го одржав со матичните лекари, бидејќи сметам дека се многу важен столб во здравствениот систем. Комуникацијата со нив е во континуитет, се среќаваме за различни теми, како што е Ковид, но и реформа во примарната здравствена заштита, изјави денеска министерот одговарајќи на прашање на денешниот настан во ГОБ „8 Септември“.
Според Сали, незадоволствата треба да се решаваат на маса со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани.
Ние во изминатиот период од шест месеци веќе дискутираме. Не можеме да направиме промена во систем во период од месец дена или два, или пак, под притисок знаејќи дека во изминатиот период ние постојано дискутиравме, повеќе точки се предложени на Влада, дадени се насоки, тоа се процедури исто како што имаме забелешки за јавните набавки исто и за измените кои треба да се направат во систем за справување со примарната здравствена заштита. Се бара време, тоа е единствената работа што сум ја побарал од матичните лекари, но за жал нема слух. За жал ние ќе продолжиме со нашата интензивна работа околу промените во примарната здравствена заштита. Моите колеги за жал ќе продолжат со бојкотирање, а пациентите се тие што трпат, изјави Сали.
Министерот посочи дека матичните лекари бараат упатот да не биде принтан бидејќи се трошело хартија, туку да биде електронски.
Ние се согласуваме, но од збор до реализација значи дека ние како систем треба да овозможиме и хардвер и софтвер за кој треба јавна набавка која бара време за набавување на таква опрема. Лесно е да се каже, од хартија во е-форма, но реализацијата шест месеци во процедури не е ништо, рече Сали, додавајќи дека сликата е многу поголема од тоа што матичните лекари ја прикажуваат во јавноста.
Тој додаде дека имаат предизвик со младите лекари кои не сакат да бидат дел од примарното ниво, но и стареењето на здравствениот кадар и заминувањето на лекарите во пензија, но посочи дека тој проблем го третираат. Одговарајќи на новинарско прашање дали има индиции или простор за ревидирање на позитивната листа на лекови, Сали информира дека очекуваат да се одобри Правилникот за формирање позитивна листа на лекови што работната група ја донесе како финален производ. Додаде дека тоа е многу важно бидејќи без правилник, доколку би пристапиле кон внесување на лекови во позитивна листа според претходната пракса тоа би значело дека повторно ќе имаме лекови кои на различен начин би успеале да бидат дел од позитивна листа.
Овој правилник го направивме во соработка со Комисија од ЕУ и сметам дека ќе биде правилник кој ќе биде најобјективен во делот на селектирање кој лек под какви услови може да биде дел од позитивната листа. Секако тука треба да имаме на ум и фактот што ние како мала држава со слаба економија не може да дозволиме да ги имаме најскапите и најдобрите лекови, но се размислува и начинот како да се покријат сите пациенти со лекови кои би биле во позитивна листа со минимална доплата, рече Сали.
Тоа, како што посочи, не се само лекови кои пациентите ги доплатуваат од џеб туку тоа се во болничката листа на лекови.
Комисијата треба да се состане пак, да ги разгледа забелешките на сите чинители во фармацевтската индустрија дали се прифатливи и потоа да пристапиме кон формирање друга работна група која ќе биде формирана од повеќе институции и таа да се фокусира кон внесување лекови на позитивна листа, се надевам тоа да биде во најкраток период, но се бара време, заклучи Сали.
 
The post Министерот Сали не го поддржува штрајкот на матичните лекари appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари ќе протестираат 3 дена: Нема да се издаваат рецепти и нема да се закажуваат прегледи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-kje-protestiraat-3-dena-nema-da-se-izdavaat-recepti-i-nema-da-se-zakazuvaat-pregledi/ Sat, 27 Aug 2022 17:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=544769

На 5,6 и 7 септември (понеделник, вгторник, среда) матичните лекари на работните места ќе искажат револт од неисполнување на неколкумесечните барања. Во овие денови нема да издаваат уашти и да пропишуваат рецепти.

Управниот одбор на Здружението на приватни лекари одлучи да им остави неколку дена на здравствените власти и на премиерот, примарното здравство да биде прва точка на следната владина седница.

Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на ЗПЛРМ, за Сител.

