математичка олимпијада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matematichka-olimpijada/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 15:01:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png математичка олимпијада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matematichka-olimpijada/ 32 32 Дамјан Давков освои злато на Меѓународната математичка олимпијада, Алексеј Тасиќ и Леонид Тодоровски бронзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/damjan-davkov-osvoi-zlato-na-megunarodnata-matematichka-olimpijada-aleksej-tasik-i-leonid-todorovski-bronzi/ Mon, 22 Jul 2024 15:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=799258

Дамјан Давков освои златен медал, додека Алексиј Тасиќ и Леонид Тодоровски освоија бронзени медали на 65. Меѓународна математичка олимпијада што се одржа во Бат, Велика Британија. Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.

Нашата репрезентација на олимпијадата беше водена од менторите Илија Јовечвски од Институтот за математика од ПМФ и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет, како членови на Сојузот на математичари на Македонија, кои се организиратори на учеството на Македонија на овој натпревар.

Во македонската репезентација учествуваа Дамјан Давков и Ивано Божиновски од Математичко-информатичка гимназија во Скопје, и Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје.

На Меѓународната математичка олимпијада учествуваа вкупно 609 математичари од 109 држави од целиот свет и решаваа шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки денови. Македонија се пласираше на 28 место, според освоени одличја и на 46 место според освоените поени.

Златото на Давков е само втор златен медал за Македонија во нејзините 32 учества на Меѓународната математичка олимпијада.

The post Дамјан Давков освои злато на Меѓународната математичка олимпијада, Алексеј Тасиќ и Леонид Тодоровски бронзи appeared first on Република.

]]>

Дамјан Давков освои златен медал, додека Алексиј Тасиќ и Леонид Тодоровски освоија бронзени медали на 65. Меѓународна математичка олимпијада што се одржа во Бат, Велика Британија. Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници. Нашата репрезентација на олимпијадата беше водена од менторите Илија Јовечвски од Институтот за математика од ПМФ и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет, како членови на Сојузот на математичари на Македонија, кои се организиратори на учеството на Македонија на овој натпревар. Во македонската репезентација учествуваа Дамјан Давков и Ивано Божиновски од Математичко-информатичка гимназија во Скопје, и Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје. На Меѓународната математичка олимпијада учествуваа вкупно 609 математичари од 109 држави од целиот свет и решаваа шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки денови. Македонија се пласираше на 28 место, според освоени одличја и на 46 место според освоените поени. Златото на Давков е само втор златен медал за Македонија во нејзините 32 учества на Меѓународната математичка олимпијада.  

The post Дамјан Давков освои злато на Меѓународната математичка олимпијада, Алексеј Тасиќ и Леонид Тодоровски бронзи appeared first on Република.

]]>
Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ogromen-uspeh-za-srednoshkoltsite-na-matematichkata-olimpijada-vo-japonija-damjan-davkov-osvoi-zlaten-medal/ Wed, 12 Jul 2023 08:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=660308

Шест македонски математичари постигнаа огромен успех на математичката олимпијада во Јапонија. На престижниот натрепвар тие освоија четири медали и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, соопштија од СММ.

Златен медал освои Дамјан Давков, додека со сребрен медал по математика на интернационалната олимпијада се закити Алексиј Тасиќ. Никола Цветаноски и Никола Спироски добија бронзени медали.

Во продолжение списокот и освоените поени на македонските математички олимпијци.
ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, велат од СММ.

The post Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал appeared first on Република.

]]>

Шест македонски математичари постигнаа огромен успех на математичката олимпијада во Јапонија. На престижниот натрепвар тие освоија четири медали и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).
Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, соопштија од СММ.
Златен медал освои Дамјан Давков, додека со сребрен медал по математика на интернационалната олимпијада се закити Алексиј Тасиќ. Никола Цветаноски и Никола Спироски добија бронзени медали. Во продолжение списокот и освоените поени на македонските математички олимпијци. ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени) НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени) ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, велат од СММ.
 
The post Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал appeared first on Република.

]]>
Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/iskra-nema-da-dobie-pomosh-od-drzavata-koja-kje-ja-pretstavuva-na-olimpijada-vo-kolumbija-zoshto-nema-15-godini/ Tue, 08 Nov 2022 09:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=571287

Четиринаесетгодишната Искра Нечаковска од Битола е дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022) што ќе се одржи во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година.

Сепак, од Агенцијата за млади и спорт само неа не ѝ одобри делумно спонзорство за патот, престојот и режиските трошоци, зашто сѐ уште не наполнила 15 години.

Сите деца конкурираа во Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка во програмата за млади и талентирани лица, ама само Искра ја одбија заради фактот што нема се уште наполнето 15 години, а според нивниот Правилник, категоријата на млади ги опфаќа само лицата од 15 до 29 години. Овој проблем со Агенцијата за млади и спорт се провлекува уште од првата година кога учествувал наш тим на Олимпијадата, но сепак еве и 6 години подоцна никој не се заинтересирал за да најде начин да се поддржат и деца кои се млади и талентирани, но не се доволно возрасни за да влезат во категоријата млади, иако несомено го исполнуваат критериумот на талентирани,  објаснува за „Апла“ Оливера Нечаковска, мајка на Искра.

Во меѓувреме, Искра заедно со останатите членови на тимот забрзано се подготуваат на ПМФ - секој петок и сабота менторите на тимот од катедрите по физика, хемија и биологија им држат предавања и практична настава од 9-16 часот на волонтерска основа, се со цел да го претстават македонското образование во најдобро можно светло.

За трошоците испратени се барања за спонзорство, на кои досега одговорила единствено Општина Битола.

Се работи за износ од околу 950.000 денари кој вклучува трошоци за котизација и за авионски билети, потебни за да отпатуваат во Богота и да се натпреваруваат и да ја претставуваат државата во најдобро светло. Македонија шеста година учествува на ова светско натпреварување и секогаш се враќа со успех.

The post Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години appeared first on Република.

]]>

Четиринаесетгодишната Искра Нечаковска од Битола е дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022) што ќе се одржи во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година. Сепак, од Агенцијата за млади и спорт само неа не ѝ одобри делумно спонзорство за патот, престојот и режиските трошоци, зашто сѐ уште не наполнила 15 години.
Сите деца конкурираа во Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка во програмата за млади и талентирани лица, ама само Искра ја одбија заради фактот што нема се уште наполнето 15 години, а според нивниот Правилник, категоријата на млади ги опфаќа само лицата од 15 до 29 години. Овој проблем со Агенцијата за млади и спорт се провлекува уште од првата година кога учествувал наш тим на Олимпијадата, но сепак еве и 6 години подоцна никој не се заинтересирал за да најде начин да се поддржат и деца кои се млади и талентирани, но не се доволно возрасни за да влезат во категоријата млади, иако несомено го исполнуваат критериумот на талентирани,  објаснува за „Апла“ Оливера Нечаковска, мајка на Искра.
Во меѓувреме, Искра заедно со останатите членови на тимот забрзано се подготуваат на ПМФ - секој петок и сабота менторите на тимот од катедрите по физика, хемија и биологија им држат предавања и практична настава од 9-16 часот на волонтерска основа, се со цел да го претстават македонското образование во најдобро можно светло. За трошоците испратени се барања за спонзорство, на кои досега одговорила единствено Општина Битола. Се работи за износ од околу 950.000 денари кој вклучува трошоци за котизација и за авионски билети, потебни за да отпатуваат во Богота и да се натпреваруваат и да ја претставуваат државата во најдобро светло. Македонија шеста година учествува на ова светско натпреварување и секогаш се враќа со успех.

The post Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години appeared first on Република.

]]>
Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на Балканска математичка олимпијада https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/nikola-spirovski-go-osvoi-prviot-zlaten-medal-za-makedonija-na-balkanska-matematichka-olimpijada/ Sun, 08 May 2022 17:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=499600

Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39. Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар.
На оваа олимпијада е постигнат златен медал за прв пат во историјата на Македонија.

-Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски. Вреди да се напомене дека екипата оваа година го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени – информираа од Сојузот на математичари на Македонија.

The post Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на Балканска математичка олимпијада appeared first on Република.

]]>

Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39. Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар. На оваа олимпијада е постигнат златен медал за прв пат во историјата на Македонија.