масовно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masovno/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Feb 2022 13:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масовно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masovno/ 32 32 За Шведска масовното ковид-тестирање веќе не е исплатливо https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-shvedska-masovnoto-kovid-testiranje-vekje-ne-e-isplatlivo/ Mon, 07 Feb 2022 13:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=455160

Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани, изјави синоќа Карин Тегмарк Висел, директор на Шведскиот институт за јавно здравје, за шведската национална телевизија.

Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање за коронавирус.

Од среда, граѓаните со симптоми на Ковид-19 за чија состојба не е потребна хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во системот на јавното здравство, но капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот и пациентите од болничкиот систем и системот за нега на стари лица и ранливи.

Екстензивното тестирање на сите луѓе со Ковид-19 би чинело околу 50 милиони евра неделно, или 200 милиони евра месечно. Во моментов, половина од сите тестови се позитивни. Социјалните ресурси треба да се користат таму каде што носат најмногу придобивки. Ако сеопфатното тестирање би придонело за подобра контрола на инфекцијата, тогаш тоа би се исплатело, но денес имаме други системи за следење, вели тој.

Висел го оправдува напуштањето на масовното тестирање со законодавството поврзано со активностите на Институтот за јавно здравје: и мерките мора да бидат во корелација со социјалните ресурси. За време на пандемијата, следевме рамнотежа помеѓу трошоците и придобивките, нагласи Висел.

Шведска потроши околу две милијарди евра на тестови од почетокот на пандемијата. Од другата страна на теснецот Ересунд, Данска веќе ги укина епидемиолошките мерки на 1 февруари, но сè уште ги тестира граѓаните за коронавирус.

Сè уште е важно да се тестираат за симптоми. Ова може да биде клинички релевантно за поединечни пациенти. Доколку симптомите се развијат во сериозна болест, потребна е дијагноза дали се работи за ковид-19, грип или нешто друго, рече Сорен Бростром, директор на данскиот институт за јавно здравје.

The post За Шведска масовното ковид-тестирање веќе не е исплатливо appeared first on Република.

]]>

Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани, изјави синоќа Карин Тегмарк Висел, директор на Шведскиот институт за јавно здравје, за шведската национална телевизија.
Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање за коронавирус. Од среда, граѓаните со симптоми на Ковид-19 за чија состојба не е потребна хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во системот на јавното здравство, но капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот и пациентите од болничкиот систем и системот за нега на стари лица и ранливи.
Екстензивното тестирање на сите луѓе со Ковид-19 би чинело околу 50 милиони евра неделно, или 200 милиони евра месечно. Во моментов, половина од сите тестови се позитивни. Социјалните ресурси треба да се користат таму каде што носат најмногу придобивки. Ако сеопфатното тестирање би придонело за подобра контрола на инфекцијата, тогаш тоа би се исплатело, но денес имаме други системи за следење, вели тој.
Висел го оправдува напуштањето на масовното тестирање со законодавството поврзано со активностите на Институтот за јавно здравје: и мерките мора да бидат во корелација со социјалните ресурси. За време на пандемијата, следевме рамнотежа помеѓу трошоците и придобивките, нагласи Висел. Шведска потроши околу две милијарди евра на тестови од почетокот на пандемијата. Од другата страна на теснецот Ересунд, Данска веќе ги укина епидемиолошките мерки на 1 февруари, но сè уште ги тестира граѓаните за коронавирус.
Сè уште е важно да се тестираат за симптоми. Ова може да биде клинички релевантно за поединечни пациенти. Доколку симптомите се развијат во сериозна болест, потребна е дијагноза дали се работи за ковид-19, грип или нешто друго, рече Сорен Бростром, директор на данскиот институт за јавно здравје.

The post За Шведска масовното ковид-тестирање веќе не е исплатливо appeared first on Република.

]]>
Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-masovno-se-kradat-metalni-reshetki-za-slivnici/ Wed, 19 Jan 2022 14:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=446732

Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација.

Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат.

И покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, велат од ЈП Вододов и канализација.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период.

Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, додаваат од „Вододв и канализација“.

The post Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници appeared first on Република.

]]>

Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација. Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат.