математичко-информатичка гимназија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matematichko-informatichka-gimnazija/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 08:55:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png математичко-информатичка гимназија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matematichko-informatichka-gimnazija/ 32 32 Oд елитна гимназија за талентирани деца до немање настава по осум стручни предмети – МОН и МФ да изнајдат решение за МИГ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-elitna-gimnazija-za-talentirani-detsa-do-nemane-nastava-po-osum-struchni-predmeti-mon-i-mf-da-iznajdat-reshenie-za-mig/ Tue, 31 Jan 2023 08:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=602870

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е, како што пишува во реакција, учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно.

Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот, наведува Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека се залагаат за отворање две нови селективни гимназии – јазична гимназија по примерот на филолошките гимназии во Белград и Сараево и хуманистичко-општествена гимназија по примерот на образовен систем во Франција.

Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди – не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи, пишува Сојузот на средношколци.

The post Oд елитна гимназија за талентирани деца до немање настава по осум стручни предмети – МОН и МФ да изнајдат решение за МИГ appeared first on Република.

]]>