масло за јадење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maslo-za-jadenje/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Oct 2022 19:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масло за јадење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maslo-za-jadenje/ 32 32 Владата во Србија ја замрзна цената на маслото за јадење на 220 динари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladata-vo-srbija-ja-zamrzna-cenata-na-masloto-za-jadenje-na-220-dinari/ Sun, 23 Oct 2022 19:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=564762

Владата на Србија одлучи максималната малопродажна цена на сончогледовото масло за јадење во пакување од еден литар да не надминува 219,99 динари.

Ова се наведува во измените на Правилникот за ограничување на цената на основните прехранбени производи, кои Владата на Србија ги донесе на 20 октомври, а кои ден подоцна беа објавени во Службениот весник.

Во основниот текст на Уредбата од 28 јули годинава беше утврдено дека цените на сончогледовото масло за јадење во литарско пакување не смеат да бидат повисоки од цените кои важеа на 15 ноември минатата година.

The post Владата во Србија ја замрзна цената на маслото за јадење на 220 динари appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија одлучи максималната малопродажна цена на сончогледовото масло за јадење во пакување од еден литар да не надминува 219,99 динари. Ова се наведува во измените на Правилникот за ограничување на цената на основните прехранбени производи, кои Владата на Србија ги донесе на 20 октомври, а кои ден подоцна беа објавени во Службениот весник. Во основниот текст на Уредбата од 28 јули годинава беше утврдено дека цените на сончогледовото масло за јадење во литарско пакување не смеат да бидат повисоки од цените кои важеа на 15 ноември минатата година.

The post Владата во Србија ја замрзна цената на маслото за јадење на 220 динари appeared first on Република.

]]>
Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zabranet-izvozot-na-ogrevno-drvo-peleti-i-pchenica-i-brashno-ukinata-carinata-za-uvoz-na-maslo-za-jadenje/ Wed, 20 Jul 2022 14:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=531482

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на сончогледово масло за јадење.

Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата,  кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица.

Во  услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението.

Исто така на предлог на Министерството за економија на денешната владина седница беше донесена одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година.

Оваа одлука за привремено ограничување на  извозот на огревно и необработено дрво и пелети е донесена  со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар.

Одлука за привремена забрана на извозот на одредени дрвни сортименти неодамна имаат донесено владите Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.

Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е маx 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.

The post Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на сончогледово масло за јадење. Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, објави министерот за економија Крешник Бектеши. За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата,  кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица. Во  услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението. Исто така на предлог на Министерството за економија на денешната владина седница беше донесена одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година. Оваа одлука за привремено ограничување на  извозот на огревно и необработено дрво и пелети е донесена  со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар. Одлука за привремена забрана на извозот на одредени дрвни сортименти неодамна имаат донесено владите Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е маx 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.

The post Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Ќе дозволиме извоз на пченка, брашно и рафинирано масло по повисока цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabikj-kje-dozvolime-izvoz-na-pchenka-brashno-i-rafinirano-maslo-po-povisoka-cena/ Wed, 20 Apr 2022 19:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=491415

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека Владата ќе дозволи извоз на пченица, пчека, брашно и насло за јадење, кои ќе се извезуваат поради повисоката цена.

Брнабиќ за „РТС кажа дека ќе излезе во пресрет на сите барања од Здружението за жито на Србија.

„Ќе дозволиме извоз на одреден производи, како што се пченка, брашно и рафинирано масло“, вели Брнабиќ.

Исто така, премиерката ги увери граѓаните да не се грижат бидејќи ќе има доволни количини за домашните побарувања.

The post Брнабиќ: Ќе дозволиме извоз на пченка, брашно и рафинирано масло по повисока цена appeared first on Република.

]]>

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека Владата ќе дозволи извоз на пченица, пчека, брашно и насло за јадење, кои ќе се извезуваат поради повисоката цена. Брнабиќ за „РТС кажа дека ќе излезе во пресрет на сите барања од Здружението за жито на Србија.
„Ќе дозволиме извоз на одреден производи, како што се пченка, брашно и рафинирано масло“, вели Брнабиќ.
Исто така, премиерката ги увери граѓаните да не се грижат бидејќи ќе има доволни количини за домашните побарувања.

