масовна гробница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masovna-grobnica/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 10:20:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масовна гробница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masovna-grobnica/ 32 32 Во Газа откриена масовна гробница со 50 тела на убиени Палестинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-gaza-otkriena-masovna-grobnitsa-so-50-tela-na-ubieni-palestintsi/ Sun, 21 Apr 2024 10:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=768792

Службите за итна помош во Газа извлекле тела на 50 Палестинци од масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, две недели откако израелските сили се повлекоа од тоа подрачје, пренесува Ал Џезира.

Како што е наведено во извештајот, во последниот бран израелски напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, загиналеа 16 Палестинци, меѓу кои една бремена жена и шест деца.

Израелските сили убиле 14 лица за време на рацијата на бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека израелските доселеници убиле возач на Итна помош кој се обидувал да стигне до Палестинците повредени во насилството јужно од градот Наблус, наведува Ал Џезира.

The post Во Газа откриена масовна гробница со 50 тела на убиени Палестинци appeared first on Република.

]]>

Службите за итна помош во Газа извлекле тела на 50 Палестинци од масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, две недели откако израелските сили се повлекоа од тоа подрачје, пренесува Ал Џезира. Како што е наведено во извештајот, во последниот бран израелски напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, загиналеа 16 Палестинци, меѓу кои една бремена жена и шест деца. Израелските сили убиле 14 лица за време на рацијата на бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека израелските доселеници убиле возач на Итна помош кој се обидувал да стигне до Палестинците повредени во насилството јужно од градот Наблус, наведува Ал Џезира.

The post Во Газа откриена масовна гробница со 50 тела на убиени Палестинци appeared first on Република.

]]>
Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekjeto-od-ekshumiranite-tela-vo-izjum-imaat-znaci-na-nasilna-smrt/ Sat, 17 Sep 2022 07:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=551633

Знаци на насилна смрт имаат 99 отсто од телата ексхумирани во Изјум, град на истокот на Украина, кој неодамна беше повторно заземен од украинската армија, изјави синоќа регионалниот украински гувернер Олег Синегубов.

„Во Изјум има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јамка околу вратот. Изгледа тие луѓе биле мачени и егзекутирани“, рече Синегубов преку Телеграм, а со изјавата објави и фотографии од стотина гробови пронајдени во близина на Изјум.

Шефот на украинското тело за човекови права, Дмитро Лубинец, рече дека веројатно има повеќе од 1.000 украински граѓани убиени и мачени на ослободените територии во регионот Харков.

Украина вчера соопшти дека пронашла 450 гробници во Изјум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили.

Синегубов рече дека телата на 450 цивили со знаци на насилна смрт и тортура биле закопани на местото што го откриле украинските власти.

Тој додаде дека меѓу ексхумираните тела има и деца и дека на таа локација работат 200 експерти.

„Телата ќе бидат испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Секоја смрт ќе биде предмет на истрага и ќе стане доказ за воените злосторства на Русија пред меѓународните судови“, рече Синегубов.

Тој истакна дека обемот на злосторствата извршени од Русија во Изјум е огромен и го осуди „крвавиот и брутален терор“.

Во контраофанзивата започната на почетокот на септември во тој регион, украинската армија ги врати териториите кои дотогаш беа под окупација на руските војници.

The post Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт appeared first on Република.

]]>

Знаци на насилна смрт имаат 99 отсто од телата ексхумирани во Изјум, град на истокот на Украина, кој неодамна беше повторно заземен од украинската армија, изјави синоќа регионалниот украински гувернер Олег Синегубов.
„Во Изјум има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јамка околу вратот. Изгледа тие луѓе биле мачени и егзекутирани“, рече Синегубов преку Телеграм, а со изјавата објави и фотографии од стотина гробови пронајдени во близина на Изјум.
Шефот на украинското тело за човекови права, Дмитро Лубинец, рече дека веројатно има повеќе од 1.000 украински граѓани убиени и мачени на ослободените територии во регионот Харков. Украина вчера соопшти дека пронашла 450 гробници во Изјум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили. Синегубов рече дека телата на 450 цивили со знаци на насилна смрт и тортура биле закопани на местото што го откриле украинските власти. Тој додаде дека меѓу ексхумираните тела има и деца и дека на таа локација работат 200 експерти.
„Телата ќе бидат испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Секоја смрт ќе биде предмет на истрага и ќе стане доказ за воените злосторства на Русија пред меѓународните судови“, рече Синегубов.
Тој истакна дека обемот на злосторствата извршени од Русија во Изјум е огромен и го осуди „крвавиот и брутален терор“. Во контраофанзивата започната на почетокот на септември во тој регион, украинската армија ги врати териториите кои дотогаш беа под окупација на руските војници.

The post Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт appeared first on Република.