Матичните лекари бараат зголемување на капитациониот бод. Од Здружението ги прашуваат надлежните дали знаат што ќе се случи кога стотина лекари со наполнети 64 години овој период ќе отидат во пензија и илјадници пациенти ќе останат без матичен.

The post Матичните лекари ќе протестираат 3 дена: Нема да се издаваат рецепти и нема да се закажуваат прегледи appeared first on Република.

]]>

На 5,6 и 7 септември (понеделник, вгторник, среда) матичните лекари на работните места ќе искажат револт од неисполнување на неколкумесечните барања. Во овие денови нема да издаваат уашти и да пропишуваат рецепти. Управниот одбор на Здружението на приватни лекари одлучи да им остави неколку дена на здравствените власти и на премиерот, примарното здравство да биде прва точка на следната владина седница.
Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на ЗПЛРМ, за Сител.
Матичните лекари бараат зголемување на капитациониот бод. Од Здружението ги прашуваат надлежните дали знаат што ќе се случи кога стотина лекари со наполнети 64 години овој период ќе отидат во пензија и илјадници пациенти ќе останат без матичен.

The post Матичните лекари ќе протестираат 3 дена: Нема да се издаваат рецепти и нема да се закажуваат прегледи appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари од 1 септември ќе ги затворат амбулантите?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/matichnite-lekari-od-1-septemvri-kje-gi-zatvorat-ambulantite/ Sat, 25 Jun 2022 19:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=519736

Или исполнување на барањата и повеќе пари на сметка или од 1 септември матичните ќе ги затворат ординациите на неодредено време. Последен крик на лекарите од примарното здравство, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова во изјава за Сител, упатувајќи апел до здравствените власти да не дозволат пациентите да останат без нивните доктори.

-Приватното примарно здравство можам да кажам го упатува последниот крик за излез од овие проблеми. Доколку ништо не се реши, според барањата на иколегите на 1 септември најверојатн она една недела нема да работат ординациите се до исполнување на нашите барања. Колеги до Управен постојано пишуваат како може оние од матичните книги за евиденција да не работат и постигнаа договор, наставниците не работеа и постигнаа договор, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Дервишова вели дека не сакаат на овој начин да прават притисок за решавање на работите, но ќе немаат друг избор бидејќи работите со месеци тапкаат во место. Ниту преговараат работните групи, а со ребалансот на буџетот нема дополнителни финасии за примарниот здравствен сектор.

-Нема ништо поместено. А трошоците растат, сега слушаме и струјата ќе поскапи, храната, горивото..лекарите се прегорени и мора да се најде решение и примасрно да бидат нашите барања, вели Чолакова.

Поголема капитација, евентуално воведување на минимална партиципација за одење кај матичен, пациенти на ПЗУ, регулирање на електронск ирецепт се само дел од барањата на примарното приватн оздравство кои во април имаа и протест пред МЗ.

Ќе има ли решение од Министерството за здравство добивме краток одговор дека сеуште се во фаза на преговори и правење на анализи.

The post Матичните лекари од 1 септември ќе ги затворат амбулантите?! appeared first on Република.

]]>

Или исполнување на барањата и повеќе пари на сметка или од 1 септември матичните ќе ги затворат ординациите на неодредено време. Последен крик на лекарите од примарното здравство, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова во изјава за Сител, упатувајќи апел до здравствените власти да не дозволат пациентите да останат без нивните доктори.
-Приватното примарно здравство можам да кажам го упатува последниот крик за излез од овие проблеми. Доколку ништо не се реши, според барањата на иколегите на 1 септември најверојатн она една недела нема да работат ординациите се до исполнување на нашите барања. Колеги до Управен постојано пишуваат како може оние од матичните книги за евиденција да не работат и постигнаа договор, наставниците не работеа и постигнаа договор, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Дервишова вели дека не сакаат на овој начин да прават притисок за решавање на работите, но ќе немаат друг избор бидејќи работите со месеци тапкаат во место. Ниту преговараат работните групи, а со ребалансот на буџетот нема дополнителни финасии за примарниот здравствен сектор.
-Нема ништо поместено. А трошоците растат, сега слушаме и струјата ќе поскапи, храната, горивото..лекарите се прегорени и мора да се најде решение и примасрно да бидат нашите барања, вели Чолакова.
Поголема капитација, евентуално воведување на минимална партиципација за одење кај матичен, пациенти на ПЗУ, регулирање на електронск ирецепт се само дел од барањата на примарното приватн оздравство кои во април имаа и протест пред МЗ. Ќе има ли решение од Министерството за здравство добивме краток одговор дека сеуште се во фаза на преговори и правење на анализи.