The post Брнабиќ: Ќе дозволиме извоз на пченка, брашно и рафинирано масло по повисока цена appeared first on Република.

]]>
Будала што ја слушав власта да не кревам паника, останав без масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/budala-shto-ja-slushav-vlasta-da-ne-krevam-panika-ostanav-bez-maslo/ Wed, 20 Apr 2022 11:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=491132 bektesi i Nikolovski zejtin

Ги слушам министриве Бектеши и Николовски даваат изјави да не сме се грижеле масло за јадење имало доволно!!!, пишува Оливер Шамбевски на својот фејсбук профил.

Престанете да лажете… престанете да лажете и сработете нешто аман веќе.

Еве јас лично денеска цело Ѓорче го свртив никаде не најдов масло за јадење. Ниту во еден маркет во Ѓорче!

Престанете да лажете и аман сработете нешто… барем нешто!!!

The post Будала што ја слушав власта да не кревам паника, останав без масло appeared first on Република.

]]>
bektesi i Nikolovski zejtin

Николовски: Преку договорното производство домашните количини на сончоглед ги ставаме на располагање за домашните преработувачки капацитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-preku-dogovornoto-proizvodstvo-domashnite-kolichini-na-sonchogled-gi-stavame-na-raspolaganje-za-domashnite-prerabotuvachki-kapaciteti/ Wed, 20 Apr 2022 11:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=491116

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, остварија заедничка посета на фабриката за производство на масло за јадење Кристал од Велес. При посетата двајцата министри остварија средба со менаџерскиот тим на која разговараа за предизвиците со кои се соочува државата

Владата за време на целиот овој период додека трае кризата одговорно постапува и носи одлуки за да ги заштити граѓаните, посочи министерот Николовски. Мерките кои се носат имаат една цел, одржување и зголемување на домашното производство на стратешки култури.

Ги помагаме земјоделците давајќи им субвенции, дополнително ги мотивираме за зголемување на приносот и даваме поддршка за зелена нафта. Оваа поддршка директно доаѓа од буџетот на сите граѓани и токму затоа бараме домашно производство на сончоглед, но и секоја друга стратешка култура, да заврши во нашите домашни производствени капацитети. Токму затоа носиме и нова дополнителна измена во програмата за финансиска поддршка за производителите на сончоглед, која сакам од тука да ја најавам. Секој производител на сончоглед за остварување на субвенциите како доказ ќе мора да приложи потврда за предадено и откупено производство во домашните преработувачки капацитети на сончоглед. Со оваа мерка го зајакнуваме планираното годишно производство помеѓу земјоделците одгледувачи на сончоглед и преработувачите, а воедно го поттикнуваме договорното производство кое како модел треба да е се повеќе присутен во земјоделското производство,изјави министерот Николовски.

Донесен е и Национален план за производство на храна, каде во фокусот се стратешките култури, како пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Преку Интервентниот фонд се обезбедени 400 милиони денари директна помош за земјоделците. Со овие мерки земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сончоглед и јачмен. Дополнително со скоро 100 евра од хектар, ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот за стратешките култури.

Во функција е и посебниот модул за аплицирање кои предвидува рок за исплата од 7 дена по поднесувањето на барањето. Преку јавен оглас на располагање ставаме дополнителни 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште за обработка со стратешки култури во 14 региони низ државата.

Храна и житни култури мора да има. Како министерство правиме се да обезбедиме стабилно домашно производство. Тоа е наша обврска и истата ја исполнуваме.

The post Николовски: Преку договорното производство домашните количини на сончоглед ги ставаме на располагање за домашните преработувачки капацитети appeared first on Република.

Ќе се намали притисокот: Србија одобри извоз на два милиона литри зејтин за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-se-namali-pritisokot-srbija-odobri-izvoz-na-dva-miliona-litri-zejtin-za-makedonija/ Fri, 15 Apr 2022 11:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=488926

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информираше дека Србија донела одлуказа извоз на два милиона литри зејтин во земјава.

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата” за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорит - кажа министерот.

Тој рече по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвoрен Балкан”. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат - рече Николовски.

The post Ќе се намали притисокот: Србија одобри извоз на два милиона литри зејтин за Македонија appeared first on Република.

