масовен туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masoven-turizam/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 08:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масовен туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masoven-turizam/ 32 32 Драстично се поскапени кириите и нема доволно станови за локалците: Жителите на Малага излегоа на протест против масовниот туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drastichno-se-poskapeni-kiriite-i-nema-dovolno-stanovi-za-lokaltsite-zhitelite-na-malaga-izlegoa-na-protest-protiv-masovniot-turizam/ Sun, 30 Jun 2024 08:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=792028

Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови за локалните граѓани.

Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“.

Според организаторите, на митингот учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник „Паис“ објави дека демонстрантите биле околу 15.000.

Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови.

Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот.

Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, вели портпаролот на демонстрантите за весникот „Паис“.

Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски.

The post Драстично се поскапени кириите и нема доволно станови за локалците: Жителите на Малага излегоа на протест против масовниот туризам appeared first on Република.

]]>

Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови за локалните граѓани. Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“. Според организаторите, на митингот учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник „Паис“ објави дека демонстрантите биле околу 15.000. Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови. Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот.