Матеуш Моравјецки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mateush-moravjecki/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 07:20:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Матеуш Моравјецки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mateush-moravjecki/ 32 32 Моравјецки му порача на Зеленски да не ги навредува Полјаците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjetski-mu-poracha-na-zelenski-da-ne-gi-navreduva-poljatsite/ Sat, 23 Sep 2023 07:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=684256

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки синоќа му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата остра реторика кон Киев откако полскиот претседател се обиде да ги намали тензиите поради спорот околу увозот на жито.

Минатата недела Полска одлучи да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, загрозувајќи ги односите со соседната земја разурната од војна, на која значително и помага од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година.

Зеленски ја налути соседната земја кога на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк рече дека Киев работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито, но дека политичкиот театар околу извозот на производот само и помага на Москва.

– Сакам да му порачам на претседателот Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците како што тоа го направи неодамна за време на неговиот говор во ОН, рече Моравјецки на митинг пред парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец, пред кои честа тема е попустливоста кон Украина.

Владејачката партија Право и Правда (ПиС) на Моравјецки е цел на критики од десницата за нејзиниот наводен покорен однос кон Киев.

Аналитичарите сметаат дека тоа го принуди ПиС да заземе поагресивен став кон Киев.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, во обид да ги смири тензиите, претходно рече дека спорот меѓу двете земји околу извозот на жито нема да ги загрози нивните добри билатерални односи.

– Не се сомневам дека спорот за извозот на жито од Украина на полскиот пазар е само фрагмент од севкупните полско-украински односи. Не верувам дека тоа може да има значајно влијание врз односите, затоа мораме да ја решиме оваа работа меѓу нас, изјави Дуда на деловна конференција.

Во меѓувреме, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во напис за Политико рече дека Полска сака силна украинска држава која ќе излезе од војната со динамична економија и дека Варшава ќе продолжи да ги поддржува напорите на Украина за влез во НАТО и ЕУ.

– Тука нема апсолутно никаква противречност. Поддршката на Украина против руската инвазија и заштитата на нашите граѓани од нелојална економска конкуренција истовремено им служат на интересите на Полска, заклучи тој.

Рау за новинарите во Њујорк изјави дека Полска не ја променила својата политика кон Украина, но дека има радикална промена во полското јавно мислење за односите меѓу двете земји.

– За да се подобри оваа перцепција ќе бидат потребни титански дипломатски напори, рече полскиот министер.

Словачка, Полска и Унгарија, исто така, воведоа ограничувања за увоз на жито од Украина, тврдејќи дека евтиното украинско жито, главно наменето за транзит до западните пристаништа, се продава локално, што им штети на нивните земјоделства.

The post Моравјецки му порача на Зеленски да не ги навредува Полјаците appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки синоќа му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата остра реторика кон Киев откако полскиот претседател се обиде да ги намали тензиите поради спорот околу увозот на жито. Минатата недела Полска одлучи да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, загрозувајќи ги односите со соседната земја разурната од војна, на која значително и помага од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година. Зеленски ја налути соседната земја кога на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк рече дека Киев работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито, но дека политичкиот театар околу извозот на производот само и помага на Москва. – Сакам да му порачам на претседателот Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците како што тоа го направи неодамна за време на неговиот говор во ОН, рече Моравјецки на митинг пред парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец, пред кои честа тема е попустливоста кон Украина. Владејачката партија Право и Правда (ПиС) на Моравјецки е цел на критики од десницата за нејзиниот наводен покорен однос кон Киев. Аналитичарите сметаат дека тоа го принуди ПиС да заземе поагресивен став кон Киев. Полскиот претседател Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, во обид да ги смири тензиите, претходно рече дека спорот меѓу двете земји околу извозот на жито нема да ги загрози нивните добри билатерални односи.
– Не се сомневам дека спорот за извозот на жито од Украина на полскиот пазар е само фрагмент од севкупните полско-украински односи. Не верувам дека тоа може да има значајно влијание врз односите, затоа мораме да ја решиме оваа работа меѓу нас, изјави Дуда на деловна конференција.
Во меѓувреме, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во напис за Политико рече дека Полска сака силна украинска држава која ќе излезе од војната со динамична економија и дека Варшава ќе продолжи да ги поддржува напорите на Украина за влез во НАТО и ЕУ.
– Тука нема апсолутно никаква противречност. Поддршката на Украина против руската инвазија и заштитата на нашите граѓани од нелојална економска конкуренција истовремено им служат на интересите на Полска, заклучи тој.
Рау за новинарите во Њујорк изјави дека Полска не ја променила својата политика кон Украина, но дека има радикална промена во полското јавно мислење за односите меѓу двете земји.
– За да се подобри оваа перцепција ќе бидат потребни титански дипломатски напори, рече полскиот министер.
Словачка, Полска и Унгарија, исто така, воведоа ограничувања за увоз на жито од Украина, тврдејќи дека евтиното украинско жито, главно наменето за транзит до западните пристаништа, се продава локално, што им штети на нивните земјоделства.

