масло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maslo/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 20:19:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maslo/ 32 32 Сите мислат дека е здраво, но со ова масло не смеете да се сончате https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/site-mislat-deka-e-zdravo-no-so-ova-maslo-ne-smeete-da-se-sonchate/ Mon, 17 Jul 2023 20:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=662455

Не секогаш се потребни скапи и купечки масла за сончање за да се добие бронзен тен, но не секое масло е здраво да се користи.

Некои од нив во лето се забранети за употреба, предупредуваат дерматолозите.

Иако многумина од нас го користат како замена на другите масла за сончање, важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце. Доколку се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на УВ зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави.

Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

The post Сите мислат дека е здраво, но со ова масло не смеете да се сончате appeared first on Република.

]]>

Не секогаш се потребни скапи и купечки масла за сончање за да се добие бронзен тен, но не секое масло е здраво да се користи. Некои од нив во лето се забранети за употреба, предупредуваат дерматолозите. Иако многумина од нас го користат како замена на другите масла за сончање, важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце. Доколку се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на УВ зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави. Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

The post Сите мислат дека е здраво, но со ова масло не смеете да се сончате appeared first on Република.

]]>
Цената на зејтинот e намалена за 40 денари, тврди Наумоски од „Витаминка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-zejtinot-e-namalena-za-40-denari-tvrdi-naumoski-od-vitaminka/ Sat, 26 Nov 2022 14:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=578508

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.

Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.

Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ.

Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа.

Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва и втора класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски.

Премиерот додаде ако за некои фирми има застој за инсталирање на фотонапонски централи, тогаш какошто вели веројатно се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави.

The post Цената на зејтинот e намалена за 40 денари, тврди Наумоски од „Витаминка“ appeared first on Република.

]]>

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.
Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.
Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ. Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа.
Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва и втора класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски.
Премиерот додаде ако за некои фирми има застој за инсталирање на фотонапонски централи, тогаш какошто вели веројатно се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави.

The post Цената на зејтинот e намалена за 40 денари, тврди Наумоски од „Витаминка“ appeared first on Република.

]]>
Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, ветува Николовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/leb-brashno-mleko-i-zejtin-kje-ima-vetuva-nikolovski/ Thu, 13 Oct 2022 12:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=560654

Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Имаме план и граѓаните не треба да бидат загрижени, заедно обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, каде го презентира новиот модел за субвенционирање во земјоделството.

Исправени сме пред досега најтешката и најнеизвесна криза, додаде тој.

Војната во Украина донесе зголемени трошоци за земјоделците, недостиг на репроматеријали и не соочи со предизвикот како да обезбедиме доволно храна. Наша задача, како Министерство, е грижа за секој земјоделец – преку конкретни мерки да го стабилизираме домашното производство, да ги намалиме производствените трошоци и да обезбедиме зголемен принос и храна за сите граѓани, нагласи Николовски.

The post Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, ветува Николовски appeared first on Република.

Не се дозволи да има ниту еден ден недостаток на основни прехранбени производи, тврди Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-se-dozvoli-da-ima-nitu-eden-den-nedostatok-na-osnovni-prehranbeni-proizvodi-tvrdi-kovachevski/ Fri, 02 Sep 2022 19:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=546928

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за РТС, говорејќи за влијанието на војната во Украина врз лошата економска ситуација во Европа, вклучително и во земјите од Западен Балкан и Македонија, посочи дека како нејзин резултат е енергетската и економска криза која е најголема по Втората светска војна и тоа го покажуваат сите извештаи од берзите за суровини, за енергенси, за прехранбени производи, а го покажуваат и билансите на државите и мерките кои тие ги преземаат, како членките на ЕУ и оние кои се надвор од неа.

Точно е дека еден од постулатите на моето експозе дадено во јануари отпочнување на преговори со ЕУ е остварено и точно е исто така дека ние успешно се справивме со енергетската криза во текот на минатата зима којашто беше огромна и успеавме да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија за граѓаните, да нема ценовен шок и да обезбедиме непречено снабдување со топлинска енергија која исто така е проблем и исто така таму да нема ценовен шок, рече Ковачевски.

Тој подвлече дека, во однос на обезбедувањето на храна, се покажува огромната придобивка од Иницијативата Отворен Балкан, која резултира со Договор за обезбедување на храна помеѓу Македонија, Србија и Албанија.

Исто така, додаде Ковачевски, соработката се покажа како исклучително позитивна, кога „не се дозволи да има ниту еден ден недостаток на основни прехранбени производи ниту на пченица, пченка, нерафинирано, рафинирано масло за јадење, кое што беше обезбедувано од Република Србија според квотите, кои ги има за Cеверна Македонија, но, исто така и од Cеверна Македонија за Албанија според квотите кои ги имаме со нив“.

Оваа соработка и здружување и солидарност ќе продолжи и во текот на претстојната зима, која се очекува да биде најтешка по Втората светска војна. Се работи на активирање на сите производствени капацитети кои ги имаме во државата за производство на електрична енергија. Дополнително обезбедување на енергенси кои се потребни и суровини за производство на електрична енергија. За тоа ќе бидат потребни големи издатоци од Буџетот, веќе пресметките покажуваат дека издатоците кои ќе треба да ги направиме и трансферот во Буџетот се над 300 милиони евра, со оглед на тоа што државата мора да ја субвенционира цената на електричната енергија за граѓаните односно за регулираниот пазар и малите потрошувачи. Исто така и другите енергетски капацитети кои ги имаме, а се во приватна сопственост како што се когенеративни гасни централи или други централи од обновливи извори на енергија, веќе разговараат ресорните министерства да бидат ставени во функција со цени на електрична енергија коишто ќе бидат понудени на стопанството и кои ќе овозможат електрична енергија по оптимални и прифатливи цени, кои стопанските субјекти во државата мора да ги издржат, информираше Ковачевски во интервјуто.

The post Не се дозволи да има ниту еден ден недостаток на основни прехранбени производи, тврди Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за РТС, говорејќи за влијанието на војната во Украина врз лошата економска ситуација во Европа, вклучително и во земјите од Западен Балкан и Македонија, посочи дека како нејзин резултат е енергетската и економска криза која е најголема по Втората светска војна и тоа го покажуваат сите извештаи од берзите за суровини, за енергенси, за прехранбени производи, а го покажуваат и билансите на државите и мерките кои тие ги преземаат, како членките на ЕУ и оние кои се надвор од неа.
Точно е дека еден од постулатите на моето експозе дадено во јануари отпочнување на преговори со ЕУ е остварено и точно е исто така дека ние успешно се справивме со енергетската криза во текот на минатата зима којашто беше огромна и успеавме да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија за граѓаните, да нема ценовен шок и да обезбедиме непречено снабдување со топлинска енергија која исто така е проблем и исто така таму да нема ценовен шок, рече Ковачевски.
Тој подвлече дека, во однос на обезбедувањето на храна, се покажува огромната придобивка од Иницијативата Отворен Балкан, која резултира со Договор за обезбедување на храна помеѓу Македонија, Србија и Албанија. Исто така, додаде Ковачевски, соработката се покажа како исклучително позитивна, кога „не се дозволи да има ниту еден ден недостаток на основни прехранбени производи ниту на пченица, пченка, нерафинирано, рафинирано масло за јадење, кое што беше обезбедувано од Република Србија според квотите, кои ги има за Cеверна Македонија, но, исто така и од Cеверна Македонија за Албанија според квотите кои ги имаме со нив“.
Оваа соработка и здружување и солидарност ќе продолжи и во текот на претстојната зима, која се очекува да биде најтешка по Втората светска војна. Се работи на активирање на сите производствени капацитети кои ги имаме во државата за производство на електрична енергија. Дополнително обезбедување на енергенси кои се потребни и суровини за производство на електрична енергија. За тоа ќе бидат потребни големи издатоци од Буџетот, веќе пресметките покажуваат дека издатоците кои ќе треба да ги направиме и трансферот во Буџетот се над 300 милиони евра, со оглед на тоа што државата мора да ја субвенционира цената на електричната енергија за граѓаните односно за регулираниот пазар и малите потрошувачи. Исто така и другите енергетски капацитети кои ги имаме, а се во приватна сопственост како што се когенеративни гасни централи или други централи од обновливи извори на енергија, веќе разговараат ресорните министерства да бидат ставени во функција со цени на електрична енергија коишто ќе бидат понудени на стопанството и кои ќе овозможат електрична енергија по оптимални и прифатливи цени, кои стопанските субјекти во државата мора да ги издржат, информираше Ковачевски во интервјуто.

The post Не се дозволи да има ниту еден ден недостаток на основни прехранбени производи, тврди Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на масло и леб, една фирма загуби 190.000 евра во еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/genocid-vrz-domashnite-firmi-so-zamrznatite-ceni-na-maslo-i-leb-edna-firma-zagubi-190-000-evra-vo-eden-mesec/ Thu, 21 Apr 2022 08:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=491613

Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и маслото за јадење (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година), анализира „Фактор“.

Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ.

Во извештај на најголемата домашна прехранбена компанија „Витаминка“ за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени пишува: Во периодот на замрзнување, во кој работевме со големи загуби од продажбатана маслото за јадење „Брилијант“, Само за февруари таа загуба изнесуваше околу 190.000 евра.

Целата анализа на „Фактор

The post Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на масло и леб, една фирма загуби 190.000 евра во еден месец appeared first on Република.

]]>

Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и маслото за јадење (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година), анализира „Фактор“. Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ. Во извештај на најголемата домашна прехранбена компанија „Витаминка“ за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени пишува: Во периодот на замрзнување, во кој работевме со големи загуби од продажбатана маслото за јадење „Брилијант“, Само за февруари таа загуба изнесуваше околу 190.000 евра. Целата анализа на „Фактор

The post Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на масло и леб, една фирма загуби 190.000 евра во еден месец appeared first on Република.

]]>
Се радуваат на аплаузот на конгресот на Сириза додека низ маркетите бараат зејтин… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/se-raduvaat-na-aplauzot-na-kongresot-na-siriza-dodeka-niz-marketite-baraat-zejtin/ Fri, 15 Apr 2022 14:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=489057

Се радуваат на аплаузот на конгресот на Сириза додека низ маркетите бараат зејтин...

https://republika.mk/vesti/ekonomija/skopjanec-so-krastavici-maval-po-prodavachka-zoshto-ne-mu-davale-da-kupi-pet-litri-maslo/

The post Се радуваат на аплаузот на конгресот на Сириза додека низ маркетите бараат зејтин… appeared first on Република.

]]>

Се радуваат на аплаузот на конгресот на Сириза додека низ маркетите бараат зејтин... https://republika.mk/vesti/ekonomija/skopjanec-so-krastavici-maval-po-prodavachka-zoshto-ne-mu-davale-da-kupi-pet-litri-maslo/

The post Се радуваат на аплаузот на конгресот на Сириза додека низ маркетите бараат зејтин… appeared first on Република.

]]>
Скопјанец со краставици мавал по продавачка зошто не му давале да купи пет литри масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skopjanec-so-krastavici-maval-po-prodavachka-zoshto-ne-mu-davale-da-kupi-pet-litri-maslo/ Fri, 15 Apr 2022 14:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=489043

Непријатна случка имало вчера во маркет „Стокомак“ во Тафталиџе кога нервозен купувач протестно почнал да фрла со краставици низ продавницата затоа што му требале 5, а не едно шише со зејтин. Очевидците за „Слободен печат“ велат дека глетката била непријатна.

Зарем сте глупави! Што треба, пет пати да влезам во продавница за да купам 5 шишиња, нервозно викал купувачот и ја расплакал продавачката кон која упатил низа навреди.

Друг купувач, пак, дошол со здравствената книшка на својата мајка за да покаже дека е неподвижна и дека и за неа треба да купи масло за јадење.

The post Скопјанец со краставици мавал по продавачка зошто не му давале да купи пет литри масло appeared first on Република.

Бектеши: Aко некој сака да купи пакет масло, трговците веднаш да го известат ДПИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ako-nekoj-saka-da-kupi-paket-maslo-trgovcite-vednash-da-go-izvestat-dpi/ Thu, 14 Apr 2022 08:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=488275

Од вчера, 13 април 2022 година, на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе му биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што соопшти Министерството за економија, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, наведува Министерството.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година, наведува Министерството.

The post Бектеши: Aко некој сака да купи пакет масло, трговците веднаш да го известат ДПИ appeared first on Република.

]]>

Од вчера, 13 април 2022 година, на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе му биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Како што соопшти Министерството за економија, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.
Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, наведува Министерството.
Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар. За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година, наведува Министерството.

The post Бектеши: Aко некој сака да купи пакет масло, трговците веднаш да го известат ДПИ appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Од денеска да не се продаваат пакети масло или повеќе од три шишиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-od-deneska-da-ne-se-prodavaat-paketi-maslo-ili-povekje-od-tri-shishinja/ Wed, 13 Apr 2022 18:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=488074

Од денеска не треба да се продаваат шишиња масло за јадење во пакети или пелети по маркетите или кај трговците на мало, апелираше министерот за економија Крешник Бектеши.

Се утврдени такви случаи. Не верувам дека овие количини се купуваат за самостојна потреба или потреба на домаќинство, туку за продажба или за да се извезуваат надвор на државата. Само на територијата на Струга и Охрид имаме три пати поголема потрошувачка отколку што сме имале порано, рече Бектеши во „Топ тема“ прикажувајќи фотографија од масовно купување зејтин од страна на едно лице во еден супермаркет во земјава.

Бектеши појасни дека во известувањето испратено до сите економски субјеки што продаваат е наведено дека сите трговци, ако во случај има побарувачка за масовно купување масло за јадење, треба веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат за да ги презеде соодветните мерки.

