Матица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matica/ За подобро да се разбереме Thu, 18 May 2023 08:34:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Матица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matica/ 32 32 Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-uvoznikot-na-beli-noki-od-trajche-katsarov/ Thu, 18 May 2023 08:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=642140

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив, на 19 мај 2023 година во 12 часот ќе се одржи промоција на најновиот роман на современиот македонски писател, Трајче Кацаров. На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели.

За пораките на делото на Кацаров критички ќе се осврнат д-р Христо Петревски и д-р Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски.

Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици.

 

The post Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив, на 19 мај 2023 година во 12 часот ќе се одржи промоција на најновиот роман на современиот македонски писател, Трајче Кацаров. На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели. За пораките на делото на Кацаров критички ќе се осврнат д-р Христо Петревски и д-р Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски. Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици.  

The post Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров appeared first on Република.

]]>
Излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izleze-od-pechat-knigata-vrvicite-na-zborot-od-prof-d-r-vera-stojchevska-antikj/ Mon, 04 Jul 2022 07:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=523405

Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ. На страниците од првото поглавје насловено „Кон родното огниште“ се застапени текстови, во кои авторката хронолошки ја проследува својата животна и творечка патека. Посебно внимание посветува на младешките години и љубопитнос кон литературата во родната Битола, како и на нејзиониот професионален ангажман во просветната и научната работа во изминатите шест децении. Во второто поглавје „Правците на зборот“ пишува за величието на свети Кирил Филозоф, за длабоките врски на светителите Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климет Охридски и за Охридскиот кружен центар на ракописно наследство.

 

Вера Стојчевска - Антиќ (Битола, 1939) е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Автор е на богат публицистички и научен опус, за што е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“ за животно дело.

The post Излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ appeared first on Република.

]]>

Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ. На страниците од првото поглавје насловено „Кон родното огниште“ се застапени текстови, во кои авторката хронолошки ја проследува својата животна и творечка патека. Посебно внимание посветува на младешките години и љубопитнос кон литературата во родната Битола, како и на нејзиониот професионален ангажман во просветната и научната работа во изминатите шест децении. Во второто поглавје „Правците на зборот“ пишува за величието на свети Кирил Филозоф, за длабоките врски на светителите Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климет Охридски и за Охридскиот кружен центар на ракописно наследство.   Вера Стојчевска - Антиќ (Битола, 1939) е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Автор е на богат публицистички и научен опус, за што е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“ за животно дело.

The post Излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ appeared first on Република.

]]>
„Матица македонска“ ја објави новата книга од Стефан Влахов Мицов, „Европа-слепо црево на познатиот свет“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/matica-makedonska-ja-objavi-novata-kniga-od-stefan-vlahov-micov-evropa-slepo-crevo-na-poznatiot-svet/ Sat, 07 May 2022 11:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=498998

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Европа-слепо црево на познатиот свет“ од проф. д-р Стефан Влахов – Мицов. На страниците од своето најново научно дело авторот прави паралела меѓу слепите црева во човечкиот биолошки и во човечкиот општествен организам. Неговата цел е да покаже како е замислен и реализиран проектот „Слепо црево“, зошто Европа била избрана за таков експеримент и на кој начин тоа географско (во однос на останатиот свет) слепо црево, се исполнува со штетна содржина. Ова во последните неколку векови ја зафати речиси целата цивилизација на Земјината топка. Основата на таа штетна содржина е целосно деградираната европска психа, која создаде цивилизациски перитонитис со сѐ помали шанси за спас на „сапиенсот“.

The post „Матица македонска“ ја објави новата книга од Стефан Влахов Мицов, „Европа-слепо црево на познатиот свет“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Европа-слепо црево на познатиот свет“ од проф. д-р Стефан Влахов – Мицов. На страниците од своето најново научно дело авторот прави паралела меѓу слепите црева во човечкиот биолошки и во човечкиот општествен организам. Неговата цел е да покаже како е замислен и реализиран проектот „Слепо црево“, зошто Европа била избрана за таков експеримент и на кој начин тоа географско (во однос на останатиот свет) слепо црево, се исполнува со штетна содржина. Ова во последните неколку векови ја зафати речиси целата цивилизација на Земјината топка. Основата на таа штетна содржина е целосно деградираната европска психа, која создаде цивилизациски перитонитис со сѐ помали шанси за спас на „сапиенсот“.