The post Моравјецки му порача на Зеленски да не ги навредува Полјаците appeared first on Република.

]]>
„Првпат ја кажа вистината“, „Првпат се согласувам со премиерот“: Полјаците се подбиваат со новиот лапсус на премиерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prvpat-ja-kazha-vistinata-prvpat-se-soglasuvam-so-premierot-poljatsite-se-podbivaat-so-noviot-lapsus-na-premierot/ Thu, 21 Sep 2023 20:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=683166

Граѓаните на Полска, на интернет се забавуваат со новиот лапсус на премиерот Матеуш Моравјецки, кој на конференција за јавноста најсериозно предупреди на „опасноста“ - неговата партија Право и Правда да се врати на власт на редовните парламентарни избори на 15 октомври.

Сакаме да ве потсетиме на нашиот однос со Русија. Сакаме да ве потсетиме колку голема е опасноста од враќањето на власт на Право и Правда во Владата. Значењето на овие избори е огромно, изјави премиерот Моравјецки.

„Тој првпат ја кажа вистината“, „Првпат се согласувам со премиерот“ - се најчестите коментари на опозициските политичари и други корисници од Полска на интернет-просторот.

Има и такви кои прашуваат дали премиерот се вратил во тимот на својот поранешен шеф - порано премиер, а сега главен опозициски лидер Доналд Туск, како потсетување дека своевремено Моравјецки беше еден од економските советници на Туск кога овој беше премиер.

The post „Првпат ја кажа вистината“, „Првпат се согласувам со премиерот“: Полјаците се подбиваат со новиот лапсус на премиерот appeared first on Република.

Моравјецки: Полска повеќе не испорачува оружје на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/moravjetski-polska-poveke-ne-isporachuva-oruzhje-na-ukraina/ Thu, 21 Sep 2023 08:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=683668

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување.

Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито.

Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје, рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито

The post Моравјецки: Полска повеќе не испорачува оружје на Украина appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување. Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито. Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје, рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито

The post Моравјецки: Полска повеќе не испорачува оружје на Украина appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер се закани на Киев: Ќе забраниме увоз на повеќе производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-se-zakani-na-kiev-ke-zabranime-uvoz-na-poveke-proizvodi/ Wed, 20 Sep 2023 11:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=683456

Пoлска би можела да забрани увоз на дополнителни украински прехранбени производи, изјави денеска премиерот Матеуш Моравјецки, предупредувајќи го Киев да не ескалира спорот околу увозот на жито.

Варшава е еден од најтешките сојузници на Киев откако Москва ја започна својата инвазија во 2022 година, но двете земји сега се борат околу увозот на земјоделски производи откако Полска, заедно со Унгарија и Словачка, ја продолжи забраната за увоз на жито од соседна Украина.

Ги предупредувам украинските власти, бидејќи ако сакаат да го ескалираат спорот на овој начин, ќе додадеме повеќе производи на забраната за увоз на територијата на Република Полска, изјави Моравјецки за телевизијата „Полсат њуз“.

Портпаролот на Светската трговска организација вчера потврди дека Украина го направила првиот чекор во трговскиот спор со жалба до глобалното тело. Тој не ги именуваше земјите, но Киев претходно соопшти дека жалбата се однесува на Полска, Словачка и Унгарија.

The post Полскиот премиер се закани на Киев: Ќе забраниме увоз на повеќе производи appeared first on Република.

]]>

Пoлска би можела да забрани увоз на дополнителни украински прехранбени производи, изјави денеска премиерот Матеуш Моравјецки, предупредувајќи го Киев да не ескалира спорот околу увозот на жито. Варшава е еден од најтешките сојузници на Киев откако Москва ја започна својата инвазија во 2022 година, но двете земји сега се борат околу увозот на земјоделски производи откако Полска, заедно со Унгарија и Словачка, ја продолжи забраната за увоз на жито од соседна Украина. Ги предупредувам украинските власти, бидејќи ако сакаат да го ескалираат спорот на овој начин, ќе додадеме повеќе производи на забраната за увоз на територијата на Република Полска, изјави Моравјецки за телевизијата „Полсат њуз“. Портпаролот на Светската трговска организација вчера потврди дека Украина го направила првиот чекор во трговскиот спор со жалба до глобалното тело. Тој не ги именуваше земјите, но Киев претходно соопшти дека жалбата се однесува на Полска, Словачка и Унгарија.

The post Полскиот премиер се закани на Киев: Ќе забраниме увоз на повеќе производи appeared first on Република.

]]>
Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjetski-vagner-ke-se-obide-da-go-destabilizira-istochnoto-krilo-na-nato/ Thu, 03 Aug 2023 10:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=668213

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека борците на руската паравоена група „Вагнер“ се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат.

-Полска ќе одговори недвосмислено на овие руски и белоруски провокации, рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Науседа, пренесува Полското радио.

Тој додаде дека во Белорусија има околу 4.000 „вагнеровци“ и дека на овој начин Русија ја тестира реакцијата на Полска и нејзините сојузници.