Ние не наредуваме, само сакаме да се спроведуваат законите. Во делот на продажбата на зејтин, ние пративме известување и препорачуваме на маркетите и трговците да продаваат согласно просекот на продажба колку е потребно на едно домаќинство. Просекот значи дека едно домаќинство троши максимум три литри масло за јадење месечно. Тие се податоци од Заводот за статистика. Се знае намерата ако купувате масовно, појасни Бектеши во емисијата „Топ тема“.

The post Бектеши: Од денеска да не се продаваат пакети масло или повеќе од три шишиња appeared first on Република.

Kомпаниите за масло имаат залихи уште за месец и половина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kompaniite-za-maslo-imaat-zalihi-ushte-za-mesec-i-polovina/ Wed, 13 Apr 2022 15:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=488029

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека домашните компании кои произведуваат масло за јадење имаат залихи за месец до месец и половина, но оти со дополнителните количини и мерката за отстранување на увозните давачки за сончогледовото масло за јадење ќе има доволни количини за да се преброди кризниот период додека не се најдат алтернативни извори на суровини.

Секојдневно преземаме мерки. Комуницираме со компаниите кои го рафинираат и произведуваат маслото за јадење во нашата држава. Нивните залихи се доволно за месец до месец и половина и сметаме дека со дополнителните количини и вчерашната мерка ќе имаме доволно за да го пребродиме целиот овој период што претстои додека се најдат алтернативни извори на суровини кои заради кризата во Украина и Русија ги снема. Сметам дека се што е во наш домен да осигураме дека ќе го има производот, го правиме, изјави Битиќи.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Костел“ во Охрид, вицепремиерот рече дека не очекува значително големи ценовни шокови во однос на цената на маслото за јадење, но оти се можни мали нијанси.

Моите очекувања се дека не би требало да претрпат значително големи шокови. Мали нијанси на зголемување може да се очекуваат затоа што сепак тоа се производи кои не се произведуваат кај нас и доаѓаат со одредена цена однадвор. Таму малку можеме да придонесеме како Влада, рече Битиќи.

The post Kомпаниите за масло имаат залихи уште за месец и половина appeared first on Република.

„Срамота, прашајте си ги надлежните“: Министерот Николовски се потресе зошто новинарите го прашуваат за скапото масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sramota-prashajte-si-gi-nadleznite-ministerot-nikolovski-se-potrese-zoshto-novinarite-go-prashuvaat-za-skapoto-maslo/ Thu, 07 Apr 2022 13:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=484842

„Срамота, срамота…!“

Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на „Алсат“. Од телевизијата побараа одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.

- Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење?

- Тоа ќе ги прашате надлежните.

- Кои надлежни? Вие сте министер во Владата.

- Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите.

- Ама вие сте во владата втор, трет човек…

https://youtu.be/MEbhaLhFduk

The post „Срамота, прашајте си ги надлежните“: Министерот Николовски се потресе зошто новинарите го прашуваат за скапото масло appeared first on Република.

]]>

„Срамота, срамота…!“ Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на „Алсат“. Од телевизијата побараа одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.
- Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење? - Тоа ќе ги прашате надлежните. - Кои надлежни? Вие сте министер во Владата. - Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите. - Ама вие сте во владата втор, трет човек…
https://youtu.be/MEbhaLhFduk

The post „Срамота, прашајте си ги надлежните“: Министерот Николовски се потресе зошто новинарите го прашуваат за скапото масло appeared first on Република.

]]>
Над 160 денари за масло, над 60 за шеќер – од денеска поскапи цени на основните продукти во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nad-160-denari-za-maslo-nad-60-za-shekjer-od-deneska-poskapi-ceni-na-osnovnite-produkti-vo-albanija/ Thu, 07 Apr 2022 08:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=484545

По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти. Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.

Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека (околу 163 денари), килограм шеќер 123 лека (околу 62 денари), килограм ориз 104 (околу 53 денари)  и килограм брашно 90,5 лека (околу 46 денари), пренесува Ора њуз.

За сите оние трговци на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, за трговците на мало 2 милиони лека.

Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени, стои во одлуката.

Исто така, со овој нормативен акт, меѓу другото, сите трговци се обврзани да преземат мерки и за одржување резерви за три месеци, во согласност со рокот за употреба, со цел да гарантираат нормално снабдување.

The post Над 160 денари за масло, над 60 за шеќер – од денеска поскапи цени на основните продукти во Албанија appeared first on Република.

Германските угостители го вадат помфритот од менито поради недостиг на масло и високи цени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/germanskite-ugostiteli-go-vadat-pomfritot-od-menito-poradi-nedostig-na-maslo-i-visoki-ceni/ Wed, 30 Mar 2022 07:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=480665

Поради украинската криза, во Германија граѓаните ги празнат полиците со сончогледово масло во продавниците, а првите угостители го вадат помфритот од менито поради недостиг на масло и високи цени.

Бидејќи Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфрит.

Првите угостители, како Фреди Базел од Дармштат, го избришаа помфритот од менито. Тој за дневниот весник „Билд“ изјави дека има проблеми со маслото за јадење, а сончогледовото масло поскапело. Балер во јануари платил 90 евра центри за литар масло од репка, а денес чини и до четири евра за литар.

Тоа, вели тој, е прескапо и неминовно би било драстично да се зголеми цената на помфритот.

The post Германските угостители го вадат помфритот од менито поради недостиг на масло и високи цени appeared first on Република.

Зејтинот стана прескап, а и го нема: Германците во страв почнаа да го тргаат помфритот од менито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zejtinot-stana-preskap-a-i-go-nema-germancite-vo-strav-pochnaa-da-go-trgaat-pomfritot-od-menito/ Wed, 30 Mar 2022 07:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=480652

Поради украинската криза, Германците ги празнат рафтовите со сончогледово масло во продавниците, а веќе се појавија и првите угостители коишто го тргаат помфритот од менито поради недостигот на масло и високите цени.

Со оглед на тоа што Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка, но и земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците почнаа да се откажуваат од помфритот.

Еден од првите угостители, кој го избриша помфритот од менито е Фреди Балер од Дармштат.

Тој за дневниот весник „Билд“ вели дека има проблеми со зејтинот потребен за фритезите, како и дека сончогледовото масло многу поскапело.

Балер во јануари плаќал 90 евроценти за литар масло од репка, а денес тоа чини и до четири евра за литар. Тој вели дека тоа е прескапо и би било неизбежно драстично да се зголеми цената на помфритот.

Цените на маслото во германските супермаркети скокнаа за 29 отсто.

https://republika.mk/vesti/svet/incidenti-vo-germanija-poradi-golema-pobaruvachka-za-zejtin/

Во супермаркетите во соседна Австрија, пак, нема проблеми со снабдувањето со масло.

Во Австрија се нудат масло од репка и сончогледово масло од домашно производство, но угостителите го користеа многу поевтиното украинско масло, кое сега е заменето со тоа од домашно производство.

Австриските власти посочуваат дека снабдувањето со масло е обезбедено и дека граѓаните не мора да прават залихи.

The post Зејтинот стана прескап, а и го нема: Германците во страв почнаа да го тргаат помфритот од менито appeared first on Република.

]]>

Поради украинската криза, Германците ги празнат рафтовите со сончогледово масло во продавниците, а веќе се појавија и првите угостители коишто го тргаат помфритот од менито поради недостигот на масло и високите цени. Со оглед на тоа што Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка, но и земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците почнаа да се откажуваат од помфритот. Еден од првите угостители, кој го избриша помфритот од менито е Фреди Балер од Дармштат. Тој за дневниот весник „Билд“ вели дека има проблеми со зејтинот потребен за фритезите, како и дека сончогледовото масло многу поскапело. Балер во јануари плаќал 90 евроценти за литар масло од репка, а денес тоа чини и до четири евра за литар. Тој вели дека тоа е прескапо и би било неизбежно драстично да се зголеми цената на помфритот. Цените на маслото во германските супермаркети скокнаа за 29 отсто. https://republika.mk/vesti/svet/incidenti-vo-germanija-poradi-golema-pobaruvachka-za-zejtin/ Во супермаркетите во соседна Австрија, пак, нема проблеми со снабдувањето со масло. Во Австрија се нудат масло од репка и сончогледово масло од домашно производство, но угостителите го користеа многу поевтиното украинско масло, кое сега е заменето со тоа од домашно производство. Австриските власти посочуваат дека снабдувањето со масло е обезбедено и дека граѓаните не мора да прават залихи.

The post Зејтинот стана прескап, а и го нема: Германците во страв почнаа да го тргаат помфритот од менито appeared first on Република.

]]>
Oграничена продажбата на брашно, масло и конзерви во повеќе маркети низ Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ogranichena-prodazbata-na-brashno-maslo-i-konzervi-vo-povekje-marketi-niz-belgija/ Sun, 20 Mar 2022 15:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=475729

Синџирите супермаркети „Колорајт“ и „Лидл“ во Белгија ја ограничија продажбата на брашно, масло и конзервиран зеленчук поради големата побарувачка.

Додека двете компании напоменуваат дека станува збор за „превентивна мерка“ и дека „нема недостиг“, потрошувачите во „Колорајт“ засега можат да купат најмногу две пакувања од секаков вид масло и брашно, додека во „Лидл“ е ограничена и продажбата на конзервиран зеленчук на две конзерви.

Истовремено, од белгискиот трговски синџир „Делез“ наведуваат дека е забележлива зголемена продажба, но нема да воведат ограничувања за потрошувачите.

Полиците во белгиските продавници се преполни, а продавачите апелираат до граѓаните да не паничат и да не создаваат непотребни залихи, со што предизвикуваат недостиг каков што имаше на почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Цените на храната во белгиските продавници останаа стабилни и покрај астрономскиот раст на енергентите и греењето во земјата.

Еден литар сончогледово масло во Белгија може да се купи за 2,40 евра, бело брашно за 0,55 евра по килограм, а еден литар млеко за 1,30 евра.

Официјално, во изминатите шест месеци цената на храната во Белгија поскапе за околу четирии отсто, наспроти енергентите кои се зголемија и до 50 проценти.

Белгиските власти од вчера ги намалија акцизите на горивото, така што максимално дозволените цени на дизелот сега се 1,9 евра, односно 1,7 евра за бензин од 95 октани

The post Oграничена продажбата на брашно, масло и конзерви во повеќе маркети низ Белгија appeared first on Република.

]]>

Синџирите супермаркети „Колорајт“ и „Лидл“ во Белгија ја ограничија продажбата на брашно, масло и конзервиран зеленчук поради големата побарувачка. Додека двете компании напоменуваат дека станува збор за „превентивна мерка“ и дека „нема недостиг“, потрошувачите во „Колорајт“ засега можат да купат најмногу две пакувања од секаков вид масло и брашно, додека во „Лидл“ е ограничена и продажбата на конзервиран зеленчук на две конзерви. Истовремено, од белгискиот трговски синџир „Делез“ наведуваат дека е забележлива зголемена продажба, но нема да воведат ограничувања за потрошувачите. Полиците во белгиските продавници се преполни, а продавачите апелираат до граѓаните да не паничат и да не создаваат непотребни залихи, со што предизвикуваат недостиг каков што имаше на почетокот на пандемијата на Ковид-19. Цените на храната во белгиските продавници останаа стабилни и покрај астрономскиот раст на енергентите и греењето во земјата. Еден литар сончогледово масло во Белгија може да се купи за 2,40 евра, бело брашно за 0,55 евра по килограм, а еден литар млеко за 1,30 евра. Официјално, во изминатите шест месеци цената на храната во Белгија поскапе за околу четирии отсто, наспроти енергентите кои се зголемија и до 50 проценти. Белгиските власти од вчера ги намалија акцизите на горивото, така што максимално дозволените цени на дизелот сега се 1,9 евра, односно 1,7 евра за бензин од 95 октани

The post Oграничена продажбата на брашно, масло и конзерви во повеќе маркети низ Белгија appeared first on Република.

]]>
Маслото ќе поскапи, ама и шишињата ќе намалат на литража https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/masloto-kje-poskapi-ama-i-shishinjata-kje-namalat-na-litraza/ Sat, 19 Mar 2022 07:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=475268

Зависно од производителот, зависно од тоа дали имаме пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, цената на маслото за јадење во наредниот период очекуваме да се движи максимално до 110 денари, рече директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, во интервју за „360 степени“ кое вчера се емитуваше на Алсат ТВ, а во врска со движењето на цените на маслото за јадење во малопродажба.

Во моментов, цената на зејтинот е формирана врз основа на тоа што Владата донесе одлука продажната цена на маслото кај трговците на мало да е еднаква со набавната цена кај трговците на големо, така што таа цена што денес е на рафтовите или, како што кажувате 94 денари, всушност, е набавната цена што ја даваат трговците на големо, објасни директорката на ДПИ.

Како што рече Симеска-Димоска, ова најверојатно се резерви што трговците ги имаат направено од претходно и затоа маслото за јадење во моментов се продава по набавна цена од 94 денари по литар, но, како што посочи и самата, смета дека со одмрзнувањето на цените од 1 март трговците на големо имаат можност да ги пресметаат и оперативните трошоци во набавната цена, а кои се сега повисоки поради поскапувањето на енергенсите.

Според нашите информации и сознанија што ги имаме и она што го утврдивме, цената на маслото за јадење нема да е многу повисока од онаа што е сега, значи околу десетина проценти од ова што е сега утврдено, бидејќи само дополнително на ова ќе се вкалкулираат трошоците, рече Симеска-Димоска и додаде оти цената на маслото би достигнала максимална цена од 110 денари.

На прашањето зошто во одредени маркети во некои места немаше масло за јадење на рафтовите, директорката на ДПИ посочи дека тоа е најмногу поради шпекулативната паника што настанала помеѓу граѓаните, а која главно се должи, како што рече, на растот на цените на енергенсите и одмрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти.

Во однос на тоа дали постои и манипулација од страна на трговците, Симеска-Димоска посочи оти при инспекциските надзори кај некои трговци наишле на залихи во магацините, но не и на рафтовите.

Во одредени ситуации, таму каде што најдовме во магацинот залиха, а немаше на рафтовите, во такви ситуации имаме и казна, меѓутоа имаме и ситуации во коишто големите трговци ни кажаа дека во ситуација каде што имаат голема потрошувачка која дотогаш била незапамтена кај нив, немаат можност за толку брза дистрибуција или набавка на голема количина на такви производи, додаде таа.

The post Маслото ќе поскапи, ама и шишињата ќе намалат на литража appeared first on Република.

]]>

Зависно од производителот, зависно од тоа дали имаме пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, цената на маслото за јадење во наредниот период очекуваме да се движи максимално до 110 денари, рече директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, во интервју за „360 степени“ кое вчера се емитуваше на Алсат ТВ, а во врска со движењето на цените на маслото за јадење во малопродажба.
Во моментов, цената на зејтинот е формирана врз основа на тоа што Владата донесе одлука продажната цена на маслото кај трговците на мало да е еднаква со набавната цена кај трговците на големо, така што таа цена што денес е на рафтовите или, како што кажувате 94 денари, всушност, е набавната цена што ја даваат трговците на големо, објасни директорката на ДПИ.
Како што рече Симеска-Димоска, ова најверојатно се резерви што трговците ги имаат направено од претходно и затоа маслото за јадење во моментов се продава по набавна цена од 94 денари по литар, но, како што посочи и самата, смета дека со одмрзнувањето на цените од 1 март трговците на големо имаат можност да ги пресметаат и оперативните трошоци во набавната цена, а кои се сега повисоки поради поскапувањето на енергенсите.
Според нашите информации и сознанија што ги имаме и она што го утврдивме, цената на маслото за јадење нема да е многу повисока од онаа што е сега, значи околу десетина проценти од ова што е сега утврдено, бидејќи само дополнително на ова ќе се вкалкулираат трошоците, рече Симеска-Димоска и додаде оти цената на маслото би достигнала максимална цена од 110 денари.
На прашањето зошто во одредени маркети во некои места немаше масло за јадење на рафтовите, директорката на ДПИ посочи дека тоа е најмногу поради шпекулативната паника што настанала помеѓу граѓаните, а која главно се должи, како што рече, на растот на цените на енергенсите и одмрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти. Во однос на тоа дали постои и манипулација од страна на трговците, Симеска-Димоска посочи оти при инспекциските надзори кај некои трговци наишле на залихи во магацините, но не и на рафтовите.
Во одредени ситуации, таму каде што најдовме во магацинот залиха, а немаше на рафтовите, во такви ситуации имаме и казна, меѓутоа имаме и ситуации во коишто големите трговци ни кажаа дека во ситуација каде што имаат голема потрошувачка која дотогаш била незапамтена кај нив, немаат можност за толку брза дистрибуција или набавка на голема количина на такви производи, додаде таа.
 
The post Маслото ќе поскапи, ама и шишињата ќе намалат на литража appeared first on Република.

]]>
Бектеши за акцијата со гратис масло: Граѓаните да ги пријавуваат маркетите доколку забележат злоупотреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-za-akcijata-so-gratis-maslo-gragjanite-da-gi-prijavuvaat-marketite-dokolku-zabelezat-zloupotreba/ Wed, 16 Mar 2022 19:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=473956

Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Во изминатите денови граѓаните пријавуваа дека основните производи ги нема на полиците во маркетите, а на социјалните медиуми имаше и информација од познат маркет дека нема масло за јадење на рафтовите, но со сметка над 800 денари граѓаните ќе добијат масло гратис.

Тој во емисија на „ТВ21“ истакна дека редовно и навремено се постапува по сите поплаки од страна на граѓаните во однос на нерегуларностите од страна на маркетите.

Веќе се казнети најголемите ланци на супермаркети, денеска бев информиран од страна на секторот во Министерството за економија, дека има поплаки за одреден супермаркет и веднаш го информиравме Државниот пазарен инспекторат, кој согласно моите информации веднаш постапил, изјави министерот нагласувајќи дека ако се повтори тој прекршок ќе следи дополнителна мерка.

Порача граѓаните редовно да ги земаат фискалните сметки и на бројот 191 да пријавуваат за секакви нерегуларности.