Бектеши: Продолжена забраната за извоз на сончогледово масло и укината царината за увоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-prodolzena-zabranata-za-izvoz-na-sonchogledovo-maslo-i-ukinata-carinata-za-uvoz/ Tue, 12 Apr 2022 13:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=487392

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.

Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.

Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените, напиша министерот Бектеши.

The post Бектеши: Продолжена забраната за извоз на сончогледово масло и укината царината за увоз appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед. Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.
Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените, напиша министерот Бектеши.

The post Бектеши: Продолжена забраната за извоз на сончогледово масло и укината царината за увоз appeared first on Република.

]]>
Тепачка за масло во супермаркет во Турција https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tepachka-za-maslo-vo-supermarket-vo-turcija/ Sun, 10 Apr 2022 16:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=486288

Во Турција со денови има недостиг на масло како резултат на руската инвазија во Украина и зависноста на земјата од турски сончоглед.

За да се намали метежот во маркетите и долгите редици луѓе кои чекаат пред вратите , властите ги ограничија граѓаните. Може да купуваат најмногу по 2 литра масло за јадење и им се препорачува на граѓаните да не прават домашни залихи.

Во еден маркет е снимена вистинска тепачка кога стотици граѓани се обидоа да дојдат до пакет или барем шише зејтин.

https://youtu.be/ir00v2CIkj4

The post Тепачка за масло во супермаркет во Турција appeared first on Република.

]]>

Во Турција со денови има недостиг на масло како резултат на руската инвазија во Украина и зависноста на земјата од турски сончоглед. За да се намали метежот во маркетите и долгите редици луѓе кои чекаат пред вратите , властите ги ограничија граѓаните. Може да купуваат најмногу по 2 литра масло за јадење и им се препорачува на граѓаните да не прават домашни залихи. Во еден маркет е снимена вистинска тепачка кога стотици граѓани се обидоа да дојдат до пакет или барем шише зејтин. https://youtu.be/ir00v2CIkj4

The post Тепачка за масло во супермаркет во Турција appeared first on Република.

]]>
Николовски ќе средел за зејтинот како што средил за пченицата, да не креваме паника и да не шириме лажни вести https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-kje-sredel-za-zejtinot-kako-shto-sredil-za-pchenicata-da-ne-krevame-panika-i-da-ne-shirime-lazni-vesti/ Sun, 10 Apr 2022 06:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=486049

Како Влада и министерство посветено работиме и ги помагаме земјоделците. Подготвивме и донесовме Интервентен фонд во вредност од 400 милиони денари, а преку дополнителните мерки кои ќе бидат донесени и есенската сеидба, до крајот на годината овој фонд ќе достигне вредност од 600 милиони денари, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во денешното гостување во вестите на Сител телевизија.

Министерот Николовски посочи дека целта на министерството е преку Интервентниот фонд и Планот за производство на храна, да ги мотивира земјоделците и да им ги олесни трошоците за производство на стратешки култури, но и да се зголеми домашното производство, а со тоа да се намали увозната зависност на нашата земја од овие култури.

Ние целиот период претходно макотрпно работевме со сите потсекторски групи, посебно со подсекторската група за жито, се со цел да имаме јасна слика за потребите на земјоделците и да донесеме точни мерки за поддршка. На располагање беше и Факултетот за земјоделски науки и храна кој директно се вклучи во подготовката на Планот за производство на храна, кој Владата оваа недела го донесе, односно првите мерки од овој план. Овие мерки имаат за цел да го мотивираат производството, но и приносот. За секој еден хектар пченица земјоделците ќе добијат 4000 денари само за вештачко ѓубриво и ако остварат принос од 4000 килограми по хектар добиваат дополнителна субвенција од 5700 денари. Кај сончогледот добиваат 2.500 денари по хектар за вештачко ѓубриво и 5700 денари дополнителна субвенција доколку остварат принос од 1,5 тон по хектар и истиот го предадат во преработувачки домашен капацитет, рече министерот Николовски во интервју за Сител.

Министерот Николовски потенцира дека земјоделците навремено и брзо ќе ги добиваат парите, а плаќањето ќе се врши на недела основа преку посебно утврден модел за исплата со Платежната Агенција. Целта е земјоделците веднаш да имаат пари за почеток со оваа сезона при набавка на ѓубрива и прихрана.