-Мора да бидеме свесни дека бројот на вакви провокации ќе се зголемува, изјави полскиот премиер.

Неодамна од Минск беше објавено дека одреден број „вагнеровци“ почнале да ги обучуваат припадниците на белоруската армија, поради што полските власти испратија над 1.000 војници во близина на границата со Белорусија.

The post Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека борците на руската паравоена група „Вагнер“ се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат. -Полска ќе одговори недвосмислено на овие руски и белоруски провокации, рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Науседа, пренесува Полското радио. Тој додаде дека во Белорусија има околу 4.000 „вагнеровци“ и дека на овој начин Русија ја тестира реакцијата на Полска и нејзините сојузници. -Мора да бидеме свесни дека бројот на вакви провокации ќе се зголемува, изјави полскиот премиер. Неодамна од Минск беше објавено дека одреден број „вагнеровци“ почнале да ги обучуваат припадниците на белоруската армија, поради што полските власти испратија над 1.000 војници во близина на границата со Белорусија.

The post Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО appeared first on Република.

]]>
Моравјецки предупредува дека „вагнеровците“ може да се обидат да влезат во ЕУ како мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjetski-predupreduva-deka-vagnerovtsite-mozhe-da-se-obidat-da-vlezat-vo-eu-kako-migranti/ Sat, 29 Jul 2023 19:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=666755

Борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ кои се наоѓаат во Белорусија би можеле да се претставуваат како мигранти и да влезат во Европската унија, предупреди во саботата полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Полскиот премиер тврди дека руските платеници би можеле да се претставуваат како белоруски граничари за да им помогнат на мигрантите да влезат во ЕУ или, дури, самите да се претставуваат како мигранти и да влезат во Унијата.

„Сега ситуацијата станува уште поопасна. Тоа е сигурно чекор напред кон идниот хибриден напад врз полската териорија“, рече Моравјецки на прес-конференција во текот на посетата на фабриката за оружје во Гливице на југот на Полска.

Неколку илјади борци на „Вагнер“, според процените на Варшава, по еднодневниот бунт против рускиот воен врв како што беше соопштено кон крајот на јуни, а кои не ја прифатија понудата да потпишат договори со Министерството за одбрана, ја искористиле можноста да се префрлат во Белорусија. Минск претходно објави снимки на кои припадници на паравојската ги обучуваат белоруските војници.

Во четвртокот полското министерство за внатрешни работи сооопшти дека Полска, Литванија и Латвија би можеле да ги затворат границите со Белорусија доколку има инциденти со групата „Вагнер“ по должината на нивните граници. Но нивните граници кон Белорусија се заштитени со огради со бодликава жица и главно со строги рестриктивни мерки за минување, а покрај тоа вооружен судир би претставувал конфликт за земји членки на НАТО.

Минатиот викенд белорускиот претседател Александр Лукашенко во разговорот со рускиот колега по должност Владимир Путин инсистираше дека борците на „Вагнер“ ќе бидат задржани во централна Белорусија.

„Бараат да одат на запад, на излет во Варшава… Но, се разбира, ги држам во централна Белорусија , како што се договоривме“, се шегуваше Лукашенко.

Изјавата на полскиот премиер Моравјецки инаку дојде откако претходно во саботата службата за погранична безбедност на Белорусија објави дека полските безбедносни сили изминатата ноќ насилно принудиле од полска на белоруска територија да минат пет мигранти.

Во објавата се обвинуваат полските власти „за уште еден чин на брутален однос“ кон бегалците и мигрантите од блискоисточните и азиските земји кои со лисици на рацете ги носат до оградата којашто ја подигна Варшва во 2021 година кога беше зголемен бројот на мигрантите кои ја минуваа белоруската граница

Минск ја обвинува Варшава дека со употреба на физичка сила и солзавец ги принудуваат мигрантите да премината на белоруска територија преку отворите во оградите оставени за премин на животните.

Во 2021 година Литванија, Латвија и Полска известија за зголемен број нелегални мигранти од Блискиот исток и Африка кои ги привеле на границите со Белорусија. Трите балтички земји членки на ЕУ и НАТО го обвинија Минск дека организирано ги носи мигрантите на нивните граници за да создаде нова мигрантска криза во Унијата. Белорусија ги отфрли тие тврдења и ги обвини трите земје за бруталност кон мигрантите и насилство кон нив во настојувањата да ги вратат на белоруската страна на границата.

The post Моравјецки предупредува дека „вагнеровците“ може да се обидат да влезат во ЕУ како мигранти appeared first on Република.