The post Матичните лекари од 1 септември ќе ги затворат амбулантите?! appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство Сали на матичните лекари им порача дека во буџетот нема пари за зголемување на капитацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-sali-na-matichnite-lekari-im-poracha-deka-vo-budzetot-nema-pari-za-zgolemuvanje-na-kapitacijata/ Thu, 07 Apr 2022 12:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=484756

Матични лекари од цела Македонија денеска протестираа пред Министерството за здравство и бараа зголемување на капитациониот бод од сегашните 63 денари на 90 денари за еден пациент.

Главната причина за протестот е неисполнетото барање и ветување од владејачката партија СДСМ која на минатите избори вети дека капитацискиот бод од 60 денари ќе се покачи до 90 денари за еден пациент.

Според капитациските бодови на матичните приватни лекари од Фондот за здравство добиваат приходи за нивните амбуланти и вработени. Тие денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен штрајк.

На протестот се појави и министерот Беким Сали кој рече дека се прифатливи барањата на лекарите, но нагласи дека во Буџетот за оваа година не се предвидени средства за покачување на капитацијата. Притоа, Сали на лекарите им додели благодарници, но истите не беа прифатени од страна на лекарската фела.

Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Работиме на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање, изјави Сали.

Претседателката на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека овој протест е последен крик за спас на приватните матични лекарски ординации.

Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци – вели Чолакова-Дервишова.

Таа нагласи дека бараат да се смени начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и да се воведат нови лекови. Воедно бараат да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, односно се бараат решенија за да има лекари и за опстанок на примарното здравство.

The post Министерот за здравство Сали на матичните лекари им порача дека во буџетот нема пари за зголемување на капитацијата appeared first on Република.

]]>

Матични лекари од цела Македонија денеска протестираа пред Министерството за здравство и бараа зголемување на капитациониот бод од сегашните 63 денари на 90 денари за еден пациент. Главната причина за протестот е неисполнетото барање и ветување од владејачката партија СДСМ која на минатите избори вети дека капитацискиот бод од 60 денари ќе се покачи до 90 денари за еден пациент. Според капитациските бодови на матичните приватни лекари од Фондот за здравство добиваат приходи за нивните амбуланти и вработени. Тие денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен штрајк. На протестот се појави и министерот Беким Сали кој рече дека се прифатливи барањата на лекарите, но нагласи дека во Буџетот за оваа година не се предвидени средства за покачување на капитацијата. Притоа, Сали на лекарите им додели благодарници, но истите не беа прифатени од страна на лекарската фела.
Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Работиме на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање, изјави Сали.
Претседателката на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека овој протест е последен крик за спас на приватните матични лекарски ординации.
Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци – вели Чолакова-Дервишова.
Таа нагласи дека бараат да се смени начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и да се воведат нови лекови. Воедно бараат да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, односно се бараат решенија за да има лекари и за опстанок на примарното здравство.

The post Министерот за здравство Сали на матичните лекари им порача дека во буџетот нема пари за зголемување на капитацијата appeared first on Република.

]]>
Не бараме средби само да се гледаме, туку нешто треба да се придвижи, реагираат матичните лекари кои најавија протест за утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-barame-sredbi-samo-da-se-gledame-tuku-neshto-treba-da-se-pridvizi-reagiraat-matichnite-lekari-koi-najavija-protest-za-utre/ Wed, 06 Apr 2022 10:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=484014

Приватните лекари на Денот на здравството 7 април, утре, ќе излезат на протест за да искажат револт што не им е решен ниту еден од бројните проблемите кои ги имаат. Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) одлучи протестот да се одржи во 12 часот пред Министерството за здравство, на кој покрај докторите ќе протестираат и медицинските сестри.

Се сменија многу министри, многу Влади, но никој не направи ништо за опстанокот на примарното здравство. Не се покачени буџетите за матичните лекари, ниту за специјалисти и лаборатории. Имаме енормни зголемувања, покачена е минимална плата, цената на индустриската струја отиде високо. Капитациониот бод мора да се зголеми, вели д-р Лилјана Чолакова-Дервишова, претседател на ЗПЛМ.

Иако после последниот протест со Министерството за здравство беше договорено формирање на работни групи и почнување на разговорите, тоа не се случило.

Ги пративме нашите предлози за примарно и секундарно здравство,за лаборатории и за специјалистички. Но, ништо не се случи, немаше состанок, каде суштински ќе се разговара и ќе има резултати. Не бараме средби само да се гледаме, туку нешто треба да се придвижи. Вредноста на бодот од 63 денари капитација е премногу ниска, а за стоматолог е 48 денари, рече Чолакова-Дервишова.

Поддршка за протестот денеска искажаа и од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина (ЗПЗСУ ПДДМ).

The post Не бараме средби само да се гледаме, туку нешто треба да се придвижи, реагираат матичните лекари кои најавија протест за утре appeared first on Република.

Сали: И матичните се виновни што позитивните не се пријавуваат на време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-i-matichnite-se-vinovni-shto-pozitivnite-ne-se-prijavuvaat-na-vreme/ Thu, 31 Mar 2022 18:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=481583

Ковидот ќе трае и  ќе биде дел од нас. Треба да научиме како да работиме со ковид. Има одредени држави каде позитивни со болеста одат на работа. Преземаме мерки за постковид периодот како министерство преку набавка на опрема за да се справиме со последиците и го спремаме кадарот, вели министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.

Министерот потенцира дека за идната година ќе мораме да спремиме нова стратегија и мисли дека во иднина не очекува многу поголем поширок фронт со справување на други здравствени проблеми.

Не ги пријавуваме навремено и не ги спречуваме компликациите во организмот. Сметам дека тоа е одговорност и на лекарите од примарно ниво, посочува Сали и апелира дека многу важна ќе биде постковид фазата.

The post Сали: И матичните се виновни што позитивните не се пријавуваат на време appeared first on Република.

Денеска нов протест на матичните лекари: Ќе се примаат само итни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-nov-protest-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/ Fri, 04 Mar 2022 08:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=467505

Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) денес мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи.

Ова е нивни револт кон надлежните откако не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања даден на средбата на претставници на Здружението со заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски, во која малку подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали. Рокот кои тие го дадоа беше за формирање на работни групи, кои ќе работат на проблематиката, а тој истече вчера напладне.

– Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, најави на вчерашната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ.

Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до вчера напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели.

Таа појасни дека тие со надлежните на состанокот пред две недели ги определиле точките по кои ќе работат работните групи, односно кои ќе бидат со Министерството за здравство, а кои со Фондот за здравство. Тие како приоритетни ги ставија проблемот со зголемување на вредноста на капитацијата и режимот на лекови, за кои им било ветено и нивно постепено решавање.

-Приватното здравство две недели им остави на надлежните како што беше заеднички договорено, да се формираат работни групи и да започне со ветените реформи, затоа што незадоволството на приватните лекари е големо. Но, за две недели ништо не се случи. Целта на мирниот протест е да го задржиме вниманието на здравствените власти за сериозноста на проблемот, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека не се реализирала јавната расправа за пациенти за ПЗУ, бодот за капитација не се згоемил. Посочи дека позагрижувачки е тоа што се уште има доктори во градовите во земјава кои секој ден затвораат и се иселуваат од здравствените домови, се’ со цел да не си ги затворат фирмите и како носители на основната дејност да стават во овие ординации да работат млади лекари и да продолжат да работат. Во здравствените домови им дозволуваат да работат само до 67 години, а во помалите места има се’ помалку лекари, бидејќи младите лекари се иселуваат од земјава.

-Ништо не се случи и околу казнената политика кон приватните доктори и нов анекс.Така што за тие кои се во многу тешка состојба, буџетите се се уште исти за нив, како и за лабараториите. Бидејќи ништо не се помести ние се одлучивме повторно на протест, рече д-р Чолакова Дервишова.

Потенцира дека целта е да се придвижат работите и да останат да работат лекарите во малите места во земјава и да не се затвораат ординациите. Таа додаде дека една третина од 1.400 доктори во земјава земаат минимална плата, а имаат и бројни зголемени давачки кои не можат да ги подмират.

The post Денеска нов протест на матичните лекари: Ќе се примаат само итни случаи appeared first on Република.

]]>

Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) денес мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи. Ова е нивни револт кон надлежните откако не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања даден на средбата на претставници на Здружението со заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски, во која малку подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали. Рокот кои тие го дадоа беше за формирање на работни групи, кои ќе работат на проблематиката, а тој истече вчера напладне. – Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, најави на вчерашната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ. Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до вчера напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели. Таа појасни дека тие со надлежните на состанокот пред две недели ги определиле точките по кои ќе работат работните групи, односно кои ќе бидат со Министерството за здравство, а кои со Фондот за здравство. Тие како приоритетни ги ставија проблемот со зголемување на вредноста на капитацијата и режимот на лекови, за кои им било ветено и нивно постепено решавање. -Приватното здравство две недели им остави на надлежните како што беше заеднички договорено, да се формираат работни групи и да започне со ветените реформи, затоа што незадоволството на приватните лекари е големо. Но, за две недели ништо не се случи. Целта на мирниот протест е да го задржиме вниманието на здравствените власти за сериозноста на проблемот, потенцира д-р Чолакова Дервишова. Таа информира дека не се реализирала јавната расправа за пациенти за ПЗУ, бодот за капитација не се згоемил. Посочи дека позагрижувачки е тоа што се уште има доктори во градовите во земјава кои секој ден затвораат и се иселуваат од здравствените домови, се’ со цел да не си ги затворат фирмите и како носители на основната дејност да стават во овие ординации да работат млади лекари и да продолжат да работат. Во здравствените домови им дозволуваат да работат само до 67 години, а во помалите места има се’ помалку лекари, бидејќи младите лекари се иселуваат од земјава. -Ништо не се случи и околу казнената политика кон приватните доктори и нов анекс.Така што за тие кои се во многу тешка состојба, буџетите се се уште исти за нив, како и за лабараториите. Бидејќи ништо не се помести ние се одлучивме повторно на протест, рече д-р Чолакова Дервишова. Потенцира дека целта е да се придвижат работите и да останат да работат лекарите во малите места во земјава и да не се затвораат ординациите. Таа додаде дека една третина од 1.400 доктори во земјава земаат минимална плата, а имаат и бројни зголемени давачки кои не можат да ги подмират.  

The post Денеска нов протест на матичните лекари: Ќе се примаат само итни случаи appeared first on Република.

]]>
Од следната недела преку матичните лекари ќе се испраќаат покани за вакцинација до ризичните групи граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-slednata-nedela-preku-matichnite-lekari-kje-se-isprakjaat-pokani-za-vakcinacija-do-rizichnite-grupi-gragjani/ Fri, 25 Feb 2022 20:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=464018

Министерот за здравство Беким Сали најавува дека од следната недела преку матичните лекари ќе се испраќаат покани до ризичните групи на граѓани со цел тие да се вакцинираат.

Моментално како најризична група ги гледаме граѓаните над 70 години, како и оние под 70 години со коморбилитети. Затоа од следната недела преку матичните лекари ќе испраќаме покани за вакцинација на оние граѓани кои се во потенцијален ризик, изјави вечерва Сали за централниот Дневник на телевизија „Сител“.

Се надева дека овие покани ќе резултираат со голем одѕив за вакцинација против Ковид-19.

Како Министерство уште од самиот почеток водиме полиберална форма на политика против ковид кризата, затоа што сметаме дека секој поединец има право да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Иако сметаме дека во некои околности би требало да инсистираме на вакцинација. Не велам тоа да биде рестриктивно, задолжително, меѓутоа треба да инсистираме, рече Сали, додавајќи дека засега вакцинацијата е единствениот начин на заштита и дека штити од потешка форма на болеста.

Во однос на рестриктивните мерки, рече дека засега остануваат сертификатите како задолжителна обврска во моловите и угостителските објекти затоа што процентот на имунизација во земјава е се уште низок за да може да се размислува за вакви олеснувања.

The post Од следната недела преку матичните лекари ќе се испраќаат покани за вакцинација до ризичните групи граѓани appeared first on Република.