Планот за производство на храна предвидува и активирање на дополнителни земјоделски површини. Секоја педа обработливо земјиште ја ставаме на располагање за производство на стратешки култури. Веќе има подготвен јавен оглас, кој Владата треба да го донесе, за доделување на 6.000 хектари за зголемување на производството со житни култури. Дополнително како министерство разгледуваме и можност за ставање во функција и на приватното необработливо земјоделско земјиште преку подготовка на посебен концепт како истото да биде ставено на располагање за производство на храна, изјави министерот Николовски.

Во однос на одлуката од страна на Владата во Република Србија за донесување на одлука за доделување на рафинирано и нерафинирано масло за јадење, министерот Николовски изјави дека е во постојана комуникација и оваа одлука ќе биде донесена на следната владина седница во Република Србија.

Оваа недела Владата на Република Србија ја донесе одлуката за тргање на забраната за нас, а се однесува за 100.000 тони пченица и 20.000 тони пченка и тој процес веќе започна. Се подготвува и сум во постојана комуникација со потпретседателот на Владата Недимовиќ, за на следната седница на Владата во Србија да помине и оваа одлука за рафинирано и нерафинирано масло за јадење, изјави министерот Николовски.

Министерот упати порака за смиреност, лажните вести и паника нема да донесат ништо добро за граѓаните. Само заедно и сплотено можеме да помогнеме на македонското земјоделство.

The post Николовски ќе средел за зејтинот како што средил за пченицата, да не креваме паника и да не шириме лажни вести appeared first on Република.

Наредната недела се очекува Србија да ја укине забраната на извоз на масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narednata-nedela-se-ochekuva-srbija-da-ja-ukine-zabranata-na-izvoz-na-maslo-za-jadenje/ Sat, 09 Apr 2022 11:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=485806

Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да ја донесе следната недела, велат од МЗШВ.

Од најголемиот македонски производител на масло за јадење, фабриката „Билијант“ во Штип, која е дел од компанијата „Витаминка“, посочуваат дека произведуваат масло за јадење, како и пред кризата.

Коста Ташков од „Брилијант“ за МИА изјави дека постојано испорачуваат масло за јадење, но поради тоа што имаат најниска цена на пазарот, рафтовите забрзано се празнат, а се добива впечаток и дека граѓаните складираат поголеми количини на масло за јадење во своите домови.

Ташков забележува дека од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

доаѓаат добри вести за укинувањето на забраната од страна на Србија, од каде што го набавуваат и суровото масло. Во овој период набавиле и 600 тони сурово масло од Бугарија, а пристигнала и една цистерна од Украина, за да го пробаат производството. Смета дека суровото масло од Украина е со висок квалитет.

Што се однесува за цената на маслото за јадење, засега не се знае дали ќе има нови покачувања и се ќе зависи од цената на светските берзи и кризата во Украина.

The post Наредната недела се очекува Србија да ја укине забраната на извоз на масло за јадење appeared first on Република.

Србија не дозволи извоз: Производителите панично бараат суровина, ќе останеме без масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srbija-ne-dozvoli-izvoz-proizvoditelite-panichno-baraat-surovina-kje-ostaneme-bez-maslo-za-jadenje/ Sat, 09 Apr 2022 07:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=485656

И покрај завчерашните најави од Владата дека со Србија е договорено укинување на забраната за извоз во нашата земја на пченица, пченка и сурово сончогледово масло за јадење, во одлуката по одржувањето на седницата на Владата на Република Србија, никаде не е споменато сончогледовото масло.

Во соопштението што го објави Владата на Србија на својот официјален сајт по завршувањето на седницата, се споменуваат само меркантилна пченица и меркантилна пченка.

На седницата беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни агри -прехранбени производи.

Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Србија и регионот. Тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот, се вели во соопштението.

Македонските производители на масло за јадење кои главно го купуваат нерафинирано од Србија, деновиве изјавија дека со нетрпение ја чекаат одлуката за продолжување на увозот од Србија.

Директорот на фабриката „Витаминка“, во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“, Симон Наумовски, вели дека се во вистинска паника.

Искрено кажано, во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово масло затоа што српската влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нам ни требат 200 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

Во однос на цените, тој потенцира дека тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае.

„Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, и како што вели Наумовски, станува збор за најсовремен начин на производство, со капацитет што е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија.

Во Србија, пак, ги намалија површините засеани со други земјоделски производи за сметка на сончогледот.

Се проценува дека засеаните површини под сончоглед во Украина би можеле да паднат во 2022 година на најниско ниво во последните 13 години, на околу 4,2 милиони до 4,4 милиони хектари, или 35 отсто во споредба со нивото од 2021 година.

The post Србија не дозволи извоз: Производителите панично бараат суровина, ќе останеме без масло за јадење appeared first on Република.

]]>

И покрај завчерашните најави од Владата дека со Србија е договорено укинување на забраната за извоз во нашата земја на пченица, пченка и сурово сончогледово масло за јадење, во одлуката по одржувањето на седницата на Владата на Република Србија, никаде не е споменато сончогледовото масло. Во соопштението што го објави Владата на Србија на својот официјален сајт по завршувањето на седницата, се споменуваат само меркантилна пченица и меркантилна пченка.
На седницата беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни агри -прехранбени производи. Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Србија и регионот. Тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот, се вели во соопштението.
Македонските производители на масло за јадење кои главно го купуваат нерафинирано од Србија, деновиве изјавија дека со нетрпение ја чекаат одлуката за продолжување на увозот од Србија. Директорот на фабриката „Витаминка“, во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“, Симон Наумовски, вели дека се во вистинска паника.
Искрено кажано, во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово масло затоа што српската влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нам ни требат 200 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.
Во однос на цените, тој потенцира дека тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае. „Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, и како што вели Наумовски, станува збор за најсовремен начин на производство, со капацитет што е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија. Во Србија, пак, ги намалија површините засеани со други земјоделски производи за сметка на сончогледот. Се проценува дека засеаните површини под сончоглед во Украина би можеле да паднат во 2022 година на најниско ниво во последните 13 години, на околу 4,2 милиони до 4,4 милиони хектари, или 35 отсто во споредба со нивото од 2021 година.

The post Србија не дозволи извоз: Производителите панично бараат суровина, ќе останеме без масло за јадење appeared first on Република.

]]>
„Брилијант“: Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија, ни требат 2000 тони месечно сурово масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/brilijant-pregovarame-so-trgovci-od-ukraina-ungarija-i-bugarija-ni-trebat-2000-toni-mesechno-surovo-maslo/ Fri, 08 Apr 2022 14:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=485416

Србија нема да ни извезе сурово сончогледово масло од кое, по преработка, се добива масло за јадење, потврди за „Слободен печат“, Симон Наумовски, директор на фабриката „Витаминка“ во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“.

Искрено кажано во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово маслозатоа што српската Влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нас ни требат 2000 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

The post „Брилијант“: Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија, ни требат 2000 тони месечно сурово масло appeared first on Република.

Србија не дозволи извоз на сончогледово масло за јадење во Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ne-dozvoli-izvoz-na-sonchogledovo-maslo-za-jadenje-vo-makedonija/ Fri, 08 Apr 2022 11:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=485291

И покрај вчерашните најави од Владата дека со Србија е договорено укинување на забраната за извоз во нашата земја на пченица, пченка и сурово сончогледово масло за јадење, во одлуката по одржувањето на седницата на Владата на Република Србија, никаде не е споменато сончогледовото масло.

Еве што објави Владата на Србија на својот официјален сајт по завршувањето на вчерашната седница:

На седницата беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни агри -прехранбени производи.

Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Србија и регионот. Тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот“.

Македонските производители на масло за јадење кои главно го купуваат нерафинирано од Србија, деновиве изјавија дека со нетрпение ја чекаат одлуката за продолжување на увозот од Србија.

The post Србија не дозволи извоз на сончогледово масло за јадење во Македонија? appeared first on Република.

]]>

И покрај вчерашните најави од Владата дека со Србија е договорено укинување на забраната за извоз во нашата земја на пченица, пченка и сурово сончогледово масло за јадење, во одлуката по одржувањето на седницата на Владата на Република Србија, никаде не е споменато сончогледовото масло. Еве што објави Владата на Србија на својот официјален сајт по завршувањето на вчерашната седница: На седницата беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни агри -прехранбени производи. Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Србија и регионот. Тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот“. Македонските производители на масло за јадење кои главно го купуваат нерафинирано од Србија, деновиве изјавија дека со нетрпение ја чекаат одлуката за продолжување на увозот од Србија.