]]>

Борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ кои се наоѓаат во Белорусија би можеле да се претставуваат како мигранти и да влезат во Европската унија, предупреди во саботата полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Полскиот премиер тврди дека руските платеници би можеле да се претставуваат како белоруски граничари за да им помогнат на мигрантите да влезат во ЕУ или, дури, самите да се претставуваат како мигранти и да влезат во Унијата.
„Сега ситуацијата станува уште поопасна. Тоа е сигурно чекор напред кон идниот хибриден напад врз полската териорија“, рече Моравјецки на прес-конференција во текот на посетата на фабриката за оружје во Гливице на југот на Полска.
Неколку илјади борци на „Вагнер“, според процените на Варшава, по еднодневниот бунт против рускиот воен врв како што беше соопштено кон крајот на јуни, а кои не ја прифатија понудата да потпишат договори со Министерството за одбрана, ја искористиле можноста да се префрлат во Белорусија. Минск претходно објави снимки на кои припадници на паравојската ги обучуваат белоруските војници. Во четвртокот полското министерство за внатрешни работи сооопшти дека Полска, Литванија и Латвија би можеле да ги затворат границите со Белорусија доколку има инциденти со групата „Вагнер“ по должината на нивните граници. Но нивните граници кон Белорусија се заштитени со огради со бодликава жица и главно со строги рестриктивни мерки за минување, а покрај тоа вооружен судир би претставувал конфликт за земји членки на НАТО. Минатиот викенд белорускиот претседател Александр Лукашенко во разговорот со рускиот колега по должност Владимир Путин инсистираше дека борците на „Вагнер“ ќе бидат задржани во централна Белорусија.
„Бараат да одат на запад, на излет во Варшава… Но, се разбира, ги држам во централна Белорусија , како што се договоривме“, се шегуваше Лукашенко.
Изјавата на полскиот премиер Моравјецки инаку дојде откако претходно во саботата службата за погранична безбедност на Белорусија објави дека полските безбедносни сили изминатата ноќ насилно принудиле од полска на белоруска територија да минат пет мигранти. Во објавата се обвинуваат полските власти „за уште еден чин на брутален однос“ кон бегалците и мигрантите од блискоисточните и азиските земји кои со лисици на рацете ги носат до оградата којашто ја подигна Варшва во 2021 година кога беше зголемен бројот на мигрантите кои ја минуваа белоруската граница Минск ја обвинува Варшава дека со употреба на физичка сила и солзавец ги принудуваат мигрантите да премината на белоруска територија преку отворите во оградите оставени за премин на животните. Во 2021 година Литванија, Латвија и Полска известија за зголемен број нелегални мигранти од Блискиот исток и Африка кои ги привеле на границите со Белорусија. Трите балтички земји членки на ЕУ и НАТО го обвинија Минск дека организирано ги носи мигрантите на нивните граници за да создаде нова мигрантска криза во Унијата. Белорусија ги отфрли тие тврдења и ги обвини трите земје за бруталност кон мигрантите и насилство кон нив во настојувањата да ги вратат на белоруската страна на границата.

The post Моравјецки предупредува дека „вагнеровците“ може да се обидат да влезат во ЕУ како мигранти appeared first on Република.

]]>
Моравјецки: Можни се тензии на границата со Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjetski-mozhni-se-tenzii-na-granitsata-so-belorusija/ Sun, 25 Jun 2023 08:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=654863

Актуелните настани во Русија се внатрешно прашање на оваа земја кое не претставува никаква закана за Полска, оценија вчера полските лидери, пренесуваат британските медиуми.

Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека е можно зголемување на тензиите на границата со Белорусија.

-Апсолутно веруваме дека е тоа интерна работа на Русија….ние не наредуваме никаков зголемен степен на борбената готовност на нашата армија, изјави синоќа полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата со Бирото за национална безбедност, пренесоа британските медиуми.

The post Моравјецки: Можни се тензии на границата со Белорусија appeared first on Република.

]]>

Актуелните настани во Русија се внатрешно прашање на оваа земја кое не претставува никаква закана за Полска, оценија вчера полските лидери, пренесуваат британските медиуми. Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека е можно зголемување на тензиите на границата со Белорусија. -Апсолутно веруваме дека е тоа интерна работа на Русија….ние не наредуваме никаков зголемен степен на борбената готовност на нашата армија, изјави синоќа полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата со Бирото за национална безбедност, пренесоа британските медиуми.

The post Моравјецки: Можни се тензии на границата со Белорусија appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер најавува забрзан прием на Молдавија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-najavuva-zabrzan-priem-na-moldavija-vo-eu/ Thu, 06 Apr 2023 14:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=628046

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, најави дека е можен забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија.

Верувам дека е можен забрзан пат. Или тоа ќе биде навистина брз начин или преговорите ќе се заглават во долги разговори“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев.

Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија.

Премиерот на Молдавија, Дорин Речеан, му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска.

Реформите што ги спроведуваме нè приближуваат до Европската Унија, изјави тој.

Според него, и покрај сите предизвици и кризи, Молдавија сфатила дека може побрзо да се движи на патот на интеграцијата во ЕУ.

Молдавија стана кандидат за членство во ЕУ во 2022 година заедно со Украина и постојано ја обвинува Русија дека се обидува да ја дестабилизира. Оваа поранешна советска република со 2,5 милиони жители граничи со Украина и има руски мировници стационирани во регионот Придњестровје.

