матејче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matejche/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 14:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матејче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/matejche/ 32 32 Православните верници ја прославија Мала Богородица во манастирот Матејче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pravoslavnite-vernitsi-ja-proslavija-mala-bogoroditsa-vo-manastirot-matejche/ Thu, 21 Sep 2023 14:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=683828

Голем број верници од Куманово денеска присуствуваа во манастирот Матејче во чест на православниот празник посветен на раѓањето на Пресвета Богородица.

Како што претходно информираа за МИА, Министерството за култура ги почна годинашниве активности за непосредна заштита и реализација на проектот за конзервација и реставрација, препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче. За првата фаза за тековната година, одвоени се 1.580.020.00 денари.

Во текот на 2023 година предвидено е да биде завршена првата фаза, што подразбира превентивна заштита на покривот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче. Со проектот ќе бидат опфатени итни превентивни мерки за санирање на покривот, информираа од Министерството за култура.

Активисти од градот со години алармираа за исклучително лошата состојба на манастирот, која се влошуваше секоја година, по воениот конфликт во 2001 година. Претходно, комплексот во кој имаше и детско одморалиште сместено во прекрасната природа во општина Липково, беше омилено место за рекреација на учениците и граѓаните од Куманово.

Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.

The post Православните верници ја прославија Мала Богородица во манастирот Матејче appeared first on Република.

]]>

Голем број верници од Куманово денеска присуствуваа во манастирот Матејче во чест на православниот празник посветен на раѓањето на Пресвета Богородица. Како што претходно информираа за МИА, Министерството за култура ги почна годинашниве активности за непосредна заштита и реализација на проектот за конзервација и реставрација, препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче. За првата фаза за тековната година, одвоени се 1.580.020.00 денари.
Во текот на 2023 година предвидено е да биде завршена првата фаза, што подразбира превентивна заштита на покривот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче. Со проектот ќе бидат опфатени итни превентивни мерки за санирање на покривот, информираа од Министерството за култура.
Активисти од градот со години алармираа за исклучително лошата состојба на манастирот, која се влошуваше секоја година, по воениот конфликт во 2001 година. Претходно, комплексот во кој имаше и детско одморалиште сместено во прекрасната природа во општина Липково, беше омилено место за рекреација на учениците и граѓаните од Куманово. Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.

The post Православните верници ја прославија Мала Богородица во манастирот Матејче appeared first on Република.

]]>
Киднапирање во скопско, 21-годишна девојка под закана со оружје извадена од домот на родителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kidnapiranje-vo-skopsko-21-godishna-devojka-pod-zakana-so-oruzje-izvadena-od-domot-na-roditelite/ Thu, 08 Dec 2022 19:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=583450

Утрово во 01:30 часот во Полициско одделение Матејче, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С. од с.Орланце, скопско, со уште едно лице.

Според пријавата, двајцата мажи физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Киднапирање во скопско, 21-годишна девојка под закана со оружје извадена од домот на родителите appeared first on Република.

]]>

Утрово во 01:30 часот во Полициско одделение Матејче, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С. од с.Орланце, скопско, со уште едно лице. Според пријавата, двајцата мажи физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Киднапирање во скопско, 21-годишна девојка под закана со оружје извадена од домот на родителите appeared first on Република.

]]>
Се изнаоѓаат соодветни решенија за црквата „Успение на Пресвета Богородица” – манастир Матејче https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-iznaogjaat-soodvetni-reshenija-za-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica-manastir-matejche/ Thu, 03 Mar 2022 07:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=466729

Изнаоѓаме соодветни решенија за црквата Успение на Пресвета Богородица" - манастир Матејче активно да функционира и да се ревитализира целиот комплекс, вели министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска на чија иницијатива, беше направен увид во најновите состојби со манастирската црква во Матејче, заедно со  градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на УЗКН, Ариан Арсланај и директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани.

Само во заедничка координација, преземените мерки и заштитни интервенции ќе имаат подолготраен ефект и ќе ја обезбедат потребната заштита, вели Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека во 2021 година со средства од Програмата за културно наследство во опасност на Министерството за култура, преку надлежната установа Конзерваторски центар–Скопје се реализираше проект за непосредна заштита на архитектурата и изведбата на оловен покрив над објектот.

По последните вандалски оштетувања на кровот на црквата, надлежните констатираа дека се  потребни итни превентивни интервенции усогласени со сите субјекти на централно и локално ниво.

Mанастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во атарот на селото Матејче, Кумановско претставува културно наследство од највисока вредност, а црквата во овој комплекс од средината на XIV век го содржи најобемниот фрескоансамбл на наша територија.

The post Се изнаоѓаат соодветни решенија за црквата „Успение на Пресвета Богородица” – манастир Матејче appeared first on Република.