]]>
Сателитски снимки од масовни гробници во Мариупол, градоначалникот тврди дека има тела на 9 000 цивили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/satelitski-snimki-od-masovni-grobnici-vo-mariupol-gradonachalnikot-tvrdi-deka-ima-tela-na-9-000-civili/ Fri, 22 Apr 2022 11:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=492218

Русија вчера објави дека го контролира Мариупол, а претседателот Владимир Путин нареди војската да се откаже од намерата да ја заземе челичарницата Азовстал. Компанијата Макар Технолоџис објави сателитски снимки за кои тврдат дека прикажуваат големи масовни гробници во опколениот украински град Мариупол.

Американската компанија соопшти дека на ова место во последните неколку недели се појавиле повеќе од 200 нови гробници, додека руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот.

И градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, во објава на Телеграм соопшти дека во масовни гробници во овој град би можело да има тела на околу 9 000 цивили.

„Најголемото воено злосторство во 21 век е направено во Мариупол. Ова е новиот Бабин Јар. Тогаш Хитлер убиваше Евреи, сега Путин ги уништува Украинците. Веќе уби десетици илјади цивили во Мариупол“, пишува Бојченко.

Градоначалникот, пак, во друга објава вчера, напиша дека руските сили копаат големи дупки во близина на селото Мануш, преку кои, според него, се обидуваат да ги сокријат воените злосторство, криејќи ги телата на починатите во нив.

Русија вчера објави дека го контролира Мариупол, а претседателот Владимир Путин нареди војската да се откаже од намерата да ја заземе челичарницата Азовстал, во која се наоѓаат преостанатите украински војници во Мариупол.

Наместо напад, Путин нареди целосно блокирање на сите влезови на челичарницата.

The post Сателитски снимки од масовни гробници во Мариупол, градоначалникот тврди дека има тела на 9 000 цивили appeared first on Република.

]]>

Русија вчера објави дека го контролира Мариупол, а претседателот Владимир Путин нареди војската да се откаже од намерата да ја заземе челичарницата Азовстал. Компанијата Макар Технолоџис објави сателитски снимки за кои тврдат дека прикажуваат големи масовни гробници во опколениот украински град Мариупол. Американската компанија соопшти дека на ова место во последните неколку недели се појавиле повеќе од 200 нови гробници, додека руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот. И градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, во објава на Телеграм соопшти дека во масовни гробници во овој град би можело да има тела на околу 9 000 цивили.
„Најголемото воено злосторство во 21 век е направено во Мариупол. Ова е новиот Бабин Јар. Тогаш Хитлер убиваше Евреи, сега Путин ги уништува Украинците. Веќе уби десетици илјади цивили во Мариупол“, пишува Бојченко.
Градоначалникот, пак, во друга објава вчера, напиша дека руските сили копаат големи дупки во близина на селото Мануш, преку кои, според него, се обидуваат да ги сокријат воените злосторство, криејќи ги телата на починатите во нив. Русија вчера објави дека го контролира Мариупол, а претседателот Владимир Путин нареди војската да се откаже од намерата да ја заземе челичарницата Азовстал, во која се наоѓаат преостанатите украински војници во Мариупол. Наместо напад, Путин нареди целосно блокирање на сите влезови на челичарницата.

The post Сателитски снимки од масовни гробници во Мариупол, градоначалникот тврди дека има тела на 9 000 цивили appeared first on Република.

]]>
Над 132 тела на цивили се пронајдени во масовни гробници во Макарив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-132-tela-na-civili-se-pronajdeni-vo-masovni-grobnici-vo-makariv/ Sat, 09 Apr 2022 07:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=485661

Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив, изјави градоначалникот на градот Вадим Токар.

Тој во телевизиско интервју истакна дека повеќето тела биле ексхумирани од масовните гробници, но и дека некои се пронајдени на улиците.

Макарив се наоѓа на околу 50 километри западно од Киев и пред војната имал население од околу 15.000 луѓе.

Градоначалникот додаде дека поради борбите во изминатите недели, населението се намалило на 1.000 и дека околу 40 отсто од зградите во Макарив се оштетени, а повеќето од нив не можат да се поправат.

Окупаторите ја уништија речиси целата инфраструктура, бомбардираа домови и станбени згради, целосно уништија болници и градинки, нагласи Токар.

The post Над 132 тела на цивили се пронајдени во масовни гробници во Макарив appeared first on Република.

]]>

Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив, изјави градоначалникот на градот Вадим Токар. Тој во телевизиско интервју истакна дека повеќето тела биле ексхумирани од масовните гробници, но и дека некои се пронајдени на улиците. Макарив се наоѓа на околу 50 километри западно од Киев и пред војната имал население од околу 15.000 луѓе. Градоначалникот додаде дека поради борбите во изминатите недели, населението се намалило на 1.000 и дека околу 40 отсто од зградите во Макарив се оштетени, а повеќето од нив не можат да се поправат.
Окупаторите ја уништија речиси целата инфраструктура, бомбардираа домови и станбени згради, целосно уништија болници и градинки, нагласи Токар.

The post Над 132 тела на цивили се пронајдени во масовни гробници во Макарив appeared first on Република.

]]>
Лавров: Киев да не прави саботажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavvrov-kiev-da-ne-pravi-sabotazi/ Wed, 06 Apr 2022 07:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=483875

Москва - Провокацијата во Буча се случи кога Киев за првпат ги стави на хартија можните мировни предлози, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија верува дека Западот дозволува „хистерија“ поради наводните масовни убиства во украинскиот град Буча да ги наруши мировните преговори меѓу Москва и Киев.

Ние имаме тенденција да мислиме дека причината лежи во желбата да се најде причина да се нарушат преговорите кои се во тек. На 29 март, за прв пат во целиот период на контакти меѓу нашите делегации, украинската страна предложи писмена визија за да може договорот да изгледа како во однос на статусот на Украина и безбедносните гаранции, рече министерот.

Според Лавров, Киев за време на преговорите со Русија „првпат ја ставил на хартија“ подготвеноста да се прогласи за неутрален, неврзан во кој било блок и ненуклеарен. Покрај тоа, инсистираше тој, Украинците го официјализираа нивното одбивање да распоредат странско оружје на нивната територија или да спроведуваат вежби таму со учество на странска армија без согласност на сите земји гаранти на идниот договор, вклучително и Русија.

Безбедносните гаранции предвидени со договорот целосно ќе го исклучат проширувањето на НАТО на исток и ќе обезбедат „неделлива безбедност на европскиот континент“. Дополнително, додаде министерот, самата украинска страна напиша во нацртот на главните одредби дека безбедносните гаранции нема да важат за Крим и Донбас, кои Лавров ги нарече „напредни“.

Уште еднаш сакаме да апелираме до оние кои ги водат акциите на Киев, а знаеме кои се тие, да ја сфатат нивната одговорност за безбедноста во Европа. Русија е подготвена за овој разговор, но да има вистински напредок, а не привид за напредок, ние инсистираме дека „се испраќа недвосмислен сигнал до Киев да не се впушта во саботажа, во спротивно ризикуваме да ја повториме судбината на договорите од Минск и никогаш нема да се согласиме на тоа, рече министерот.

По повлекувањето на руските војници од Буча, во градот северно од Киев беа откриени убиени цивили. Украина ги обвинува руските сили, кои до неодамна беа во областа, но Москва тоа го отфрла. Додека западните политичари застанаа на страната на Украина по ова прашање, Кина рече дека е потребна истрага.

Украина сигнализираше дека се уште е заинтересирана за дипломатско решение на разликите со Русија. Според украинскиот претседател Владимир Зеленски, можен е мировен договор меѓу Киев и Москва.

Да, бидејќи Украина мора да најде мир. Ние сме во Европа на 21 век. Ќе продолжиме со нашите дипломатски и воени напори, рече тој за време на посетата на Буча во понеделникот.

Претходно, на 29 март, во Истанбул се одржа уште една рунда преговори меѓу Москва и Киев. Претходно, претставниците на двете земји одржаа три средби лице в лице во Белорусија. Преговорите започнаа на 28 февруари во регионот Гомељ. Потоа продолжија на 3 и 7 март во Беловежскаја Пушча. Оттаму разговорите продолжија преку видеоврска.

The post Лавров: Киев да не прави саботажи appeared first on Република.