The post Полскиот премиер најавува забрзан прием на Молдавија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, најави дека е можен забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија.
Верувам дека е можен забрзан пат. Или тоа ќе биде навистина брз начин или преговорите ќе се заглават во долги разговори“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев.
Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија. Премиерот на Молдавија, Дорин Речеан, му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска.
Реформите што ги спроведуваме нè приближуваат до Европската Унија, изјави тој.
Според него, и покрај сите предизвици и кризи, Молдавија сфатила дека може побрзо да се движи на патот на интеграцијата во ЕУ. Молдавија стана кандидат за членство во ЕУ во 2022 година заедно со Украина и постојано ја обвинува Русија дека се обидува да ја дестабилизира. Оваа поранешна советска република со 2,5 милиони жители граничи со Украина и има руски мировници стационирани во регионот Придњестровје.

The post Полскиот премиер најавува забрзан прием на Молдавија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Моравјецки: Хрватска е пример дека воведување на еврото во време на инфлација е долевање масло на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjetski-hrvatska-e-primer-deka-voveduvane-na-evroto-vo-vreme-na-inflatsija-e-dolevane-maslo-na-ognot/ Tue, 10 Jan 2023 17:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=595536

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Хрватска е пример дека воведување на еврото за време на инфлација е долевање на масло на огнот бидејќи во земјата настана хаос, а во Полска воведувањето на еврото би предизвикало инфлација поголема од сегашните 16 отсто.

– Инфлацијата во Полска пристигна од надвор, беше увезена. Тоа е поврзано и со војната во Украина. Хрватска, која го прифати еврото, сега е соочена со хаос во цените, зголемување на цените на горивото. Инфлацискиот хаос кај Хрватите е многу сериозно предупредување за нас, посочи Моравјецки.

Тој истакна дека Полска нема намера да се откаже од флексибилните механизми на економската политика и дека првата цел е платите на Полјаците да стигнат до платите во побогатите западноевропски земји.

– Дури тогаш можеме да разговараме за промените во монетарната политика, наведе Моравјецки.

The post Моравјецки: Хрватска е пример дека воведување на еврото во време на инфлација е долевање масло на огнот appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Хрватска е пример дека воведување на еврото за време на инфлација е долевање на масло на огнот бидејќи во земјата настана хаос, а во Полска воведувањето на еврото би предизвикало инфлација поголема од сегашните 16 отсто. – Инфлацијата во Полска пристигна од надвор, беше увезена. Тоа е поврзано и со војната во Украина. Хрватска, која го прифати еврото, сега е соочена со хаос во цените, зголемување на цените на горивото. Инфлацискиот хаос кај Хрватите е многу сериозно предупредување за нас, посочи Моравјецки. Тој истакна дека Полска нема намера да се откаже од флексибилните механизми на економската политика и дека првата цел е платите на Полјаците да стигнат до платите во побогатите западноевропски земји. – Дури тогаш можеме да разговараме за промените во монетарната политика, наведе Моравјецки.

The post Моравјецки: Хрватска е пример дека воведување на еврото во време на инфлација е долевање масло на огнот appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер пишман аџија: Им вети пари на фудбалерите па се премисли https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-pishman-adzija-im-veti-pari-na-fudbalerite-pa-se-premisli/ Tue, 06 Dec 2022 21:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=582747

Соочен со растечката инфлација и тешката економска состојба во земјата, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, денеска се повлече од својата првична изјава да им биде доделен бонус на фудбалските репрезентативци за остварениот резултат на Светското првенство во Катар.

Станува збор за неочекуван пресврт бидејќи премиерот отстапи од намерата само неколку часови откако изјави дека полските фудбалери заслужуваат бонус за пласманот во нокаут фазата на мундијалот во Катар. Последен пат Полска избори место во осминафиналето на светските првенства пред 36 години.

Поттикнат од растот на инфлацијата и тешките услови за живот на граѓаните, Моравјецки преку социјалните мрежи објави дека „нема да има пари од буџетот“ за бонуси за фудбалерите.

На испраќањето на полската репрезентација на мундијалот во Катар, премиерот Моравјецки им вети на фудбалерите „многу добра награда“ доколку работите се одвиваат во посакуван правецМедиумите тогаш шпекулираа дека на состанокот се зборувало за парична награда од најмалку 6.7 милиони долари.

The post Полскиот премиер пишман аџија: Им вети пари на фудбалерите па се премисли appeared first on Република.

]]>

Соочен со растечката инфлација и тешката економска состојба во земјата, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, денеска се повлече од својата првична изјава да им биде доделен бонус на фудбалските репрезентативци за остварениот резултат на Светското првенство во Катар. Станува збор за неочекуван пресврт бидејќи премиерот отстапи од намерата само неколку часови откако изјави дека полските фудбалери заслужуваат бонус за пласманот во нокаут фазата на мундијалот во Катар. Последен пат Полска избори место во осминафиналето на светските првенства пред 36 години. Поттикнат од растот на инфлацијата и тешките услови за живот на граѓаните, Моравјецки преку социјалните мрежи објави дека „нема да има пари од буџетот“ за бонуси за фудбалерите. На испраќањето на полската репрезентација на мундијалот во Катар, премиерот Моравјецки им вети на фудбалерите „многу добра награда“ доколку работите се одвиваат во посакуван правецМедиумите тогаш шпекулираа дека на состанокот се зборувало за парична награда од најмалку 6.7 милиони долари.

The post Полскиот премиер пишман аџија: Им вети пари на фудбалерите па се премисли appeared first on Република.

]]>
Моравјецки: Во Европа има земји кои би ја поддржале Украина да го положи оружјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjecki-vo-evropa-ima-zemji-koi-bi-ja-poddrzale-ukraina-da-go-polozi-oruzjeto/ Tue, 21 Jun 2022 12:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=518065

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, на дипломатска конференција во Варшава порачаека Русија не го искористила целиот свој потенцијал во воената операција во Украина.

Русија денес е ранета мечка. Некои прерано проценија дека таа е поразена во конфликтите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, ангажираше само еден дел од неа - изјави Моравјецки.

Според полскиот премиер, некои земји од Европската Унија не се против тоа украинската армија да го положи оружјето.

Има пукнатини во европската солидарност. Постојат земји кои со задоволство би ја поддржале Украина во одлуката да го положи оружјето, наместо да го зајакнат нејзиниот одбранбен потенцијал - истакна Моравјецки.

The post Моравјецки: Во Европа има земји кои би ја поддржале Украина да го положи оружјето appeared first on Република.

Моравјецки: Полјаците се подготвени да се борат доколку биде потребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjecki-poljacite-se-podgotveni-da-se-borat-dokolku-bide-potrebno/ Mon, 13 Jun 2022 13:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=514591

Народот на Полска е подготвен да пружи отпор во случај на руски напад, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки на отворањето на спортско-стрелачката галерија во Мисков, јужна Полска.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, стрелачките галерии во Полска се се популарни.

Доколку Русија некогаш размислува да ја нападне Полска, Русија треба да знае, и Кремљ мора да знае дека има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака за да ја одбранат својата татковина - рече Моравјецки.

Тој нагласи дека војната во Украина на сите им покажала дека слободата не се зема здраво за готово. Полска, исто така, беше „под руската чизма” со векови, рече тој.

Не сакаме да се вратиме на тој недостиг на слобода. Го отфрламе нивниот колонијализам и империјализам - рече тој.

Моравјецки најави дека Полска поради тоа ќе ја зголеми својата армија и ќе инвестира во нови системи за оружје.

Според централниот орган за статистика ГУС, Полска моментално има нешто повеќе од 38 милиони жители. Сепак, многу повеќе живеат надвор од земјата. Само во Германија во 2021 година се евидентирани 871.000 луѓе со полско државјанство.

The post Моравјецки: Полјаците се подготвени да се борат доколку биде потребно appeared first on Република.

]]>

Народот на Полска е подготвен да пружи отпор во случај на руски напад, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки на отворањето на спортско-стрелачката галерија во Мисков, јужна Полска. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, стрелачките галерии во Полска се се популарни.
Доколку Русија некогаш размислува да ја нападне Полска, Русија треба да знае, и Кремљ мора да знае дека има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака за да ја одбранат својата татковина - рече Моравјецки.
Тој нагласи дека војната во Украина на сите им покажала дека слободата не се зема здраво за готово. Полска, исто така, беше „под руската чизма” со векови, рече тој.
Не сакаме да се вратиме на тој недостиг на слобода. Го отфрламе нивниот колонијализам и империјализам - рече тој.
Моравјецки најави дека Полска поради тоа ќе ја зголеми својата армија и ќе инвестира во нови системи за оружје. Според централниот орган за статистика ГУС, Полска моментално има нешто повеќе од 38 милиони жители. Сепак, многу повеќе живеат надвор од земјата. Само во Германија во 2021 година се евидентирани 871.000 луѓе со полско државјанство.

The post Моравјецки: Полјаците се подготвени да се борат доколку биде потребно appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата со останатите европски земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-bara-norveshka-da-go-deli-profitot-od-naftata-so-ostanatite-evropski-zemji/ Wed, 25 May 2022 06:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=506565

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа.

Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.

Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така – изјави Моравјецки, пренесува Тасс.

Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да ѝ помогне на Украина.

Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.

The post Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата со останатите европски земји appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа. Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.
Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така – изјави Моравјецки, пренесува Тасс.
Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да ѝ помогне на Украина. Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.

The post Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата со останатите европски земји appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата и гасот со другите земји во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-bara-norveshka-da-go-deli-profitot-od-naftata-i-gasot-so-drugite-zemji-vo-evropa/ Tue, 24 May 2022 20:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=506172

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа.

Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.

Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така - изјави Моравјецки, пренесува Тасс.

Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да и помогне на Украина.

Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.

The post Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата и гасот со другите земји во Европа appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа. Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.
Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така - изјави Моравјецки, пренесува Тасс.
Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да и помогне на Украина. Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.