The post Србија не дозволи извоз на сончогледово масло за јадење во Македонија? appeared first on Република.

]]>
Маслото за јадење во Германија стигна до 54 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masloto-za-jadenje-vo-germanija-stigna-do-54-evra/ Thu, 07 Apr 2022 07:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=484524

Се уште трае потребата за масло за јадење во Германија.Иако минатата недела беше објавено дека од 4 април ќе има доволно тоа не се случи.Она најбараното, сончогледово го нема во маркетите. Но, како замена може да се купува масло од репка по цена од 54 евра во пакување од десет литри.

Поради високата цена Германците се почесто се одлучуваат да купат ленено како и маслиново масло.

The post Маслото за јадење во Германија стигна до 54 евра appeared first on Република.

]]>

Се уште трае потребата за масло за јадење во Германија.Иако минатата недела беше објавено дека од 4 април ќе има доволно тоа не се случи.Она најбараното, сончогледово го нема во маркетите. Но, како замена може да се купува масло од репка по цена од 54 евра во пакување од десет литри. Поради високата цена Германците се почесто се одлучуваат да купат ленено како и маслиново масло.

The post Маслото за јадење во Германија стигна до 54 евра appeared first on Република.

]]>
Во германските маркети масло за јадење нема да има до следната недела, а снемува и тоалетна хартија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanskite-marketi-maslo-za-jadenje-nema-da-ima-do-slednata-nedela-a-snemuva-i-toaletna-hartija/ Thu, 31 Mar 2022 17:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=481567

Масло за јадење во германските маркети е речиси невозможно да се најде. Во маркетите на Лидл и Едека во Штутгарт, кои важат за најсабдени, нема ниту едно шише масло за јадење. Вработените во изјава за Република велат дека побарувачката е голема но оти сончогледово масло нема да има до следната недела. Можат да се најдат само маслиново и ленено масло.

Исто така речиси празни се рафтовите со брашно и тоалетна хартија иако овие продуктити се уште можат да се најдат на полиците.

The post Во германските маркети масло за јадење нема да има до следната недела, а снемува и тоалетна хартија appeared first on Република.

]]>

Масло за јадење во германските маркети е речиси невозможно да се најде. Во маркетите на Лидл и Едека во Штутгарт, кои важат за најсабдени, нема ниту едно шише масло за јадење. Вработените во изјава за Република велат дека побарувачката е голема но оти сончогледово масло нема да има до следната недела. Можат да се најдат само маслиново и ленено масло. Исто така речиси празни се рафтовите со брашно и тоалетна хартија иако овие продуктити се уште можат да се најдат на полиците.

The post Во германските маркети масло за јадење нема да има до следната недела, а снемува и тоалетна хартија appeared first on Република.

]]>
Србија пак ни помага, нема веќе забрана за извоз на суровото масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/srbija-pak-ni-pomaga-nema-vekje-zabrana-za-izvoz-na-surovoto-maslo-za-jadenje/ Sat, 26 Mar 2022 16:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=478988

Србија ја тргна забраната и за извоз на сончоглед во Македонија и со тоа се решава проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци.

Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“, Симон Наумоски, при денешната посета со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип истакна дека особено ги радува тоа што Србија ја отсранува забраната за извоз на нерафинирано растително масло, кое го користат како суровина.

Со увозот од Србија ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење – вели Наумоски и додава дека имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, од причина што не им била јасна одлуката за формирање на цената, а по разјаснувањето со државните институции со кои, какошто рече, како компанија не сакаат да имаат проблеми доколку нешто погрешат.

Според Наумоски, дистрибуцијата на маслото за јадење од нивната компанија веќе е нормализирано и се испорачува во маркетите и, како што додава, ќе го задоволи македонскиот пазар.

На прашањето дали цената на зејтинот ќе се зголеми, Наумоски вели дека тоа никој не може да го каже сега или, пак, да прогнозира.

Што се однесува до цената јас ја знам вчерашната, колку е на светските пазари, сировото масло, денешната не ја знам, утрешната која ќе биде никој не знае. Моменталната што ние ја знаеме е околу 2.350 евра по тон, за сирово зборувам. Дали таа утре или денеска ќе е 2.400 или 2.500, а некои најавуваат и нешто поевтино, не можам да ви одговорам – истакна Наумоски.

Прашан за суровината што ја имаат за три месеци и што после тоа, Наумоски со одговор дека има време за размислување и да се види ситуацијата на пазарите.

Затоа што се случуваат нови моменти се нуди масло и од различни други земји почудни цени негде многу високи, негде нешто пониски и не знаеме да ви одговориме во оваа ситуација се дури трае војната во Украина – вели Наумоски.

Македонските компании за производство на масло за јадење суровините најмногу ги снабдува од Србија, Бугарија, бидејќи немаат големи капацитети за да купуваат бродски транспорт на сурово сурово масло од Украина или од Русија.

The post Србија пак ни помага, нема веќе забрана за извоз на суровото масло за јадење appeared first on Република.

]]>

Србија ја тргна забраната и за извоз на сончоглед во Македонија и со тоа се решава проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци. Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“, Симон Наумоски, при денешната посета со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип истакна дека особено ги радува тоа што Србија ја отсранува забраната за извоз на нерафинирано растително масло, кое го користат како суровина.
Со увозот од Србија ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење – вели Наумоски и додава дека имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, од причина што не им била јасна одлуката за формирање на цената, а по разјаснувањето со државните институции со кои, какошто рече, како компанија не сакаат да имаат проблеми доколку нешто погрешат.
Според Наумоски, дистрибуцијата на маслото за јадење од нивната компанија веќе е нормализирано и се испорачува во маркетите и, како што додава, ќе го задоволи македонскиот пазар. На прашањето дали цената на зејтинот ќе се зголеми, Наумоски вели дека тоа никој не може да го каже сега или, пак, да прогнозира.
Што се однесува до цената јас ја знам вчерашната, колку е на светските пазари, сировото масло, денешната не ја знам, утрешната која ќе биде никој не знае. Моменталната што ние ја знаеме е околу 2.350 евра по тон, за сирово зборувам. Дали таа утре или денеска ќе е 2.400 или 2.500, а некои најавуваат и нешто поевтино, не можам да ви одговорам – истакна Наумоски.
Прашан за суровината што ја имаат за три месеци и што после тоа, Наумоски со одговор дека има време за размислување и да се види ситуацијата на пазарите.
Затоа што се случуваат нови моменти се нуди масло и од различни други земји почудни цени негде многу високи, негде нешто пониски и не знаеме да ви одговориме во оваа ситуација се дури трае војната во Украина – вели Наумоски.
Македонските компании за производство на масло за јадење суровините најмногу ги снабдува од Србија, Бугарија, бидејќи немаат големи капацитети за да купуваат бродски транспорт на сурово сурово масло од Украина или од Русија.  

The post Србија пак ни помага, нема веќе забрана за извоз на суровото масло за јадење appeared first on Република.

]]>
Производителите уверуваат дека има доволно масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proizvoditelite-uveruvaat-deka-ima-dovolno-maslo-za-jadenje/ Tue, 15 Mar 2022 15:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=473333

Нема проблем со обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење. Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од прилепската компанија „Витаминка“ кој со 60 отсто ги покрива домашните потреби.

Според Љупчо Велески, менаџер за извоз, цената е според насоките на институциите.

-„Витаминка“ е доминантен производител на масло за јадење за домашниот пазар и со околу 60 проценти ги задоволува домашните потреби. Македонија има многу мало производство на сончоглед, па доминантно се снабдуваме од странство. Со оглед на новите мерки и ограничувањата, производството е за домашниот пазар. Во овој момент, во овие констелации, „Витаминка“ има доволно обезбедено базична суровина за производство на сончогледово масло за јадење, најмалку за наредните месеци и прави напори перманетно тој процес да се одржува. Цената е под контрола и е во склоп со препораките од институциите, вели Велески.

Што се однесува на извозот на другите производи, засега нема проблеми. Транспортот е непречен, но, разбирливо, поскап. Иако националните економии ги штитат домашните производи, извозот е перманентен поради стаблни договори и дисперзирање на пазарот.

