Матео Ренци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mateo-renci/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 16:33:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Матео Ренци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mateo-renci/ 32 32 Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekspremierot-mateo-rentsi-ke-stane-glaven-urednik-na-vesnik/ Wed, 05 Apr 2023 16:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=627654

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека својата политичка кариера како сенатор и лидер на центристичка партија ќе ја спои со функцијата што ќе ја преземе како главен уредник на печатен медиум.

Британските медиуми пренесуваат дека Ренци ќе го преземе водењето на весникот „Реформиста“, мало либертаријанско издание познато по критиките на италијанскиот судски систем, за кое има напишано и книга.

Ќе бидам уредник една година – од 3 мај 2023 до 30 април 2024 година, а потоа ќе видам што ќе правам кога ќе пораснам, рече 48-годишниот политичар на прес-конференција во Рим.

Ренци беше на чело на владата на левиот центар од 2014 до 2016 година. Поднесе оставка по поразот на уставниот референдум, но продолжи како лидер на Демократската партија додека не ги загуби изборите во 2018 година. Подоцна ја основа партијата „Италија Вива“, која во коалиција со друга партии освои осум отсто од гласовите на парламентарните избори минатата година, со што беше реизбран за член на Сенатот – Горниот дом на парламентот, потсетуваат британските медиуми.

Во Италија пратениците имаат право да работат и во други области надвор од политиката.

 

The post Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека својата политичка кариера како сенатор и лидер на центристичка партија ќе ја спои со функцијата што ќе ја преземе како главен уредник на печатен медиум. Британските медиуми пренесуваат дека Ренци ќе го преземе водењето на весникот „Реформиста“, мало либертаријанско издание познато по критиките на италијанскиот судски систем, за кое има напишано и книга.
Ќе бидам уредник една година – од 3 мај 2023 до 30 април 2024 година, а потоа ќе видам што ќе правам кога ќе пораснам, рече 48-годишниот политичар на прес-конференција во Рим.
Ренци беше на чело на владата на левиот центар од 2014 до 2016 година. Поднесе оставка по поразот на уставниот референдум, но продолжи како лидер на Демократската партија додека не ги загуби изборите во 2018 година. Подоцна ја основа партијата „Италија Вива“, која во коалиција со друга партии освои осум отсто од гласовите на парламентарните избори минатата година, со што беше реизбран за член на Сенатот – Горниот дом на парламентот, потсетуваат британските медиуми. Во Италија пратениците имаат право да работат и во други области надвор од политиката.  

The post Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник appeared first on Република.

]]>
Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mateo-renci-ja-predlaga-angela-merkel-za-posrednik-so-rusija/ Sun, 06 Mar 2022 21:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=468706

Поранешниот премиер на Италија Матео Ренци и лидер на партијата Италија Вива предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Ренци за весникот „Република“ изјави дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“.

Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка.

The post Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Италија Матео Ренци и лидер на партијата Италија Вива предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Ренци за весникот „Република“ изјави дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“. Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка.

The post Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија appeared first on Република.

]]>