The post Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата и гасот со другите земји во Европа appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер: Германија ги кочи построгите санкции, а не Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-germanija-gi-kochi-postrogite-sankcii-a-ne-ungarija/ Mon, 04 Apr 2022 20:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=483312

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, ја обвини Русија за геноцид и предложи итно формирање на меѓународна комисија која ќе го истражи ова и другите руски злосторства врз цивилите во Украина.

Моравјецки ги обвини лидерите на западните сојузници дека кочат воведување порешителни санкции против Русија, за кои полскиот премиер рече дека се неопходни.

Тој истовремено истакна дека унгарскиот премиер, Виктор Орбан, не блокирал ниту една санкција, а според Моравјецки, главниот кочничар по тоа прашање е Германија.

The post Полскиот премиер: Германија ги кочи построгите санкции, а не Унгарија appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, ја обвини Русија за геноцид и предложи итно формирање на меѓународна комисија која ќе го истражи ова и другите руски злосторства врз цивилите во Украина. Моравјецки ги обвини лидерите на западните сојузници дека кочат воведување порешителни санкции против Русија, за кои полскиот премиер рече дека се неопходни. Тој истовремено истакна дека унгарскиот премиер, Виктор Орбан, не блокирал ниту една санкција, а според Моравјецки, главниот кочничар по тоа прашање е Германија.

The post Полскиот премиер: Германија ги кочи построгите санкции, а не Унгарија appeared first on Република.

]]>
Моравјецки очекува ЕУ да ги финансира бегалците во Полска, како и во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moravjecki-ochekuva-eu-da-gi-finansira-begalcite-vo-polska-kako-i-vo-turcija/ Mon, 21 Mar 2022 10:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=476030

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки очекува дека Европската унија ќе покрие добар дел од трошоците на Полска и земјите кои примија бегалци од Украина, од кои 2,11 милиони до денеска пристигнале во Полска, исто како што ЕУ даваше пари наменети за бегалците во првата миграциска криза во Турција.

Се разбира, разговараме за враќање на нашите трошоци. Никој никому не подарува, бидејќи ЕУ веќе и плати огромни средства на Турција, во две транши од три милијарди евра - рече Моравјецки во интервју за полскиот неделник „Впрост“.

Според полските граничари, бројот на бегалците кои доаѓаат од Украина сега е намален и бил за 16 отсто помалку во неделата отколку во саботата, а границата ја минале 33.800 луѓе кои бегале од војната, додека во првите денови тие бројки надминувале 100.000 дневно.

Ние сме единствени затоа што не сместуваме бегалци во големи бегалски центри. Секако дека има спортски сали кои служат како привремено сместување, но генерално тие се сместени благодарение на напорите на Полјаците, невладините организации, црквите, локалните самоуправи и државата - рече Моравјецки.

Полскиот премиер очекува дека мнозинството од 2,11 милиони воени бегалци од Украина ќе можат да се вратат во својата татковина и дека нема да останат во Полска, а не прецизираше колку бегалци може да прифати Полска без да го наруши нејзиниот буџет.

Војната може да има различни форми. Стотици илјади луѓе наскоро може да побегнат од уште подраматично сценарио. И што? Не треба да ги пуштиме? Ќе ги прифатиме, бидејќи кога станува збор за спасување животи, нема простор за калкулации - рече Моравјецки.

The post Моравјецки очекува ЕУ да ги финансира бегалците во Полска, како и во Турција appeared first on Република.

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа со воз во Киев на средба со Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija-zaminaa-so-voz-vo-kiev-na-sredba-so-zelenski/ Tue, 15 Mar 2022 08:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=473029

Во 8 часот изутрина (15.03.2022), премиерите на Полска, Чешка и Словачка ја преминале полско-украинската граница и се приближуваат до украинскиот главен град Киев, во првата посета на странски државници од почетокот на руската агресија.

Киев и утрово беше цел на руски гранатирања: две силни експлозии го погодија главниот град во вторникот. Најмалку две лица загинале во нападите кога бил погоден станбен објект.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Фејсбук соопшти дека посетата се случува на 20 дена од „криминална агресија врз Украина“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Во вакви клучни моменти за светот, наша задача е да бидеме таму каде што се создава историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет ослободен од тиранија“, рече Морајвецки.

„Целта на посетата е да се потврди едногласната поддршка на целата ЕУ за сувереноста и независноста на Украина“, соопшти чешкиот премиер Петр Фиала.

Во делегацијата се и словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и полскиот вицепремиер Јарослав Качински, инаку лидер на владејачката ПиС партија во Полска.

Посетата била договорена на самитот на ЕУ во Версај минатата недела, во консултација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел.

The post Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа со воз во Киев на средба со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Во 8 часот изутрина (15.03.2022), премиерите на Полска, Чешка и Словачка ја преминале полско-украинската граница и се приближуваат до украинскиот главен град Киев, во првата посета на странски државници од почетокот на руската агресија. Киев и утрово беше цел на руски гранатирања: две силни експлозии го погодија главниот град во вторникот. Најмалку две лица загинале во нападите кога бил погоден станбен објект. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Фејсбук соопшти дека посетата се случува на 20 дена од „криминална агресија врз Украина“ на рускиот претседател Владимир Путин. Во вакви клучни моменти за светот, наша задача е да бидеме таму каде што се создава историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет ослободен од тиранија“, рече Морајвецки. „Целта на посетата е да се потврди едногласната поддршка на целата ЕУ за сувереноста и независноста на Украина“, соопшти чешкиот премиер Петр Фиала. Во делегацијата се и словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и полскиот вицепремиер Јарослав Качински, инаку лидер на владејачката ПиС партија во Полска. Посетата била договорена на самитот на ЕУ во Версај минатата недела, во консултација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел.  

The post Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа со воз во Киев на средба со Зеленски appeared first on Република.

]]>
Полска најави дека ќе се подготви за можен бегалски бран од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-najavi-deka-kje-se-podgotvi-za-mozen-begalski-bran-od-ukraina/ Wed, 16 Feb 2022 13:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=459383

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, изјави дека Полска ќе се подготви за можен прилив на бегалци од Украина, во случај на руска инвазија.

Тој додаде дека инфраструктурата за бегалците ќе биде поставена во близина на полската источна граница со Украина. Но, како што појасни Моравјецки, подоцна некои објекти може да бидат преместени на други места.

Моравјецки наведе дека во наредните неколку дена ќе повика тим за да се занимава со прашањата околу логистика, објекти, транспорт и инфраструктура, како и да обезбеди пристап до здравствена заштита и до образование.

Ќе им помогнеме на Украинците да ги ублажат последиците од рускиот напад - појасни тој.

Русија вчера соопшти дека дел од нејзините војниците ќе бидат повлечени по завршувањето на воените вежби, нагласувајќи дека тоа ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а руските вооружени сили ќе им се вратат на своите нормални позиции за три до четири недели.

НАТО денеска соопшти дека би го поздравил руското повлекување, но, досега, не гледа знаци на било какво значајно поместување на трупите.

The post Полска најави дека ќе се подготви за можен бегалски бран од Украина appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, изјави дека Полска ќе се подготви за можен прилив на бегалци од Украина, во случај на руска инвазија. Тој додаде дека инфраструктурата за бегалците ќе биде поставена во близина на полската источна граница со Украина. Но, како што појасни Моравјецки, подоцна некои објекти може да бидат преместени на други места. Моравјецки наведе дека во наредните неколку дена ќе повика тим за да се занимава со прашањата околу логистика, објекти, транспорт и инфраструктура, како и да обезбеди пристап до здравствена заштита и до образование.
Ќе им помогнеме на Украинците да ги ублажат последиците од рускиот напад - појасни тој.
Русија вчера соопшти дека дел од нејзините војниците ќе бидат повлечени по завршувањето на воените вежби, нагласувајќи дека тоа ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а руските вооружени сили ќе им се вратат на своите нормални позиции за три до четири недели. НАТО денеска соопшти дека би го поздравил руското повлекување, но, досега, не гледа знаци на било какво значајно поместување на трупите.

The post Полска најави дека ќе се подготви за можен бегалски бран од Украина appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер е убеден дека политичката цел на Путин е да го уништи НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-e-ubeden-deka-politichkata-cel-na-putin-e-da-go-unishti-nato/ Thu, 10 Feb 2022 18:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=456923

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, по средбата со својот британски колега Борис Џонсон, истакна дека политичката цел на претседателот на Русија, Владимир Путин е да го „уништи НАТО“.

Моравјецки порача дека затоа е важно НАТО да покажеме дека е обединето.

Полскиот премиер додаде дека НАТО има силно разбирање за тензиите на неговото источно крило.

Џонсон, од друга страна, изјави дека ниту Полска, ниту Велика Британија, не можат да прифатат свет во кој силен сосед може да ги заплаши или напаѓа другите.

Тој нагласи дека Полска има клучна улога во европската безбедност.

Лекцијата од изминатите сто години беше дека кога на Полска и се закануваше нестабилност, војна и агресија, тогаш сите беа загрозени - изјави британскиот премиер.

По средбата, двајцата лидери ја посетија касарната во Варшава каде што се сместени британски војници. Тие од декември им помагаат на полските сили да ја зајакнат границата со Белорусија.

The post Полскиот премиер е убеден дека политичката цел на Путин е да го уништи НАТО appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, по средбата со својот британски колега Борис Џонсон, истакна дека политичката цел на претседателот на Русија, Владимир Путин е да го „уништи НАТО“. Моравјецки порача дека затоа е важно НАТО да покажеме дека е обединето. Полскиот премиер додаде дека НАТО има силно разбирање за тензиите на неговото источно крило. Џонсон, од друга страна, изјави дека ниту Полска, ниту Велика Британија, не можат да прифатат свет во кој силен сосед може да ги заплаши или напаѓа другите. Тој нагласи дека Полска има клучна улога во европската безбедност.