The post „Матица македонска“ ја објави новата книга од Стефан Влахов Мицов, „Европа-слепо црево на познатиот свет“ appeared first on Република.

]]>
Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbrani-dela-vo-pet-toma-na-blaze-minevski/ Wed, 04 May 2022 07:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=497254

По повод шеесетгодишнината од раѓањето на познатиот македонски писател Блаже
Миневски, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат
раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“.

Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.
Во расказите на Миневски ништо не е како во стварноста иако сè е преземно од неа. Како
своевиден дестилат на вековната усна македонска народна раскажувачка традиција, неговата проза минува низ специфичен хумор, но и низ горчината на животот, движејќи се од реалност кон фикција, од запис преку репортажа и фељтон до омајна проза.
Како и другите книжевни дела, „Нишан“ е повеќеслојна, поетска и оригинална проза, блескав,
интертекстуален роман. Секој што бара потврда за високиот квалитет на современата европска
литература, мора да го прочита овој извонреден роман на Миневски“,пишува Јустина Млецак во својот есеј за полското издание на „Нишан“.
Романот „Свирци“ е исклучителен роман совршено вкотвен во незаштитениот простор меѓу
балканскиот магичен реализам, раскажувачкиот сјај на постмодернизмот и алегорискиот наративен претек, преслик и пресек на „сега и овде“.,пишува Оливера Ќервезироска во поговорот за овој роман.
Романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ е напишан со супериорна, мајсторска
леснотија и стилска сугестивност. Приказната за суровиот свет, Миневски ја раскажува низ една
набабрена, барокна, сатирична нарација од првата до последната страница. Раскажувањето е убедливо и сугестивно, а реалноста е болно објективна, изведена и развиена со една литерарно инвентивна и крајно изострена, веристичка опсервација, со која силно се нагласува апсурдот на егзистенцијата во ова време без добрини, констатира Ефтим Клетников.
Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска
радост како врвно дело на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност,а романот.
„Мрежата на Мамли“ е уште еден бесценет наратив на Блаже Миневски кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, констатира Венко Андоновски.

Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази.
Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и
„Рациново признание“.

The post Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>

По повод шеесетгодишнината од раѓањето на познатиот македонски писател Блаже Миневски, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“. Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други. Во расказите на Миневски ништо не е како во стварноста иако сè е преземно од неа. Како своевиден дестилат на вековната усна македонска народна раскажувачка традиција, неговата проза минува низ специфичен хумор, но и низ горчината на животот, движејќи се од реалност кон фикција, од запис преку репортажа и фељтон до омајна проза. Како и другите книжевни дела, „Нишан“ е повеќеслојна, поетска и оригинална проза, блескав, интертекстуален роман. Секој што бара потврда за високиот квалитет на современата европска литература, мора да го прочита овој извонреден роман на Миневски“,пишува Јустина Млецак во својот есеј за полското издание на „Нишан“. Романот „Свирци“ е исклучителен роман совршено вкотвен во незаштитениот простор меѓу балканскиот магичен реализам, раскажувачкиот сјај на постмодернизмот и алегорискиот наративен претек, преслик и пресек на „сега и овде“.,пишува Оливера Ќервезироска во поговорот за овој роман. Романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ е напишан со супериорна, мајсторска леснотија и стилска сугестивност. Приказната за суровиот свет, Миневски ја раскажува низ една набабрена, барокна, сатирична нарација од првата до последната страница. Раскажувањето е убедливо и сугестивно, а реалноста е болно објективна, изведена и развиена со една литерарно инвентивна и крајно изострена, веристичка опсервација, со која силно се нагласува апсурдот на егзистенцијата во ова време без добрини, констатира Ефтим Клетников. Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска радост како врвно дело на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност,а романот. „Мрежата на Мамли“ е уште еден бесценет наратив на Блаже Миневски кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, констатира Венко Андоновски. Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази. Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

The post Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>
„Матица македонска“ објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/matica-makedonska-objavi-novo-izdanie-na-romanot-crveniot-konj-od-tashko-georgievski/ Tue, 12 Apr 2022 08:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=487170

Во едицијата Современа македонска проза „Матица македонска“ од Скопје објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски. Со реобјавувањето на ова дело, издавачот ја одбележува десетгодишнината од смртта на познатиот писател.