Трговците да не ја злоупотребат ситуацијата со цел да остварат дополнителен профит, а најважно да не создадат вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи, тоа не е потребно бидејќи имаме доволни количини, потенцира Бектеши.

Според него, имајќи ја предвид руско-украинската криза, следи година потешка и од времето на пандемијата.

The post Бектеши за акцијата со гратис масло: Граѓаните да ги пријавуваат маркетите доколку забележат злоупотреба appeared first on Република.

]]>

Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Во изминатите денови граѓаните пријавуваа дека основните производи ги нема на полиците во маркетите, а на социјалните медиуми имаше и информација од познат маркет дека нема масло за јадење на рафтовите, но со сметка над 800 денари граѓаните ќе добијат масло гратис. Тој во емисија на „ТВ21“ истакна дека редовно и навремено се постапува по сите поплаки од страна на граѓаните во однос на нерегуларностите од страна на маркетите.
Веќе се казнети најголемите ланци на супермаркети, денеска бев информиран од страна на секторот во Министерството за економија, дека има поплаки за одреден супермаркет и веднаш го информиравме Државниот пазарен инспекторат, кој согласно моите информации веднаш постапил, изјави министерот нагласувајќи дека ако се повтори тој прекршок ќе следи дополнителна мерка.
Порача граѓаните редовно да ги земаат фискалните сметки и на бројот 191 да пријавуваат за секакви нерегуларности.
Трговците да не ја злоупотребат ситуацијата со цел да остварат дополнителен профит, а најважно да не создадат вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи, тоа не е потребно бидејќи имаме доволни количини, потенцира Бектеши.
Според него, имајќи ја предвид руско-украинската криза, следи година потешка и од времето на пандемијата.

The post Бектеши за акцијата со гратис масло: Граѓаните да ги пријавуваат маркетите доколку забележат злоупотреба appeared first on Република.

]]>
Курти: Косово плаќа најскап зејтин во светот, но цената е вештачки надуена https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-kosovo-plakja-najskap-zejtin-vo-svetot-no-cenata-e-veshtachki-naduena/ Thu, 10 Mar 2022 21:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=470905

Косовскиот премиер, Албин Курти, по денешното поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот.

По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти изјави дека за таквото поскапување нема причини и дека тоа е резултат на желбата на дел од трговците да профитираат од светската криза предивикана од руската воена акција во Украина.

Се работи за вештачко надувување на цената на штета на граѓаните. Нема никаква причина, ниту потреба за такво поскапување. Моментно цената на маслото во Република Косово е највисока во светот, но овие поскапувања се направени од факторот човек, а не од објективната состојба на теренот. Овие надуени цени мора да се издуваат - истакна Курти.

Тој апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што изјави, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец.

Во меѓувреме, во текот на овој месец, ќе се заложиме како влада, со пријателските држави, со нашите сојузници, да најдеме извори на сировина на необработено масло, со цел, по обработката кај нас, да нема недостиг на пазарот - изјави Курти.

Тој додаде дека инспекторите вршат документирање на можните прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и ќе се преземат соодветни мерки, не само против злоупотребите, туку и за спречување на натамошните прекршувања.

Цената на сончогледовото масло во текот на вчерашниот ден во Косово се покачи од околу 1,60 на 2,30 евра, а само 24 часа подоцна во голем број продавници се продаваше со цена од 3,49 евра.

The post Курти: Косово плаќа најскап зејтин во светот, но цената е вештачки надуена appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти, по денешното поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот. По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти изјави дека за таквото поскапување нема причини и дека тоа е резултат на желбата на дел од трговците да профитираат од светската криза предивикана од руската воена акција во Украина.
Се работи за вештачко надувување на цената на штета на граѓаните. Нема никаква причина, ниту потреба за такво поскапување. Моментно цената на маслото во Република Косово е највисока во светот, но овие поскапувања се направени од факторот човек, а не од објективната состојба на теренот. Овие надуени цени мора да се издуваат - истакна Курти.
Тој апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што изјави, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец.
Во меѓувреме, во текот на овој месец, ќе се заложиме како влада, со пријателските држави, со нашите сојузници, да најдеме извори на сировина на необработено масло, со цел, по обработката кај нас, да нема недостиг на пазарот - изјави Курти.
Тој додаде дека инспекторите вршат документирање на можните прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и ќе се преземат соодветни мерки, не само против злоупотребите, туку и за спречување на натамошните прекршувања. Цената на сончогледовото масло во текот на вчерашниот ден во Косово се покачи од околу 1,60 на 2,30 евра, а само 24 часа подоцна во голем број продавници се продаваше со цена од 3,49 евра.

The post Курти: Косово плаќа најскап зејтин во светот, но цената е вештачки надуена appeared first on Република.

]]>