]]>

Москва - Провокацијата во Буча се случи кога Киев за првпат ги стави на хартија можните мировни предлози, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Русија верува дека Западот дозволува „хистерија“ поради наводните масовни убиства во украинскиот град Буча да ги наруши мировните преговори меѓу Москва и Киев.
Ние имаме тенденција да мислиме дека причината лежи во желбата да се најде причина да се нарушат преговорите кои се во тек. На 29 март, за прв пат во целиот период на контакти меѓу нашите делегации, украинската страна предложи писмена визија за да може договорот да изгледа како во однос на статусот на Украина и безбедносните гаранции, рече министерот.
Според Лавров, Киев за време на преговорите со Русија „првпат ја ставил на хартија“ подготвеноста да се прогласи за неутрален, неврзан во кој било блок и ненуклеарен. Покрај тоа, инсистираше тој, Украинците го официјализираа нивното одбивање да распоредат странско оружје на нивната територија или да спроведуваат вежби таму со учество на странска армија без согласност на сите земји гаранти на идниот договор, вклучително и Русија. Безбедносните гаранции предвидени со договорот целосно ќе го исклучат проширувањето на НАТО на исток и ќе обезбедат „неделлива безбедност на европскиот континент“. Дополнително, додаде министерот, самата украинска страна напиша во нацртот на главните одредби дека безбедносните гаранции нема да важат за Крим и Донбас, кои Лавров ги нарече „напредни“.
Уште еднаш сакаме да апелираме до оние кои ги водат акциите на Киев, а знаеме кои се тие, да ја сфатат нивната одговорност за безбедноста во Европа. Русија е подготвена за овој разговор, но да има вистински напредок, а не привид за напредок, ние инсистираме дека „се испраќа недвосмислен сигнал до Киев да не се впушта во саботажа, во спротивно ризикуваме да ја повториме судбината на договорите од Минск и никогаш нема да се согласиме на тоа, рече министерот.
По повлекувањето на руските војници од Буча, во градот северно од Киев беа откриени убиени цивили. Украина ги обвинува руските сили, кои до неодамна беа во областа, но Москва тоа го отфрла. Додека западните политичари застанаа на страната на Украина по ова прашање, Кина рече дека е потребна истрага. Украина сигнализираше дека се уште е заинтересирана за дипломатско решение на разликите со Русија. Според украинскиот претседател Владимир Зеленски, можен е мировен договор меѓу Киев и Москва.
Да, бидејќи Украина мора да најде мир. Ние сме во Европа на 21 век. Ќе продолжиме со нашите дипломатски и воени напори, рече тој за време на посетата на Буча во понеделникот.
Претходно, на 29 март, во Истанбул се одржа уште една рунда преговори меѓу Москва и Киев. Претходно, претставниците на двете земји одржаа три средби лице в лице во Белорусија. Преговорите започнаа на 28 февруари во регионот Гомељ. Потоа продолжија на 3 и 7 март во Беловежскаја Пушча. Оттаму разговорите продолжија преку видеоврска.

The post Лавров: Киев да не прави саботажи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Шокирани сме од злосторствата извршени од руските инвазиски сили во украинските градови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-shokirani-sme-od-zlostorstvata-izvrsheni-od-ruskite-invaziski-sili-vo-ukrainskite-gradovi/ Mon, 04 Apr 2022 08:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=482979

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Твитер профил објави дека е шокиран од злосторствата кои руските воени сили ги извршиле во украинските градови, меѓу кои е и Буча каде на улиците, откако се врати украинската војска наиде на стотици мртви тела на загинати цивили оставени на улиците.

Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!

The post Ковачевски: Шокирани сме од злосторствата извршени од руските инвазиски сили во украинските градови appeared first on Република.

Објавена сателитска снимка од масовна гробница во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/objavena-satelitska-snimka-od-masovna-grobnica-vo-bucha/ Mon, 04 Apr 2022 07:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=482915

Сателитските снимки од украинскиот град Буча покажуваат ров на местото каде што е идентификувана масовна гробница, соопшти американската компанија за сателитски податоци.

Фотографиите направени на 31 март од Maxar Technologies покажуваат нешто што изгледа како ров во близина на црквата Св. Андреј и Сите светци првоповикани.

Од компанијата соопштија дека знаците на ископ може да се видат на фотографиите направени на 10 март.

Би-би-си вели дека не може веднаш да ја потврди снимката, иако тим од Си-ен-ен објави дека видел тела во масовна гробница на местото.

The post Објавена сателитска снимка од масовна гробница во Буча appeared first on Република.

]]>

Сателитските снимки од украинскиот град Буча покажуваат ров на местото каде што е идентификувана масовна гробница, соопшти американската компанија за сателитски податоци. Фотографиите направени на 31 март од Maxar Technologies покажуваат нешто што изгледа како ров во близина на црквата Св. Андреј и Сите светци првоповикани. Од компанијата соопштија дека знаците на ископ може да се видат на фотографиите направени на 10 март. Би-би-си вели дека не може веднаш да ја потврди снимката, иако тим од Си-ен-ен објави дека видел тела во масовна гробница на местото.

The post Објавена сателитска снимка од масовна гробница во Буча appeared first on Република.

]]>
Русија негира: Сите фотографии и видеа објавени од режимот во Киев се провокација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-negira-site-fotografii-i-videa-objaveni-od-rezimot-vo-kiev-se-provokacija/ Sun, 03 Apr 2022 17:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=482725

Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Украина дека стотици цивили биле убиени од руските војници во Буча.

-Сите фотографии и видеа објавени од режимот во Киев, а кои наводно сведочат за некои „злосторства“ на руски воен персонал во градот Буча, Киевската област, претставуваат уште една провокација. Додека оваа населба беше под контрола на руските вооружени сили, ниту еден локален жител не настрада од никакви насилни дејствија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Тие потсетија дека цело време кога градот бил под контрола на руската војска, во Буча, локалните жители слободно се движеле низ градот и користеле мобилна комуникација.

– Поаѓањето од градот Буча не е блокирано. Сите локални жители имаа можност слободно да ја напуштат населбата во северниот правец, вклучително и Република Белорусија, посочуваат од Министерството.

Москва потсети дека во исто време, украинските војници дење и ноќе ги гранатирале јужните предградија на градот, вклучувајќи ги и станбените области.

-Сите руски единици целосно се повлекоа од Буча на 30 март, ден по рундата директни преговори меѓу Русија и Украина во Турција, соопшти Министерството за одбрана.

Не е чудно што сите таканаречени „докази за злосторства“ во Буча се појавија дури четвртиот ден, кога во градот пристигнаа службеници на СБУ и претставници на украинската телевизија, додаваат тие.
– Посебно загрижува тоа што сите тела на луѓето чии слики ги објави режимот во Киев не се стврднаа по најмалку четири дена, немаат карактеристични мртви точки, а во раните има незгрутчена крв. Сето ова непобитно потврдува дека фотографиите и видеата од Буча се уште една продукција на режимот во Киев за западните медиуми, како што беше случајот во Мариупол со породилиштето, но и во други градови, заклучува Министерството за одбрана.

Претходно, украинските власти и медиумите дистрибуираа снимки наводно снимени во градот Буча во регионот на Киев, каде телата на загинатите лежат на патот.

Тие потсетија дека градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, во својата видео порака на 31 март потврдил дека во градот немало руски војници, а притоа не спомнал убиено „локално население во кое било пукано на улица додека им биле врзани рацете“.

Претходно денеска, францускиот претседател Емануел Макрон порача дека руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства. Со коментар излезе и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг кој рече дека смртта на цивилите во Буча е бруталност каква што не сме виделе во Европа со децении.

Украинската војска вчера ја ослободи Буча, откако руската армија се повлече кон Белорусија. Новинарите и војската затекнале лешеви по улиците, од кои дел биле со заврзани раце зад грб. Властите соопштија дека во масовна гробница во Буча биле закопани 57 луѓе. Фотографии со мртви тела на улиците објави на социјалните мрежи и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повикувајќи ја групата Г7 да воведе санкции кон Русија како одговор на злосторството.

The post Русија негира: Сите фотографии и видеа објавени од режимот во Киев се провокација appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Украина дека стотици цивили биле убиени од руските војници во Буча. -Сите фотографии и видеа објавени од режимот во Киев, а кои наводно сведочат за некои „злосторства“ на руски воен персонал во градот Буча, Киевската област, претставуваат уште една провокација. Додека оваа населба беше под контрола на руските вооружени сили, ниту еден локален жител не настрада од никакви насилни дејствија, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Тие потсетија дека цело време кога градот бил под контрола на руската војска, во Буча, локалните жители слободно се движеле низ градот и користеле мобилна комуникација. – Поаѓањето од градот Буча не е блокирано. Сите локални жители имаа можност слободно да ја напуштат населбата во северниот правец, вклучително и Република Белорусија, посочуваат од Министерството. Москва потсети дека во исто време, украинските војници дење и ноќе ги гранатирале јужните предградија на градот, вклучувајќи ги и станбените области. -Сите руски единици целосно се повлекоа од Буча на 30 март, ден по рундата директни преговори меѓу Русија и Украина во Турција, соопшти Министерството за одбрана. Не е чудно што сите таканаречени „докази за злосторства“ во Буча се појавија дури четвртиот ден, кога во градот пристигнаа службеници на СБУ и претставници на украинската телевизија, додаваат тие. – Посебно загрижува тоа што сите тела на луѓето чии слики ги објави режимот во Киев не се стврднаа по најмалку четири дена, немаат карактеристични мртви точки, а во раните има незгрутчена крв. Сето ова непобитно потврдува дека фотографиите и видеата од Буча се уште една продукција на режимот во Киев за западните медиуми, како што беше случајот во Мариупол со породилиштето, но и во други градови, заклучува Министерството за одбрана. Претходно, украинските власти и медиумите дистрибуираа снимки наводно снимени во градот Буча во регионот на Киев, каде телата на загинатите лежат на патот. Тие потсетија дека градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, во својата видео порака на 31 март потврдил дека во градот немало руски војници, а притоа не спомнал убиено „локално население во кое било пукано на улица додека им биле врзани рацете“. Претходно денеска, францускиот претседател Емануел Макрон порача дека руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства. Со коментар излезе и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг кој рече дека смртта на цивилите во Буча е бруталност каква што не сме виделе во Европа со децении. Украинската војска вчера ја ослободи Буча, откако руската армија се повлече кон Белорусија. Новинарите и војската затекнале лешеви по улиците, од кои дел биле со заврзани раце зад грб. Властите соопштија дека во масовна гробница во Буча биле закопани 57 луѓе. Фотографии со мртви тела на улиците објави на социјалните мрежи и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повикувајќи ја групата Г7 да воведе санкции кон Русија како одговор на злосторството.

The post Русија негира: Сите фотографии и видеа објавени од режимот во Киев се провокација appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Ова во Буча е геноцид, сакаат да нè истребат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-ova-vo-bucha-e-genocid-sakaat-da-ne-istrebat/ Sun, 03 Apr 2022 17:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=482708

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила геноцид во Украина за да истреби цела нација, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот во близина на Киев, по повлекувањето на руските сили.

„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ“, изјави Зеленски за CBS.

„И ова се случува во Европа во 21 век“, рече украинскиот претседател и ја осуди „тортурата на целата нација“.

Украина ја обвини руската војска дека свесно извршила масакр во Буча, каде што беа пронајдени мртви тела, и бара истрага и гонење на сторителите.

Претседателот Зеленски ја повика Русија целосно да ги повлече своите сили со цел враќање на ситуацијата пред 24 февруари, кога почна руската инвазија.

„Тоа ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања. За ставање крај на окупацијата и како ќе живееме потоа“, додаде тој за CBS.

Прво примирје, а потоа можам да се сретнам со рускиот претседател

„Не можам да одам ни на состанок додека трае гранатирањето. Значи, прво примирје, а потоа можам да се сретнам со рускиот претседател Владимир Путин“, додаде Владимир Зеленски.

„Ние двајца ќе разговараме за безбедносните гаранции и статусот на неутралност, зачувување на нашиот суверенитет и силна армија“, рече тој, потсетувајќи на предлозите на Украина во преговорите со Москва.

„Ако тој договор се прекрши, ние мора да можеме да се браниме“, предупреди тој.

„Откако ќе ги завршиме преговорите, сите сили мора да се повлечат, а по нивното повлекување, можеме да седнеме на маса со земјите кои ќе бидат гаранти на безбедноста“, додаде тој.

Зеленски претходно со остра реторика на социјалните мрежи ги коментираше случувањата во Буча

„Мајките на руските војници треба да го видат ова. Погледнете какви гом*ари сте пораснале. Убијци, крадци, касапи“, напиша тој на Фејсбук.

Зеленски исто така беше остар кон НАТО, велејќи дека Алијансата имала шанса да ја спречи руската инвазија.

The post Зеленски: Ова во Буча е геноцид, сакаат да нè истребат appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила геноцид во Украина за да истреби цела нација, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот во близина на Киев, по повлекувањето на руските сили.
„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ“, изјави Зеленски за CBS.
„И ова се случува во Европа во 21 век“, рече украинскиот претседател и ја осуди „тортурата на целата нација“. Украина ја обвини руската војска дека свесно извршила масакр во Буча, каде што беа пронајдени мртви тела, и бара истрага и гонење на сторителите. Претседателот Зеленски ја повика Русија целосно да ги повлече своите сили со цел враќање на ситуацијата пред 24 февруари, кога почна руската инвазија.
„Тоа ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања. За ставање крај на окупацијата и како ќе живееме потоа“, додаде тој за CBS.

Прво примирје, а потоа можам да се сретнам со рускиот претседател

„Не можам да одам ни на состанок додека трае гранатирањето. Значи, прво примирје, а потоа можам да се сретнам со рускиот претседател Владимир Путин“, додаде Владимир Зеленски. „Ние двајца ќе разговараме за безбедносните гаранции и статусот на неутралност, зачувување на нашиот суверенитет и силна армија“, рече тој, потсетувајќи на предлозите на Украина во преговорите со Москва.
„Ако тој договор се прекрши, ние мора да можеме да се браниме“, предупреди тој. „Откако ќе ги завршиме преговорите, сите сили мора да се повлечат, а по нивното повлекување, можеме да седнеме на маса со земјите кои ќе бидат гаранти на безбедноста“, додаде тој. Зеленски претходно со остра реторика на социјалните мрежи ги коментираше случувањата во Буча
„Мајките на руските војници треба да го видат ова. Погледнете какви гом*ари сте пораснале. Убијци, крадци, касапи“, напиша тој на Фејсбук.
Зеленски исто така беше остар кон НАТО, велејќи дека Алијансата имала шанса да ја спречи руската инвазија.

The post Зеленски: Ова во Буча е геноцид, сакаат да нè истребат appeared first on Република.

]]>
(+18) Бруталност кон цивилите каква што не сме виделе во Европа со децении https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/18-brutalnost-kon-civilite-kakva-shto-ne-sme-videle-vo-evropa-so-decenii/ Sun, 03 Apr 2022 16:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=482699

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг убиствата на цивили во градот Буча северозападно од Киев ги оцени како неприфатлива „бруталност“.

Тоа е бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении. Ужасно е и апсолутно неприфатливо да се пука во цивили и да се убиваат едни со други. А тоа само ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши“, рече Столтенберг за Си-Ен-Ен.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги опиша фотографиите од Буча како неподносливи.

Макрон го сподели своето сочувство со Украинците и жртвите, додавајќи дека „Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“.

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Русија мора да плати за своите, како што рече, „воени злосторства“ во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, во форма на построги санкции.

„Сликите од Буча се неприфатливи, нескротливото насилство на Путин ги брише невините семејства и не познава граници. Одговорните за овие воени злосторства мора да одговараат. Ќе ги заостриме санкциите кон Русија и уште повеќе ќе и помогнеме на Украина во одбраната“, напиша Бербок на Твитер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика меѓународните организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) да им биде дозволен пристап до погодените области со цел независно да се документира она што тој го опиша како „ѕверство“.

Шолц, исто така, ја повика Русија конечно да се согласи на прекин на огнот и да ја запре оваа „страшна, бесмислена и неоправдана војна“.

Во масовната гробница во украинскиот град Буча, во близина на Киев, пронајдени се 57 тела на убиени цивили, изјави денеска шефот на локалниот спасувачки тим Серхи Каплични.

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко вчера на Твитер објави видео од разурнатиот град Буча, што вчера беше ослободен од руска окупација.

– Буча пред еден месец – прекрасно модерно предградие на Киев. Буча сега – штали бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или уништени до земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани – наведе Герашченко.

Додека градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук изјави дека во градот е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.

– Некои од убиените имаа само 14 години. Сите тие луѓе се убиени, застрелани во задниот дел од главата –  истакна Федорук, додавајќи оти голем број од жртвите носеле бела лента, што е знак дека се невооружени.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот Буча. Според дел од западните медиуми, најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили вчера ја вратија контролата врз Буча.

The post (+18) Бруталност кон цивилите каква што не сме виделе во Европа со децении appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг убиствата на цивили во градот Буча северозападно од Киев ги оцени како неприфатлива „бруталност“.
Тоа е бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении. Ужасно е и апсолутно неприфатливо да се пука во цивили и да се убиваат едни со други. А тоа само ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши“, рече Столтенберг за Си-Ен-Ен.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги опиша фотографиите од Буча како неподносливи. Макрон го сподели своето сочувство со Украинците и жртвите, додавајќи дека „Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“. Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Русија мора да плати за своите, како што рече, „воени злосторства“ во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, во форма на построги санкции.
„Сликите од Буча се неприфатливи, нескротливото насилство на Путин ги брише невините семејства и не познава граници. Одговорните за овие воени злосторства мора да одговараат. Ќе ги заостриме санкциите кон Русија и уште повеќе ќе и помогнеме на Украина во одбраната“, напиша Бербок на Твитер.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика меѓународните организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) да им биде дозволен пристап до погодените области со цел независно да се документира она што тој го опиша како „ѕверство“. Шолц, исто така, ја повика Русија конечно да се согласи на прекин на огнот и да ја запре оваа „страшна, бесмислена и неоправдана војна“. Во масовната гробница во украинскиот град Буча, во близина на Киев, пронајдени се 57 тела на убиени цивили, изјави денеска шефот на локалниот спасувачки тим Серхи Каплични. Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко вчера на Твитер објави видео од разурнатиот град Буча, што вчера беше ослободен од руска окупација.
– Буча пред еден месец – прекрасно модерно предградие на Киев. Буча сега – штали бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или уништени до земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани – наведе Герашченко.
Додека градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук изјави дека во градот е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.
– Некои од убиените имаа само 14 години. Сите тие луѓе се убиени, застрелани во задниот дел од главата –  истакна Федорук, додавајќи оти голем број од жртвите носеле бела лента, што е знак дека се невооружени.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот Буча. Според дел од западните медиуми, најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили вчера ја вратија контролата врз Буча.

The post (+18) Бруталност кон цивилите каква што не сме виделе во Европа со децении appeared first on Република.

]]>
Светот згрозен: Во украинскиот град Буча откриена масовна гробница со 57 тела на цивили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetot-zgrozen-vo-ukrainskiot-grad-bucha-otkriena-masovna-grobnica-so-57-tela-na-civili/ Sun, 03 Apr 2022 16:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=482695

Во масовната гробница во украинскиот град Буча, во близина на Киев, пронајдени се 57 тела на убиени цивили, изјави денеска шефот на локалниот спасувачки тим Серхи Каплични.

Тука, во оваа долга гробница, се закопани 57 луѓе – изјави Каплични за АФП, кој ја организираше ексхумацијата.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот Буча. Дел од западните медиуми објавија дека најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили вчера ја вратија контролата врз Буча.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги опиша фотографиите од Буча како неподносливи.

Макрон го сподели своето сочувство со Украинците и жртвите, додавајќи: „Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“.

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Русија мора да плати за своите, како што рече, „воени злосторства“ во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, во форма на построги санкции.

„Сликите од Буча се неприфатливи, нескротливото насилство на Путин ги брише невините семејства и не познава граници. Одговорните за овие воени злосторства мора да одговараат. Ќе ги заостриме санкциите кон Русија и уште повеќе ќе и помогнеме на Украина во одбраната“, напиша Бербок на Твитер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика меѓународните организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) да им биде дозволен пристап до погодените области со цел независно да се документира она што тој го опиша како „ѕверство“.