 

Ташко Георгиевски беше предводник на групата значајни македонски писатели  Петар Ширилов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Ката Мисиркова-Руменова, Петре Бицевски, Ристо Јачев, Ташко Саров, Методија Тошевски, Коле Мангов, Стојан Кочов, Петре Наковски и др. кои континуирано и егзалтирано пишуваат за грозоморниот терор врз невиното и незаштитено македонско население.

Како писател од голем формат Ташко Георгиевски создаде нов литературен топоним, градејќи во низа приказни за животот на прогонетите Македонци по поразот на демократските сили за време на Граѓанската војна во Грција. Неговите херои потекнуваат од народните низини и страдаат поради самата помисла дека се Македонци. Всушност, нив ги следи мракобесната сенка на злото од самото раѓање па сѐ до смртта. Многумина од нив се помируваат со судбината и очајнички потклекнуваат пред теророт. Тие се приклонуваат кон толпата, која по силата на законите го менува својот облик и идентитет. Но, кај повеќето херои чинот на опстојувањето е секогаш во одбрана на личното достоинство, а преку тоа достоинство се отсликува и националната гордост, констатира главниот уредник на изданието, Раде Силјан.

Ташко Георгиевски (Кронцелево, Егејска Македонија 1935–2012, Скопје) е автор на книгите: Ние зад насипот, Ѕидови, Луѓе и волци, Суви ветрови, Црно семе, Змиски ветар, Време на молчење, Куќа под калето, Рамна земја, Црвениот коњ, Жолтиот трендафил, Плочата на животот, Кајмакчалан и др. Според сценарија на неговите романи снимени се играните филмови Црно семе, Црвениот коњ и Преку езерото.

Неговите дела се преведени на француски, англиски, грчки, бугарски, српски, словенечки, романски, руски, ерменски и турски јазик. За неговиот богат творечки опус беше добитник на наградите: Кочо Рацин, 11 Октомври, 13 Ноември, Стале Попов, Рациново признание, Ванчо Николески и 23 Октомври.

Ташко Георгиевски беше член на Македонската академија на науките и уметностите.

 

 

The post „Матица македонска“ објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Во едицијата Современа македонска проза „Матица македонска“ од Скопје објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски. Со реобјавувањето на ова дело, издавачот ја одбележува десетгодишнината од смртта на познатиот писател.   Ташко Георгиевски беше предводник на групата значајни македонски писатели  Петар Ширилов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Ката Мисиркова-Руменова, Петре Бицевски, Ристо Јачев, Ташко Саров, Методија Тошевски, Коле Мангов, Стојан Кочов, Петре Наковски и др. кои континуирано и егзалтирано пишуваат за грозоморниот терор врз невиното и незаштитено македонско население. Како писател од голем формат Ташко Георгиевски создаде нов литературен топоним, градејќи во низа приказни за животот на прогонетите Македонци по поразот на демократските сили за време на Граѓанската војна во Грција. Неговите херои потекнуваат од народните низини и страдаат поради самата помисла дека се Македонци. Всушност, нив ги следи мракобесната сенка на злото од самото раѓање па сѐ до смртта. Многумина од нив се помируваат со судбината и очајнички потклекнуваат пред теророт. Тие се приклонуваат кон толпата, која по силата на законите го менува својот облик и идентитет. Но, кај повеќето херои чинот на опстојувањето е секогаш во одбрана на личното достоинство, а преку тоа достоинство се отсликува и националната гордост, констатира главниот уредник на изданието, Раде Силјан. Ташко Георгиевски (Кронцелево, Егејска Македонија 1935–2012, Скопје) е автор на книгите: Ние зад насипот, Ѕидови, Луѓе и волци, Суви ветрови, Црно семе, Змиски ветар, Време на молчење, Куќа под калето, Рамна земја, Црвениот коњ, Жолтиот трендафил, Плочата на животот, Кајмакчалан и др. Според сценарија на неговите романи снимени се играните филмови Црно семе, Црвениот коњ и Преку езерото. Неговите дела се преведени на француски, англиски, грчки, бугарски, српски, словенечки, романски, руски, ерменски и турски јазик. За неговиот богат творечки опус беше добитник на наградите: Кочо Рацин, 11 Октомври, 13 Ноември, Стале Попов, Рациново признание, Ванчо Николески и 23 Октомври. Ташко Георгиевски беше член на Македонската академија на науките и уметностите.    

The post „Матица македонска“ објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски appeared first on Република.

]]>