масовна излезеност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masovna-izlezenost/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 11:26:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масовна излезеност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masovna-izlezenost/ 32 32 СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-gi-povika-graganite-masovno-da-izlezat-na-izbori/ Fri, 03 May 2024 11:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=773761

Владејачката СДСМ денеска преку соопштение ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за иднината на државата. Од партијата нагласуваат дека изборот е во рацете на граѓаните, дали ќе следи „уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина“.

Од СДСМ додаваат дека нудат концепт за европска иднина, за европски стандарди и вредности, концепт за држава во која децата ќе сакаат да останат.

„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата. Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство. Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим.

The post СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на избори appeared first on Република.

]]>

Владејачката СДСМ денеска преку соопштение ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за иднината на државата. Од партијата нагласуваат дека изборот е во рацете на граѓаните, дали ќе следи „уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина“. Од СДСМ додаваат дека нудат концепт за европска иднина, за европски стандарди и вредности, концепт за држава во која децата ќе сакаат да останат.