-Кризата  во Украина се надоврза на кризата од пандемијата и во многу ја „здрма“ светската економија и имаше дискунтинуитет во глобалниот синџир на снабдување и на продажба. Сега уште во поголема мера се искомплицираа тие процеси. Процесите се отежнати, но извозот функционира. „Витаминка“  има континуиран извоз во 30-тина земји. Првиот квартал во годинава ни дава за право да се надеваме ќе продолжи растот на извозот. Побарувачката на странските пазари е стабилна. Но никој не може да предвиди што ќе се случи понатаму. Ќе биде многу тешко ако настане прекин на клучните суровини, цените на суровините и натаму растат, исто и на енергенсите. За нас како фирма поволно е тоа што имаме стабилни партнерски договори со најголемите трговски системи во Европа, имаме солидна диверзификација на производи и на пазари, не зависиме доминантно од еден пазар, туку пласманот ни е дисперзиран што ни дава некоја сигурност. Основните, базичните суровини и продукти се ставени под контрола на државните институции, и секоја земја која е производител согледува прво да ги намири сопствените потреби и да чува за одреден период. Дисбалансот е направен со кризата, тоа ќе ги зголемува цените, објасни Велески.

Се оценува дека во државава добро се менаџираат состојбите, особено со залихите.

-Кај нас мислам дека снабдувањето се менаџира многу квалитетно, имаме доволно залихи на клучните суровини за одреден временски период и за да ги задоволиме потребите на производството. Во континуитет се дополнуваат залихите, така што од тој аспект сме заштитени како компанија- производител, вели Љупчо Велески, менаџер во прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“

The post Производителите уверуваат дека има доволно масло за јадење appeared first on Република.

]]>

Нема проблем со обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење. Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од прилепската компанија „Витаминка“ кој со 60 отсто ги покрива домашните потреби. Според Љупчо Велески, менаџер за извоз, цената е според насоките на институциите. -„Витаминка“ е доминантен производител на масло за јадење за домашниот пазар и со околу 60 проценти ги задоволува домашните потреби. Македонија има многу мало производство на сончоглед, па доминантно се снабдуваме од странство. Со оглед на новите мерки и ограничувањата, производството е за домашниот пазар. Во овој момент, во овие констелации, „Витаминка“ има доволно обезбедено базична суровина за производство на сончогледово масло за јадење, најмалку за наредните месеци и прави напори перманетно тој процес да се одржува. Цената е под контрола и е во склоп со препораките од институциите, вели Велески. Што се однесува на извозот на другите производи, засега нема проблеми. Транспортот е непречен, но, разбирливо, поскап. Иако националните економии ги штитат домашните производи, извозот е перманентен поради стаблни договори и дисперзирање на пазарот. -Кризата  во Украина се надоврза на кризата од пандемијата и во многу ја „здрма“ светската економија и имаше дискунтинуитет во глобалниот синџир на снабдување и на продажба. Сега уште во поголема мера се искомплицираа тие процеси. Процесите се отежнати, но извозот функционира. „Витаминка“  има континуиран извоз во 30-тина земји. Првиот квартал во годинава ни дава за право да се надеваме ќе продолжи растот на извозот. Побарувачката на странските пазари е стабилна. Но никој не може да предвиди што ќе се случи понатаму. Ќе биде многу тешко ако настане прекин на клучните суровини, цените на суровините и натаму растат, исто и на енергенсите. За нас како фирма поволно е тоа што имаме стабилни партнерски договори со најголемите трговски системи во Европа, имаме солидна диверзификација на производи и на пазари, не зависиме доминантно од еден пазар, туку пласманот ни е дисперзиран што ни дава некоја сигурност. Основните, базичните суровини и продукти се ставени под контрола на државните институции, и секоја земја која е производител согледува прво да ги намири сопствените потреби и да чува за одреден период. Дисбалансот е направен со кризата, тоа ќе ги зголемува цените, објасни Велески. Се оценува дека во државава добро се менаџираат состојбите, особено со залихите. -Кај нас мислам дека снабдувањето се менаџира многу квалитетно, имаме доволно залихи на клучните суровини за одреден временски период и за да ги задоволиме потребите на производството. Во континуитет се дополнуваат залихите, така што од тој аспект сме заштитени како компанија- производител, вели Љупчо Велески, менаџер во прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“

The post Производителите уверуваат дека има доволно масло за јадење appeared first on Република.

]]>