Шолц, исто така, ја повика Русија конечно да се согласи на прекин на огнот и да ја запре оваа „страшна, бесмислена и неоправдана војна“.

The post Светот згрозен: Во украинскиот град Буча откриена масовна гробница со 57 тела на цивили appeared first on Република.

]]>

Во масовната гробница во украинскиот град Буча, во близина на Киев, пронајдени се 57 тела на убиени цивили, изјави денеска шефот на локалниот спасувачки тим Серхи Каплични.
Тука, во оваа долга гробница, се закопани 57 луѓе – изјави Каплични за АФП, кој ја организираше ексхумацијата.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот Буча. Дел од западните медиуми објавија дека најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили вчера ја вратија контролата врз Буча. Францускиот претседател Емануел Макрон ги опиша фотографиите од Буча како неподносливи. Макрон го сподели своето сочувство со Украинците и жртвите, додавајќи: „Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“. Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Русија мора да плати за своите, како што рече, „воени злосторства“ во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, во форма на построги санкции.
„Сликите од Буча се неприфатливи, нескротливото насилство на Путин ги брише невините семејства и не познава граници. Одговорните за овие воени злосторства мора да одговараат. Ќе ги заостриме санкциите кон Русија и уште повеќе ќе и помогнеме на Украина во одбраната“, напиша Бербок на Твитер.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика меѓународните организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) да им биде дозволен пристап до погодените области со цел независно да се документира она што тој го опиша како „ѕверство“. Шолц, исто така, ја повика Русија конечно да се согласи на прекин на огнот и да ја запре оваа „страшна, бесмислена и неоправдана војна“.

The post Светот згрозен: Во украинскиот град Буча откриена масовна гробница со 57 тела на цивили appeared first on Република.

]]>
ОН: Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-masovnite-grobnici-vo-mariupol-moze-da-imaat-i-do-200-tela/ Fri, 25 Mar 2022 13:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=478446

Гранатирањата врз Мариупол се толку тешки што локалните власти проценуваат дека околу 80 проценти од градбите се уништени или тешко оштетени.

Масовните гробници во украинскиот јужен град Мариупол, кој е под опсада, може да имаат и до 200 тела, предупредува шефица на мисијата на ОН за набљудување на човековите права во Украина, Матилда Богнер.

Богнер, рече дека нејзиниот тим се обидува да го процени обемот на цивилните жртви.

Успеавме да добиеме сателитски информации за една од масовните гробници, и нашите проценки се дека во една од тие масовни гробници може да има и до 200 лица - изјави таа.

Но, „тоа не значи дека сите се цивилни жртви“, додаде таа, бидејќи бројките на ОН не ги вклучуваат воените жртви и тие кои умреле од други причини за време на војна.

Канцеларијата на ОН за заштита на човековите права, која има 50 лица во Украина, регистрираше 1.035 цивили убиени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Сепак, бројот на жртвите може да е поголем од официјалните бројки, поради тешкотијата да се проверат извештаите и да се добијат информации од областите погодени од војна.

Овој тим ги истражува наводите за кршење на човековите права, како што е пукањето во цивилни возила кои бегаат од воените зони, исчезнувањето на украинските функционери и новинари и принудното преместување на цивилите на територијата што ја контролира Русија.

The post ОН: Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела appeared first on Република.

]]>

Гранатирањата врз Мариупол се толку тешки што локалните власти проценуваат дека околу 80 проценти од градбите се уништени или тешко оштетени. Масовните гробници во украинскиот јужен град Мариупол, кој е под опсада, може да имаат и до 200 тела, предупредува шефица на мисијата на ОН за набљудување на човековите права во Украина, Матилда Богнер. Богнер, рече дека нејзиниот тим се обидува да го процени обемот на цивилните жртви.
Успеавме да добиеме сателитски информации за една од масовните гробници, и нашите проценки се дека во една од тие масовни гробници може да има и до 200 лица - изјави таа.
Но, „тоа не значи дека сите се цивилни жртви“, додаде таа, бидејќи бројките на ОН не ги вклучуваат воените жртви и тие кои умреле од други причини за време на војна. Канцеларијата на ОН за заштита на човековите права, која има 50 лица во Украина, регистрираше 1.035 цивили убиени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Сепак, бројот на жртвите може да е поголем од официјалните бројки, поради тешкотијата да се проверат извештаите и да се добијат информации од областите погодени од војна. Овој тим ги истражува наводите за кршење на човековите права, како што е пукањето во цивилни возила кои бегаат од воените зони, исчезнувањето на украинските функционери и новинари и принудното преместување на цивилите на територијата што ја контролира Русија.

The post ОН: Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела appeared first on Република.

]]>